|
Постдипломски студии |
Внеси реплика | страница <1 34567 8> |
Автор | ||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секаде е така, за жал... Не знам дали сте го погледнале новиот предлог закон за високо образование? Па таму какви нелогичности има... погледнете го... stranicata e MON (во образование, па одите на Високо) samo sto vo momentov stranta na predlog zakonot ne se otvara... Изменето од Julija - 19.Април.2007 во 12:47 |
||
|
||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Предлог закон за високото образование
За нас интересни се деветтата,десеттата глава и преодните и завршни одредби... Кого го интересира или кој се наоѓа засегнат нека чита... |
||
|
||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се предвидува законов да се донесе по брза постапка (ме изненадува зашто има доста противречности и нелогичности).
За оние што имаат магистрирано можеби е најдобро што побргу да пријават тема за докторска дисертација... Прочитајте ги деветтата глава и преодните одредби, посебно членовите 165, 170 и 177... |
||
|
||
polikarp
Група Регистриран: 14.Февруари.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 49 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
lugevo po svetot pocnaa da pravat post-doktorati i toa ne po eden tuku po pveke.Nie ovde zboruvame za post-diplomski.Mislam deka sekoj koj sto ima moznosti treba da uci kolku sto moze poveke i kako sto spomnav ne samo magistratura, tuku i doktorat pa duri da prodolzi i so post-dok zatoa sto vo obrazovanieto e idninata.
|
||
Подобро да ме мразат заради тоа што сум, отколку да ме сакаат заради тоа што не сум.
|
||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Moram da odgovoram na ova: Сегашните магистерски и докторски не одговараат на магистерските и докторските што се на запад. Имено, тамошното звање не е магистер туку мастер, а магистер е појака работа од мастер. Мастер студиите траат 1 или 2 години во зависност од тоа какви студии сте одбрале и се во склоп на редовните студии (нешто како кратко продолжение). Тука магистратурата одговара на малку појака дипломска работа. Докторските студии одговараат на сегашните магистерски студии, со задолжителни оригинални резултати и придонес кон областа што се обработува, а постдокторските на сегашните докторски студии кои генерално се од менторски тип. Некој би рекол, нема голема разлика, но не е така. На овој начин се девалвира системот вредности што кај нас е утврден од многу одамна. Изменето од Julija - 20.Април.2007 во 21:52 |
||
|
||
polikarp
Група Регистриран: 14.Февруари.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 49 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мислам дека Јулија ги помешала малку работите но тоа е така затоа што не ги разбира доволно.Можеби некаде слушнала но не разбрала .И нешто напишала за неаков систем на вредности што постои кај нас во Македонија ама јас неможев да го разберам тој дел.Немојте да мислите дека ние Македонците сме најпаметни и дека се во светот е полесно и само нашето е најдобро!!!!!!!!!!!!Јас како човек кои се занимава со наука и кој бил на пост-дипломски студии во Македоника а сега сум во станство слободно можам да кажам од искуство дека постои разлика но камо среќа и кај нас да ја имаше истата организираност па младите да имаат шанса на 26-27 да бидат доктори на науки а не уште студенти или пост-дипломци.
И немојте со такви коментари.Дајте еднаш да почнеме да работиме и да се средат рабитите а не да се залажувате дека кај нас има некаков систем на вредности. |
||
Подобро да ме мразат заради тоа што сум, отколку да ме сакаат заради тоа што не сум.
|
||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И јас велам... Камо среќа да беше така... Ама не е... И нема да биде... Па да, најверојатно и не ги разбирам работите најдобро и можеби направив слаба аналогија, но знам дека она што сега се случува овде, врска нема со она што е на запад (еве конкретно кај тебе). Не знам дали си го погледнал новиот предлог закон, но тоа е таква каша-попара, којашто нема никаква врска со тоа што е во странство, ниту пак тежнее кон тоа. И досега беше неорганизирано (посебно во поглед на постдипломските студии) и се учеше сешто (и што треба и што не треба), а на моменти човек и се оддалечуваше (со километри) од темата што треба да ја работи, а сега ќе биде уште понеорганизирано, зашто во недостаток на добра програма за постдипломски студии, ќе биде применета старата (се обложувам дека тоа ќе се случи на 70% од факултетите), само што ќе бидат ставени кредити, а згора на тоа ќе имаме докторски студии, каде што наместо да се фокусираме на докторската теза, повторно ќе мораме да полагаме испити. Ете, тоа ќе се случи во наредниве 2 години, дури да тргне работата... Се сеќаваш на онаа народната: прво скокни па речи оп! Овој закон што се предлага прво вели оп!, а после ќе скокаме... каде? не се знае...
Ти си во странство. Како мислиш да ги средиш работите овде? Никако... Некој друг ќе ги вади жешките костени од огнот... Изменето од Julija - 22.Април.2007 во 01:34 |
||
|
||
iceamor
Нов член Регистриран: 19.Март.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ke se zapisuva li nekoj na postdiplomski vo solun na city college? sega za sega nemozam nikoj da najdam .....
|
||
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"Сегашните магистерски и докторски не одговараат на магистерските и докторските што се на запад.
"
Да, не одговараат, заради тоа што "на запад" за да магистрираш треба да истражуваш и пишуваш, а во Македонија е доволно да се купи и научи книгата што ја објавил професорот или пак да се преведе семинарска што некој веќе ја напишал (кој ќе те фати кога 70% од професорите воопшто не знаат англиски. "Имено, тамошното звање не е магистер туку мастер, а магистер е појака работа од мастер." Магистер=Мастер, и двата збора доаѓаат од латински и значат "познавач, учител." Инаку, постдипломските студиите траат 1-2 години + пишување магистерска теза или полагање државни испити. Така е насекаде во светот, така е и во Македонија. Тоа што кај нас не се завршуваат за предвиденото време е заради тоа што професорите си го сметаат предавањето за споредна дејност, а не заради тоа што македонската магистратура била подобра. "Мастер студиите траат 1 или 2 години во зависност од тоа какви студии сте одбрале и се во склоп на редовните студии (нешто како кратко продолжение)." Од каде ти е оваа информација? Во склоп на факултетот, односно дипломирање + магистрирање за 5 години имало/има во екс-комунистичките земји (малку му доаѓа како влијание на Русија), ама е редок случај "на запад." "На овој начин се девалвира системот вредности што кај нас е утврден од многу одамна. " Колку одамна е утврден системот? Колку што знам, во Мк немало магистратура до пред педесетина години. И дали се девалвира заради тоа што некој смета (со право) дека Мастер=Магистер? Тоа да му беше проблемот на македонското образование... Изменето од Miriam - 25.Април.2007 во 04:55 |
||
Try again. Fail again. Fail better.
|
||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никој не рече дека кај нас било подобро... Ако сте ме разбрале погрешно, се извинувам... Напротив... Јас велам дека ако се прават промени треба добро да се направат, а не да имаме квазизападен стил...
Не е точно дека сите магистерски кај нас се со научена скрипта од професорот... Јас лично имам оригинални резултати коишто ми биле објавени во наши и странски списанија и презентирани на научни собири во странство, па ми се вклопени во магистерската... И по ниеден предмет немало скрипта од професорот, ами секаква странска литература, а македонска само 10%... и секој предмет сум го спремала по година, година и пол, со истражување и се'... Затоа немојте да ми тврдите дека во Македонија немало систем на вредности... Изменето од Julija - 25.Април.2007 во 09:36 |
||
|
||
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јулија, не ме разбирај погрешно, со најдобра намера пишувам. Зошто мислиш дека тоа што треба да спремаш еден испит подолго време е систем на вредности?
Не е систем на вредности, туку лоша организација. Не твоја, на универзитетот. Штом имаш научни трудови и презентации, сигурно си свесна и самата дека не си полоша од луѓето што го прават истото во странство. Можеш ли со чисто срце да кажеш дека никогаш не ти станува мака што нешто што можеш и треба да го завршиш за 2-2.5 години треба да ти одземе двојно повеќе? Не ми е јасна опсесијата во Мк дека ако нешто не е тешко, не треба да го вреднуваме. Смислата на постдипломските не е да ти го отежнат животот, туку да ти дадат повисока квалификација (знаење и вештини). Ако до исто место можеш да стигнеш по две патеки, пократка и подолга, која ќе ја избереш? И дали ако ја избереш пократката (што само по себе не значи ниту дека е полесна, ниту потешка, само различна) значи дека немаш систем на вредности? Изменето од Miriam - 25.Април.2007 во 17:40 |
||
Try again. Fail again. Fail better.
|
||
Miriam
Сениор Регистриран: 25.Април.2007 Локација: United States Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Поликарп, се согласувам. Луѓето што можат, треба да се образоваат колку што е можно повеќе. И денес ова важи повеќе од било кога. Колку и да звучи патетично, живееме во ера на глобализација и брз развој на технологија, и ако не знаеме јазици и немаме аналитички вештини што се развиваат со учење, истражување и пишување, ниту сега, а уште помалку за 10тина година ќе нема да можеме да си најдеме добро-платена работа. |
||
Try again. Fail again. Fail better.
|
||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Очигледно дека не се разбираме... Испитите долго се полагаат зашто се три или четири во еден...А да не зборуваме и што се учат и работи коишто не ти се од потесната област што сакаш да ја работиш... Никој не рече дека овде во Мк е подобро... А ко божем за да биде подобро еве ќе одиме кон запад со новиот предлог закон за високо образобвание... Предлог законот вели: ај да биде како што е на запад (што е според мене ОК), ама не мора плановите и програмите веднаш да се готови, ами до 2009/2010. А за тоа време, законов кога ќе стапи во сила, тие што магистрирале не можат да пријават тема за докторска, туку мора да ги чекаат програмиве од докторските студии, кои BTW ќе бидат готови на крајот од 2008....И така човек се наоѓа во еден празен о'д од година-две, кога ниту може да пријави теза, ниту може да конк*рира на студии. А уште полошо, докторските студии се со испити многу слични на оние од постдипломските магистерски, од кои ти признаваат само 60 кредита, а другите 120 треба да си ги дополагаш. Е па до кога бе ќе полагаме само испити? Човек ќе побели дури да почне културно да се посветува на она што треба да го работи... Сета работа е толку неорганизирано замислена, што немам зборови да го опишам мојот гнев во врска со сето тоа... Само да знаете колку забелешки имаше Ректоратот на УКИМ за сева оваа работа... Може да се видат на веб страната УКИМ kaj Забелешки на законот за високо образование... За оние што ги интересира. Изменето од Julija - 25.Април.2007 во 21:38 |
||
|
||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И што се однесува до тежината на студирањето, тоа јас не го спомнав во негативна конотација... Напротив... Секоја планина, своја тежина...
|
||
|
||
Внеси реплика | страница <1 34567 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |