|
ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ |
Внеси реплика | страница <1 34567 30> |
Автор | |
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СТАНИ МОМЕ ДА ЗАИГРАШ СТАНИ МОМЕ ДА ЗАИГРАШ, ДА ТЕ ВИДАМ ВЕСЕЛ ЈАС, ЧИФТЕ ЧАМЧЕ ИГРИВО, ТУРСКО ОРО УБАВО. ОПА НИНА, НИНА НА, НИНА НА НА, НИНА НА , МИЛО МОМЕ , НИНА НА. ИЗВИЈ МОМЕ СНАГАТА ТИ, ТВОЈТА СНАГА УБАВА, ДА ТЕ ГЛЕДАМ ДА ПЕАМ, ОТИ САМО ЕДНАШ ЖИВЕАМ. ОПА НИНА, НИНА НА, НИНА НА НА, НИНА НА , МИЛО МОМЕ , НИНА НА. САМО ЕДНАШ СЕ ЖИВЕЕ, ВО ОВОЈ ЖИВОТ БЛАЖОВЕН, ДУР' СУМ ЖИВ ДА СЕ РАД'ВАМ, И ДА УМРАМ ДА НЕ ЖАЛАМ. ОПА НИНА, НИНА НА, НИНА НА НА, НИНА НА , МИЛО МОМЕ , НИНА НА. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА МЕНЕ ТИ СИ ПРВА ЉУБОВ НЕ КАЖУВАЈ ЛИБЕ ДОБРА НОЌ, НЕ ОДИ ДОМА РАНО ТИ, НАЈЗГОДНО ВРЕМЕ Е ВО НОЌТА, ПРЕКРАСНА Е ОВА НОЌ ЗА НАС. СИТЕ СПИЈАТ, А НИЕ СМЕ САМИ, КОРИСТИ ДРАГИ ПРИ МЕНЕ, МИЛУВАЈ, БАКНУВАЈ БЕСКРАЈНО, ВОЛШЕБНА Е НОЌ ЗА ЉУБЕЊЕ. ЈАС ЗНАМ ДЕКА ДРУГА ЉУБИШ ТИ, ЈАС ЗНАМ ДЕКА ДРУГА МАМИШ ТИ, СРЦЕВО МОЕ Е ЗА ТЕБЕ, И НЕ БИ ГО ДАЛА ЈАС НА ДРУГ. ЗА МЕНЕ ПРОЛЕТ НЕ РАЗВИВА, ЗА МЕНЕ ЦВЕЌЕ НЕ ЦУТИ, ЗА МЕНЕ ТИ СИ ПРВА ЉУБОВ, И ПОСЛЕДНА ЌЕ МИ БИДЕШ ТИ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕРГЕН ОДЕВ МАМО ЕРГЕН ОДЕВ МАМО, ЕРГЕН ОДЕВ, ЕРГЕН ОДЕВ МАМО, ПОРАНО МИ БЕШЕ. СЕ ОЖЕНИВ МАМО, СЕ ОЖЕНИВ, СЕ ОЖЕНИВ МАМО, ЗЛОТО МЕ НАПАДНА. ПАДНА МИ СЕ МАМО, ПАДНА МИ СЕ, ПАДНА МИ СЕ МАМО, ЛИБЕ БОЛНИЧАВО. САНОЌ МИ Е МАМО, САНОЌ МИ Е, САНОЌ МИ Е МАМО, НА РАКА ЛЕЖАЛО. ДУРИ МИ СЕ МАМО, ДУРИ МИ СЕ, ДУРИ МИ СЕ МАМО, РАКА ИСУШИЛА. ПА НЕ МОЖАМ МАМО, ПА НЕ МОЖАМ, ПА НЕ МОЖАМ МАМО, НА КОЊ ДА СЕ КАЧАМ, МЕ КАЧИЈА МАМО, МОИТЕ ДРУГАРИ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДИГНИ СИ МОМЕ МОРИ ОЧИТЕ ДИГНИ СИ МОМЕ МОРИ ОЧИТЕ, ДА ВИДАМ ПЛАКАЛО ЛИ СИ. ДА ВИДАМ ПЛАКАЛО ЛИ СИ, ДА ВИДАМ ТАЖИЛО ЛИ СИ. ЗОШТО ДА ПЛАЧАМ ЛИБЕ ЛЕ, СВРШИЈА ЛИ ЕРГЕНИТЕ? СВРШИЈА ЛИ ЕРГЕНИТЕ, КО ТЕБЕ МАЛДИ БЕЌАРИ? ЕЈ МОРЕ МОМЕ УБАВО, НЕ СЕ СВРШУВААТ ЕРГЕНИТЕ, НЕ СЕ СВРШУВААТ ЕРГЕНИТЕ, ТУК' МОМИ ЛИЧНИ КАКО ТЕБЕ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОЛНА ПАДНАЛА РОДНА ФАЛКОВА БОЛНА ПАДНАЛА, БОЛНА ПАДНАЛА, БОЛНА ПАДНАЛА, БОЛНА ПАДНАЛА РОДНА ФАЛКОВА. НАД ГЛАВА И СЕДИ, НАД ГЛАВА И СЕДИ, НАД ГЛАВА И СЕДИ, НАД ГЛАВА И СЕДИ НЕЈЗИНАТА СТАРА МАЈКА. СТАНИ МИ РОДНЕ, СТАНИ МИ РОДНЕ, СТАНИ МИ РОДНЕ, СТАНИ МИ РОДНА, СТРОЈНИЦИ ДОЈДОЈА. СТРОЈНИЦИ ДОЈДОЈА, СТРОЈНИЦИ ДОЈДОЈА, СТРОЈНИЦИ СКОПЈАНИ, КОГА НЕ МИ СЕ, КОГА НЕ МИ СЕ, АЈ КОГА НЕ МИ СЕ, АЈ КОГА НЕ МИ СЕ, ОД ПЕШО ГРОЗДАНОВ, ОД КАВАДАРЦИ. ПЕШО МИ КУПИЛ, ПЕШО МИ КУПИЛ, ПЕШИ МИ КУПИЛ, ПЕШИ МИ КУПИЛ, СВИЛЕН Ф'СТАН, И ОН МИ РЕЧЕ, И ОН МИ РЕЧЕ, ДО ГРОБ ЌЕ ТЕ САКАМ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛЕНЧЕ БРЕ ДУШО ЛЕНЧЕ БРЕ ДУШО, ЛЕНЧЕ БРЕ СРЦЕ, УМИРАМ ЗАГИНВАМ ЗА ТЕБЕ, КОГА ПОМИНВАМ, КОГА ЗАМИНВАМ, ПОКРАЈ ТВОЕТО ДУЌАНЧЕ, АМАН ЛЕНЧЕ БРЕ. ВРВИ ЛУДО, ВРВИ СИ, ВАМУ ФАЈДЕ СИ НЕМАШ, ЛИЦЕ МОЕ БЕЛО, РУМЕНО НЕ АРМАСАНО! ЛЕНЧЕ БРЕ ДУШО, ЛЕНЧЕ БРЕ СРЦЕ, УМИРАМ ЗАГИНВАМ ЗА ТЕБЕ, КАЈ И ДА ОДАМ, ТЕБЕ ТЕ ГЛЕДАМ, СРЦЕВО МОЕ ЌЕ ПУКНЕ, АМАН ЛЕНЧЕ БРЕ. ВРВИ ЛУДО, ВРВИ СИ, ВАМУ ФАЈДЕ СИ НЕМАШ, ЛИЦЕ МОЕ БЕЛО, РУМЕНО НЕ АРМАСАНО! ЛЕНЧЕ БРЕ ДУШО, ЛЕНЧЕ БРЕ СРЦЕ, УМИРАМ ЗАГИНВАМ ЗА ТЕБЕ, СЕ ЌЕ ТИ КУПАМ, САЛ ДА ТЕ ЗЕМАМ, ЦЕЛ ВЕК ДА БИДЕШ СО МЕНЕ, АМАН ИЗГОР БРЕ. ВРВИ ЛУДО, ВРВИ СИ, ВАМУ ФАЈДЕ СИ НЕМАШ, ЛИЦЕ МОЕ БЕЛО, РУМЕНО НЕ АРМАСАНО! |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕЛИ ТИ РЕКОВ МОМЕ ДОНКЕ НЕЛИ ТИ РЕКОВ МОМЕ ДОНКЕ, НЕЛИ ТИ ДУМАВ, ДА НЕ ЉУБИШ МОМЕ ДОНКЕ, БИТОЛСКИ ЕРГЕНИ. ТИЕ ТЕ ЛАЖАТ МОМЕ ДОНКЕ, ТИЕ ТЕ МАМАТ, СО СО ТИЕ МОМЕ ДОНКЕ, ТИЕ ПУСТИ ПАРИ. БИТОЛСКИТЕ ЕРГЕНИ ДОНКЕ, СЕ' СЕ МАЈТАПЏИИ, ЌЕ ТИ ВЕТАТ МОМЕ ДОНКЕ, НЕМА ДА ТЕ ЗЕМАТ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАКО ШТО Е ТАА ЧАША КАКО ШТО Е ТАА ЧАША ПОЛНА СО ВИНО, ТАКА Е И МОЈТО СРЦЕ ПОЛНО С' ЈАДОВИ. ДАЈ ДА ПИЈАМ МИЛА МАЈКО, ДА СЕ ОПИЈАМ, ЈАДОВИТЕ МИЛА МАЈКО, ДА ЗАБОРАВАМ. ЈА ПОСЛУШАЈ МИЛИ СИНКО, СТАРА ТИ МАЈКА, И ДА ПИЕШ МИЛИ СИНЕ, ФАЈДЕ СИ НЕМА. ТУКУ ЗЕМИ МИЛИ СИНКО, ПУШКА БЕРДАНКА, ПА ОДИ СИ МИЛИ СИНКО, ГОРЕ В ПАЛНИНА, ТАМУ ЌЕ НАЈДЕШ МИЛИ СИНКО , ВЕРНА ДРУЖИНА. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БАТКО ЃОРЃИЈА УМРЕА БАТКО ЃОРЃИЈА МОРИ БАБО, УМРЕА БАТКО ЃОРЃИЈА, УМРЕА БАТКО ЃОРЃИЈА МОРИ БАБО, ЗА ЕДНУ ЧАШУ РАКИЈУ. НЕ ЈА УМРЕА ОД БОЛЕСТ МОРИ БАБО, ТУК' ЈЕ УМРЕЈА ОД ЛУДОСТ, СЕ' ШТО ВИДЕА УБАВО У СЕЛО, СЕ' САКА ДА Е НЕГОВО. ОН ЈЕ ВИДЕА ШАРЕНИ ВОЛОВИ, ША САКА ДА СЕ НЕГОВИ, СЕ' ШТО ВИДЕА УБАВО У СЕЛО, СЕ' САКА ДА Е НЕГОВО. ОН ЈЕ ВИДЕА УБАВУ НЕВЕСТУ, ПА САКА ДА Е НЕГОВА. УМРЕА БАТКО ЃОРЃИЈА МОРИ БАБО, УМРЕА БАТКО ЃОРЃИЈА, НЕ ЈЕ УМРЕА ОД БОЛЕСТ МОРИ БАБО, ТУК' ЈЕ УМРЕА ОД ЛУДОСТ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИЛЧОВИЦЕ МЛАДА НЕВЕСТО ИЛЧОВИЦЕ МЛАДА НЕВЕСТО, ДАЛИ СИ ЧУЛА РАЗБРАЛА, ДАЛИ СИ ЧУЛА РАЗБРАЛА, ОТИ Е ДОШОЛ АГУТОТ, ОТИ Е ДОШИЛ АГУТОТ, АГУТОТ МУСТАВ БЕГУТОТ. ИЛЧОВИЦЕ МЛАДА НЕВЕСТО, ИМАТЕ СЕЛО ГОЛЕМИ, ИМАТЕ СЕЛО ГОЛЕМО, ИМАТЕ МОМИ УБАВИ, НА СНАГА ТЕНКИ ВИСОКИ, НА ЛИЦЕ БЕЛИ ЦРВЕНИ. ИЛЧОВИЦЕ МЛАДА НЕВЕСТО, АРЕСА МИ СЕ БЕНДИСА, АРЕСА МИ СЕ БЕНИДСА, МЛАДОТО НЕВЕСТЕ ИЛЧОВО. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАРИЈЕ МЛАДА НЕВЕСТО МАРИЈЕ МЛАДА НЕВЕСТО, ЕЛАЈ СЕ МАРЕ ПОТУРЧИ, ЕЛАЈ СЕ МАРЕ ПОТУРЧИ. НА ВИСОК ЧАРДАК ДА СЕДИШ, ЖОЛТИ ЖОЛТИЦИ ДА НИЖИШ, НА БЕЛО ГРЛО ДА РЕДИШ. ПОДАРОК ЌЕ ТИ ПОДАРАМ, ЕДРЕНЕ, СУЛТАН СЕЛИМ ЏАМИЈА, ЦАРИГРАД, СВЕТА СОФИЈА. ПУСТА ТИ БИЛА СЕЛИМ ЏАМИЈА, ПУСТА ТИ БИЛА СВЕТА СОФИЈА, ЈАС СИ ЈА САКАМ ВЕРАТА. ЈАС СИ ЈА САКАМ ВЕРАТА, НАШАТА ВЕРА УБАВА, СЕКА НЕДЕЛА ВЕЛИГДЕН. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВО СТРУМИЦА НА УЛИЦА ПРОКЛЕТ ДА БИДЕ, СРЕЌА ДА НЕ ВИДЕ, КОЈ ПРВ ЗАПОЧНА. КОЈ ПРВ ЗАПОЧНА ЉУБОВ ДА ВОДИ, ДВЕ СРЦА ДА СТРАДАТ. ЧЕСТО СО НЕГО СЕ СРЕЌАВАМ, СРЦЕ МИ ТРЕПЕРИ. СРЦЕ МИ ТРЕПЕРИ, ДУША НЕ МИ ДАВА, КАКО ДА МУ ПРОЗБОРАМ. ВО СТРУМИЦА, НА УЛИЦА, ПРЕД НЕГО ИЗЛЕГОВ. ГРБОТ МИ ГО СВРТИ И ТИВКО МИ РЕЧЕ: ЈАС НЕ ТЕ САКАМ! ЈАС СИ ЗАЉУБИВ ДРУГО ЛИБЕ, ЗАЉУБИ СИ И ТИ. ОЧИ НАСОЛЗЕНИ, СРЦЕ НАТАЖЕНО, ОТИДОВ ДАЛЕКУ. ПРОКЛЕТ ДА БИДЕ, СРЕЌА ДА НЕ ВИДЕ, КОЈ ПРВ ЗАПОЧНА, КОЈ ПРВ ЗАПОЧНА ЉУБОВ ДА ВОДИ, ДВЕ СРЦА ДА СТРАДАТ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФАТО МОРИ ДУШМАНКЕ ЛИБЕТО МИ ГО ЗЕДЕ ТИ, РАНА НА СРЦЕ МИ ОТВОРИ, АХ, ФАТО МОРИ ДУШМАНКЕ, ЛЕЛЕ КАТИЛКЕ, АХ, ФАТО МОРИ ДУШМАНКЕ, ПРОКЛЕТА ДА СИ. МНОГУ ВРЕМЕ СЕ ЉУБЕВМЕ, НО ЗА ТЕБЕ НЕ ОСТАВИ, АХ, ФАТО МОРИ ДУШМАНКЕ, ЛЕЛЕ КАТИЛКЕ, АХ, ФАТО МОРИ ДУШМАНКЕ, ПРОКЛЕТА ДА СИ. СРЕЌНА НЕ ЌЕ БИДЕШ ТИ, КОГА ЛУТО ТЕ КОЛНАМ ЈАС, АХ, ФАТО МОРИ ДУШМАНКЕ, ЛЕЛЕ КАТИЛКЕ, АХ, ФАТО МОРИ ДУШМАНКЕ, ПРОКЛЕТА ДА СИ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПЕСНА ЗА ДЕСПИНА - ГОЛЕМА РИЏА ТИ ЧИНАМ, ТИ КИРЈО МАРИЈЕ, И ЈАС ТЕ ПОЗДРАВЉАМ! ДА МИ ДОЈДЕШ НА ВИЗИТА, ЈАС ДА ТЕ ПРЕЧЕКАМ. - НЕ МОЖАМ ЈАС ДА ДОЈДАМ, ТИ КИРЈО МАРИЈЕ, И ЈАС ТЕ ПОЗДРАВЉАМ. ЌЕ ТИ ЈА ПРАТАМ СЕСТРА МИ, КИРА КАТЕРИНА. ЧУКНА, ТРОПНА НА ПОРТАТА ИЗЛЕЗЕ ДЕСПИНА, ДА БАЦИ РАКАТА. ВО РАКАТА МЕЏИДИЈА, НИШАН ЗА ДЕСПИНА. - НИШАН ТИ ДАВАМ ДЕСПИНО ДА НЕ МЕ ЗАБОРАВИШ ТИ КИРЈО МАРИЈЕ, ПОМИНАА ТРИ ГОДИНИ, ТИ МЕ ЗАБОРАВИ. КОЛКУ ЗВЕЗДИ НА НЕБОТО ПУШКИ ЌЕ ФРЛАМЕ ТИ КИРЈО МАРИЈЕ, ДЕСПИНА ЌЕ ЈА ГРАБИМЕ, НИКОЈ ДА НЕ ЗНАЕ. |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
Внеси реплика | страница <1 34567 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |