|
Хипноза |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
ASTRIX
Сениор OBSESSIVE DREAMS Регистриран: 18.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Февруари.2007 во 01:15 |
Што е сушност хипноза?
Повеке од 200 години се расправа на оваа тема меѓу научниците,а сеуште не е потполно разјаснето како таа функционира. Хипнозата е состојба на транс окарактеризиран со екстремна сугестивност,опуштеност и зголемена имагинација.Субјектот е буден и свесен цело време. Татко на модерната хипноза е Франц Месмер.Тој верувал дека хипнозата е мистична сила која ја нарекол животински магнетизам кој плови од хипнотизерот кон субјектот. Доминантна теза за хипнозата е тоа дека таа е начин за допирање до нечија потсвест. Со овој метод често се решаваат психолошки проблеми кои произлегле од потиснат трауматичен настан.А може и да се одвикнете од некои штетни навики.... |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
дали хипнозата остава можност за манипулација со субјектот?
штом хипнотизерот може да влијае на одвикнување од штетни навики, тогаш нели е логично да може и да го ‘репрограмира‘ субјектот како што сака..
има и неубави трачеви за девојки додека биле под хипноза, биле сексуално искористени од хипнотизерот... ама како се сетиле на тоа? па тој можел да им го избрише тоа од сеќавање Изменето од ACELERA - 16.Февруари.2007 во 01:50 |
|
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересна тема ...
се надевам ке напише некој што знае нешто повеке или некој кој ке успее да најде некој квалитетен текст .
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
субјектот што е хипнотизиран ги прифака сугестиите на хипнотизерот како да се стварност.
ако ви каже дека сте уплашени ке почнете да се потите и ке ви се покачи адреналинот, но и покрај телесните манифестации за цело време ке бидете свесни дека тоа е замислено. во таа специјална ментална состојба луѓето се чувствуваат опуштено и без ограничувања, се исклучуваат грижите и сомнежите кои обично ги контролираат нашето однесување. Затоа резервирани возрасни луиѓе во состојба на хипноза кокодакаат како петли или плачат како бебиња, затоа што срамот им исчезнал. но никој не може да ги натера на злостор или на самоповредување, бидејки им остануваат всадени чувството на морал и сигурност. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали ако си хипнотизиран и извршиш убиство, ќе ти биде сметано како олеснителна околност?
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
во кривичниот законик стои дека тој што ке поттикне некого да убие , ке се казни како тоа да го сторил самиот.
па хипнотизерот може да го натера субјектот да убие... |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хм... ова ми изгледа како дупка во законот!
Одиш да те хипнотизираат, потоа правиш убиство или кражба, а за тоа е виновен хипнотизерот.... |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
има 100 страни законикот, да ти го пратам да го проучиш
бидејки хипнозата е призната метода, можно е да биде ослободен хипнотизираниот, а одговорен да е само хипнотизерот. сепак тој ја дал сугестијата Изменето од ACELERA - 16.Февруари.2007 во 21:13 |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мала шала не е на одмет, нели?
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
јухууу!!!!!!!!!!!
со помош на хипноза можело да се слабее де се отаже од пушење и дрога,да се ослободиш од физичка болка. тогаш зошто оваа метода не се применува кај нас? Изменето од ACELERA - 19.Февруари.2007 во 00:57 |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а за убиство под хипноза, еден френд од Америка ми кажа дека кај нив нема да биде земено како олеснителна околност.
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
У америка? Абе таму ич не мора да си хипнотизиран за да се извлечеш... Треба само дебело џепче и добри адвокати, а по можност и да си црнец или некое друго малцинство...
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хипноза е вештачки предизвикана состојба на стесната свест,
што се постигнува по пат на сугестија од друго лице. Иако не се работи
за состојба на сон, до денес е задржан поимот хипноза како најприближен
термин. Хипнозата не претставува вештачки сон како што некогаш се
мислело. Станува збор за значително концентрирано стесната свест. Колку
концентрацијата на свеста е сведена на потесен домен, толку степенот на
хипноза е подлабок.
За хипнозата постојат различни сфаќања. Така на пример, се смета дека хипнотизер треба да биде личност што е особено надарена. Иако многумина сметаат дека хипнотизерот треба сигурно да владее со ситуацијата - да биде добар тактичар и стратег - важни се и неговата мимика и интонацијата на гласот, сепак силата на хипнозата не зависи од хипнотизерот, туку од оној што се хипнотизира. Контрадикторни се мислењата и во однос на подобноста на различни личности за хипнотизирање. Најлесно може да се хипнотизираат деца и здрави личности со т.н. висок степен на сугестибилност. Во кој степен една личност може да биде сугестибилна, се одредува според начинот на кој личноста реагира на сугестијата. На пример, некој може да биде длабоко сугестибилен кога е во прашање неговото здравје, а да биде нечувствителен на убедувањата на трговецот. Битно е тој што се подвргнува на хипноза, искрено да сака да биде хипнотизиран. Слабоумните и душевно болните лица не се хипнотизираат лесно - практично е неможно да се хипнотизираат. Стадиуми на хипнозата Во текот на хипнозата човекот минува низ три стадиуми. Првиот се опишува како состојба на блага поспаност. Хипнотизираниот не спие и целосно е свесен за она што хипнотизерот му го кажува, но не може да се спротивстави на неговата сугестија, иако подоцна ќе каже дека можел да го направи тоа. Неговата врска со надворешниот свет се одвива преку хипнотизерот - не прима други впечатоци. Во ваквиот стадиум хипнотизираниот може да се лекува од различни психички нарушувања под услов болеста да не биде физички условена. Вториот стадиум е познат под името "каталептички", односно среден хипнотички сон, кога хипнотизерот го наговорува хипнотизираниот да прави одредени движења. Кај него може да предизвика различни визуелни халуцинации или да му даде наредба за т.н. постхипнотичко извршување. Во третиот стадиум на длабок хипнотички сон, т.н. месечарство, хипнотизираниот ја вклучува својата моторика, а другите делови од мозокот спијат. Во овој стадиум хипнотизираниот ги извршува наредбите на хипнотизерот. Се случува во текот на хипнозата на хипнотизираната личност да и се постави некаква задача што таа по извесно време, во точно определениот рок, сосема будна да го изврши примениот налог во состојба на хипнотизираност. На прашање зошто го направила тоа, личноста нема конкретен одговор освен дека се чувствувала напната и имала потреба да направи такво нешто. Опасности од примената на хипнозата Хипнозата не е безопасна метода. Можни се инциденти и несакани појави, а може да биде злоупотребена и за извршување кривични дела. Хипнотизираниот при извршувањето на наредбата може да не ја сфати сопствената опасност. Може да дојде до замена на симптомите. На пример жена лекувана од претерано јадење и пушење да ги реши ваквите зависности, но да премине на алкохол. Со оглед на тоа што основните движечки механизми за успехот на хипнозата лежат во личноста што се хипнотизира, разбирлив е фактот што оваа метода не успеала да оствари широка медицинска примена. -преземен текст- Изменето од ACELERA - 20.Февруари.2007 во 15:09 |
|
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Супер ,одлично !!!
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |