|
ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ |
Внеси реплика | страница <1 7891011 30> |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Alekta
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 30.Август.2005 Статус: Офлајн Поени: 8670 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ve molam pishuvajte samo MAKEDONSKI narodni pesni
za bugarite na forumov: ubavo od vas, milo mi e sto gi znaete nasite, makedonski narodni pesni ( i pokraj toa shto meshate i bugarski koi bea i kje bidat izbrishani dokolku gi ima),iako imavte mali greshki ... sepak gi popraviv:) |
|
and you run and you run to catch up with the sun but it's sinking....
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дебарцо ти си борбена
Дебарца солзи пророна за своите славни херои Сатеска жално пробучи цела со крв се обои. Дебарцо ти си борбена од Ботун се до Пресека. За тебе песни ти пеам во тебе мирно живеам во село славно Сливово братство единство изгради. Дебарцо ти си борбена од Ботун се до Пресека. Кога херои гинеа на твоите деца мислеа, дали ќе светне слобода во тебе мирно да живеат. Дебарцо ти си борбена од Ботун се до Пресека. Славеј Планина запеа партизански песни херојски сонцето кога изгрева пред него вие стоите. Дебарцо ти си борбена од Ботун се до Пресека. |
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Boogie, daj kales bre angjo... |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде се чуло видело
Каде се чуло видело владика турчин да стани владика турчин да стани, јамди аман за едно лице набелено. За едно лице набелено и едни нокти к'носани за едно лице набелено, јамди аман и едни нокти к'носани. Сите ми одат чаршија владика оди на бербер владика оди на бербер, јамди аман брадата да му избричат. Кога му брада бричеа деведесет очи гледаа деведесет очи гледаа, јамди аман сто и педесет кандила светеа. Сите ми одат на црква владика оди в џамија владика оди в џамија, јамди аман да си ја мени верата. Кога му вера менуваа сто и педесет оџи пееа сто и педесет оџи пееа, јамди аман деведесет кандила гореа. Убаво име му дадоа Асан делија потурчен Асан делија потурчен, јамди аман што си ја мени верата |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Запеј песна Македонко
Запеј песна Македонко ти испрати голем поздрав надалеку поздрави браќа, сестри на три страни од Охрид до Пирин дур до Солуна. Твојта песна Македонко ќе расплаче многу срца разделени невидени браќа, сестри многу години со тие граници разделени. Запеј песна Македонко да се зберат браќа, сестри Македонци сите ние да запејме, да се чуе од Охрид до Пирин, дур до Солуна. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Песна Ви пеам Македонци
Песна Ви пеам Македонци со зборој нашински Песна за егејско чедо на Македонија. Рефрен: Македонка мајка ме роди клетва ми остави расти и бори се чедо за Македонија. Родена сум во Кукуш тирански мачена нога и рака исековте очи извадовте. Рефрен Името лично македонско не си го менувам тука сум јаска Гоце, Кукушанецот. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Те сакам песно македонска
Љубов си ми ти, младост си ми ти, песно убава јас без тебе знај не можам. Радост си ми ти, тага си ми ти, песно убава што и да си ти моја си. Рефрен: Те сакам песно македонска, македонска љубов моја ти песно македонска. Те сакам песно македонска, македонска младост моја ти песно македонска. Љубов си ми ти, младост си ми ти, песно убава јас без тебе знај не можам. Цвеќе си ми ти ѕвезда си ми ти, песно убава што и да си ти моја си. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Четворица комити
Четворица комити од балкани слегвеја од балкани слегвеја право тргат на Прилеп. Право тргат на Прилеп кај Методи Крапчета. [2х> Не го нашле Крапчета тук' ја нашле невестата. [2х> Добро утро невесто дал бог добро комити. [2х> Појдите во одаја ракија да пијате. [2х> Не сме дошле за ракија туку за амането. [2х> Го бараме Крапчета да ни даде сто лири. [2х> Да ни даде сто лири за касата комитска. [2х> Пушки да си купиме за четата комитска. Пушки да си купиме, в' борба да си одиме. В' борба да си одиме, земја да ослободиме. Земја да ослободиме, земја Македонија. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Излегол Јане прошетал
Излегол Јане прошетал, леле низ таа Пирин Планина низ таа Пирин Планина, леле низ тоа поле широко. Нарамил пушка на рамо настранил капа на чело на пат ми сретна овчарче, леле на овчарче вели, говори. Овчарче младо чобанче, леле дали ја виде четата дали ја виде четата, леле четата на Јане Сандански. Видело сум ја слушнало, леле сега за Јане збореа каде е Јане Сандански, леле четата да си прибере. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Учи ме мајко, карај ме Еееј, учи ме мајко, карај ме како да ја земам Лилјана Лилјана мома убава Лилјана тенка висока Лилјана бела црвена Лилјана ситен босилок Лилјана една на мајка. Учам те синко карам те како да ја земиш Лилјана повикај триста мајстори направи чешма шарена наврати вода студена сите селани ќе дојдат и Лилјанини другарки ем сите калеш невести белким Лилјана ќе дојде. Послуша Стојан мајка си повика триста мајстори направи чешма шарена наврати вода студена сите селани дојдоа и Лилјанини другарки ем сите калеш невести кучка Лилјана не дојде. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Црно му било пишано на Александар Турунџев
Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија. Бог да убие кодошот, кодошот Митре Гинката, што го предаде Турунџе, тој неустрашен бунтовник. Тој го предаде Турунџе, за сто и пејсет жолтици, тој го предаде Турунџе, на тие клети душмани. Го турија во зандани, во тие темни долапи, со тешки франги на раце, и дробен синџир на гуша. Го изведоа на Ат-пазар, му ја кажаја бесилката, цела се Битола расплака, за Александро Турунџе. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И таму е мојата родина
(Песна за Христо Узунов) И таму е мојата родина далеку Македонија јас сакам таму да загинам а ти ме заборави за век. И таму е мојта мајка и таму има божји свет јас сакам таму да загинам а ти ме заборави за век. Не плачи мила мајко не рони солзи крвави ако Христо Узунов падна на врагот жив не се даде. Сестрите нема да ми идат на мојот гроб осамотен и мајка нема да ми идат да леит солзи за мене. Не жали мила моја родино и сите Ви другари мој ако Христо Узунов падна на врагот жив не се даде. |
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |