|
Догматот за Богородица |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Прости ми православие што бев малку ироничен, ама ете така, ведро сум расположен вечерва.
Ајде да ги отвориме картите. (да ги извадиме тие и во ракав што ги имамае)
Јасно е дека Марија имала и други деца после Исус и дека тоа воопшто не ја засегало Спасувачката Мисија на Исус!
И уште повеќе од јасно на нас христијаните ни е дека вие тврдоглаво се држите до таа догма со цел да и ја задржите титулата "Дева" на Марија.
Ако Бог ја нарекол благословена меѓу жените и блажена (што не е малку), тогаш зошто ние да се правиме подобри од Бог и да ја воздигаме повеќе отколку што Бог ја воздигнал, дури и по цена да вадиме доктрини од молк и со тоа да го извртуваме Светото Писмо не плашејќи се од Божјата закана за оние кои го прават тоа.
Поздрав!
EvAngelos Изменето од EvAngelos - 20.Април.2007 во 01:16 |
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Не можеме да го отфрлиме фактот дека Новиот завет е толку
контрадикторен, нејасен, недоречен така да се можни секакви толкувања. Но ако
се прати во целост ќе се забележат недопустливи недоумици.. Дали Духот му се
јавил на Марија ( кај Лука) или на
Јосиф (кај Матеј) најавувајќи го раѓањето Исусово, дали Исус се родил за време на Херод околу
5-6 година ПНЕ или за време на пописот Јудејски во 6-7 година НЕ (разлика од 12стина
години), дали е точна верзијата по Матеј дека
семсјтвото бега во Египет и се враќа во Назарет по смртта на Херод или
семејството се сели од Витлеем во Назарет по обрежувањето Исусово,, сите овиуе
компликации се настанати со обиди да се доведи жовотот и делото Исусово со
старозаветните пророчанства, така да и Марија е прогласена за девица, иако
немаше потреба, затоа што стариот завет не познава поим безгрешно зачнување но
на новозаветните Христијани кои послабо владееле со Еврејските поими и сфаќања
(и јазик) така да пророчанството дека Almah (што подразбира млада девојка - но може и да се
однесува на девствена) на грчки кај Исаија е преведен со Parthenos што значи буквално девица, не оставајќи му многу простор на подоцнежните
автори на евангелијата простор за маневар околу улогата на Марија. Таа МОРАЛА
да биди девица затоа што (така мислеле) вели стариот завет. Победата на култот
на Марија во 431 и 439 НЕ во Ефес беше обележена со крвави пресметки помеѓу
присталиците ЗА иПРОТИВ, улични нереди меѓусебни убиства, тепачки и колнења
помеѓу бискупите.... Ефес инаку беше седиште на древниот култ на Големата
мајка, на богињата - жена на која од цел свет на ходочастие иделе реки народ,
тој култ е заменет со култ на Маријам, сличен пример е и градбата на базиликата
Санта Марија Маџоре во Рим,која е изградена на местото на храмот на паганската божица
мајка Јунона во 434 година НЕ, значи култ кон жена продолжил на истото место но
наместо Артемида во Ефес или Јунона во Рим сега е Марија. Инаку официјализирањето на празнувањето на
Безгрешното зачнување настана дури во 1454 година со повелба на папата Пио 9ти
со папската була. Се до тогаш постоеле озбилни отпори кон култот и ставот за
безгрешмо зачнување. |
||||||||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Јас не ја гледам никаде контрадикторноста новиот завет, цветиот Дух и се јавил и на Богородица и на Јосив на Богородица и се јавил за да и ја соопшти благата вест дека ке го роди спасителот а на Јосив да му каже да не ја отпушта св. Дева Марија зошто е тешка од светиот дух а не од човек. Јосив со младенецот за да се спаси од детеубиецот Ирод па по неговата смрт се враќаат назад кога симон Богопримец го преведувал Пророкот Исаија го употребил терминот жена па тогаш му кажано од Ангел Господов да го употреби терминот partenos - девојка Погрешното учење на римокатоликата црква за безгрешноста на Богородица прв го произнесува папата Александар седми кој вели дека Богородица е сочувана од првородниот грев затоа што го родила Спасителот, а оваа ерес на ниво на догма ја издигнал папата Пиј девети на 8 декенври 1854 незнам од каде ти се податоците ама провериси ги изворите пошто ти се погрешни Изменето од чаир - 20.Април.2007 во 18:08 |
||||||||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Токму за тоа зборувам, кај Матеј Духот му јавува на Јосиф
дека жена му , Марија ќе роди, зачната од Светиот дух, кај Лука пак духот му се
јавува на Марија и и вели дека ќе роди, зачната од светиот Дух, ти ги спојуваш
во едно и велиш на двајцата му се јавил иако двата извори (авангелија) тоа не
го поткрепуваат. Нејаснотиите и празнините во Новиот завет даваат доста
маневарски простор за такви слободни толкувања, но негде е тоа невозможно како
на пример годината кога е роден Исус и неговото патешествие како дете дали бега
во Египет да го избегни колежот на првородените па се враќаат по смртта на
Херод или одат од Назарет во Витлеем заради Римскиот попис. Два временски и
просторно раздалечени настани и места. Целта е иста Исус требало да се роди во
Витлеем поради старозаветните пророштва (Михеј 5,2) но авторите даваат две
различни верзии како и зошто до тоа дошло, како и подоцнежните компликации
околу називот Исус од Назарет, (како да се заборави дека е роден во
Витлеем значи Исус Витлеемеец или Исус од Витлемеј) И самото Христијанско
сметање на времето лежи на некои чудни претпоставки, накратко Ако е Исус роден
за време на Херод (кога го наложил колежот на првородените) значи дека Исус е
роден барем 1 година пред смртта на Херод значи негде 5 или 6 година ПНЕ, но
ако пак спрема Евангелиата е роден за време на римскоиот попис во Јудеја (кој
благодарение на историски
факти записи и податоци се случил во 6 век од НЕ) како да за почеток на сметање
на времето е одбрана годината ни ваму ни таму, 4 години по Херод и 6 години
пред попис.. но да се вратиме на
Марија, имено првите векови на Хрстијанството воопшто не станува збор за
некаква девственост на Марија, Павле тоа нигде не го споменува , дури ни Марија
во било каков контекст не е спомената кај него, што во најмала рака е чудно, таа
се јавува во неколку децении подоцнежните евангелија. Како што заклучиле и Дибелиус
во “ Синот на девицатра и детето на пондилата“ (1932), фон Кампенхаузен во
својата студија “Безгрешно зачнување во теологијата на старата црква“ (1961) и
Делиус во “ Историјата на мариината слава“ ... дека митот за девственоста и
безгрешното зачнување на Марија настанала по смртта на Исус. Но култ на
обожување на мајка божица длабоко врежан во народот се пренел на новата легента
- митот за божјата мајка или богородица. Ова паганско верување иако отпор кон
него пројавиле и раните Христијанските теолози (Августин, Јован Кризостом)
сепак се изборил за своето место како континуитет на исконскиот човечки нагон
да ја обожува жената, како мајка, родилка, доилка.... |
||||||||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
машко незнам што е контрадикторно еднаш Ангел и се јавува на богородица да и ја објави благата вест а после му се јавува и на Јосив за да му каже да не ја остава жената своја што е тука контрадикторно
едниот евангелист го опишува настанот кога ангел му се јавува на Јосив а другиот настанот кога ангелот и се јавува на Богородица |
||||||||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
|
||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Имало два настани??... И Матеј знаел за едниот а Лука за
другиот??... не знаел Матеј дека и на Марија му се јавил Духот а пак Лука не
знаел дека на Марија и се јавил?? а пак кај Марко и Јаков (како ни кај Павле) нема ни збор ... Затоа велам
дека Новиот заавет дава простор за толкувања и надополнувања на
контрадикторнисте. Овие прашања не се од денес ни од вчера овие прашања биле
повод на размислувања, дебати и расправи со векови некогаш се смеело некогаш и
не било “здраво“ да се потегнуваат таквите прашања, различните ставови по однос
на тие нејаснотии или контрадикции доведе до одвојување на голем број насоки и
цркви во Христијанството. Одвојувањето на Христијанството од Јудеизмот, и
негово прераснување во самостојна религија се гледа и во тезата за безгрешно зачнување и раѓањето на Исус. За
старозаветните Евреи, не постои такво нешто, во стариот завет се прорекува
месијата, но тој е обичен човек, роден и зачнат на природен начин од родители
со кралско потекло чија задача е да му донесе на народот Израилов слобода,
кралство и да го изгради Храмот. Толку. Тој не треба да оди по вода, претвара
вино од вода и станува мртви. Месијата во стариот завет е човек,крална Израел.
Таа борба на старото и новото се гледа низ Новиот завет, почитување на обредите и
законите старозаветни, повикување на старозаветните пророштва, и наметнување
(посебно по смртта и распнувањето на Исус) на нови закони и отфрања на старите
(кај Павле). Братот на Исуса, Јаков беше и умре како ортодоксен Јудаист во
Ерусалемската заедница (како и Петар) и тие беа во судир со Павле кој пропагираше
поинаков Јудеизам (Христијанство) од старозаветноиот. Тука почнаа промените кои
после далечните писатели на евангелието го претворија во Месија роден безгрешно
кој станувал мртви и одел по вода. Таквиот месија кој добива сега универзална
сеочовечна улога на спасител (контра просторно и национално ограничен Еврејски
месија) станува прифатлив за оние кои не се дел од племето Израилово и прифатен
како безгрешно зачнат чудотворец и спасител на луѓето. |
||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Точно! Имало два настана и верувам дека и Матеј и Лука ги знаеле и едниот и другиот настан, а и не е неопходно да ги знаеле и двата настана, бидејќи за Бог доволно е едниот писател да го знаел едниот насата, а другиот писател другиот, бидејќи немој да заборавап дека ние христијаните веруваме дека Библијата има повеќе писатели, но авторот во нив е ЕДЕН - Господ Бог. Тој само ги користел евангелистите да го запише Својот Збор и при раскажувањата на животот на Исус тој не благоволил да ни го запише секој детал, секоја секунда од животот на Исус, туку само оној дел од Неговиот живот и учење кое Тој сметал дека ни е потребно за поука. Па оттаму не може да очекуваш Матеј, МАрко, Лука и Јован да пишале се што знаеле, бидејќи дури и ти кога пишуваш некое писмо или кога раскуваш некоја случка, верувам не запишуваш апсолутно се што знаеш, особено ако таа случка траела околу 3.5 години, просто невозможно е да најдеш толку хартија во тоа време за да напишеш се што знаеш, но ќе напишеш тоа што ти мислиш дека е важно за оној за кого раскажуваш. На сличен начин и евангелистите, тие биле обични луѓе, кои земале перо во рака и пишувале писма (посланија) до одреден човек, до одредена груба на верници-црква, и таму го запишувале она што тие во контекстот сметале дека е важно да се знае. Ако си бил сведок на некој настан (верижна сообраќајна незгода, некоја пресметка или било што) и ако си имал прилика да бидеш еден од очевидците, сигурно ќе се сложиш со мене дека извештаите што сите сте ги дале на полицаецот не се совпаѓаат идентично и сите вие не образложувате исти работи, туку секој го раскажува тоа што смета дека на полицаецот му е важно, што не значи дека некој од вас лаже ниту пак ја прикрива вистината. Плус, мора да се земат и предвид начинот и стилот на тогашните раскажувачи, на пример Матеј раскажува тематски и притоа не се држи строго до хронолошкиот редослед на настаните бидејќи тоа за него не е многу важно, туку ги разледува настаните по теми, за што има многу докази во неговото евангелие. Додека пак Лука се држи многу хронолошки, затоа и некои сметаат дека Лука бил до некаде и историчар покрај тоа што бил и лекар... итн итн, сакав да ти кажам малку по далбоко да пристапиш кон испитувањето на овие документи, и секогаш читајќи ги да си ги поставуваш овие прашања... КОЈ? КОМУ? КАКО? ЗОШТО? КОГА? СО КОЈА ЦЕЛ? Какви биле социјално-општествените околкности тоа време? Кој бил степенот на образованието на тамошните луѓе? Што тие верувале, што очекувале итн... немам многу време, ќе ти пипам пак.. поздрав |
||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Пишува за „контрадикторности“, а ми се чи ни не ни знаеш што зборот значи. Тоа што Матеј пишал за објавата на ангелот на Јосиф, а Лука на Марија, апсолутно не значи дека тука има „контрадикторност“. Напротив, теолошката улога на евангелијата не ја сфаќаш, и затоа се држиш само „фактографски“. Целта на Евангелистите не била пред се „фактографска“ објава за Исус, инаку ќе напишеле 3 тома за Исус... Нивната цел била богословска, теолошка.. Затоа Матеј, кој пишува обидувајќи си теолошки да докаже дека Исус е „новиот Мојсеј“, го спомнува одењето во Египет, враќањето од таму, како и посинувањето од страна на Јосиф (како што Ег. Фараон го посини Мојсеј), како и толку карактеристичната за Матеј реченици „како што беше пророкувано/пишано“. За да укаже на паралелата. Лука пак има цел да ги увери Незнабошците, и затоа не се фокусира воопшто на пророкуваната улога на Исус, туку на објаснување како тој има универзална Спасителна цел. А околу тоа дека Месијата според Стариот завет требало да биде некои локално еврејско кралче и градежниче на храмот, не е баш точно. Точно е дека Јудаистите, фарисеите и Садукеите, фанатично етнофилитистичка група, ТАКА ГО ТОЛКУВАЛЕ С. Завет, но Исус не го толкувал така...А и од некои цитати, јасно се гледа дека тие пропуштиле нешто... Прво, Девственото раѓање е пророкувано во С. Завет, ама тоа веќе го знаеш, да не го повторувам. Второ, пророкувано е дека Месијата ќе ги опфати не само Евреите туку и Неевреите. На пример, Исаија (старозаветниот пророк) за Месијата вели: Ќе го направам Светло за Незнабожците/Неевреите и ќе го однесеш моето Спасение до краиштата на земјата. (49:6) Трето, „конфликтот“ меѓу Павле и Јаков, ти е предраматизиран. Ниеден Новозаветн запис, не дава за право таков заклучок, напротив, тие дошле до меѓусебно разбирање. А инаку, точно е дека ниту Јаков, ниту Павле, ниту било кој друг „христијанин“ во тоа време, не мислел дека основа НОВА религија, туку само го следи доследно учењето на Јудаизмот и неговиот последен пророк Отелотворениот Господ Исус Христос. |
||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Евангелијата
настанеле многу по смртта на Исуса, и не се пишани од очевидци на настаните,
така да не можиме да зборуваме за сведоштва туку за накнадно напишани раскази.
Та дури и авторите се непознати (на евангелијата) и не биле ни викани онакак
како што ги знаеме ние денес (по Лука Марко Матеј и Јован) во првите векови на
Хрсистијанството. Како, кога и по кој го добиле името... не знаеме.... толку за
сведоците
Да,ти се чини...
Тука сме изгубени
во преводот. Исајија најавува дека АЛМАХ (млада девојка) ќе роди син.... не
девица, АЛМАХ е млада девојка, таа може и да роди АЛМАХ може и да има дете но
спрема Еврејските закони тоа би било нелегитимно, а БЕТХУЛАХ е стриктниот
Еврејски збор за ДЕВСТВЕНА, жена од било која возраст која нема спознаено маж.
Е сега кога ја преведувале Еврејската света книга (Стариот завет), зборот МЛАДА
ДЕВОЈКА (АЛМАХ) го превеле со грчкото ПАРТЕНОС што буквално значи ДЕВИЦА и така
со верижна реакција Марија морала не да биди млада девојка туку девица, што и
доведе (заради исполнување на погрешен превод) до прикаската за безгрежното
зачнување и нејзината барем привремена девственост (иако по тоа таа роди со
Јосифа уште неколку деца, браќа и сестри на Исуса)
Не знам со кој
превод се служиш но најблиску до оригиналот би било: Et dixit :
Parum est ut sis mihi servus ad suscitándas tribus Jacob, et fæces Ísraël converténdas : ecce dedi te in lucem géntium, ut sis salus mea usque ad extrémum terræ. Вулгата, значи за
племето на Јаков и народот Израилов. Старозаветниот бог е бохг на избраниот
Израилов народ. Тој не се плетка многу со други нации. Тоа станува во Новиот
завет, со настанување на Христијанството. Релацијата Павле
- Јаков - Петар е опширна тема и е офф топик овде (можда нова тема) али само на
кратко, Павле проповедаше либерален Јудаизам (Христиијанство) значи непотреба
од обрежување, непотреба од светкување на Сабота непотреба од придржување на строгите
Еврејски закони околу јадењето, пиењето па и седење на иста маса со неверници.
При своето доаѓање во Ерусалем тој се сретнал со Јакова и Петра кои биле водачи
на Јудејската заедница и МОРАЛ да помине обред на очистување од грвови и да
плати како казна и за другите евреи таков обред и да вети дека нема да ги
менува правилата и законите на Јудеизмот при своите проповеди.. но што направил
тој.. го погази ветеното и продолжи по својот пат на проповеди игнорирајќи ги
директивите на Петар и Јаков... тоа е за тебе разбирање...?? Изменето од Чорбаџија - 22.Април.2007 во 00:06 |
||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Не видов доказ кој би ми го растурил сомнежот. Контрадикторност, чисто за просветлување, е кога два факти меѓусебно се негираат. Не видов такво нешто во твојот пост...
Тоа ти велиш...
Тоа пак, ТИ ВЕЛИШ... Јасно е дека нема потреба Евангелистот да „измислува“ девствено раѓање, ако такво нешто нема во пророштвото. Испаѓа дека евреите кои ги пишувале Евангелијата не разбирале Еврејски толку добро колку Чорбаџија...
Ако Вулгата ја земаш за најточен запис на С. Завет, се ми е јасно...
Да не поплавувам сега со слични цитати, поентата е јасна...
Дотука е јасно!
Ова тука што си го напишал, нема никаква, повторувам, НИТУ ЕДНА ЕДИНСТВЕНА поткрепа во историските записи што се познати за Апостолските дела и живот, како во така и вон Новиот завет. Каква казна, какво плаќање, каков обред, какво погазување на ветеното??? Ова навистина нема благе везе со реалноста, сега испаѓа дека сите треба да си правиме некој филм или своја верзија на историјата... Изменето од аџија - 22.Април.2007 во 00:23 |
||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Научните методи приближно го
ставаат (редоследно) Павловото послание до Солуњаните околу 50 година НЕ (20
години ПО смртта на Исус), од
Евангелијата пак најстаро е она на Марко 70-75 годин НЕ, на Матеј помеѓу 85-110 година НЕ, на Лука
околу 90-95 година, и на Јован 90-100 година. Се до половината на вториот век
биле именувани како “книги“ во 150 година НЕ, свети Јустин ги нарече
евангелија, а имињата на “авторите“ ги добиваат во 4ти век. Е сега ако би не
благудостоил сос твоите научни методи и ни кажеш кога настанале евангелијата....
спрема науката...
Значи Исус е роден во 5ти век ПНЕ
или во 6сти век НЕ, и се наоѓал како новороден во Египет избеган заради колежот
на првородените а у ствари не е во Египет него во Витлеем заради Римскиот попис
а се враќа од Египет во Назарет поради смртта на Херод у ствари не туку заради
посветувањето на Исуса во Ерусалемскиот храм!
Тоа е затоа што евангелистите го
знаеле Стариот завет по преводот на грчки каде еврејскиот збор МЛАДА ПЕНА или
МОМА е преведно со грчки ДЕВИЦА. И ден денес во еврејскиот Стар завет на тоа
исто место стои МОМА а не ДЕВИЦА... за ДЕВИЦА си постои друг еврејски збор. Евангелистите
не го знаеле тоа туку се раководелле по погрешниот превод.
“ו וַיֹּאמֶר,
נָקֵל מִהְיוֹתְךָ לִי עֶבֶד, לְהָקִים אֶת-שִׁבְטֵי יַעֲקֹב, ונצירי (וּנְצוּרֵי)
יִשְׂרָאֵל לְהָשִׁיב; וּנְתַתִּיךָ לְאוֹר גּוֹיִם, לִהְיוֹת יְשׁוּעָתִי
עַד-קְצֵה הָאָרֶץ. {ס}“ Истото
е и на хебрејски иако помислив дека поразбирливо ќе биде на латински
Сета акција
Старозаветна е спасот на народот Израилев, неговото носење во ветената земја и
градењето на храмот божји. Бог не ги зел Египјаните ни Асирците ни
Каанците....... не ги спасувал нив, не им дал нив заповеди не им дал нив
ветувања и не склопил со нив договор. Тие се на страна од играта, од второ
значение , баш по тој цитат кој по Вулгата оди вака: cui
benedíxit Dóminus exercítuum, dicens : Benedíctus pópulus meus Ægýpti, et opus mánuum meárum Assýrio ; hæréditas autem mea Ísraël. Ја кје ти го
преведам, пошто мислев дека ти оди латинскиот... Каде Бог ги благослови,
велејќи, Благословен е народот Египетски, и благослов на Асирците, делото на
моите раце, НО ИЗРАЕЛ Е МОЈОТ ИЗБОР или ако сакаш во
оригинал: כה אֲשֶׁר בֵּרְכוֹ יְהוָה
צְבָאוֹת, לֵאמֹר: בָּרוּךְ עַמִּי מִצְרַיִם, וּמַעֲשֵׂה יָדַי אַשּׁוּר,
וְנַחֲלָתִי, יִשְׂרָאֵל. {ס}
Би било полесно и
за двајцата кога би го прочитал барем Новиот завет оти вака сега треба полека
... од почеток... до Галтјаните
2-11 до 2-14 Делата Апостолски
21-22 до 21-26 Првото до
Коринтјаните 8-4 и 10-27 до 10-29 па да дискутираме Изменето од Чорбаџија - 22.Април.2007 во 01:51 |
||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ма немој? И посланијата на Павле што се познава по стилот на пишување и неписмен човек да познае дека се од ист автор, не биле напишани од кого се?
Што ќе ве благоудостојувам, кога ти самиот си ја поби својата претходна теза... Испадна дека не било баш „многу“ после Исусовата смрт, и дека не било баш од неочевидци...
Тоа ти велиш... Дедо ми роден у 20 век, не знае која година е роден, па сеа ти се дрзна да пресметуваш во кој месец уште малце бил роден Исус...
Ја мајката? Од кај ти ова просветлување, да не ти шепнал некој од евангелистите кое издание од кој печатач го користел? факт е дека Матеј, на пример, користи многу и еверјски зборчиња, а и цитатите од С. Завет кај сите евангелисти и кај Павле се наизменично од Септуагинтата и од изворниот Еверјски текст, па своеволно преведувани... Ти сакаш со еден замав на перото да претставиш нешто како факт, што целокупна богословска наука не може до крај да го расчисти... Паушални, многу паушални ти се ваквите постови...
Тоа не е спорно. Ама и те како не се сложувам дека изборот на Израел не бил со цел да се спасат и египјаните и Асиријците и така натаму. Всушност Месијанството Исус го разбира токму така, како отфрлање на Израел како избраниот, бидејќи неуспешно ги мисионираше околните народи...
Ако веќе галамиш колку ти оди латинскиот, преведи како што треба... И самиот си напишал hæréditas autem mea Ísraël, a зборот си го превел погрешно... Треба „и Израел моето НАСЛЕДСТВО“ hæréditas = (и анг. heredity) наследство! Јес да не ми оди којзнае што латинскиов, ама изгледа за тебе сум Цицерон...
Изменето од аџија - 22.Април.2007 во 02:05 |
||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
И посланијата на
Павле биле предмет на подоцнежни преправки и редигирања и тие се косат со
тексовите во делата Апостолски, и таму сме во несогласувања дали и како било. Али
во глобала можеме да речиме дека посланиата на Павле се плод на самиот Павле и
луѓето од неговата околина. И самиот Павле никогаш не го сретнал или видел
Исуса иако неговите пишувања се сметаат како најрани. За прв пат се
појавуваат негде 100 тата година значи 50 сетина години од настанувањето
Павловите посланиа стапиле во циркулација.
Тоа време се разликувало од
денешното, можеби денес е природно да човек просечно живее по 70 години но пред
2000 години.... просечен животен век нарочно во Јудеја не бил ниту 50 години,
во најдобар случај првите евангелисти беа родени 10тина години по смртта на
Исус. Али битно е што Новиот завет не бил официјализиран и кружеа разни верзии
на евангелија, книги,, записи, папируси, преданиа.... се до 4ти век кога
седнале и ги искомпилирале, одбрале што оди а што не. Значи текстовите кои не
биле во оригинал туку во делови, некој седнал и одлучил што треба а што не. (Откровението
било влезено па исфрлено па пак влезено во Новиот завет)... колку за
информација.
Чиста логика слушај сега ќе се
изненадиш, Ако евангелистите мислеле и пишувале за Марија дека е девица а при
тоа се повикувале на старозаветните пророштва сигурно е дека не го прочитале
тоа на оригинал еврејски (пошто таму не пиши девица туку девојка,млада жена)
туку го прочитале од грчкиот превод каде погрешно е преведено како девица... а
кажи. сигурно ти е малку мака што тебе не ти текна ова!
Цицеро, цел текст во контекст
значи поинаку отколку буквално во речник. Звучи како англиски али има и плус
уште по некое зборче кое му даваат поблиско значение. А од кого тоа Бог го наследил
Израел.... Од дедо му? хаххаххааааахаха еее златни деца... Изменето од Чорбаџија - 22.Април.2007 во 15:05 |
||||||||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |