IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 30>
Автор
Порака
m__g__ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m__g__ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2007 во 08:35
В' недела дојде лудо младо
у нас на гости. [x2]
Седе два дни, седе три дни
седеше недела.
Па си тргна да си оди
туѓа туѓина.

Лудо младо не оди в' туѓина
лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.

Не ме кани лудо младо
при тебе да дојдам, [x2]
јас си имам лоша мајка
и стари татко. [x2]

Лудо младо не оди в' туѓина
лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.

Јас не можам да те земам
тебе со мене, [x2]
јас си имам друго либе
и машко дете. [x2]

Лудо младо не оди в' туѓина
лудо младо, земи ме лудо младо со тебе.

Изменето од Alekta - 22.Март.2007 во 14:18
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2007 во 11:20
1762 лето
Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето
в Охрида од Цариграда дошел Салаор.
Еј! Дошел Солаор.

Се претставил пред Арсења
наша патрика честнаго
и му рек'л слово горко, слово жалостно.
Еј! Слово жалостно.

Царска волја е да тргнеш
денеска за Цариграда
на тебе од врли Грци, голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Собрал патрик свое стадо
в црква свјатиј Климентова
благослов им дал последен, р'це заплетил.
Еј! Р'це заплетил.

Д'лго време липал старец
в молчење в'сенародно
и по бела брада ронел с'лзи горешти.
Еј! С'лзи горешти.

Слушајте ме мили чеда
јас ќе идам в Цариграда
на мене од врли Грци голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Грцкиј патрик ќе ни строши
славна Охридска Столица
и мене до смрт ќе држи в заточение
Еј! В заточение.

Ќе прати владици Грци
лицем светци срцем в'лци
ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв.
Еј! Ќе молзат до крв.

Меѓу народа ќе сејат
несогласје и раздори,
да се мразат син со татка и со брата брат.
Еј! И со брата брат.

И ќе викнете до Бога
и крило не ќе најдете,
смирени ќе наведете глави доземи.
Еј! Глави до земи.

Ќе ми бидете сираци,
така било написано.
Елате ми да ве гушна за последен п'т.
Еј! За последен пат.

Ч'рна т'га поразила
старо, младо, м'жи, жени,
Вси со р'це заплетени с'лзи проливат.
Еј! Солзи поливат.

Тој ги гушка, тие тажни
му целуват десна р'ка
и од р'ка как' од извор с'лзи се лејат.
Еј! Солзи се лејат.

Вјахнал Патрик брза коња
и неволно уп'тил се.
Тога грмкиј плач народен небо процепил.
Еј! Небо процепил.

Умилил се чесниј Патрик,
свалил шапка навезана,
погледал на сино небо, љуто прок'лнал.
Еј! Љуто проколнал:

„Ох! послушај, милиј Боже!
Хаир никога да немат
Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко челеби!
Еј! Пејко челеби.

Милостивиј Бог послушал
патричка горешча клетва,
слава нихна, семе нихно погубил со шум.
Еј! Погубил со шум.

И сега во куќи нихни
ткае пајак пајачина
и на пусти стрехи нихни хукат хутове.
Еј! Хукат хутове.
Кон врв
m__g__ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m__g__ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2007 во 11:30
Море сокол пие вода на Вардарот [2х]
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.

Море ој соколе, ти јуначко пиле [2х]
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.

Море нели виде јунак да премине
јунак да премине с' девет лути рани
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.

Девет лути рани, сите к*ршумлии
а десетта рана с' нож е прободена
Јане, Јане ле бело грло,
Јане, Јане ле кротко јагне.

Изменето од Alekta - 22.Март.2007 во 14:15
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2007 во 11:37
Народе Македонски
Народе Македонски,
со какви идеи си ти?
Доста веќе, разбуди се,
свести се не спиј ти.

Не знаеш кој си, што си,
други тебе знајат,
страм голем је за тебе,
сам да се не знајеш.

Исклаја жени, деца,
во село Загоричани,
а пред аскерот турски,
фрлајте оружјето.

Опинци долри носат,
писќули долери,
фустани раскапани,
ем празни патрони.

Каде е Караиванов
и дружината му?
Мелас, Каравангелис
Битола в затвор је тој.
Кон врв
m__g__ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m__g__ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2007 во 11:39
Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино
скршете ги чашите.

Рефрен:
Еј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете. [х2]

Ако умрам ил загинам,
поп немој да викате
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.

Рефрен:
Еј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете. [х2]

Ако умрам ил загинам,
ќе останат спомени.
Што сум лудо, лудовало
на младите години.


Рефрен:
Еј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете. [х2]

Изменето од Alekta - 22.Март.2007 во 14:23
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2007 во 11:41
Го фатиле клети турци едно моме
Го фанале едно моме,
едно моме најубаво,
го фанале едно моме, најубаво,
најубаво во селото.

Му врзале двете раце,
двете раце наопаку,
му врзале двете раце, двете раце,
двете раце наопаку.

Кажи, кажи малој моме
кај се крие Гоце Делчев?
Кажи, кажи малој моме, најубаво
кај се крие Гоце Делчев?

И да умрам, да загинам,
јас за Гоце не кажувам!
И да умрам да загинам, клети Турци
јазе Гоце не кажувам!
Кон врв
m__g__ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m__g__ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2007 во 11:42
На срце ми лежи мила мамо
на срце ли лежи,
ај на срце ми лежи, мила мамо
една лута змија.

Не ми била змија мила мамо
не ми била змија,
ај не ми била змија, мила мамо
тук' е кара Севда.

Севдините очи, мила мамо
Севдините очи,
ај Севдините очи, мила мамо
црни черешови.

Севдините веѓи мила мамо
Севдините веѓи,
ај Севдините веѓи мила мамо
морски пијавици.

Севдината снага мила мамо
Севдината снага,
ај Севдината снага мила мамо
тенка ем висока.

Оди посакај ја, мила мамо
оди посакај ја,
ај ако ти ја дадат, мила мамо
в' пајтон донеси ја.
Ај ако не ја дадат, мила мамо
постој, погледај ја.

Изменето од Alekta - 22.Март.2007 во 14:24
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2007 во 21:35
Јас Методи Патче од Охрида
Јас Методи Патче од Охрида
ослободен од битолски затвор.
Па си тргнав за Охрида града,
там' не најдов ни мајка, ни татко.
Там' си најдов верната бисерка,
верната бисерка, малихерка.

Па си тргнав за Прилепа града,
за Прилепа, село Кадиново.
Там' си најдов верната дружина,
верната дружина, договорна.
Слово држи Методија Патчев:
напред браќа, борба да водиме.

Се зададе силната потера,
силната потера, кавалерија.
Поарџија сите си к*ршуми,
оставија само еден к*ршум.

Слово држи Методија Патче:
ајде браќа да се убиеме.
Навртија пушки во градите.
Прв се уби Методија Патче,
а по него целата дружина.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2007 во 00:04
Лешочкиот манастир
Сардисале, сардисале,
Лешочкиот манастир,
сардисале, сардисале,
арнаути слатинчани.
Сардисале, сардисале,
арнаути слатинчани.

Абре попе егумене
каде ти се комитите
абре попе егумене
каде ти се комитите.

Абре паша кузум паша,
јас комити не познавам,
а бре паша кузум паша
јас комити не познавам.

Се налутил турскиот паша,
го запалил манастирот
Се налутил Гоце Делчев,
ја запалил џамијата.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2007 во 10:51
Песна за Крушевската Република
Многу крвја многу солзи,
земја натопија,
многу лисја гора смени
машка снага испи,
но по таја борба тешка
слобода ми бликна.

Во ијада деветсто и трета година,
се создаде република вославно Крушево,
македонска република прва на балканот.

Претседател први беше
тој Никола Карев,
со македонски војвода сите Илинденци,
Даме Груев, Питу Гули и
Јане Сандански.

За слобода загинаја славните војводи
на Македонците завет оставија,
да се борат за слобода,
за МАКЕДОНИЈА.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2007 во 10:58

Бог да ги бие Арапите
Бог да ги бие [х2]
Бог да ги бие Арапите
Арапите од Арабистан.

Што ми ојдоја, што навлегоја
што ми ојдоја во град Битола
во град Битола во ливаѓето.

Ги к*рдисале, ги к*рдисале
ги к*рдисале шаторите
ги закачиле бајраците.

И што му рекоја на Битолчанки
отворете ја чаршијата
чаршијата и дуќаните.

А Битолчанки што му рекоа
ај да сјојте од кај дојдовте
чаршијата е затворена.

Чаршијата е затворена [х2]
чаршијата не ја отвараме. [х2]
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2007 во 11:43
Гледај ме, гледај либе
Гледај ме, гледај либе
гледај ме, гледај, ах верно либе
нагледај ми се.
Денес сум тука либе
денес сум тука
денес сум тука ах, верно либе
утре заминвам.

Партизан ќ'одам либе
Партизан ќ'одам
Партизан ќ'одам ах, верно либе
Славеј Планина
Славеј Планина, либе
Славеј Планина
Славеј Планина ах, верно либе
во Караорман.

Од там ќе гледам либе
Од там ќе гледам
Од там ќе гледам ах, верно либе
славна Дебарца.
Славна Дебарца либе
славна Дебарца ах, верно либе
се' изгорена.

Ја изгореле либе
ја опљачкале
ја изгореле ах, верно либе
ѕверој фашисти.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2007 во 22:11
Три невесте тикве брале
Три невесте тикве брале бре [x2>
три невесте тикве брале, бре, бре, бре
тикве брале бре.

Куде брале там' заспале бре [x2>
куде брале там' заспале бре, бре, бре
там' заспале бре.

Свекрва ги разбудила бре [x2>
ој невесте мрзеливке бре, бре, бре
ај станујте бре.

Невесте се разлутиле бре [x2>
па почнале да се карат бре, бре, бре
па збориле бре.

Една вика ој свекрво бре [x2>
една вика ој свекрво бре, бре, бре
котрљаво бре.

Друга вика ој ти свекре бре [x2>
ој ти свекре диви вепре вре, бре, бре
диви вепре бре.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2007 во 21:50

Во Јордание
Во Јорданије к'ршчајушчесја тебе господи,
троическо и јавилсја поклонение,
родителе во глас свидетелствуваше тебе,
возљубљена готја сина именуја,
и дух видје голубиње,
известуваше словеселје утврждение,
јављај се Христе боже,
и мир просвештеју слава тебе.

(Се пее на Водици, кога се фрла крстот)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.