IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕЛИКИ ПЕТОК
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕЛИКИ ПЕТОК

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ВЕЛИКИ ПЕТОК
    Испратена: 06.Април.2007 во 00:08

Велики Петок

 

 

Беше тоа многу одамна, во една бучна ноќ во градот Ерусалим.

Пред резиденцијата на управителот Понтиј Пилат стоеше еден премален и изнемоштен човек со крвави лузни и модрици по целото тело. Тој иако не изгедаше претставително, сепак целото внимение беше насочено кон него.

Одеднаш се создаде голема бучава. Разбрануваната толпа на луѓе гласно и непрекинато викаше: "Распни го! Рапсни го!", "Ослободи ни го Варава! А овој распни го!", "Ние немаме друг Цар, освен Цезарот.", "Ако го ослободиш овој, непријател си му на Цезарот!", "Распни го! Распни го!"

Имено, таа ноќ му се судеше на Назареќанецот Исус, за кого се ширеа гласини дека е долго очекуваниот и пророкуваниот Месија, Христос, Спасителот на Израел и на целиот свет.

Тоа беше судењето на Исус Христос.

Вината не беше баш јасна. Никој не знаеше за што точно на овој човек му се суди. Едни велеа: "Овој човек рече дека може да го урне Храмот и повторно да го изгради за три дена". Други велеа: "Тој се претставува себе си дека е Цар", а трети велеа дека Исус се нарекувал Божји Син и се изедначувал со Бог.

Иако имаше повеќе обвиненија, сепак меѓу нив не се најдоа ни две усогласени за да можеше да се донесе правосилна осуда. Управителот Пилат рече: "Не наоѓам никаква вина во овој човек". Но толпата стануваше се погласна и погласна и тие не чекаа правна одлука од Пилат, туку само формална дозвола за да го распнат.

По долго двоумење, Пилат зема еден сад со вода, ги изми рацете, се огради од вината за убиството на овој праведник и дозволи да биде распнат. Тогаш целиот народ извика: "Неговата крв нека биде на нас и на нашите деца!"

Тогаш Пилат им го ослободи разбојникот Варава, а Исуса, откако го камшикуваа, им Го предаде да го распнат.

Мнозинството од топлата не знаеше Кој е всушност Тој Човек и Кого тие всушност судат, но сите имаа можност да видат или барем да чујат за многубројните чуда кои Тој ги беше направил низ Галилеја.

Некои се чудеа дали е навистина Тој истиот човек, и ако е Тој, тогаш зошто не ја употребува Својата Моќ за да се ослободи од лажните обвиненија и од смртната пресуда која штотуку Му беше пресудена. Можеби се велеа: "Сигурно им дозволува привремено, за да им ги види намерите, да ги искуша, но пред да Го распнат, тогаш ќе се ослободи." И затоа го следеа се до крстос, во исчекување да видат уште едно од Неговите спектакуларни чуда.

Малкумина пак знаеа Кој навистина Тој е. Но тие исто така се чудеа зошто Исус молчи, зошто не повика ангелска војска од небото и да ги погуби сите овие кои зинале по Неговиот животот.

Каква е оваа иронија, размислуваа тие. 

 

Тоа беше Божјиот Син, Исус Христос, Создателот на светот.

Луѓе грешници Му судеа на Праведниот Судија над судиите, пред кого се што дише или дишело еден ден ќе се појави на Суд.

Каква иронија, Господ да стои пред своите созданија, а тие да му досудат смртна казна. Дали е тоа целата приказна, толку нелогична и збунувачка?

Не! Тоа не е целата приказна. Зад целата оваа велипеточна драма се криеше нешто многу поголемо, поважно и посериозно. Во тој момент, додека луѓето Му судеа на Исус, паралелно се случуваше уште едно судење, многу подлабоко и посуштинско.

Бог му судеше на човекот.

Бог Му судеше на Последниот Адам, Човечкиот Син во Исус Христос.

Но кој е тој Последен Адам? Зошто Бог му суди нему?

Првиот Адам, заедно со својата жена Ева, многу многу одамна направија сериозно погрешен избор со катастрофални последици. Се побунтуваа против Бог, Го направија Бог лажливец и посакаа и тие да станат богови, еднакви со Бог. Тоа беше првиот грев, за кој Бог им вети дека ако го направат, ќе мораат да се ракуваат со смртта.

Смртта е казната за гревот, а со гревот сме заразени сите, бидејќи Адам е заеднички прататко на сите луѓе.

Правдата на Бог бараше смрт од Адам, но Милиста Божја побара одложување на оваа пресуда. Одложувањето беше закажано за Велики Петок, а одреденото местото за извршување на пресудата беше, Голгота.

Еден праведен човек згреши, и Божјата Правда побара еден праведен човек да ја плати казната за тој грев. Доброволецот, жртвеното Јагне, беше токму Тој, Исус Христос, врз чии плеќи беше натоварен целиот грев на човештвото.

Го измачуваа, а Тој не се противеше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење, како овца нема пред оние што ја стрижат. Не ја отвори Својата уста.

Иако беше целиот премален, столчен и раскинат од камшикувањето и безмилосното тепање, Тој сепак храбро го носеше Својот крст и одлучно гледаше кон Голгота, нестрплив да го закова на крстот тешкиот грев на човештвото.

Тој на својот грб ги носеше и гревовите на оние кои против Него викаа: "Распни го! Распни го!", не знаејќи дека Тој ќе биде распнат заради нив, заради нивните престапи и гревови. Сепак Тој тоа не им го зема за грев, и на крстот рече: "Прости им Татко, не знаат што прават!"

Колкава само љубов беше собрана во еден човек. Како ли може да им прости? На оние кои на крст Го распнаа? Зошто би сакал да им прости?

Каква ли љубов беше таа? Да го дадеш својот живот за некој кој со чекан ти набива клинци во рацете и нозете и те распнува да висиш и да искрвариш на крст пред очите на твојата мајка, роднините и пријателите. Сигурно не човечка.

 

Тоа беше Божјата Љубов.

Неискажлива со човеки зборови, Но ветувана од дамнии, пророкувана од пророците, и најпосле потврдена од Исус Христос.

Тој во една прилика рече: "Бог толку ги возљуби луѓето од светот, што го даде Својот Единороден Син, за секој кој верува во Него, да не загине, туку да има живот вечен!"

"За секој кој верува во Него" Бог му ветува вечен живот. Каква радосна вест од устата на Бог!

Голготскиот крст не беше наменет за Исус, бидејќи Тој не направи никаков грев.

Но ние, јас и ти, имаме еден куп гревови зад себе и којзнае уште колку пред нас.

Тој крст беше нашиот крст, мојот и твојот.

Разбојникот Варава сме токму ние, јас и ти, сите луѓе.

Еден крст беше определен. Или Варава, или Исус.

Разбојникот беше ослободен, а Праведникот распнат.

Варава беше ослободен заради Христовата пожртвителна љубов, со чија сила, Тој ги рашири Своите раце на крстот, на местото на Варава.

Тие раширени раце Христови на Голготскиот крст до ден денес претставуваат отворена прегратка за секој грешник кој се кае.

Во нив има љубов за целиот свет.

Некој, Кој по три дена воскресна, му вели на твојот дух:

"Дозволи ми твојот крст, да го ставам во Мојот",

"Дозволи ми Мојата смрт да биде и твоја",

"Дозволи ми Јас да платам за твоите гревови, бидејќи ти си немоќен да го направиш тоа, а смртта да не те задржи",

"Во Мојата испружена рака кон тебе е Моето Спасение, но не можам сосила да ти го дадам. Потребна ми е и твојата рака, твојата одлука и решителност."

Го слушаш ли Неговиот глас? Ја препознаваш ли Божјата Љубов искажана преку Исус Христос? Спремен ли си да му го предадеш сиот твој товар од сите знајни и незнајни, намерни и ненамерни гревови на Него? Изборот е твој и сега.

Исус вели:

"Еве, стојам пред твојата врата и чукам; Ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него." (Откровение 3:19)

Не одложувај! Светиот Дух вели:

"Ако денес го слушнете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца" (Евреите 3:7)

Не е потребен мистичен ритуал. Павле вели:

"Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце. Зашто ако со твојата уста исповедаш дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен." (Римјаните 10:8,9)

Ако чекаме до пет до дванаесет за да се покаеме, Бог ќе не повика во единаесет ипол !

Да не го злоупотребуваме Божјото трпение.

Денес е денот за твоето спасение.

Нека Бог те благослови!

EvAngelos
 


Изменето од EvAngelos - 06.Април.2007 во 00:11
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2007 во 00:42
EvAngelos

абе ти да не ми ги земаш темите? таман почнав со велики четврток... LOLLOLLOL

ќе бев лут, да не си ја средил вака фино... Wink
ClapClapClap
Кон врв
plamenko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Август.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај plamenko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2007 во 00:51
ClapStarfino nema sto:)
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2007 во 00:54
Originally posted by plamenko plamenko напиша:

ClapStarfino nema sto:)
 
prekrasno EvAngelosClapClapClapClapClapClap
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2007 во 01:00

Велики Петок     21/04/2007

На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос и Неговото слегување во адот. Ова е стожерна точка во Страдалната седмица, тогаш Богочовекот Кој невино пострада за спасението на човечкиот род ја стекна благодатта на искупувањето од прародителскиот грев, со што се обезвласти владеењето на смртта и на пеколот (демоните) над природата на човекот. (Попросто кажано, оттогаш луѓето живеејќи богоугодно, очистувајќи ги своите срца од страстите, повторно можат да стануваат слободни личности и како такви наследници на рајот.) За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од она време. На Велики Петок тајниот Христов ученик Јосиф од Ариматеја го измоли од Пилат мртвото тело на невино распнатиот Господ Исус, а јудејскиот кнез Никодим којшто и самиот тајно Го следеше Христовото Божествено учење, со смеса од смирна и алој Му го подготви телото за погребение. Погребот е извршен во петок пред Пасха, во свеж гроб во близината на Голгота (сопственост на Јосиф од Ариматеја). Присутствувале само неколку луѓе. Долгата традиција на споменувањето на овој ден го исполнила со вонредни богослужбени дејства (ги изобразуваат настаните што се случија на Велики Петок: ова започнува со утрената, којашто како бдение се служи уште вечерта во Четвртокот, во која се објавува евангелската историја за страдањата и смртта на Господ Исус Христос во дванаесет евангелија). Со оглед дека на Велики Петок Богочовекот Исус Христос Му се принесе Себеси како благодарствена и искупителна жртва на Бога Отецот во име на севкупната човечка природа (човечкиот род), во Црквата не се служи Светата Евхаристија, освен можеби литургијата на претходно осветени дарови. Во аскетската книжевност, Светите отци особено се задржуваат на карактерот на молитвата на Господ во Гетсиманската градина произнесена на Велики петок, и ја покажуваат како извор, вдахновение и пример на она вонредно животворно ’сеќавање на смртта’ што е преисполнето со безостатната предаденост на Синот кон волјата на Бога Отецот.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2007 во 03:16
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"Во Мојата испружена рака кон тебе е Моето Спасение, но не можам сосила да ти го дадам. Потребна ми е и твојата рака, твојата одлука и решителност."
 
 
 
 
Петар ја прифати Христовата рака и не се удави.
Тоа е добар пример, дека Христос е тука покрај нас, дури и во нашите падови, па и кога нашата вера со намалува.
Но сепак секогаш останува на нас изборот: Ќе ја прифатиме ли новата шанса која ни ја дава Бог или горди и самоуверени во нашата сила ќе продолжиме да претаме во разбеснетото езеро.
Петар не бил аматер во водниот спорт. Тој бил искусен рибар и можеби цел живот го поминал во езерото. Сепак одлучил да ја зграпчи раката на Христос.
Тоа е добра поука за нас, се разбира во духовна смисла.
 
Поздрав!
 
п.с. Ова е сликата од мојот аватар Wink


Изменето од EvAngelos - 06.Септември.2008 во 03:17
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Balian Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Balian Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2007 во 03:59
ClapClapClap
EvAngelos, kako si go skockal ova....nemam sto da dodadam...osven..

    Denes placham...

    Se fakjam nekogash kako si igrame vernici...strav mi e da kazam deka sum hristijanin, nemam smelost, custvuvam odgovornost ako go kazam zborot...zatoa se narekuvam vernik...i toa so doza na zadrzanost... zasto?

    Verata ne e chitanje na Biblija, druzenje so vernici od ista denominacija ( a istovremeno napagjanje na drugite), praktikuvanje obredi, slavenje, prazni molitvi, debatiranje na forumi...i kakva ushte ne covecka forma na religija bez vera, so odnos kako kon bilo koja druga rabota shto ni se sluchuva vo zivotot kao odenje po leb, chitanje vesnik, gleanje TV...
Nemame od kade da nauchime kako treba? Zarem Hristos ne dojde da ni dade primer kako i vo shto da veruvame? Zarem malce ostavi zad sebe i toa vo forma vo koja sekoj ke moze da pristapi, da istrazuva i da otkrie???? Kolku pati treba da se "simne" Gospod da se vrazumime? 2pati?3pati? 10, 10000????kolku? i sho treba da povtori? chudata?da se krsti ushte 5-6 pati?da umre 5-6pati? da voskresne ushte edno 5-6pati?

 
    Epa, moi brakja i sestri, slavime Veligden po 2007mi pat (ako e ok godinata). Sekoja godina praznuvame,se potsetuvame, si spomnuvame na se shto ni ostavi spasitelot i kako amanet i povekje kako primer. I pravime nesto so toa? ili vlezi od edno uvo, izlezi niz drugo? sekoja godina pak prvo oddelenie! Pomogni Gospode da mrdeneme malce!

"Gospode sakam vo vtoro..."Wink
A polumatura? matura? magistratura? doktorat!?

Ke te poznavam li Gospode nekogash tolku dobro, iscrpno, celosno??? Ke ja ispolnam li tvojata volja Gospode?
    Dojde ti ednash i sho napravivme? Na nash*te "pravedni dela " ke se povikame? Pa, Gospode, te zakovavme na krst!
Za taa nasha "ljubov" ti ni dade spasenie!?
Ete kolku sme bedni, ete kolku sme pravedni...ete zasto denes placham.

No Veligden e simbol za vechniot Bozji karakter.
Loshoto da se napravi dobro!...dobroto da se napravi ushte podobro!!!

Zatoa za Veligden treba da bideme BLAGODARNI na MILOSTA, na tatkovskata LJUBOV, na UTEHATA, na RESHENIETO deka nema da mizeruvame vo ovie tela vecno, deka pokraj se sto ti napravivme, Ti, Gospode,  nema da ne ostavish. Tvojata raka ostanuva pruzena za sekoj sto ke posegne kon Tebe, Ti ne im go skrati pravoto na Tvoite ubijci da pobaraat pomosh od Tebe, da te povikaat vo dobri ili (za zal pocsto) vo zlo. 
    “Daj Gospode nova shansa, daj od utre vekje nema vaka, vekje ne Gresham, ke se popravam, ke ja pocituvam tvojata volja...”.  - PRAZNI ZBOROVI.

Zarem ne ni dal Gospod shansa, zarem ne ni dal Gospod kapacitet za promena, mudrost za razumnost??? E da, Ni dal. “I sho sea!?”

    Neka bide denes denot koga od srce ke se pokaeme...da se pokaeme za svoite sopstveni grevovi koi imaat del vo grevovite na coveshtvoto. EvAngelos ja pokaza rakata. Toa e rakata od Edinstveniot Spasitel...

Odi i ne greshi povekje

Ne bidi malo dete, koe uchi otkako ke gi “izrenda” kolenicite i ke naprai nekoja dzumka, na koe mu e kazano deka sigurno ke padne ako trcha po skali. Ke ti ostanat luzni. Kako ke se nosish so niv? So gordost na tvojata nepokornost ili so sram kako beleg na tvojata “mudrost”?

Ili 



Изменето од Balian - 06.Април.2007 во 04:26
What man is a man who does not make the world better?
Кон врв
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 15:24
~,,~ ~,,~

Изменето од Vlad Tepesh - 25.Април.2008 во 15:25
http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 15:29
"Ели, Ели, лама ш'бактани"
( Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави? )
(Матеј 27:46)
 
 
Во огромна агонија, непосредно пред Својата смрт, Исус ги изговори овие зборови додека висеше на крстот. Некои од таму присутните не Го слушнаа добро и помислија дека Исус го повикува пророкот Илија да му дојде на помош. "Чекајте, да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!" - рекоа тие.
Тие го помислиа тоа од две причини:
1. Името Илија, на еврејски се изговара "Елијах" што во превод значи "Бог Мој е Јахве". Во таа премаленост, Исус не го изговорил тоа јасно, па кога извикал "Ели", тие мислеле дека го повикува Илија.
2. Луѓето, не сваќајќи ја евангелската порака, не можеле да поверуваат дека Оној кој стивнуваше бури, Кој одеше по вода, Кој лечеше болни, лепрозни, слепи, глуви, дека Оној Кој воскреснуваше мртви сега беспомошно виси на Крстос и не може да се спаси Самиот Себе.
 
Свештениците и закониците Го гледаа со презир и му велеа:
"Други спасуваше, а Самиот не може да се спаси! Тој ми бил цар на Израел! Нека се симне сега од крстот, па ќе Му веруваме! На Бога се повикуваше, сега Тој нека Го избави, ако Му е навистина мил! Нели Самиот тврдеше дека е Божји Син?!"
На ист начин Го навредуваше и еден од распнатите злосторници.
 
Се разбира, во духовна смисла, зад овие гласови се криеше гласот на Сатаната кој очајнички го изведуваше последниот обид да го спречи Христос да умре на Крстот и да го плати човековиот грев. Сатаната проба да го искуша Христос во пустината пред почетокот на Неговата служба. Тој проба да го искуша и преку Петар за воопшто да не дојде во Ерусалим. Секако ова беше најтешкото искушување на Исус.
Овде, на Голготскиот Крст, Сатаната не Го искушуваше Христос со храна, со Слава или нешто слично, туку се повика на Неговиот идентитент во Бог и Неговата моќ. Се обиде да го стави во сомнеж Неговиот идентитет. Се обиде да Го посомнева во Неговата огромна љубов која ја има во Таткото. Се обиде да ја предизвика Неговата моќ, Неговиот Авторитет кој го имаше пред Своите ученици, кои Го гледаа со разочарувачки поглед како виси беспомошно на крстот. Како да Му велеше:
"Сите се откажаа од тебе, никој не ти верува сега, од првиот до последниот, никој не е со тебе. Сите те напуштија. Во нивните очи ти не си повеќе Божјиот Син. Ти си никој и ништо, немоќен да извадиш ни неколку клинци од твоето тело. Не си ти тој кој што се претставуваше. Не си ти Божјиот Син. Каде е сега твојот Бог да ти дојде на помош? Каде е Бог да те спаси? И тој те напушти. И тој не те сака, не те љуби. Ти не си Божјиот Син, ти си никој и ништо..."
 
Одеднаш, во целата оваа агонија, Христос извика: "Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?!"
Какво е ова прашање од устата на Христос? Дали Сатаната бил во право дека Бог навистина го остави Христос и повеќе не го љуби? Дали Бог навистина го остави Христос? Дали?
 
Не! Љубовта на Таткото кон Синот во рамките на Божјото тројство е од искона, неизмерна и никогаш не престанала, ниту ќе престане!
Бог не го оставил Христос, туку љубовта меѓу Таткото и Исус била помрачена. Христос во тој момент осетил отсуство на Божјата љубов. Зошто? Ќе оставам Библијата да ви одговори на ова прашање:
 
"А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас. "
(Исаија 53:4-6)
 
"Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него."
(2 Коринтјани 5:21)
 
"Не, не е прекратка Господовата рака за да спаси, ниту увото Му заглувна за да не чуе, туку вашите беззаконија создадоа разделба, меѓу вас и вашиот Бог. Вашите гревови го сокрија Неговото лице, и Тој веќе не ве слуша."
(Исаија 59:1-2)
 
Во моментот кога Христос извика кон Бог "Зошто Ме остави?", Бог го натовари целиот грев на човештвото врз Христовите плеќи и Му досуди смрттна казна! Бог не го мрази грешникот, туку го мрази гревот. Во тој момент, врз Христовите плеќи беа натоварени сите гревови на човештвото, сите гревови што досега ги направиле луѓето и што ќе ги направат во иднина. Таму беа и моите и твоите гревови! Христос, иако не направи ниту еден грев, во Тој момент беше најголемиот грешник што некогаш чекорел по земјата.
Затоа Бог го сокрил лицето од Својот Син, не затоа што не можел да го гледа Својот Возљубен Син, туку затоа што не можел да гледа во лицето на целиот грев на човештвото. Пресветоста на Бог не му дозволува да биде во конктакт со гревот и затоа Бог одлучи комплетно уништување на гревот и на се што нема да биде измиено со Христовата крв и што ќе остане грешно до Судниот Ден.
 
Но Божјата Љубов кон Христос не престанала дури ни во Тој момент, иако Христос бил до гуша исполнет со нашиот грев. Затоа Христос можел со доверба да Му го предаде Својот Дух на Таткото непосредно пред Својата смрт.
Тоа е поука и за нас, за да знаеме и да бидеме сигурни дека кога грешиме Бог сеуште не љуби, но нашиот неисповедан грев стои како темен облак меѓу нас и Бог и не и дозволува на Божјата љубов активно да делува во нас. Бог е како Сонце, Божјата љубов како сончевите зраци. Кога има темни облаци на небото, сончевите зраци не допираат до нас. Но доколку ги исповедаме нашите гревови и побараме прошка од Бог, Тој е верен и на основа на Христовата жртва ќе ни ги прости. Во тој момент темните облаци ќе ги снема и Божјата љубов беспрекорно ќе не огрее.
 
Голема е Божјата Љубов. Тој ја докажа на првиот велигден кога го воскресна Христос, и повторно ќе ја докаже наскоро кога ќе не воскресне и нас. Нека вашите мисли бидат ослободени од разните велигденски обичаи, од вапцаните јајца, од излагањата и честитките на политичаите и црковните великодостојници кои само сакаат да се покажат пред народот колку се тие побожни. Нека фокусот ви биде и остане на Христос и нека вашите мисли бидат сконцентрирани на Христовото воскресение, на таа огромна Божја љубов која се прелева врз сите народи кои се повикуваат на Неговото Име.
Ви посакувам среќни празници со сладнава велипеточна порака:
 
"Зашто Бог, толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за секој кој верува во Него, да не загине, туку да има живот вечен!"
(Јован 3:16)
 
Поздрав,
-EvAngelos


Изменето од EvAngelos - 25.Април.2008 во 15:44
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Ezan-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Локација: Somalia
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ezan-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 16:12
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"Ели, Ели, лама ш'бактани"


( Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави? )


Respekt prema EvAngelos eden od najgolemite poznavaci na hristijanstvoto na forumov mislam deka mnogumina ke se slozat so mene,no eve vo uste eden primer so Bibliski citat EvAngelos potvrduva deka Isus ne bil Bog,znaci ako to rekol BOZE MOJ ZOSTO ME OSTAVI znaci deka imalo nekoj koj trebalo da go ostavi vo sporotivno ovoj citat ne trebalo da izleze od ustata na Isus znaci fakt e deka Isus ne bil Bog tuku BOZJI PRATENIK Pozdrav

Изменето од Ezan-a - 25.Април.2008 во 16:13
Beautiful Mind

Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 16:26
Езан - не го навредувај Христијанството, особено не на ваков ден... И прочитај го целиот пост на ЕвАнгелос!
Кон врв
Ezan-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Локација: Somalia
Статус: Офлајн
Поени: 150
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ezan-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 16:31
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Езан - не го навредувај Христијанството, особено не на ваков ден... И прочитај го целиот пост на ЕвАнгелос!


Zidarski zar e zabraneto da dadam moe mislenje kolku sto jas znam nikogo ne navrediv kazav deka respektiram se i sreken da vi e praznikot ama bas ova mi padna vo oci i toa go postirav ako se vregas od vistina togas kazi ne e problem ke go brisam postot...
Beautiful Mind

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 16:37

Ако јас така сум напишал, тогаш си се запрашал ли зошто јас не размислувам како што ти размислуваш? Зарем мислиш дека ти ме читаш што јас пишувам, а јас не се читам самиот себе што пишувам, па сега ти на основа мое напишаното ќе ми изведуваш заклучоци?

Многу работи излегле од устата на Исус. Тоа што ти селективно ги избираш зборовите кои тебе ти одговараат, тоа е друга работа.
Тоа што ти НЕ ја разбираш Богочовечката природа на Христос и Тројството, тоа не не засега нас, тоа не ја засега Библијата, тоа не го засега христијанството итн. и затоа те молам да ја поштедиш оваа тема од вашите вечни препелекања дека Христос не е Бог. Никој не ти го наметнува со сила Христос за Бог, верувај си во твојот Аллах и како што ние за Рамазан не ти го порекнувавме неговото божество, така и ти поштеди не за празников. Јас, а верувам и никој друг, немаме намера да ти докажуваме дека Христос е Бог. Тоа, како и досега, не би било дискусија, туку два монолози, зборење во ѕид, неполезно трошење време.


Изменето од EvAngelos - 25.Април.2008 во 16:42
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
svemirski_duh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај svemirski_duh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 16:52
Nemojte da se razocaruvate ako nekoj vi se izmesa i vo vakvi temi. Gledajte cisto i racionalno,ke vidis i sam,EvAngelos,deka si se mesal vo temi kade sto navistina ne ti e mestoto i si daval sekakvi navredi.

Neise... vi gi cestitam praznicite i od sesrce vi posakuvam se najubavo.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.