IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРОЛОГ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРОЛОГ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 141516
Автор
Порака
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2007 во 09:34

16 МАРТ / 29 МАРТ

 

1. Св. ап. Аристовул, еден од седумдесетте апостоли. Бил брат на апостолот Варнава, и бил роден на Кипар. Му последувал на апостолот Павле, кој и го споменува во Посланието до Римјаните (16:10). Кога великиот апостол Павле поставувал многу епископи за разни краеви на светот, тогаш го поставил и Аристовул за епископ Британски. Во Британија имало диви народи, неверни и опаки, и Аристовул претрпел меѓу нив неопишливи маки, беди и пакости. Го удирале без милост, го влечеле по улици, му се ругале и му се потсмевале. Но на крајот овој свет маж дошол до успех со силата на благодатта Божја. Ги просветил народите, ги крстил во името на Христа Господа, изградил цркви, свештеници и ѓакони посветил, и најпосле, таму во мир завршил и отишол во Царството на Господа, на Кого верно Му послужил.

2. Св. мч. Савин. Египќанец, од градот Хермопол и старешина на тој град. Во времето на едно гонење на христијаните, тој се оддалечил во некоја планина со многу други христијани и се затворил во една колиба каде што го поминувал времето во пост и молитва. Но го открил некој питач, кој му носел храна и на кого Савин му направил големи до                              бра. Како Јуда Христа, така и овој бедник за пари (за два златника) го предал својот добротвор. Свети Савин, со уште шестмина, бил фатен од војниците, врзан и на суд однесен. По големите маки, бил фрлен во реката Нил каде што Му го предал духот свој на Бога во 287 година.

3. Свешт. мчци Трофин и Тал. Родени браќа, од Сирија. Јавно и слободно Го проповедале Христа и ги разобличувале глупостите елинско - римски. Разјарени незнабожците, решиле да ги убијат со камења. Но кога ги фрлале камењата на тие свети браќа, камењата се враќале и удирале по самите напаѓачи, а браќата останале неповредени. Потоа обајцата на крст ги распнале. Од своите крстови браќата ги поучувале и ги охрабрувале христијаните кои стоеле наоколу нажалени. И по маките, го предале својот дух на Господа, на Кого Му останале верни до крајот. Чесно пострадале во 300 година, во градот Вофор


(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2007 во 09:35
16 МАРТ / 29 МАРТ

РАСУДУВАЊЕ

Ако го исполниме законот Божји мисловно, лесно ќе го исполниме со чувство. Односно, ако не погрешиме со мислите, уште полесно нема да погрешиме со делата. Или уште: ако нашето срце е со Бога, и јазикот, и рацете, и нозете, и целото тело не може да биде против Бога. Срце, срце,  срце приготви се за Бога, него посвети го и поклони го на Бога, во него се исполнува законот Божји, него го разгорува љубовта кон Бога, преку него се соединува со Бога - останатото сé ќе  последува и ќе се управува спрема срцето. Не управува со тркалото оној кој го држи крајот, туку оној кој ја држи оската на тркалото. Срцето е оска на нашето битие. Зборувајќи за Божјите заповеди, преподобен Исихиј вели: 'Ако себе си се присилуваш мислено да ги исполниш, тогаш ретко ќе имаш потреба да се мачиш околу нивното чувствено исполнување”. Односно, ако со срцето, како со оска, си се навил себе си кон Бога, тркалата лесно и угодно ќе одат по оската, односно целиот човек по срцето. 'Твојот закон е во срцето мое", говори премудриот Давид (Пс. 39:8).

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да размислувам за Господа Исуса како чекори под крстот на Голгота, и тоа:

1. како трпеливо и со молчење го носи Својот крст;

2. како потоа го симнаа од Него крстот и го дадоа на Симон од Кирин, та овој го носеше крстот чекорејќи по Христа;

3. како Он се заврте кон ерусалимските жени кои плачеа и им рече:  ерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца", објавувајќи ја со ова Својата победа и поразот на Своите убијци.


(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2007 во 09:37


16 МАРТ / 29 МАРТ

БЕСЕДА

за хулењето на Христа како богатство

Со вера Мојсеј... хулењето на Христа го сметаше за поголемо богатство, отколку сокровиштата на Египет; оти предвид ја имаше наградата (Евр.11:26).

Не сакал Мојсеј да остане на дворот Фараонов, ниту да се нарече посинок на Фараонот. Повеќе сакал да страда со народот Божји отколку да има земна сладост на гревот. Како што биле различни од Мојсеја потомците негови, кои од фараонски причини го осудиле Царот на славата на смрт, сите тие повеќе би сакале една година да проживеат на трулиот Фараонов дворец отколку со Бога да патуваат 40 години низ пустината. А Мојсеј ги оставил сите почести, сето богатство, сите ласкања што можел само богатиот Египет, и тоа уште на дворецот царски да му ги даде, па на Божја заповед тргнал низ гладната и жедна пустина, со вера дека зад пустината постои ветената земја. Тоа и значи да се чува хулењето на Христа над секое египетско богатство.

Хулењето на Христа е она од што светските луѓе, со силна реа од земјата, се срамат кај Христа. А тоа е Христовата беда на Земјата, неговиот пост, бдението, молитвата, поттурнување без покрив, осудата, понижувањето, срамната смрт. Тоа хулење на Христа го ценеле апостолите и по нив и сите многубројни светители за поголемо богатство од сите вселенски блага, бидејќи Господ воскреснал по сето хулење и ја отворил вратата небесна, ја покажал рајската ветена земја, во која Он го повел човештвото по  патот на своето хулење или преку пустината на Своето страдање.

О Господи, прославен и воскреснат, помогни ни секоја капка од Твојата пот и од Твојата крв да ги чуваме непоколебливо како поголемо богатство од целото светско благо. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 141516
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.