IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРОЛОГ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРОЛОГ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516>
Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:00

РАСУДУВАЊЕ

Св. Петар Дамаскин пишува за општите и посебните Божји дарови, па вели: 'Општите дарови се четирите стихии и сé што бидува од нив, како и сите чудни и страшни дела Божји, изложени во божественото писмо. А посебните се оние што Бог му ги дал на секој човек поединечно: било богатството заради милосрдие, било сиромаштијата заради трпение со благодарност; било власта заради правосудство и утврдување на добродетелите или потчинетоста и робувањето заради брзото спасение на душата; било здравјето заради помош на немоќните или болеста заради венецот на трпението; било разумот и вештината во добивањето на добродетели или немоќта и незнаењето заради покорното смирение... Сето тоа, иако изгледа спротивно едно на друго, сепак, според намената, сé е добро”. Во заклучокот вели дека сме должни да Му благодариме на Бога за сите дарови, а со трпение и надеж да ги поднесуваме сите маки и зла. Бидејќи сé што ни дава или ни допушта Бог, ни користи за нашето спасение.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го созерцувам Господа Исуса како извор на радост, и тоа:

1. во маките на животот, што само Он може да ги замени со радост;

2. во ропството на страстите, што само Он може да го замени со радост на слободата;

3. во смртта, од која само Он може да нé воскресне.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:02

БЕСЕДА

за зборовите Божји што се посилни од смртта

Кој ќе ги запази зборовите Мои, смрт нема да види довека (Јн. 8:52).

Ако во собата гори свеќа, темнина нема да има додека таа гори и свети. Ако јадењето се посоли, ќе се сочува од расипливост. Ако некој го чува зборот Божји во својата душа, тој ги чува и солта и светлината и во него ќе има живот. Таквата душа нема да потемне во овој живот ниту ќе вкуси гнилежна смрт.

Кој го пази Христовиот збор во себе, него го пази зборот Христов; го поддржува одвнатре, го храни, осветлува и оживува. Макар да е тој во телото или надвор од него, тој се чувствува подеднакво жив од зборот Христов. Смртта може да му ја оддели душата од телото, но не и од Христа, т.е од вечниот живот што не умира. Смртта на телото ќе му даде на неговата живоносна душа само послободен полет во прегратките на саканиот Христос Животодавецот.

Но што значи, браќа, да се чува зборот Христов во себе? Тоа значи: прво, во својот ум да се чува, мислејќи на него; второ, да се чува во своето срце, сакајќи го; трето, да се чува во својата волја, исполнувајќи го на дело и четврто, да се чува и со јазикот, исповедувајќи го јавно кога е потребно за тоа. Со еден збор, да се чува зборот Христов значи да се исполниме со него и да го исполнуваме. Кој така ќе го чува зборот Христов, навистина нема да вкуси смрт довека.

О Господи наш, Господи силен, посилен од смртта, дарувај ни сила и разум да го запазиме Твојот свет збор до крајот. Да не вкусиме смрт и смртта да не нé вкуси нас, да не се допре гнилежот до нашата душа. Биди ни милостив, Господи семилостив. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:03

10 ФЕВРУАРИ/23 ФЕВРУАРИ

1. Свештмч. Харалампиј. Овој голем светител бил епископ во Магнезија и пострадал за Христа во својата 113. година. Кога настанало страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криел од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедал Христовата вера. Сите маки ги претрпел како во туѓо тело. А кога од него жив кожата му ја одрале, незлобивиот светец им рекол на царските војници: 'Ви благодарам, браќа, за тоа што истругувајќи го моето старо тело вие го обновивте мојот дух за новиот, вечен живот”. Многубројни чуда направил и многумина во верата обратил. Дури и царевата ќерка Галина го напуштила незнабоштвото на својот татко и постанала христијанка. Осуден на смрт и изведен на губилиште, св. Харалампиј ги кренал рацете кон небото и Му се помолил на Бога за сите луѓе, Бог да им даде телесно здравје и душевно спасение и да им ги умножи плодовите земни. 'Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв; опрости им ги гревовите и излеј ја благодатта Своја врз сите!" После молитвата, овој свет Старец Му ја предал душата своја на Бога пред џелатот да го спушти мечот врз неговиот врат. Пострадал во 202 година. Неговото тело го зела Галина и чесно го погребала.

2. Преп. Прохор Лободник. Чудотворец Печерски. Наречен е Лободник затоа што за сето време на живеење во Печерскиот манастир не вкусил леб, туку се хранел со лобода, месејќи ја на свој начин и правејќи некаков леб од неа. Кога тој ќе му дадел на некого од својот лободен леб со благослов, лебот станувал сладок како мед, а кога некој ќе му го украдел, станувал горчлив како пелин. Едно време кога снемало сол во Русија, Прохор му раздавал пепел на народот како сол. Пепелта што ја раздавал со благослов, станувала сол; пепелта, пак, што некој сам ќе ја земел, останувала обична пепел. Кнезот Светополк наредил, та во неговиот дворец ја пренесле сета пепел од Прохоровата келија, без прашање и благослов од монахот. Но кога пепелта била пренесена, оние кои ја вкусиле се увериле дека тоа е пепел, а не сол. Тогаш Прохор му рекол на народот што доаѓал кај него по сол да одат сите во дворецот на кнезот, па кога кнезот ќе ја исфрли пепелта од својата куќа, тие нека земат и нека ја носат како сол. Народот така и направил, и пак пепелта постанала сол. Уверувајќи се во ова и самиот кнез, се исполнил со почитување и љубов кон свети Прохор, та кога овој умрел во 1107 година, тој со своите раце го положил во гробот покрај големите руски светители Антониј и Теодосиј.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:04

РАСУДУВАЊЕ

Повеќето тешки маки што еден човек ќе го снајдат имаат своја причина, позната или непозната, во неговото минато. Причините, пак, на тие тешки маки, да речеме како безумието, не се друго туку повредување на моралниот Божји закон. Кога св. Харалампиј бил мачен, царот мачител дознал за неговата чудотворна моќ, па наредил да донесат пред него некој човек мачен од бесови за да се увери дали Харалампиј може да го излекува. Тој човек бил мачен од ѓаволот цели 35 години, гонејќи го по пустите места и ридиштата, фрлајќи го во калта или во дупките. Кога тој безумник се приближил до Харалампиј, демонот го осетил благородниот мирис од светиот човек, па извикал: 'Ти се молам, слуго Божји, не мачи ме предвреме, но нареди ми и јас ќе излезам; а ако сакаш, јас ќе ти кажам како влегов во тој човек”. И светителот му наредил да каже. Демонот рекол: 'Овој човек сакаше да го украде својот сосед, па си помисли во себе: ако првин не го убијам човекот, не ќе можам да го приграбам неговото богатство. И отишол и го убил својот сосед. Кога го затекнав во такво дело, јас влегов во него и еве веќе 35 години живеам во него”. Кога го слушнал тоа светителот Божји, му наредил на демонот веднаш да излезе од човекот и да го остави на мира. Демонот излегол а измачуваниот од бес постанал здрав и мирен.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса како убавина на сиот создаден свет, и тоа:

1. како убавина на сите работи, присутна од стравот и меланхолијата на гревот;

2. како убавина на луѓето, најразумните созданија во светот, убавина присутна од стравот и меланхолијата на гревот;

3. како убавина на чистоумниот, бестелесен свет на ангелите;

4. како убавина на Светата Троица пројавена преку Него и низ Него.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:05

БЕСЕДА

за гревот на оние кои тврдат дека гледаат

Да бевте слепи, грев немаше да имате... (Јн. 9:41)

Овие зборови на Евреите им ги рекол Оној Кој им го дал законот преку пророците да им служи како видело на душата. Евреите го примиле тоа видело, но замижале намерно и злобно. Затоа праведниот Господ им ги кажал овие зборови.

Овие зборови се вистинска правда, и тогаш, и денес, и засекогаш, бидејќи слепецот нема грев ако зачекори во туѓата нива или земе туѓа облека наместо својата. Ако, пак, тоа го направи оној што има очи, ќе направи грев и ќе прими осуда. Ако тоа го прави оној кој има очи, но ги затвори намерно и тој ќе направи грев и ќе прими осуда.

Што да се каже, пак, за оние кои ги примиле крштавањето и миропомазанието како две очи на душата, па сепак грешат како некрстени? На последниот суд со нив нема да се постапува како со слепородени, тука како престапници, кои самите себеси се казниле, самите себеси се ослепиле.

А, пак, што да се каже дури и за оние кои ги примиле и останатите благодатни тајни во православна полнота, и кои пред себе имаат пример на светителите, и кои непрестајно го слушаат укорувањето и опомената на Божјата црква, па сепак одат ли одат по грешен пат? На последниот суд таквите нема да се оправдаат со никакво слепило, туку ќе бидат судени како престапници, кои самите себеси, и на другите околу себе, со слепило се казниле.

Господи страшен, спаси нé од гревот. Господи милостив, отвори ни ги очите за патот на спасението. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:06

11 ФЕВРУАРИ/24 ФЕВРУАРИ

1. Свештмч. Власиј. Родум е од областа Кападокиска. Богобојазлив и кроток од раното детство. Поради своите големи добродетели, бил избран за епископ на градот Севастија. Власиј бил големо духовно и морално светило во тој незнабожечки град. Во времето на тешкото гонење на христијаните, св. Власиј ја храбрел својата паства и ги посетувал мачениците Христови во самиците, меѓу кои особено истакнат бил славниот Евстратиј. Кога градот Севастија останал сосема без христијани - едни изгинале, други избегале - тогаш старецот Власиј се повлекол во планината Аргеос и таму се населил  во една пештера. Дивите ѕверови, познавајќи го светиот човек, се прибрале околу него и тој нежно ги милувал. Но гонителите го нашле светителот во тоа скриено место и го одвеле на суд. По патот св. Власиј исцелил едно момче на кое му застанала коска во грлото; и на жалбата на некоја бедна вдовица дека волк ‘и зел едно прасе, направил со силата на својата молитва волкот да ‘и го врати прасето на вдовицата. Мрачните судии жестоко го мачеле, го биеле и го стружеле. Со својата непоколебливост во верата Христова, св. Власиј обратил мноштво незнабожци. Седум жени и две деца самувале заедно со него. Жените биле најпрво исечени, потоа и прекрасниот Власиј со оние две деца. Пострадал и се прославил во 316 година. Народот му се моли на св. Власиј за напредок на домашниот добиток и за заштита од ѕверови. На Запад, пак, му се молат уште и против болки во грлото.

2. Св. мч. Георгиј Кратовски. По потекло е Македонец, од градот Кратово. Младиот Георгиј по занает бил златар, а по срцето и душата уверен  и богомолитвен христијанин. Имал само 18 години кога Турците сакале да го потурчат. Но Георгиј останал во верата тврд како дијамант. Тогаш Турците го мачеле со многу остри маки и најпосле жив го запалиле на клада. Пострадал за убавата Христова вера на 11 февруари 1515 година во Софија, за време на царот Селим и се прославил со слава неувенлива на небесата.

3. Св. Теодора е грчка царица, сопруга на злобниот цар Теофил, иконоборецот. По смртта на Теофил, Теодора се зацарила со својот син Михаил III. Веднаш го воспоставил почитувањето на иконите на  соборот во Цариград во 842 го дина. Во таа прилика е востановено празнувањето на победата на православието кое до ден денешен се прави во првата седмица на Чесниот Пост. Оваа света и за Црквата заслужна жена, Му ја предала својата душа на Бога на 11 февруари 867 година. Во тоа време на потполното торжество на православието над сите ереси, по Божјата прекрасна промисла, биле испратени светите Кирил и Методиј како христијански мисионери помеѓу Словените.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:08

РАСУДУВАЊЕ

Материјата не е лоша самата по себе, како што учеле некои христијански еретици (манихејците) и некои филозофи. Не само што таа не е лоша, туку не е ни единствен пренесувач на злото т.е. колку што е таа лоша, толку е и духот. Сета материјална твар е меланхолична и плашлива заради човековиот грев, но не е зла. Материјата е гнилежна, слаба и ништожна во споредба со бесмртниот дух, но таа сама по себе не е лоша. Ако е лоша, зарем Господ Исус Христос би го востановил причестувањето со леб и вино и зарем лебот и виното би ги нарекол Свое тело и Своја крв? Материјата да е сама по себе лоша, како тогаш луѓето би се крштавале во вода? Како апостолот Јаков би заповедал  болните да се помажуваат со масло? Како осветената водица би останувала надвор од расипување и како би имала чудотворно дејство? Како крстот би имал сила? Како Христовата облека би ја пронесла силата на Спасителот од која се излекувала крвоточната жена? Како моштите на светителите и иконите би биле толку чудотоврни и како би правеле толку добрини на луѓето преку царството на благодатта? Како би можело да дојде доброто кај луѓето преку злото? Не, не, материјата сама по себе не е лоша.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го созерцувам Господа Исуса како добар трговец Кој дошол во светот како на пазар, да даде и да земе, и тоа:

1. да го даде Својот труд за да прими  многубројни плодови на радост од тој труд;

2. да даде Себеси да се понижи, поплука, испотепа, изгребе, избоде, распне, во Својата вечна слава да би ги вовел војската на своите верни;

3. да Го даде Свето тело за да избави безбројни души.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:09

БЕСЕДА

за расудување по телото и по духот

Вие судите по телото (Јн. 8:15)

Така им рекол Сезнајниот Господ на Евреите: 'Вие судите по тело", бидејќи тие фатиле во прељуба една жена и сакале да ја каменуваат заради телесниот грев. Но Господ ја согледал душата на жената и видел дека таа сé уште може да се спаси и да се исправи, ја навел на покајание и ја отпуштил зашто, иако со дело направила прељуба, сепак нејзината душа не била целата прељубна. Прељубниот грев фарисеите сепак непрестајно го носеле во своето срце, но тие тоа вешто го криеле и не го осудувале, а само осудувале единственото телесно дело кај оние кои во тоа ќе се фатат.

Духовните луѓе судат по духот, а телесните по телото. И во денешни дни, Евреите, кои се расеани по целиот свет, никако не можат да научат духовно да мислат и да судат, туку секогаш мислат и судат само телесно само по надворешноста по одредбите на законот напишан на хартија или во природата - но никако по духот. Бидејќи кога би се научиле да ги судат луѓето и делата по духот, тие веднаш би Го признале Господа Исуса како Месија и Спасител.

Да се вардиме и ние, христијаните, да не судиме само по тело. Да се вардиме да не избрзаме да го осудиме оној кој заради невештина ќе се впушти во недело, ниту да го пофалиме оној кој со својата вештина се одржува пред луѓето, а со срцето е веќе целиот во бездната на гревот. Да се вардиме од заблуда, та луѓето и природата да ги судиме според чувствените впечатоци, и да се трудиме сé со духот да просудуваме духовно. Гледај, ние сме деца на духот и на светлината бидејќи сме крстени.

Господи Исусе, учи нé и раководи нé да мислиме и да не судиме по тело туку по дух. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:10

12 ФЕВРУАРИ/25 ФЕВРУАРИ

1. Св. Мелетиј архиеп. Антиохиски. Овој голем и свет маж бил извонреден толкувач и заштитник на Православието. Сиот негов живот бил посветен на борбата против Ариевата ерес, која не Го признавала Синот Божји за Бог и хулела на Светата Троица. Трипати бил оддалечуван од својот архиепископски трон од еретиците и прогонет во Ерменија. Борбата помеѓу православните и еретиците се водела толку жестоко што еднаш кога св. Мелетиј во Црквата му говорел на народот за Божествената Троица во едно, неговиот сопствен ѓакон, еретик, притрчал и со раката му ја затворил устата. Не можејќи да беседи, Мелетиј беседел со знаци. Имено, тој ја кренал својата рака високо, отворил најпрво три прста и му ги покажал на народот, потоа ја затворил раката и кренал еден прст. Учествувал на II Вселенски собор каде што царот Теодосиј му укажал особена чест. На тој собор Бог пројавил чудо преку овој Свој архијереј. Имено, кога св. Мелетиј им ја докажувал на ариевците догмата за Св. Троица, тој прво кренал три прста, оддвоено еден по еден, па потоа ги склопил во едно и во тој миг се покажала светлина како молња од неговата рака пред сите присутни. На тој собор, св. Мелетиј го утврдил Григориј Богослов на цариградскиот престол. Порано, пак, тој го заѓаконил Василиј Велики и го крстил Јована Златоуст. По завршувањето на  соборот, св. Мелетиј го завршил својот земен живот во Цариград. Неговите мошти се пренесени во Антиохија.

2. Св. Алексеј митрополит Московски. Голем ерарх е на руската Црква во тешкото време на робувањето на рускиот народ под Татарите. Еднаш во детството ловел птици, па заспал и во сонот чул глас: 'Алексеј, зошто се трудиш залудно? Јас тебе ќе те направам ловец на луѓе”. Во својата 20. година се замонашил и со време станал митрополит Московски. Двапати одел во 'златната орда" татарска; првиот пат да го ублажи гневот на ханот Вердевир против рускиот народ, а вториот пат по повикот на ханот Амурат да му ја исцели жената од слепило. Три години таа жена била слепа, но оздравела и прогледала кога св. Алексеј ‘и прочитал молитва и ја помазал со осветена вода. После тешкиот и многуплоден живот, се упокоил во 1378 год. во својата 85. година и се преселил во дворовите Господови.

3. Преп. Марија. Девојка со машка одважност. По смртта на нејзината мајка, татко ‘и посакал да се замонаши. Но Марија не сакала да се раздвојува од својот татко, та по договор, обајцата се упатиле во еден машки манастир, и тоа: Марија со истрижена коса и во машка облека, како момче. Таткото умрел, а Марија се замонашила како машко и го добила името Марин. Во близината на манастирот имало гостилница. Ќерката на гостилничарот се загледала во божемниот монах Марин. По неуспешното кокетирање, го оптужила Марина за незаконски однос со неа, бидејќи таа со некој друг зачнала и родила син. Марија не се бранела, па затоа била изгонета со понижување од манастирот. Со туѓо дете во рацете таа проживеала во долината крај манастирот три години, поднесувајќи: и глад, и мраз, и секоја мака и оскудност. Во тоа време ќерката на гостилничарот полудела, а наскоро потоа и Марија умрела. Дури по смртта се дознало дека 'монахот Марин" бил женско. Лудата ќерка на меанџијата, пак, штом се допрела до моштите на св. Марија, оздравела и потоа го признала својот страшен грев. Св. Марија се упокоила и се преселила во бесмртната радост во 508 година.

4. Св. Антониј патријарх Цариградски. Најпрво бил голем подвижник со необично милосрдие, а потоа станал патријарх во времето на царот Лав Мудриот (889 - 912). Го замонашил и својот татко. Построил манастир над моштите на света Калија.

5. Св. Калија. Штедри раце имала кон бедните од чисто христијанско милосрдие, и како девојка, и подоцна, како омажена жена. Нејзиниот маж бил богат, но скржав. Враќајќи се еднаш од својот службен пат, тој видел дека жената го раздавала неговото богатство на сиромаси, па ја убил. Но Бог ја прославил оваа милосрдна душа на тој начин што од нејзините мошти се исцелиле мнозина болни. Уверувајќи се во тоа, св. патријарх Антониј подигнал манастир над нејзините мошти.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:11

РАСУДУВАЊЕ

Свети Јован Златоуст наведува еден пример од животот на св. Мелетиј со кој ја покажува големата племенитост на овој патријарх. 'Би било неправедно да се пропушти она што се случило при самото прогонство (на Мелетиј од Антиохија). Кога градоначалникот седнал во колата и до себе го поставил светителот, започнал брзо да вози низ пазарот, граѓаните ја засипале неговата глава од сите страни со камења како со град, бидејќи не можеле лесно да се разделат од својот архијереј и биле решени побрзо да се разделат од животот отколку од овој светител. Но што направил овој блажен маж? Гледајќи ги камењата како летаат, со својата наметка ја покрил главата на началникот. Така, со својата преголема кроткост тој го засрамил својот непријател, а на своите следбеници со тоа им дал поука каква незлобивост треба да се покажува кон оние кои нé навредуваат; како да не се прават никакви зла, туку со сета сила треба да ја отклонуваме од нив опасноста што ги демне”. За самиот надворешен изглед на Мелетиј св. Јован Златоуст понатаму вели: 'Навистина најголема наслада е да се види неговото свето лице. Не само кога учел или говорел, туку кога луѓето просто гледале во него, тој бил во состојба да внесе во душата на присутниот секаква добродетел”.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да Го набљудувам Господа Исуса како испосник, и тоа:

1. како постел не за да  Го укроти Своето пречисто тело туку за нам да ни даде пример;

2. како постел заради мене;

3. како јас треба да постам заради моето спасение и заради Неговата љубов.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:11

БЕСЕДА

за чудната посета на Синот Божји

Излегов од Отецот и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и одам при Отецот (Јн. 16:28).

Овие зборови, браќа, се од судбоносна важност за нас. Бидејќи од сé на овој свет е најважно да се знае: дали има Бог и дали има живот после смртта? Овие зборови се подрагоцени од сиот бисер во светот, од Сонцето и ѕвездите, бидејќи тие зборови ги изговорил Оној Кој е најсигурен и највистински сведок. Навистина, овие зборови се извор на најголема радост за нас, задлабочени во очајание и во смрт по очајувањето. Тие сведочат дека има Бог и живот по смртта. Излегов од Отецот - тоа пред сé значи: дека постои Бог од Кого Господ Исус излегол. И одам кај Отецот - и тоа значи дека постои Бог Отец кај Кого Синот Божји се враќа. И овие два збора во исто време значат дека постои вечен живот, дека смртта не го означува нашето уништување. Овие зборови Господ ги изговорил пред самата Своја смрт.

О слатка и чудесна благовест! Она што срцето на сите луѓе и на сите пламиња низ сите векови потајно го претчувствувало Господ го посведочил како факт, како вистина.

Овие зборови уште го потврдуваат единството на Отецот и Синот и божеството на Господа и Спасителот наш. Бог нé посетил, браќа мои, Севишниот Бог, свет, крепок и бесмртен Бог. Тоа е врв на нашата утеха и нашата радост.

О Господи Исусе, Сине Божји, сведоку на вистината на сето добро по кое нашите срца деноноќно копнеат, освети нé, укрепи нé и обесмрти нé. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2007 во 11:04
малку ја запоставивме оваа тема , се надевам дека можеме повторно да ја ОСВЕЖИМЕBig%20smile
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2007 во 11:05

25 МАРТ

 

1. Преп. Теофан Исповедник. Наречен 'Сигријан" поради местото Сигрија каде што бил роден. Роднина на царот Лав Исавријанинот и син му Копроним. Имал огромно богатство и сјај. Но сето тоа ја изгубило својата вредност за Теофана тогаш кога Христос Господ се зацарил во неговата душа. Тогаш тој се противел на женидбата своја, па кога сепак бил приморан да се ожени, успеал да ја посоветува својата невеста да живеат целомудрено како брат и сестра. А штом му изумреле родителите, жена му отишла во еден манастир, а тој во друг. Неговиот манастир бил во сигријанските гори во Кизичката област. Некогаш славен и богат, Теофан живеел во манастирот како последен сиромав. И сите се чуделе на таквата промена кај него. Па бидејќи станал прочуен поради својата силна вера, воздржливост и мудрост, бил повикан на ВИИ Вселенски собор во Никеја, на кој се утврдило почитувањето на иконите. Поради големата чистота и целомудреност, Бог му дал дар на чудотворство, та ги лекувал сите болести, особено манијаштвото и лудилото. За овие болни и неволни тој Му се молел на Бога и со својата молитва им помагал. Само кога тој се разболел и долго боледувал, не сакал да Му се помоли на Бога за своето оздравување туку трпел со благодарност. Кога настанало, пак, гонењето на иконите од лошиот цар Лав Ерменецот, тогаш св. Теофан бил доведен во Цариград и фрлен во самица каде што две години поминал во притеснетост, мака и понижување. Тогаш царот го испратил во затвореништво на островот Самотрак, што тој порано го провидел со својот дух и им го кажал на своите самичари. Но кога стигнал на Самотрак поживеал само уште 23 дена и Му се претставил на својот Господ и Создател да го прими заслужениот венец на славата.

2. Преп. Симеон Нов Богослов. Овој богоносен и велик отец на Црквата бил роден во Галата Пафлагониска, воспитан во Цариград и вброен во дворјаните на царевите Василиј и Константин Порфирородните. Остави сé заради Христа и се повлекол в манастир. Се подвизувал под раководството на старецот Симеон, потоа бил игумен на манастирот на св. Мамант и најпосле отшелник. Бил најголем богослов после св. Григориј Богослов. Ја чувствувал благодатта во своето срцето. Неговите зборови се вистински духовни и богословски откровенија. Се упокоил во 1032 година. Моштите му се чудотворни.

3. Св. Григориј Двоеслов, папа Римски. Син на сенаторот Гордијан, и самиот потоа бил сенатор и началник на градот Рим. Но штом му се упокоил таткото, тој му се предал на духовниот живот. Од своето големо богатство соѕидал шест манастири во Сицилија и седмиот во самиот Рим во чест на св. ап. Андреј, во кој и тој се потстрижал. Силвија, неговата мајка, исто така, се замонашила во еден женски манастир. По смртта на папата Пелагиј, Григориј бил избран за папа. Тој бегал од таа чест и власт, и се криел по горите и пештерите, но Господ им го објавил на оние што го барале на тој начин што се појавил огнен столб од земјата до небото на она место каде што Григориј се криел. Бил необично милосрден. Сите свои примања ги употребувал на засолништа на бедните и на гостопримство. Честопати ги повикувал бедните луѓе и им служел околу трпезата. Се занимавал и со пишување на корисни книги. 'Двоеслов" или 'Собеседник" тој и се нарекува затоа што напишал книга под тоа име, во која ги изнесол добродетелите и чудата на италијанските светители. Ја составил и службата на 'Предосветени Дарови", што се служи во среда и петок во Чесниот Пост. Неговиот архиѓакон Петар гледал гулаб кај што лета над неговата глава кога седел и пишувал. Се претставил пред Господа во 604 година.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2007 во 11:08

РАСУДУВАЊЕ

Никој, па ни самиот Господ Бог, не го поучува волно горделивиот. Никој не се грижи да му дава поуки на оној кој вели дека знае сé. 'На смирените им се откриваат тајните", вели мудриот Сирах (3:19). А Давид, пак, говори дека Бог ги упатува кротките кон правда и ги учи на Своите патишта (Пс. 24:9). Горделив е оној кој сака секого да го учи, а самиот не дава никој да го учи; а кроток е оној кој не сака никого да учи, а сака непрестајно да биде од било кого поучуван. Празен клас со воздигната глава над сите ниви и полн клас со оборена глава! О горделив човеку, кога некогаш ангелот хранител би ја искинал завесата од твоите очи и ти ја покаже бескрајната големина на сé она што не го знаеш, ти би клекнал пред секој човек пред кого си се гордеел и кога си го понижувал, и со плач ќе повикаш: 'Опрости ми, опрости, јас ништо не знам!" На смирениот и на побожниот честопати му се открива и кога ќе умре, а горделивиот смртта го снаоѓа ненадејно. Свети Григориј Двоеслов раскажува за еден епископ Карп, кој секој ден служел литургија, како некој од оној свет му се јавил и му рекол: 'Продолжи да го правиш тоа што го правиш, а служејќи ми мене, да не ти потклекнат нозете и да не ти ослабнат рацете. А на денот на Успението на Богородица ќе дојдеш кај мене и јас ќе ти дадам награда во царството мое небесно заедно со сите оние за кои на службите си се молел”. По една година, на денот на Успението, епископот Карп ја отслужил Божјата служба, се простил со своите свештеници и го предал својот дух на Бога. И неговото лице засветлило како Сонце.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.