|
Кризи во Бракот |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |
Goddes of Chaos
Сениор Регистриран: 01.Април.2007 Локација: Ecuador Статус: Офлајн Поени: 337 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A dali e mozno kavgite vo vrskata da isceznat vo brak ili togas samo bi se vlosila situacijata poradi pocestata megusebna komunikacija?
Dali odnosite vo vrska i brak se isti ili koi se slicnostite ako moze das se napravi sporedba i razlikite???????
|
|
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има кризи но успех е да се решат ..
|
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tochno Sexynajvazno e da se nadminat problemite i da se prodolzi ponatamu...a moze i najvazno e da ne se pravat kavgi i krizi sza sitni raboti
|
|
|
|
vanesa
Сениор Регистриран: 19.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 1588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секоја врска си има подеми и падови.Бракот уште повеќе, ако се земе во обзир дека постојано си заедно со партнерот. Во првите години конфликтите се почести, но потоа се си доаѓа на свое место.Но само ако има љубов, а љубовта треба да се негува.
|
|
Цаци Галапчарот
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Локација: Byelorussian SSR Статус: Офлајн Поени: 955 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во секој брак има криза, само треба таа да се надмине.
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....Кризите во бракот се неизбежни.... но бракот ја дава смислата
....на животот..................
Свесни сме дека љубовниот живот во стварноста нема допирни точки со оној од романтичните комедии.....
Во стварноста,за жал, љубовната приказна може да се претвори во хорор, а бракот може да испадне онаков каков што не сте го замислувале. Паровите веќе се навикнати на тоа дека некако ќе издржат заедно, но тоа понекогаш не е ниту лесно ниту едноставно.
Иако ова не звучи убаво, понекогаш најнеромантичните и најтешките моменти не тераат да научиме повеќе за себе си, за партнерот и за љубовта воопшто. Еве неколку работи во врска со бракот,што може да помогнат да не се изненадите непријатно кога ќе ви излезат на патот...........
СОПРУГОТ ПОВЕЌЕ НЕ Е МОМЧЕТО ВО КОЕ СЕ ЗАЉУБИВТЕ..... Кога ќе запловите во брачните води со мислата дека сте ја нашле својата сродна душа ќе бидете среќни и исполнети, но со текот на времето ќе сфатите дека таа личност не ве прави потполно среќни секој ден и дека сте донеле избрзана одлука, бидејќи овој брак не е тоа кон што пристапивте на почетокот. Сепак бракот е тоа што го сакавте уште на самиот почеток и сетете се на она што го кажавте: „и во добро и во зло“. ЌЕ РАБОТИТЕ ПОВЕЌЕ ОД ШТО СТЕ ЗАМИСЛУВАЛЕ.............. Кога некои парови велат дека на бракот и на врската треба да се работи, навистина тоа и го мислат. Не се доволни само трпението и љубовта. Луѓето во бракот се менуваат, поотпуштени се. Вие сфаќате дека вашиот партнер има лоши навики што ве нервираат, но немојте да бидете престроги кон себе или кон партнерот затоа што наскоро ќе дојде денот кога ќе се чувствувате како да се борите против сето зло на светот. ПОНЕКОГАШ ЌЕ ЛЕГНУВАТЕ И ЌЕ СТАНУВАТЕ ЛУТИ ОД КРЕВЕТ.......... Кој и да е тој што им вели на ново венчаните парови да не одат лути во кревет не знае како изгледа сцена од една караница, кога доаѓаат солзите и кога ви се чини дека сите бродови ви потонале. Понекогаш сето тоа треба да се преспие. Зборовите изговорени во афектна состојба можат да ја отежнат ситуацијата. Добро е некои караници да се продолжат следниот ден, откако ќе се смирите и уште еднаш ќе размислите за се. ЌЕ ПОМИНУВАТЕ ДЕНОВИ И ДЕНОВИ БЕЗ СЕКС...ТОА НЕКА НЕ ВЕ ЧУДИ Периодите без секс се составен дел од брачниот живот. Таквите недостатоци не значат дека веќе не сте си привлечни еден на друг. Во денешно време луѓето премногу работат, пренатрупани се со обврски и полни со грижи. Она што не треба да го запоставите, ако веќе немате често секс, се нежностите, љубењето, прегратките, допирите, комуникацијата...а сексот ќе дојде подоцна на ред. ЌЕ СФАТИТЕ ДЕКА МОЖЕТЕ САМО СЕБЕ СИ ДА СЕ МЕНУВАТЕ Многу жени пробуваат да ги сменат своите партнери со кои се во брак или врска и да ги скројат по своја мерка. Заборавете на тоа и сетете се на онаа мудра изрека: "Вчера бев паметна, а со тоа сакав да го променам светот. Денес сум мудра, со тоа се менувам себе си." |
|
bella10
Нов член Регистриран: 02.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..................................
Изменето од bella10 - 11.Февруари.2010 во 21:21 |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... Бракот е нешто ...поради што човек би можел да се покае....
...било да го склучил..... било да не го склучил........
|
|
fiore
Сениор Регистриран: 22.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da,da |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве некој предлози со кои може да се режат некои кризи во бракот
Што сакаат мажите од сопругата?
Дали некогаш сте се запрашале што очекуваат сопрузите од своите сопруги? Внимание, добра храна, секс? Во прилог ви нудиме листа која ќе ви помогне да ги идентификувате основните потреби на еден просечен сопруг. Верувајте во неговите способности- Многу мажи веруваат дека е важно да ги заштитат и обезбедат оние што ги сакаат. Затоа дадете му на знаење дека верувате во неговите таленти и знаења и дека го подржувате во неговите планови. Разбирање- Еден од начините да му покажете на својот маж дека се грижите за него е секој ден да разговарате со него. Зарем не би било одлично да му посветите барем 20-тина минути од своето време на оној кој што го сакате? Потврдување на неговите успеси- Повеќето мажи сакаат да ги потчукнете по грбот во знак на одобрување. Давајте му комплименти, но не бидете лигави затоа што тоа ќе даде спротивен ефект. Прифаќање- Мажите се повредени кога жените се обидуваат по секоја цена да ги сменат. Морате да сфатите дека единствената личност која можете да ја смените сте самите вие. Помалку давење- ако вашиот маж е зафатен со проект, а вие едноставно морате да разговарате со него, зборувајте само за главните елементи на проблемот. Не давете со детали, ако ве праша одговорете. Внимание-држете ја неговата рака во јавност, оставете порака на неговиот телефон, масирајте го кога е уморен. И мажите сакаат романтично расположение. Почитување- не давајте негативни коментари на мислењата и идеите на вашиот сопруг колку и да не ви се допаѓаат. Во никој случај не превртувајте со очите додека разговарате со него. Слободно време- сите луѓе сакаат малку време за себе. Затоа не го бомбардирајте со прашања и желби веднаш штом ќе влезе во домот. Оставете го малку сам со себе. Доверба- оваа компонента е витална за секој добар брак. Ако имате проблем со довербата побарајте помош и во никој случај не го шпионирајте. Бидете партнери –запомнете дека вашиот маж не е само ваш љубовник туку и пријател. Ако бидете пријатели и партнери ќе знаете како го направите заедничкиот живот поубав и посреќен. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако му кажеш на мажот да купи 5 работи од продавница......
и во последен момент му додадеш уште една......
тој ќе ги заборави првите 2 со гаранција......!
и ете повод ..за ..криза ...во бракот.............
|
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
има вистина во статистиката...но не е проблемот до броjот 7, туку до броjот на споделените насмевки и солзи.треба да има рамнотежа. а кога нема ништо на кантар, има криза на однос "0" |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ima krizi za sekoi 28 dena
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мене ми поминаха денес...28 те дена.
|
|
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |