IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Постдипломски студии
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Постдипломски студии

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
Автор
Порака
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2007 во 12:46
Originally posted by SeXY SeXY напиша:

Истово е и на економскиDeadDeadDeadDead


Секаде е така, за жал... Не знам дали сте го погледнале новиот предлог закон за високо образование? Па таму какви нелогичности има... погледнете го...

stranicata e MON (во образование, па одите на Високо)

samo sto vo momentov stranta na predlog zakonot ne se otvara...

Изменето од Julija - 19.Април.2007 во 12:47
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 00:05
Предлог закон за високото образование

За нас интересни се деветтата,десеттата глава и преодните и завршни одредби...

Кого го интересира или кој се наоѓа засегнат нека чита...
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 00:10
Се предвидува законов да се донесе по брза постапка (ме изненадува зашто има доста противречности и нелогичности).

За оние што имаат магистрирано можеби е најдобро што побргу да пријават тема за докторска дисертација... Прочитајте ги деветтата глава и преодните одредби, посебно членовите 165, 170 и 177...
Кон врв
polikarp Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Февруари.2007
Локација: United States
Статус: Офлајн
Поени: 49
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polikarp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 08:53
lugevo po svetot pocnaa da pravat post-doktorati  i toa ne po eden tuku po pveke.Nie ovde zboruvame za post-diplomski.Mislam deka sekoj koj sto ima  moznosti treba da uci kolku sto moze poveke i kako sto spomnav ne samo magistratura, tuku i doktorat pa duri da prodolzi i so post-dok zatoa sto vo obrazovanieto e idninata.




Подобро да ме мразат заради тоа што сум, отколку да ме сакаат заради тоа што не сум.
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 21:44
Originally posted by polikarp polikarp напиша:

lugevo po svetot pocnaa da pravat post-doktorati  i toa ne po eden tuku po pveke.Nie ovde zboruvame za post-diplomski.Mislam deka sekoj koj sto ima  moznosti treba da uci kolku sto moze poveke i kako sto spomnav ne samo magistratura, tuku i doktorat pa duri da prodolzi i so post-dok zatoa sto vo obrazovanieto e idninata.


Moram da odgovoram na ova:

Сегашните магистерски и докторски не одговараат на магистерските и докторските што се на запад.

Имено, тамошното звање не е магистер туку мастер, а магистер е појака работа од мастер. Мастер студиите траат 1 или 2 години во зависност од тоа какви студии сте одбрале и се во склоп на редовните студии (нешто како кратко продолжение). Тука магистратурата одговара на малку појака дипломска работа.
Докторските студии одговараат на сегашните магистерски студии, со задолжителни оригинални резултати и придонес кон областа што се обработува, а постдокторските на сегашните докторски студии кои генерално се од менторски тип.

Некој би рекол, нема голема разлика, но не е така. На овој начин се девалвира системот вредности што кај нас е утврден од многу одамна.



Изменето од Julija - 20.Април.2007 во 21:52
Кон врв
polikarp Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Февруари.2007
Локација: United States
Статус: Офлајн
Поени: 49
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polikarp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2007 во 00:33
Мислам дека Јулија ги помешала малку работите но тоа е така затоа што не ги разбира доволно.Можеби некаде слушнала но не разбрала .И нешто напишала за неаков систем на вредности што постои кај нас во Македонија ама јас неможев да го разберам тој дел.Немојте да мислите дека ние Македонците сме најпаметни и дека се во светот е полесно и само нашето е најдобро!!!!!!!!!!!!Јас како човек кои се занимава со наука и кој бил на пост-дипломски студии во Македоника а сега сум во станство слободно можам да кажам од искуство дека постои разлика но камо среќа и кај нас да ја имаше истата организираност па младите да имаат шанса на 26-27 да бидат доктори на науки а не уште студенти или пост-дипломци.

И немојте со такви коментари.Дајте еднаш да почнеме да работиме и да се средат рабитите а не да се залажувате дека кај нас има некаков систем на вредности.
Подобро да ме мразат заради тоа што сум, отколку да ме сакаат заради тоа што не сум.
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2007 во 01:23
Originally posted by polikarp polikarp напиша:


Мислам дека Јулија ги помешала малку работите но тоа е така затоа што не ги разбира доволно.Можеби некаде слушнала но не разбрала .И нешто напишала за неаков систем на вредности што постои кај нас во Македонија ама јас неможев да го разберам тој дел.Немојте да мислите дека ние Македонците сме најпаметни и дека се во светот е полесно и само нашето е најдобро!!!!!!!!!!!!Јас како човек кои се занимава со наука и кој бил на пост-дипломски студии во Македоника а сега сум во станство слободно можам да кажам од искуство дека постои разлика но камо среќа и кај нас да ја имаше истата организираност па младите да имаат шанса на 26-27 да бидат доктори на науки а не уште студенти или пост-дипломци.


И јас велам... Камо среќа да беше така... Ама не е... И нема да биде...

Па да, најверојатно и не ги разбирам работите најдобро и можеби направив слаба аналогија, но знам дека она што сега се случува овде, врска нема со она што е на запад (еве конкретно кај тебе).

Не знам дали си го погледнал новиот предлог закон, но тоа е таква каша-попара, којашто нема никаква врска со тоа што е во странство, ниту пак тежнее кон тоа. И досега беше неорганизирано (посебно во поглед на постдипломските студии) и се учеше сешто (и што треба и што не треба), а на моменти човек и се оддалечуваше (со километри) од темата што треба да ја работи, а сега ќе биде уште понеорганизирано, зашто во недостаток на добра програма за постдипломски студии, ќе биде применета старата (се обложувам дека тоа ќе се случи на 70% од факултетите), само што ќе бидат ставени кредити, а згора на тоа ќе имаме докторски студии, каде што наместо да се фокусираме на докторската теза, повторно ќе мораме да полагаме испити. Ете, тоа ќе се случи во наредниве 2 години, дури да тргне работата...

Се сеќаваш на онаа народната: прво скокни па речи оп!
Овој закон што се предлага прво вели оп!, а после ќе скокаме... каде? не се знае...

Цитирај И немојте со такви коментари.Дајте еднаш да почнеме да работиме и да се средат рабитите а не да се залажувате дека кај нас има некаков систем на вредности.


Ти си во странство. Како мислиш да ги средиш работите овде? Никако... Некој друг ќе ги вади жешките костени од огнот...




    

Изменето од Julija - 22.Април.2007 во 01:34
Кон врв
iceamor Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Март.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај iceamor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 01:41
ke se zapisuva li nekoj  na postdiplomski vo solun na city college? sega za sega nemozam nikoj da najdam .....
Кон врв
Miriam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2007
Локација: United States
Статус: Офлајн
Поени: 336
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miriam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 04:51
"Сегашните магистерски и докторски не одговараат на магистерските и докторските што се на запад. "

Да, не одговараат, заради тоа што "на запад" за да магистрираш треба да истражуваш и пишуваш, а во Македонија е доволно да се купи и научи книгата што ја објавил професорот или пак да се преведе семинарска што некој веќе ја напишал (кој ќе те фати кога 70% од професорите воопшто не знаат англиски.

"Имено, тамошното звање не е магистер туку мастер, а магистер е појака работа од мастер."

Магистер=Мастер, и двата збора доаѓаат од латински и значат "познавач, учител."

Инаку, постдипломските студиите траат 1-2 години + пишување магистерска теза или полагање државни испити. Така е насекаде во светот, така е и во Македонија. Тоа што кај нас не се завршуваат за предвиденото време е заради тоа што професорите си го сметаат предавањето за споредна дејност, а не заради тоа што македонската магистратура била подобра.

"Мастер студиите траат 1 или 2 години во зависност од тоа какви студии сте одбрале и се во склоп на редовните студии (нешто како кратко продолжение)."

Од каде ти е оваа информација?  Во склоп на факултетот, односно дипломирање + магистрирање за 5 години  имало/има во екс-комунистичките земји (малку му доаѓа како влијание на Русија), ама е редок случај "на запад."

"На овој начин се девалвира системот вредности што кај нас е утврден од многу одамна. "

Колку одамна е утврден системот? Колку што знам, во Мк немало магистратура до пред педесетина години. И дали се девалвира заради  тоа  што некој смета (со право) дека Мастер=Магистер? Тоа да му беше проблемот на македонското образование...




Изменето од Miriam - 25.Април.2007 во 04:55
Try again. Fail again. Fail better.
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 09:32
Никој не рече дека кај нас било подобро... Ако сте ме разбрале погрешно, се извинувам... Напротив... Јас велам дека ако се прават промени треба добро да се направат, а не да имаме квазизападен стил...

Не е точно дека сите магистерски кај нас се со научена скрипта од професорот... Јас лично имам оригинални резултати коишто ми биле објавени во наши и странски списанија и презентирани на научни собири во странство, па ми се вклопени во магистерската... И по ниеден предмет немало скрипта од професорот, ами секаква странска литература, а македонска само 10%... и секој предмет сум го спремала по година, година и пол, со истражување и се'...

Затоа немојте да ми тврдите дека во Македонија немало систем на вредности...







Изменето од Julija - 25.Април.2007 во 09:36
Кон врв
Miriam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2007
Локација: United States
Статус: Офлајн
Поени: 336
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miriam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 17:38
Јулија, не ме разбирај погрешно, со најдобра намера пишувам.  Зошто мислиш дека тоа што треба да спремаш еден испит подолго време е систем на вредности?

Не е систем на вредности, туку лоша организација. Не твоја, на универзитетот.

Штом имаш научни трудови и презентации, сигурно си свесна и самата дека не си полоша од луѓето што го прават истото во странство. Можеш ли со чисто срце да кажеш дека никогаш не ти станува мака што нешто што можеш и треба да го завршиш за 2-2.5 години треба да ти одземе двојно повеќе?

Не ми е јасна опсесијата во Мк дека ако нешто не е тешко, не треба да го вреднуваме. Смислата на постдипломските не е да ти го отежнат животот, туку да ти дадат повисока квалификација (знаење и вештини). Ако до исто место можеш да стигнеш по две патеки, пократка и подолга, која ќе ја избереш? И дали ако ја избереш пократката (што само по себе не значи ниту дека е полесна, ниту потешка, само различна) значи дека немаш систем на вредности?




Изменето од Miriam - 25.Април.2007 во 17:40
Try again. Fail again. Fail better.
Кон врв
Miriam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2007
Локација: United States
Статус: Офлајн
Поени: 336
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miriam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 17:48
Originally posted by polikarp polikarp напиша:

lugevo po svetot pocnaa da pravat post-doktorati  i toa ne po eden tuku po pveke.Nie ovde zboruvame za post-diplomski.Mislam deka sekoj koj sto ima  moznosti treba da uci kolku sto moze poveke i kako sto spomnav ne samo magistratura, tuku i doktorat pa duri da prodolzi i so post-dok zatoa sto vo obrazovanieto e idninata.






Поликарп, се согласувам. Луѓето што можат, треба да се образоваат колку што е можно повеќе. И денес ова важи повеќе од било кога. Колку и да звучи патетично, живееме во ера на глобализација и брз развој на технологија, и ако не знаеме јазици и немаме аналитички вештини што се развиваат со учење, истражување и пишување, ниту сега, а уште помалку за 10тина година ќе нема да можеме да си најдеме добро-платена работа.
Try again. Fail again. Fail better.
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 21:33
Originally posted by Miriam Miriam напиша:



Јулија, не ме разбирај погрешно, со најдобра намера пишувам.  Зошто мислиш дека тоа што треба да спремаш еден испит подолго време е систем на вредности?Не е систем на вредности, туку лоша организација. Не твоја, на универзитетот. Штом имаш научни трудови и презентации, сигурно си свесна и самата дека не си полоша од луѓето што го прават истото во странство. Можеш ли со чисто срце да кажеш дека никогаш не ти станува мака што нешто што можеш и треба да го завршиш за 2-2.5 години треба да ти одземе двојно повеќе? Не ми е јасна опсесијата во Мк дека ако нешто не е тешко, не треба да го вреднуваме. Смислата на постдипломските не е да ти го отежнат животот, туку да ти дадат повисока квалификација (знаење и вештини). Ако до исто место можеш да стигнеш по две патеки, пократка и подолга, која ќе ја избереш? И дали ако ја избереш пократката (што само по себе не значи ниту дека е полесна, ниту потешка, само различна) значи дека немаш систем на вредности?


Очигледно дека не се разбираме... Испитите долго се полагаат зашто се три или четири во еден...А да не зборуваме и што се учат и работи коишто не ти се од потесната област што сакаш да ја работиш... Никој не рече дека овде во Мк е подобро... А ко божем за да биде подобро еве ќе одиме кон запад со новиот предлог закон за високо образобвание...

Предлог законот вели: ај да биде како што е на запад (што е според мене ОК), ама не мора плановите и програмите веднаш да се готови, ами до 2009/2010. А за тоа време, законов кога ќе стапи во сила, тие што магистрирале не можат да пријават тема за докторска, туку мора да ги чекаат програмиве од докторските студии, кои BTW ќе бидат готови на крајот од 2008....И така човек се наоѓа во еден празен о'д од година-две, кога ниту може да пријави теза, ниту може да конк*рира на студии.

А уште полошо, докторските студии се со испити многу слични на оние од постдипломските магистерски, од кои ти признаваат само 60 кредита, а другите 120 треба да си ги дополагаш.

Е па до кога бе ќе полагаме само испити? Човек ќе побели дури да почне културно да се посветува на она што треба да го работи...

Сета работа е толку неорганизирано замислена, што немам зборови да го опишам мојот гнев во врска со сето тоа...

Само да знаете колку забелешки имаше Ректоратот на УКИМ за сева оваа работа... Може да се видат на веб страната

УКИМ

kaj Забелешки на законот за високо образование...

За оние што ги интересира.


Изменето од Julija - 25.Април.2007 во 21:38
Кон врв
Julija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Julija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 21:41
И што се однесува до тежината на студирањето, тоа јас не го спомнав во негативна конотација... Напротив... Секоја планина, своја тежина...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.