|
ПРОЛОГ |
Внеси реплика | страница <1 89101112 16> |
Автор | |
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАСУДУВАЊЕ
Голема работа е постот, но уште поголема е љубовта.
Ако
со
постот
се
изгонуваат
демоните,
се
скротуваат
страстите,
телото
се
смирува,
духот
се
средува,
со
љубовта Бог се вселува во човекот. Господ го назначил постот како неопходен, но љубовта ја истакнал како главна заповед. Во првата половина на XIX век во Охрид владеел Џеладинбег, одметник од султанот и самостоен господар, а со
црквата
во
тоа
време
управувал
митрополит
Калиник.
Џеладинбег и Калиник, иако од
разни
вери,
биле
многу
добри пријатели и честопати се посетувале еден другиот. Се случило Џеладинбег да осуди 25 христијани на бесење. На Велики Петок тие требало да бидат обесени. Митрополитот, целиот возбуден заради тој случај, отишол кај Џеладинбег и почнал
да
го
моли
да
ја
ублажи казната. Додека тие
разговарале,
дошло време за ручек и бегот го поканил митрополитот да руча. За ручек било подготвено јагнешко месо. Митрополитот се извинил дека заради постот не може да остане
на
ручек и се подготвил
да
излезе.
Бегот
се
натажил и му рекол
на
митрополитот:
'Избери, или ќе јадеш со мене
и
ќе
ги
ослободиш 25те луѓе од бесилката,
или
нема
да
јадеш
и
ќе
ги
испратиш
на
бесилка”.
Митрополитот
се
прекрстил
и
седнал
да
руча, а Џеладинбег ги ослободил осудените од смртната казна. СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за Господа Исуса како првосвештеник, и тоа: 1.
којшто Му принесува жртва на Бога цело време од Својот живот на земјата; 2.
којшто Му принесува жртва на Бога со секој Свој збор, со секое чувство, со секоја помисла, со секој труд и со секоја
солза; |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЕСЕДА за недовербата на маловерните Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат (Мт. 8:27)? Така прашувале апостолите кои сеуште не Го познавале Господа Исуса, гледајќи Го како
го
стишува разбранетото море и ветровите. Кој е
Овој,
та
и
ветровите
и
морето
Му
се
покоруваат?
Тоа
е
Оној
Кој
ги
создал
и
ветровите
и
морето.
Какво
чудо
е
неговите
творби да го
слушаат? Зарем секирата не е послушно орудие
во
оние
раце
кои
ја
направиле.
Господ
сé
создал
со
збор, па затоа и сé се
покорува
на
Неговиот
збор. Кој е Овој, браќа?
Тоа
е
Оној
истиот
Кој
и
пред
тоа
ги
подигнувал
ветровите
и
ги
смирувал,
и
Кој
го
разбранувал морето и го смирувал.
Тоа
е
Оној
истиот
Којшто и денес тоа
го
прави.
Како
човек
Тој
застанал
пред
луѓето и им се
заканил
на
разиграниот
ветар
и
на
разбеснетото море за да ја уништи заблудата кај луѓето дека ветровите и морето се
движат и се смируваат
или
како
слеп
случај или со некоја злобна сила, и засекогаш да ја
открие
вистината
дека
умната
и
добра сила на Создателот управува и им заповеда
на
сите
стихии
според
Својата
промисла. Кој е Овој? -
прашувале апостолите. Тоа е безгрешниот Син Божји, о свети апостоли,
чие
што
име
вие
ќе
го
пронесете
по
целиот
свет
и
за
чие
што
име
вие
ќе
бидете
мачени и заклани како јагниња
од
волци.
Кои
се
волците?
Оние
кои
мислат
дека
ветрот
се
раздвижува самиот од себе и морето само од себе се разбранува и стивнува, или самото
од
себе, или од ѓаволот. О свети апсотоли,
кои
прашавте и вистински одговор добивте,
и
вистината
на
целиот
свет
ја
објавивте, молете се за нас и ние да
се
просветитме
со
таа
вистина. О Господи, сеумен и
сесилен,
смири
ги
ветровите
на
гревот
и
стивни
ја
бурата
на
нашите валкани и недостојни страсти. На Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
28 ЈАНУАРИ/10 ФЕВРУАРИ 1. Преп. Ефрем Сирин.
Роден
е
во
Сирија
од
бедни
родители
во
времето
на
царот
Константин
Велики.
Својата
рана
младост
ја
поминал
многу
бурно,
но
наеднаш
настанал
пресврт
во
неговата
душа и тој
почнал целиот да гори со љубов кон Господа Исуса. Бил ученик на св. Јаков Нисибиски (13 јануари). Од големата Божја благодат се леела мудрост од неговиот јазик како меден поток, а од очите непрестајно му течеле солзи. Трудољубив како пчела, Ефрем непрестајно или пишувал книги, или усно ги поучувал монасите во манастирот и народот во градот
Едеса,
или
пак,
самиот
се
предавал
на
молитва
и
размислување.
Многубројни се неговите книги, прекрасни се неговите молитви. Најпозната му е онаа од
Чесниот
пост:
'Господи
и
Владико
на
мојот
живот”.
Кога
сакале
со
сила
да
го
земат
за
епископ,
тој
се
направил
безумен
и
почнал да трча низ градот
Едеса
влечејќи ја по
себе својата облека.
Кога
го
виделе
тоа
луѓето, се откажале од намерата. Бил современик и пријател на св.
Василиј
Велики.
Св.
Ефрем,
главно,
е
апостол
на
покајанието.
Неговите
списи
и
денес
омекнуваат
многу
срца
закоравени
од
гревот
и
ги
враќаат кон Христа. Се упокоил во длабока старост, во 378 година. 2. Преп. Исак Сирин.
Роден
е
во
Нинив
и
додека
бил
млад
се
подвизувал
ва
манастирот
'МарМатејски",
во
близина
на
Нинив.
Кога
се
прочул заради светоста на животот и многуте чуда, бил
избран за епископ Нинивски и бил присилен да го прими тој чин. Но само по пет месеци, го оставил епископството и тајно се
оддалечил во пустинскиот манастир 'РаббанШабур”. Составил многу дела, од кои до нас дошле околу 100 беседи за духовниот живот и подвижништвото
пишувани, главно, според сопствените дочивувања. Никој не му бил рамен како психолог и раководител во духовниот
живот.
Дури
и
видни
светители,
како
што
бил
св.
Симеон
Дивногорец,
барале
од
него
совет.
Се
упокоил
во
длабока старост, во VII век. 3. Преп. Паладиј, пустиник сириски.
Голем
подвижник и чудтворец. Пред неговата келија осамнал еден труп на некој богат човек, кого разбојниците го ограбиле и го убиле. Кога Паладиј го однесле на суд, тој, за да се спаси од бедата, се помолил на Бога и со молитвата
го
воскреснал
покојниот.
Се
упокоил
во
IV век. 4. Преп. Ефрем Печерски,
+1096 година.
Го
востановил
празнувањето
на
преносот
на
моштите на св. Николај во Бари на 9 мај. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАСУДУВАЊЕ
Отсуството на завист кај светителите е една поразителна
и
чудесна
појава.
Не
само
што
светителите
не
дозволувале
зависта
да
им
го
плени
нивното
срце,
туку
и
со
сите
сили
се
труделе
своите
другари
да
ги
возвишат, а себеси
да
се
понижат. Кога еднаш св. Иларион Палестински го посетил Антонија во Мисир, св. Антониј извикал: 'Добредојде, Деницо, ѕвездо утринска!" На тоа св. Иларион одговорил: 'Здрав да си и ти, светол
столбу, што ја поддржуваш вселената!" Кога св. Макариј го фалеле како монах, светителот одговорил: 'Опростете браќа, јас не сум монах, но сум видел монаси!" Кога некои му говореле на св. Сисое дека тој го достигнал св. Антониј во совршенството, Сисое одговорил: 'Кога јас би имал само
една
мисла
на
Антониј,
јас
би
бил
целиот
како
оган!" СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за Господа Исуса како слуга, и тоа: 1.
како
Он
доброволно слегол помеѓу луѓето
да
биде
слуга
на
сите; 2.
како
Он
на
никого
не
ја
откажал добрата услуга што од Него се барала; Изменето од sard - 10.Февруари.2007 во 13:20 |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЕСЕДА за Човекот кој никој не Го знае Кој си ти? Исус им одговори: 'Почеток, како и што ви зборувам" (Јн. 8:25). Господ Исус е почеток
на
создавањето,
почеток на обновувањето, почеток на спасението, почеток на воскресението и слава на
бесмртните. Каде и да се
сака
некое
зло
во
светот
да
се
искорени,
Он
е
почеток. Без Него не се може. Каде и да се
сака
некое
добро во светот да се ндгради, Он е почеток.
Без
Него
не
се
може. Ако се сака да се искорени неслогата и злобата
во
семејството,
во
селото,
во
градот,
во
целиот
свет,
без
Него
не
се
може. Со Него мора да се започне. Ако се сака да се внесе добра волја, мир, љубов и слога
во
семејството,
во
селото,
во
градот,
во
народот,
во
целиот
свет,
без
Него
не
се
може. Он е почеток. Зошто без Христа не може да се
искорени
злото,
ниту
доброто да се насади? Затоа што секое зло е од гревот,
а
гревови
единствено
Он
може да опростува.
Кога
Он,
и
само
Он,
опростува
грев,
тогаш
гревот
е
откорнат
од
коренот.
А
никакво
добро без Него не може да се
насади
затоа
што
во
Него
е
сета
ризница
на
добрата, сето семе на добро. Единствено Он е сејач на доброто по нивата на светот. Апостолот Павле, кој сето тоа го знаел подобро од нас, вели: 'Сé можам преку Исуса Христа Кој ме крепи" (Филип. 4:13), а без Исуса Христа кој може да започно да се лекува од злото, да ги лекува другите од злото и да всадува
добро во себе, и да всадува
добро кај другите? Никој, навистина никој. Затоа браќа, ако сме решени да го искорениме злото во себе и кај
другите,
и
наместо
зло
да
всадиме
добро во себе и кај
другите,
да
започнеме од почетокот, т.е. да започнеме со победителот на злото и со сејачот на доброто -
со
Господа
Исуса
Христа. О Господи Исусе Христе,
биди
ни
почеток во секоја борба против злото
и
почеток во секое добро дело. На Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
29 ЈАНУАРИ/11 ФЕВРУАРИ 1. Свешт. мч. Игнатиј.
Главното
празнување
на
св.
Игнатиј
е
во
зима,
на
20 декември.
На
овој
ден,
пак,
се
празнува
преносот
на
неговите
мошти од Рим, каде што маченички пострадал, во Антиохија, каде што порано бил архијереј. Кога св. Игнатиј бил повикан во Рим, пред царот Трајан да одговара за својата вера, на тој долг пат го следеле неколку граѓани од Антиохија, побудени од големата љубов кон својот добар пастир. Светителот Божји, бидејќи никогаш не сакал
да
се
одрече од Христовата
вера,
презирајќи ги сите
ласкања
и
ветувања
од
царот
Трајан,
бил
осуден
на
смрт
и
фрлен
во
големата
арена
пред
ѕверовите.
Ѕверовите
го
растргнале
и
тој
ја
предал
својата
душа на Бога.
Тогаш
неговите
придружници ги собрале растурените коски, ги пренесле во Антиохија и чесно ги сохраниле. Но кога Персијците ја зазеле Антиохија во VI век, моштите на св. Игнатиј повторно биле вратени од Антиохија во Рим. 2. Св. мч. Роман, Јаков, Филотеј, Иперихиј, Авив, Јулијан и Паригориј.
Сите
овие
пострадале
за
Господа
Исуса
Христа
на
Самосат,
во
времето
на
царот
Максимијан
во
297 година.
Филотеј
и
Иперихиј
биле
великани,
а
останатите
биле
младенци
од
познат
род.
Ги
убиле незнабожците со страшна смрт, заковувајќи клинци во
главата
на
секој
од
нив.
Чесно
пострадале
и
во
вечна радост се вселиле. 3. Преп. Лаврентиј Печерски.
Доброволно го избрал затвореничкиот живот како поранешните затвореници Исакиј и Никита, внимателно чувајќи се
од
ѓаволската
измама,
на
која
овие
двајцата
во
почетокот се предале. Со големо воздржување, молитва и богомислие го достигнал високиот степен на совршенство. Од уплашениот демон дознал дека во Печерскиот манастир од 118 монаси имало 30 на кои од Бога им е дадена власт
над
лошите духови. Се претставил пред Господа во 1194 година. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАСУДУВАЊЕ
Колку повеќе еден човек напредува
во
духовното
сознание
и
очистувањето на срцето, толку повеќе низината во која
се
наоѓа му изгледа
пониска,
а
височината кон која се стреми -
сé
повисока.
Кога
еден
духовен
големец
лежел на смртната постела, слушнал дека другарите го фалат заради неговите големи подвизи, тој заплакал и рекол: 'Деца, јас не
сум
направил
ни
почеток на духовниот живот”. Кога св. Игнатиј Богоносец лежел окован во затворот, на Ефесјаните им напишал: 'Не ви заповедам јас како нешто да значам. Макар што сум во окови за името на Исуса Христа, сепак уште не сум се усовршил во Него. Сега почнувам да станувам ученик и зборувам
со
вас
како
со
колегиум
на
мои
наставници”. СОЗЕРЦАНИЕ
Да Го набљудувам Господа Исуса во простотијата на однесувањето, и тоа: 1.
како
Он
просто
се
однесува,
како
со
рибарите, така и со книжниците и кнезовите; 2.
како
Он
на
секој
се
отповикува
и
влегува
во
куќата на секого кој ќе Го покани; 3.
како
низ
сета
простотија
на
Неговото
однесување
јасно
зрачи царската отменост. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЕСЕДА зо совршенството низ извршување на волјата Божја Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело (Јн.
4:34). Еве спасоносен пример што ни го дава нашиот Спасител! Он, Кој имал толкава сила и власт и
мудрост,
говори
дека
дошол во светот, не да ја изврши Својата волја, туку волјата
на
Својот
Отец
и
не
да
го
изврши Своето дело
туку
Неговото,
а
ние,
макар
немоќни како пајажина, непрестајно ја истакнуваме својата волја и некое свое
дело!
И
ако
Синот
е
рамен
на
Отецот,
како
што
вели
на
друго
место:
'Јас
и
Отецот,
сме
едно",
сепак,
Господ
Исус
вели
дека
дошол во светот да ја изврши волјата на Отецот
и
да
го
изврши Неговото дело. Тоа Он
го
вели
не
за
да
ја
покаже маленкоста на Своето
битие
пред
битието
на
Отецот,
бидејќи едно е
битието
туку
затоа
за
да
ја
покаже величината на Својата
љубов кон Отецот и нас да
нé
побуди од љубов кон Бога да ја усвоиме потполно Неговата волја. Сета наша беда во овој живот доаѓа оттаму што ние
не
ја
спроведуваме
волјата
на
Оној
кој
нас
нé
испратил
во
светот.
А
Неговата
волја
не
ја
спроведуваме
затоа
што
немаме
љубов кон Него. Бидејќи, ако некој некого љуби, тој му ја извршува волјата. Господ рекол: 'Ако
ме
љубите, пазете ги моите заповеди"
(Јн.
14:15). Со
што
Господ
Исус
можел да ја пројави Својата љубов кон Отецот, ако не со извршување на волјата на Отецот? И со што
ние
можеме да ја покажеме нашата љубов кон Господа Исуса распнатиот за нас на крстот, ако не со извршување на Неговата волја? О браќа мои, нашата волја е лажна
како
сенка,
да
не
ја
следиме
за
да
не
погинеме,
туку
да
ја
следиме
волјата
на
човекољубивиот Господ, Кој единствено знае што е најдобро за
нас. О Господи, смирен и
човекољубив, научи нé да
ја
извршуваме Твојата волја. На Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
30 ЈАНУАРИ/ 12 ФЕВРУАРИ 1. Три Ерарси.
Светителите:
Василиј
Велики,
Григориј
Богослов
и
Јован
Златоуст
имаат
секој
посебно свој ден на празнување во месец јануари и тоа: Василиј
на
1 јануари,
Григориј
на
25 јануари
и
Златоуст
на
27 јануари.
Празникот
Три
Ерарси
е
востановен
во
ЏИ
век,
за
време
на
царот
Алексиј
Комнен.
Еднаш
од
некаде
настанала
во
народот
расправа
околу
тоа
кој
од
овие
тројца
е
најголем?
Едни
го
воздигнувале
Василија
заради
неговата
чистота
и
храброста други го воздигнувале Григорија заради неговата недостижна длабочина и височина на
умот
во
богословието,
трети
го
воздигнувале
Златоуст
заради
неговата
чудна
красноречивост и јаснотија во излагањето
на
верата.
И
така,
едни
се
нарекле
Василијани,
вторите
Григоријани,
а
третите
Јованити.
Но,
според
Божја промисла, овој спор биле решен во корист на црквата и на уште поголема слава на тројцата светители. Епископот Евхаитски Јован (14 јуни) имал една визија во сон. Имено најнапред му се јавиле секој од овие тројца светители поединечно во голема слава и неискажливо велелепие,
а
потоа
сите
тројца
заедно.
Тогаш
му
рекле:
'Ние
сме
едно
во
Бога,
како
што
гледаш,
и
ништо нема во нас противречно... ниту помеѓу нас има
прв
и
втор”.
Уште светителите го посоветувале епископот Јован да им напише една заедничка служба и да
им
се
одреди
еден
заеднички ден како празник. По повод на тоа чудно видение, спорот бил решен на тој начин, што се одредило 30 јануари како заеднички празник на сите овие тројца Ерарси. Овој празник грчкиот народ го смета не само за црковен, туку и за свој
најголем
национален
и
училишен празник. 2. Свешт. мч. Иполит, еп. Римски.
Пострадал
за
верата
во
времето
на
Клаудиј.
Кога
во
Рим
девицата
Хрисија
била
немилосрдно
мачена за Христа, тогаш зад неа застанал пред мачителите и св. Иполит
и
ги
изобличил мачителите. Заради тој протест и тој бил
даден
на
суд,
суден
и
осуден
на
смрт
по
долготрајните
измачувања. Му ги врзале рацете и нозете и
го
потопиле
во
морето.
Со
него
и
со
Хрисија
пострадале
уште 20 маченици. Св. Иполит пострадал во 269 година. 3. Св. мч. Теофил Нови.
Како
војвода
на
царот
Константин
и
Ирина,
бил
заробен од Агарјаните и 4 години бил држан во затвор. Кога ги одбил сите муслимански напади за да ја напушти христијанската вера, бил исечен со
меч
во
784 година
и
се
преселил
кон
Господа. 4. Св. Петар цар бугарски.
Син
е
на
Симеон,
голем
почитувач на св. Јован Рилски. Бугарската црква ја направил независна од Цариград и го сочувал православието во Бугарија од богомилите. По една неуспешна борба со Унгарците
и
со
Русите,
умрел
во
967 година,
во
56. година
од
животот. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАСУДУВАЊЕ
Еве пример како царевите бараат совет од светителите, како светителите ја избегнуваат суетата и богатството и како ги советуваат царевите. Православниот бугарски цар Петар тргнал со својата придружба по планината Рила, гонет од голема желба да го види св. Јован Рилски и да се ползува со неговата поука. И ги испратил царот луѓето напред да му јават на светителот. Но светителот не се согласил да се сретне со царот. Ожалостениот цар испратил повторно луѓе со нешто храна и доволно злато со молба, светителот да му напише некаков совет. Јован ја примил храната, а златото го вратил, не сакајќи ни да го допре, а на царот му одговорил: 'Ако сакаш небесно царство, биди милостив како Отецот небесен. Не надевај се на неправда и не биди користољубив; биди кроток, тивок и за секого достапен. Не примај пофалби од своите великодостојници. Твојот порфир нека свети со добродетели. Сеќавањето на смртта да не ја напушта твојата душа. Смирувај се пред стопите на мајката црква; приклонувај ја главата пред нејзините првопрестолници, та Царот на царевите, гледајќи ја твојата сесрдност, да те обдари со благо какво што никогаш во срцето на човекот не дошло”. Кога го добил тоа писмо, царот го целувал и потоа честопати го препрочитувал.
СОЗЕРЦАНИЕ
Мисловно да Го гледам Господа Исуса како пријател на децата, и тоа: 1.
како
пријател
на
небесните ангели, кои се невини како деца, послушни се и бестрасни; 2.
како
пријател
на
малите
деца
на
земјата,
кои
просто
и
лесно
веруваат
во
Бога; 3.
како
пријател
на
светителите,
кои
со
труд
и
благодат
се
очистени од гревот и постанале невини како
децата.
Изменето од orto - 12.Февруари.2007 во 09:24 |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЕСЕДА
за тоа како луѓето мораат да бидат како децата за да бидат Божји синови Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно (Мт.
18:3). Така говори Господ и Неговиот збор
е
свет
и
вистинит.
Каква
е
таа
предност
на
децата
над
возрасните?
Имаат
три
предности:
во
верата,
во
послушноста и во незлобноста. Детето го прашува родителот за сé. И што и да му
одговори
родителот,
тоа
му
верува.
Детето
е
послушно на својот родител и лесно ја
потчинува својата волја на волјата на родителот. Детето е незлобно, и
иако
брзо
се
лути,
брзо
и
опростува.
Тие
три
работи ги бара Господ од сите луѓе: верата, послушноста и незлобноста. Тој бара
луѓето безусловно да веруваат во Него како што детето верува на својот родител, безусловно да бидат послушни кон Него како што е детето послушно на својот родител; и да бидат
незлобни во односот еден кон друг, да не го паметат злото и да не
враќаат зло за злото. Верата, послушноста и незлобноста се
главни
одлики
на
детската
душа. Покрај нив, уште доаѓаат: бестрасноста и радоста. Детето не
е
среброљубиво, детето не е лакомо, детето не
е
славољубиво; тоа има непоматено око од пороци и непоматена радост од
грижи. О браќа, кој може повторно да нé
направи
деца?
Никој
освен
единиот
Христос.
Он
може повторно да нé
направи
деца
и
со
помош
на
нашето повторно раѓање, и тоа: со
Својот
пример,
со
Својата
наука
и
со
силата
на
Својот
Свет
Дух. О Господи Исусе, совршен во
послушноста и незлобноста, вечен
младенецу
на
небесниот Отец, помогни ни да бидеме како младенци со верата во Тебе, со послушноста кон Тебе и со
незлобноста на еден кон друг. На Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
31 ЈАНУАРИ/13 ФЕВРУАРИ 1. Св. Кир и Јован,
бесребреници и чудотворци. Овие милосрдни и чудни светители не биле браќа по крв,
туку
биле
браќа по дух.
Кир
најнапред
живеел
во
Александрија
и како
лекар
ги
лекувал
луѓето и со силата
Христова
и
со
физички лекови. Дознавајќи дека болестите најмногу ги напаѓаат луѓето заради гревовите, тој секогаш ги упатувал болните со покајание и со моитва
да
ја
очистат својата душа од гревовите,
та
преку
тоа
да
би
го
повратиле
и
здравјето
на
телото.
Кога
настанало
Диоклецијановото
гонење
на
христијаните,
Кир
се
оддалечил во Арабија каде што примил монашки чин. Но како што бил познат во Александрија, така се прочул и во Арабија, та луѓето и овде прибегнувале кон него за помош. Кога слушнал за Кир, Јован, тогашен римски офицер во Едеса, дошол во Арабија да го види Кира. Кога се виделе, тие двајцата се засакале еден со друг како браќа и останале
заедно
да
се
подвизуваат.
Во
тоа
време
мачителите измачувале некоја христијанка, Атанасија, со нејзините три ќерки во градот Каноп. Слушнале за ова Кир и Јован и
дошле во Каноп да ги храбрат мајката и ќерките за да не отпаднат од верата. И навистина, благодарејќи на
советите
на
овие
светители,
Атанасија
ги
претрпела
сите
мачења и со ќерките
била
погубена за Христа. Ќерките на Атанасија се викале: св. Теоктиста од 15 години, Теодотија од 13 години и Евдокија од 11 години.
Тогаш
мачителите ги фатиле Кир и Јован и,
по
мачењата и затворот, ги исекле
во
311 година.
Овие
свети
маченици направиле безбројни чуда и за животот
и
по
смртта.
Нивните
мошти во времето на царот Аркадиј биле пренесени во Рим. Тие се повикуваат на помош посебно при несоница, при осветување на вода и при елеосвештение. 2. Св. мчца Трифена.
Доброволно и храбро
поднесла
многу
маки
за
Христа.
Бидејќи не сакала
да
се
одрече од верата,
‘и бил
пуштен еден бесен бик, кој ја избодил и ја убил. Тоа се случило во I век. Неа
ја
повикуваат
на
помош
мајките
кои
не
можат да ги дојат своите деца. 3. Преп. Никита Печерски.
Како
монах,
не
го
послушал игуменот, се оддалечил од манастирот и се затворил
во
една
келија.
Заради
непослушноста, Бог му испратил едно искушение. Еднаш, кога Никита бил на молитва, му се јавил ѓаволот во вид на светол ангел и му рекол:
'Немој
повеќе да се
молиш,
туку
читај
книги,
а
јас
ќе
се
молам
за
тебе!" Никита послушал, престанал да се моли и почнал
да
чита
книги.
Го
читал
само
Стариот
завет,
а
Новиот
никако
не
можел да го отвори затоа што тоа не му го дозволувала ѓаволската сила. Со помош на ѓаволот и пророкувал и тоа
само
лоши дела, кражби,
палежи и останати
лоши дела што му
се
познати
на
ѓаволот
затоа
што
и
тој
во
нив
учествува. Најпосле, светите отци печерски увиделе дека Никита паднал во ѓаволска измама, па почнале да се молат на Бога за него. Никита се повратил, ја увидел пропаста во која бил, горко се покајал за непослушноста и гордоста и се
упатил
по
вистинскиот
пат.
По
долго
каење
и
многу
солзи,
Бог
му
опростил
и
го
дарувал
со
дар
на
чудотворство.
Се
упокоил
во
1108 година. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАСУДУВАЊЕ
Иако светите отци го фалеле монаштвото како ангелски чин; иако многумина од најголемите светители го проживеале векот и дошле
до
совршенство во глува и безживотна пустина, сепак, православната црква не им препорачува монашење на сите верници. 'Ниту сите во пустината се спасија, ниту во светот сите загинаа", рекол еден светител. На еден граѓанин, кој не бил наклонет кон монаштвото а сакал да
појде
во
манастир,
св.
Неофонт
му
рекол:
'Чедо,
местото
ниту
го
спасува
ниту
го
погубува човекот, туку делата го спасуваат или го погубуваат”. Нема корист ни од свето место ни од свет чин оној кој не ги исполнува заповедите Господови. Саул, кој живеел во царска раскош, пропаднал; Давид во исто таква раскош -
добил венец. Лот живеел помеѓу беззаконите Содомци -
и
се
спасил;
Јуда
бил
помеѓу апостолите и отишол -
во
Пеколот.
Којшто зборува дека не е можно
да
се
спаси
со
жена
и
деца,
тој
се
лаже. Аврам имал жена и деца, и 318 робови и слугинки, и мноштво злато и сребро
-
па
сепак
е
наречен 'другар Божји”. О колку служители на црквата и љубители
на
пустината
се
спасиле!
Колку
велможи и војници!
Колку
занаетчии и работници! Биди
побожен и човекољубив и ќе се спасиш. СОЗЕРЦАНИЕ
Мисловно да Го гледам Господа како домаќин во домот Свој, и тоа: 1.
како
Он
оди
по
овој
свет,
како
Оној,
кој
има
власт
заповедувајќи ‘и на природата и изгонувајќи ги
демоните; 2.
како
Он
грижливо се труди за секој човек со кого ќе се сретне,
како
домаќин за своите деца; 3.
како
Он
се
однесува
во
храмот
како
домаќин во домот, очистувајќи го храмот
од
трговците. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЕСЕДА против сквернавење и за извршување на целиот Божји закон Ова требаше да го правите, но и она да не го оставате (Лк. 11:42). Овде се мисли на законот и милоста. Во душите на фарисеите и секташите нема
место
за
двете,
т.е. тие не можат и да ги
извршуваат прописите на законот и да прават
милост,
туку
препирајќи се за
тоа
што
е
поважно од овие двете, едното го испуштаат а второто го чуваат.
Фарисеите
формално
строго
ги
чувале
законските
прописи,
но
сосема
ги
напуштиле милоста и човекољубието. Секташите, пак, си ласкаат себеси дека ја чуваат правдата Божја, но сосема ги отфрлаат прописите на црковните закони. Православието претставува полнота на верата. Тоа заповеда да се прави тоа и да не
се
остава
она.
Тоа
е
внимателно
кон
надворешните прописи на верата како човек кога оди помеѓу земјени садови и
внимава
да
не
ги
искрши. Но тоа е уште
повеќе внимателно кон правдата
и
милоста
Божја, како човек кој оди меѓу земјени садови и
ги
цени
и
ги
чува,
не
заради
земјата
од
која
тие
се
направени,
туку
заради
скапоценоста
на
содржината што е во нив.
Празните
садови
што
никогаш
со
никакво
пиење
не
се
полнат
се
безвредни
како
и
празните
фарисејски
законски
форми.
Пијалакот,
пак,
што
се
истура
на
ветрот
се
растура
и
се
губи, бидејќи не се
истура
во
одредени
за
тоа
садови.
И така, во православието
нема
едностраност,
како
што
ја
немало
и
во
Господа
Исуса.
Господ
му
вели
на
Јована
Крстител
дека
кој
дише со правда
и
со
милост
Божја, треба да го
исполни
законот;
а
на
фарисеите,
на
празните
параграфлии
без
правда
и
милост
Божја им вели: 'Милост
сакам,
а
не
жртва!"
Очигледно е дека е
поважно она што треба да го
правиме
отколку
она
што
треба да го
оставиме.
Но
ни
малку
не
значи дека она
што
е
помалку
важно е непотребно. Во
човечкиот организам има полно важни и полно неважни органи, но сите тие заедно го прават човечкото тело. О Господи, сеопфатен, не давај
ни
да
бидеме
еднострани,
но
помогни
ни
да
ја
исполниме
целата
Твоја
волја.
На
Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |