IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПОСТЕЊЕ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПОСТЕЊЕ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 50>
Автор
Порака
begu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај begu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2007 во 09:08
Od siot ovoj post na kogo site se povikuvaat bes me interesira dali nekoj navistina pri post osetil vistinska zed i glad, i sto toa pobudilo vo nego, pokraj toa sto kako vernik znae deka treba da posti i posti bez da navleze sustinski zosto go pravi toa .
Кон врв
natalija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Министерка за гушкање

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natalija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2007 во 09:32
Originally posted by butel2 butel2 напиша:

Se spremate li za predstojniot post?

Секоја година, веќе ми стана ритуал..Така да со нетрпение сега чекам 19.02.2007 да дојдеTongue..И да спремна сумTongue
Кон врв
natalija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Министерка за гушкање

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natalija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 08:40
На сите Православни верници им ги честитам Предвелигденските Пости и им посакувам, душевен мир, љубов и трпение
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 09:30


Свети Јован Златоуст вели: „Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови. Ако те обзел лошиот дух, покажи му го лицето на постот, а тој окован со страв и врзан како со железни синџири ќе стане понеподвижен и од каменот, особено кога ќе ја види со него и неговата другарка молитвата.“ Затоа и Христос вели: „Овој род се истерува само со пост и со молитва“ (Матеј 17, 21). Па тогаш, штом е постот толку страшен за нашите непријатели и ги прогонува, потребно е да го сакаме и радосно да го примиме, а не да се плашиме од него.

Постот и молитвата ни се голем дар Божји, без кој за нас луѓето нема обожување и спасение. Тие се наше благодатно учество во Крстот Христов, па затоа и во Неговото Воскресение. Постот и молитвата ги осветил и ни ги подарил во Црквата Самиот Господ, Богочовекот Исус Христос, преку севкупниот Свој живот во тело меѓу нас луѓето. Господ постеше во пустината четириесет дена и четириесет ноќи и често се повлекуваше насамо на молитва. Оттогаш пa наваму, постот и молитвата во Црквата се запазуваат и се живеат како една од нашите најголеми светости. Доволен показател за спомнатото е животот на кој било од нашите Светии од Пресвета Богородица и Светите Апостоли, па до денес.

Вистински пост и молитва како благодатни дарови Божји постојат само во Црквата и никогаш надвор од неа. Тоа значи дека тој што пости и се моли треба да е крстен, да се причестува, да се исповеда, да ги почитува и да учествува во сите други Свети Тајни на Црквата.

Под пост, во поширока смисла на зборот, се подразбира севкупниот наш христијански живот и начин на постоење во Црквата, опфаќајќи ја тука и молитвата. Затоа, условно, постот можеме да го поделиме на телесен и духовен. Во потесна смисла под зборот пост најчесто го подразбираме телесниот пост, којшто е воздржува-ње од некои јадења во деновите и временските периоди што Црквата ги одредила во текот на годината. Овие денови точно треба да се запазат и никој да не измислува, без благослов, повеќе или помалку од она што Црквата од Светиот Дух вдахновена го определила.

При определувањето на телесниот пост треба многу да се внимава. Не е можно секој човек, секоја конкретна личност да си наложува и да се оптоварува со иста тежина. Во Црквата живеат, се спасуваат и деца во развој (од кои до нивната седумгодишна возраст воопшто не се бара телесен пост како подготовка за Причест) и изнемоштени, остарени луѓе, потоа луѓе болни или оптоварени со тешка физичка работа, како и жени, бремени или со доенчиња. На сите овие духовниот отец, свештеникот, ќе им определи пост според нивните телесни сили или ако треба и сосема ќе ги ослободи од него.

Постојат и луѓе коишто иако можеби немаат телесна слабост, духовно се слаби и не можат да го издржат целото правило на постот. Меѓу нив има и такви коишто допрва приоѓаат кон Црквата или после подолг период и се враќаат. Духовниот отец треба да биде многу внимателен со овие браќа и сестри христијани и да не ги оптовари со пост којшто е поголем од она што тие можат слободно и љубовно да го поднесат и да го прифатат. Одредувајќи им ја на овие луѓе вистинската мера на постот, но и пристапувањето кон Светите Тајни, ние многу ќе им помогнеме во понатамошното духовно растење. Од друга страна, пак, претераноста, неодмереноста во постот може да го парализира и запре нивниот духовен развој. Знаеме дека ни на новороденото дете не му се дава веднаш тврда храна, туку најнапред млеко. Ако оваа претпазливост е потребна за телесното растење дотолку повеќе е значајна и за духовното.

Еве што за ова пишува нашиот светогорски монах, големиот испосник и духовен отец, Епископот Велички Гаврил од Лесновскиот манастир, кој постојано живееше во најстрог пост: „Оние што воопшто не постат нека почнат да постат, ако мислат да се спасат и душата да им влезе во Царството Небесно. Но тие не можат веднаш да го усвојат целото правило, туку најнапред нека постат во среда и во петок, во првата и во последната недела од постот, а потоа со текот на времето ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат полното правило, така што по некое време и тие ќе постат уредно... Освен тоа, почетникот најнапред може во посните дни да не јаде месо и маст, а да јаде сирење и јајца, така што со текот на времето ќе мине на целосен пост.“ („Правила и одредби на Право-славната Црква за постот“, Епископ Велички Гаврил Светогорец). Како што можеме да забе-лежиме, карактеристика на светите луѓе од Црквата е голема строгост спрема себеси и големо снисходење и милост спрема послабите браќа и сестри.

Телесниот пост е неразделно поврзан со духовниот пост. Нема вистински пост без покајание и плач, без смирение, без молитва, без трпение, без љубов и милост кон ближните и без другите Свети Добродетели. Од телесниот пост духовниот отец, како што видовме, може да неразреши, но од духовниот пост - никој, па дури ни ангел од небото. Затоа, телесниот пост не е секогаш неопходен како подготовка за Света Причест, додека пак, духовниот е неопходен. Духовниот пост е самата суштина на христијанското живеење и постоење во Црквата. Сепак и телесниот пост многу го помага духовниот. На пример, многу помага за да се вежбаме во трпение, смирение и молитва, да владее во нас дух на покајание, а покрај тоа, од она што би го заштедиле постејќи, можеме да им дадеме милост и помош на сиромасите. Кога вака правилно би се разбрал постот, веруваме дека не би постоел христијанин кој би можел да се оправда ако не го држи постот.1

Оние пак, што побожно и редовно го запазуваат постот, секогаш треба да го почувствуваат како подготовка за Света Причест со Телото и Крвта Христови.

(извадок од Посланието „За постот, за молитвата, за исповедта и за Светата Причест“, од книгата „Слово од Елеуса“)



'64. Апостолско правило одШестиот Вселенски Собор:

Ако некој клирик се најде дека пости во ден Господов (не-дела) или во сабота, освен во едната (Великата) сабота, да би-де расчинет; а ако е мирјанин да биде одлачен.

69. Апостолско правило одШестиот Вселенски Собор:

Ако некој епископ, презвитер, ѓакон, ипоѓакон, чтец или пе-вец не пости во Светата Четириесетница или во среда и петок, освен кога за тоа му пречи телесна немоќ, нека биде расчинет, а мирјанин да биде одлачен


Изменето од чаир - 19.Февруари.2007 во 09:31
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 09:34
Во Великиот пост се служи од посебна литургиска книга - Посен триод. Тој е составен од химни и библиски читања за секој ден од постот, почнувајќи од Неделата на митарот и фарисејот па се до вечерната на Велика сабота. Химните од Триодот биле во голема мера составени по фактичкото исчезнување на огласените (т.е. на оние што се крштевале возрасни, а со тоа и на неопходните подготовки за крштение). Затоа во нив главниот акцент е ставен не на крштението, туку на покајанието. За жал, денес е многу мал бројот на луѓето што ја знаат убавината и длабочината на тие великопосни служби. Непознавањето на Триодот е главна причина што во христијанското сознание постепено престанала да се сфаќа смислата и значењето на Великиот пост и што тој се сведувал на јуридичка „должност" и на низа диететски прописи. Вистинското вдахновение и призив на Великиот пост денес се речиси загубени и едниствената можност повторно да ги задобиеме се состои во внимателното слушање на химните од Триодот.
Да обратиме внимание на тоа колку често во стихирите ние слушаме предупредување токму против „формалното", а според тоа и лицемерно поимање на постот. Веќе во средата, во Месопусната недела слушаме:
Напразно се радуваш душо моја, што се воздржуваш од храна, а од страсти не си се очистила. Зашто, ако во тебе нема желба за поправање, како лажлива, презрена ќе бидеш од Бога, и ќе бидеш израмнета со демонот што никогаш не јаде, ако продолжиш да грешиш, твојот пост ќе биде бесполезен; Затоа непоклебливо стој наспроти бесловесните стремежи, како да стоиш пред распнатиот Спасител, подготвен да се сораспнеш со Оној Кој заради тебе се распна.
И уште еднаш, во средата од четвртата недела слушаме:
Оние што се жедни за духовни дарови, добрите дела ги вршат тајно, не разгласувајќи ги по плоштадите и раскрсниците, туку во длабочините на срцето ги носат, и Оној што гледа се што е сторено во тајност, награда за воздржанието ќе ни даде.
Да постиме, не со нажалени лица, туку во одаите на душите наши молејќи се, непрестано да повикуваме: Оче наш, Кој си на небесата, не воведувај не во искушение туку избави не од лукавиот.
Во текот на целиот пост во химните се подвлекува спротивноста помеѓу смиреноста на митарот и самовалбата на фарисејот и се осудува лицемерноста. Во што се состои вистинскиот пост? Триодот одговара: пред се во внатрешното очистување:
Да постиме, верни, од пропадлива храна и погубни страсти, та од Божествениот крст живот да здобиеме и со благоразумниот разбојник, кон изворната татковина да се вратиме.
А исто така и враќање кон љубовта, што е всушност борба против „скршениот живот", против омразата, несправедливоста и зависта:
Постејќи телесно, браќа, да постиме и духовно! Да ја разврземе секоја врска со неправдата, да ги раскинеме препреките кон потребните промени и секој список на гревови да го скинеме, на гладните леб да им дадеме и бедните и бездомни во домот да ги примиме, Та да добиеме од Хрисгпа Бога голема милост.
Придете верни, во светлост да ги вршиме делата Божји. Како дење да одиме благообразно. Секое неправедно обвинување кон ближниот да го отфрлиме, и да не скршнуваме од патот нему на соблазна. Даја оставиме сладострасноста на плотта, да возрастеме во даровите на душата, да им дадеме леб на оние што им треба и да пристапиме кон Христа во покајание повикувајќи:
Боже наш, помилуј не!
Додека ги слушаме овие стихири, ние сме многу далеку од фарисејското поимање на постот, коешто денес превладува и има исклучително негативен однос кон постот, како кон некоја неудобност којашто, доколку ја прифатиме доброволно ќе ни донесе „награда" и „добар углед пред лицето Божјо". Многумина ја прифатиле идејата дека Великот пост е време кога е забрането нешто што инаку само по себе е добро. Како Бог да наоѓа задоволство во тоа што ќе не измачува. За творците на великопосните стихири постот е нешто сосема спротивно од тоа: тоа е враќање кон нормалниот живот, кон честитоста што Адам и Ева ја нарушија допуштајќи на тој начин страданија и смрт во светот. Затоа Великиот пост се поздравува како духовна пролет, како време на радост и светлост:
Забелеска пролетта на постот, цветот на покајанието... Завештанието на постот сорадост да го примиме!
Ако праотецот наш (Адам) постот го сочуваше, Едемскиот пад немаше да го примиме...
Времето на постот е радосно, затоа, обилно наситувајќи се со блескава чистота и љубов беспрекорна, со молитви светлозарни и со секоја друга добродетел, весело да зпееме...
Само оние што се „радуваат во Господа" и за коишто Христос и Неговото царство се највисока желба и радост на нивниот живот, се способни со радост да ја прифатат борбата против злото и гревот и да учествуваат во конечната победа над нив. Ете зошто, меѓу разните видови светост, за време на великопсните богослужби ние се обраќаме токму кон мачениците и ги прославуваме во стихирите посветени на нив. Затоа што мачениците Го претпочитале Христа над се друго на светот вклучувјќи го и сопствениот живот. Тие толку се радувале во Христа што можеле, како и св. Игнатиј Антиохиски, да кажат: Дури сега почнувам да живеам... Тие се сведоци на Царството Божјо, затоа што само оној што ја видел и што ја вкусил неговата сладост, е способен за толку висок самозаборав. Тие се наши сопатници, наши вдаховители за време на Великиот пост, којшто за нас е време на борба за востановување на божественото небесното и вечното начело во нашите души.
Еднодушно, и со поглед единствен, сестрадални маченици, единствен пат кон животот вие најдовте - смрт заради Христа.
Облекувајќи се со оклопот на вистината и со образот на крстот вооружувајќи се себеси, моќни воини се покажавте, на мачителите храбро противејќи им се; ѓаволската прелест ја уништивте и како победници со венци се удостоивте: Молете Му се на Христа Бога за нас, да бидат спасени нашите души.



Во текот на четириесет дена, крстот Господен, Неговото воскресение и светлата радост на Пасхата, се главана тема на сите великопосни пеења и постојано напомнување на тоа дека колку и да е тежок и тесен патот, тој на крајот води кон трпезата Христова и во Неговото Царство. Како што веќе реков, очекувањето и предвкусувањето на пасхалната радост провејува низ целиот пост и на великопосниот подвиг му придава вистинска смисла.
Сакајќи со божествената Пасха да се причестиме ... да го продолжиме постот кој ни дава победа над ѓаволот... и да и се приопштиме на најсвештената Христова Пасха.
Посниот триод - непозната и занемарена книга! А кога само би знаеле дека во неа можеме да најдеме препород и повторно да го пронајдеме не само духот на Великиот пост туку и на сето православие, на неговата „пасхална" претстава за животот, за смртта и за вечноста.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 09:36

ЗА ПОСТОТ


Св. Игнатиј Брјанчанинов







 
Милосрдниот Бог, преку Своите свети апостоли и преку светите отци, светители и учители на црквата, востановил различни подвизи спасоносни за душата, меѓу кои е и постот, со кој се врзува и се скротува нашето тело. Главата на сите добродетели е – молитвата, а нивниот темел е – постот. Постот е постојана умереност во јадењето со разумна строгост.
Горд човеку! Ти со твојот ум толку многу и толку високо фантазираш, а тој е– во целосна и постојана зависност од желудецот! Законот за постот, бидејќи е надворешен закон за стомакот, всушност е закон за умот.
Умот, тој цар во човекот, доколку сака да го оствари своето право на власт и да го запази, должен е, пред сe, да му се покори на законот на постот. Дури тогаш постојано ќе биде бодар и светол; дури тогаш ќе може да господари над желбите на срцето и на телото; дури тогаш ќе може, со постојана трезвеност, да ги изучува евангелските заповеди и да ги следи.
На штотуку создадениот човек, внесен во рајот, му била дадена само една заповед – заповед за постот. Една единствена заповед била дадена затоа што таа била доволна првосоздадениот човек за ја запази својата непорочност. Таа заповед не се однесувала на количеството на храната, туку забранувала одреден нејзин вид.
Заповедта за постот, којашто на човекот во рајот му ја објавил Бог, е толку важна што, заедно со неа, е изречена и заканата со казна за случај таа да биде прекршена. Казната се состоела од вечната смрт за човекот. И денес гревовната смрт продолжува да ги погодува оние што ја нарушуваат светата заповед за постот. Оној кој нема да ја запази умереноста и потребната разумност во однос на храната, не може да го скроти гневот, се препушта на мрзливост, на унинија и тагување, станува слуга на суетата и пребивалиште на гордоста којашто во човекот ја воведува неговата плотска состојба, а која најмногу се јавува поради раскошот и изобилството на трпезата.
Заповедта на постот ја возобновило и ја потврдило Евангелието. Само пазете се: вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство (Лука 21:34) – е Господово завештание. Прејадувањето и претераното пиење му носат отежнување не само на телото, туку и на умот и на срцето, односно го воведуваат човекот со душата и со телото во плотска состојба.
Напротив, постот го воведува христијанинот во духовна состојба. Оној што е очистен со постот – смирен е со духот, целомудрен, скромен, молчалив, чувствителен, со убави чувства во срцето и во мислите, лесен е со телото, способен е за духовни подвизи и за созерцување, способен е да ги прима Божјите благодати.
Телесниот човек во целост е потонат во гревовни наслади. Тој е сладострасен и по телото и по срцето и по умот, и не е способен не само за духовните наслади и за примањето на Божествената благодат, туку и за покајание. Тој е наполно неспособен за духовни дела: прикован е за земјата, потонат во материјалноста, уште во текот на животот е – мртов со душата.
Тешко вам, преситени сега, оти ќе огладните (Лука 6:25). Ова им го кажува Словото Божјо на оние што ја нарушуваат заповедта на светиот пост. Со што ќе се храните во вечноста, кога тука сте се научиле само да се прејадувате и да се насладувате со материјалното, со нешта коишто ги нема на небото? Со што ќе се храните во вечноста кога не сте вкусиле ниту едно небесно добро? Како можете да се храните и да се насладувате со небесни добра, кога не сте ги засакале, туку ви се омрзнати?
Насушниот леб за христијаните е – Христос. Постојаното јадење на тој леб – тоа е спасоносната наслада на која се повикани сите христијани. Храни се постојано со Словото Божјо; храни се постојано со исполнување на заповедите Христови.
„Од каде да започнеме – прашува св. Макариј Велики – ние кои никогаш не сме се занимавале со истражување на нашите срца? Стоејќи надвор, да чукаме со пост и со молитва, како што заповедал Господ: чукајте и ќе ви се отвори (Матеј 7:7)." Овој подвиг, што ни го предлага еден од најголемите учители на монаштвото, бил подвиг на светите апостоли. Преку тој подвиг тие се удостоиле да ја чујат објавата на Светиот Дух. Кога Му служеа на Господа и постеа, Духот Свети рече: „Одвојте ми го Варнава и Савла за дело, за кое ги повикав!" Тогаш тие, откако постеа и се помолија, положија раце над нив и ги пуштија (Дела 13:2-3). Од подвигот во кој биле соединети постот и молитвата, се слушнала заповедта на Духот за призивот на незнабошците во христијанство!
Какво чудесно соединување на постот и на молитвата! Молитвата е немоќна ако не се темели на постот, а постот е бесплоден ако врз него не почива молитвата.
Постот го ослободува човекот од телесните страсти, а молитвата се бори со душевните страсти, и кога ќе ги победи, го пронижува сето устројство на човекот и го очистува; во очистениот словесен храм таа го воведува Бога.
Оној што нема да ја обработи земјата и нема да ја насади, ќе го изгуби семето и наместо пченица, ќе жнее трње. Така и ние, ако го сееме семето на молитвата а не го истенчиме телото, наместо правда, ќе го донесеме гревот како плод. Молитвата ќе биде уништена и развеана со различни суетни и други помисли и фантазирања, ќе се онечисти со сладострасни чувства. Нашето тело произлезе од земја и, ако не биде обработено како земја, никогаш нема да може да го донесе плодот на правдата.
Но, ако некој со голема грижа ја обработува земјата, но ја остави непосеана, неа ќе ја прекрие коров. Така, кога телото ќе се истенчи со пост, а душата не се обработува со молитва, со читање и со смирена мудрост, постот ќе стане родител на најразлични корови – душевни страсти: гордост, суета, презир.
Што е тоа страст за прејадување и пијанство? Откако ќе ја загуби својата правилност, природната желба за храна и за пиење бара многу поголемо количество и разновидност на својствата на храната одошто е потребно за одржување на животот и на телесната сила, на кои претераното земање храна штетно влијае, ослабнувајќи ги и уништувајќи ги.
Желбата за храна се исправа со едноставна трпеза и со воздржување од прејадување и од насладување со храна. Прво треба да се напушти прејадувањето и насладувањето: со тоа желбата за храна се исправа и станува правилна. Кога, пак, желбата ќе стане правилна – таа се задоволува со едноставна храна.
Напротив, желбата за храна која се задоволува со прејадување и со насладување, постепено отапува. За да ја поттикнеме, користиме различни вкусни јадења и пијалоци. Желбата прво изгледа како да е задоволена, потоа бара повеќе, за да се претвори во болна страст којашто бара постојана наслада и прејадување, останувајќи постојано незадоволена.
Ако имаме намера да му се посветиме на служењето на Бога, во темелот на нашиот подвиг треба да го положиме постот. Главното својство на секој темел треба да биде неговата непопустлива цврстина, инаку е невозможно зданието да опстане врз него, колку и да е самото тоа цврсто. И ние никако, никогаш и под никаков изговор не смееме да дозволием да го нарушиме постот со прејадување, а особено не со опивање.
За најдобар пост светите отци го сметале земањето храна еднаш дневно, но не до заситување. Таквиот пост не го заслабнува телото, и не го отежнува со претерана храна, туку го чува способно за дејствување спасоносно за душата. Таквиот пост не претставува нешто особено, и затоа оној што пости нема причина да гордост кон која човекот толку многу е склон кога се работи за добродетелите, особено ако таа силно се истакнува.
Кој се занимава со физичка работа, или е телесно слаб, така што не може да се задоволи со земањето храна еднаш дневно, треба да јаде двапати. Постот е заради човекот, а не човекот заради постот.
Но, при секое земање храна, било да е тоа ретко или често, прејадувањето е строго забрането: тоа човекот го прави неспособен за духовни подвизи, и им ја отвора вратата за други телесни страсти.
Светите отци не го одобруваат неумерениот пост, односно долготрајно непотребно воздржување од јадење: од прекумерно воздржување и истоштеност, до која доаѓа притоа, човекот станува неспособен за духовни подвизи, често се свртува кон прејадување, често паѓа во страст на самоиздигање и во гордост.
Мошне важен е и квалитетот на храната. Забранетиот рајски плод, макар што навидум бил убав и вкусен, делувал погубно врз душата: тој и го соопштил познавањето на доброто и на злото, а со тоа ја уништил непорочноста во која биле создадени нашите претци.
И денес храната продолжува силно да дејствува врз душата, што особено може да се забележи при пиењето вино. Таквото дејство на храната се заснова на нејзиното различно дејство врз телото и крвта и на испарувањата што од желудецот се издигаат во мозокот и влијаат врз умот. Затоа сите опојни напитоци, особено од житарици, се забранети за подвижникот, зашто го лишуваат умот од трезвеност а со тоа и од победата во духовната борба. Умот што е победен, особено со сладострасни помисли, насладувајќи се со нив, се лишува од духовната благодат; тоа што е стекнато со многубројни и долготрајни напори се губи за неколку мига.
Силната храна треба да се елиминира од трпезата на подвижникот, зашто ги поттикнува телесните страсти. Најприродна храна е онаа што Творецот им ја одредил на луѓето веднаш по создавањето – храната од растителното царство. Бог им рекол на нашите прататковци: Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целат аземја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна! (1 Мојсеева 1:29). Дури по потопот е дозволено користењето месо (1 Мојсеева 9:3).
Растителната храна е најдобра за подвижникот. При користењето на оваа храна најлесно се чува чистотата и бодроста на умот, а со тоа и власта на умот над целиот човек; при употреба на оваа храна страстите дејствуваат послабо и човекот е поспособен да се занимава со подвизи на побожност.
Јадењата од риба, особено ако се подготвени од крупна морска риба, веќе имаат сосема други својства: тие забележително дејствуваат врз мозокот, телото се здебелува, крвта се распалува, а желудецот се исполнува со штетни слузни материи, особено при често или постојано користење.
Овој ефект е неспоредливо посилен кога се користат јадења од месо: тие до крајност го здебелуваат телото, а ја разгоруваат и крвта. Затоа монасите оваа храна воопшто не ја користат; таа им припаѓа на луѓето што живеат во светот и постојано се занимаваат со тешки телесни работи. Но, и за нив постојаното користење на ваква храна е штетно.
„Како! – ќе извика тука божемниот мудрец – Бог на луѓето им дозволил да јадат месо, а вие го забранувате тоа?" На нив ќе им одговориме преку зборовите на апостолот: Сe ми е позволено, но не е сe полезно; сe ми е позволено, но не е сe за поука. Ние се воздржуваме од јадење месо не затоа што го сметаме за нечисто, туку затоа што тоа го оптеретува целиот организам, попречувајќи го духовниот напредок.
Во своите мудри одредби, светата Црква на христијаните што живеат во светот им дозволила употреба на месо, но не постојано, туку определила време кога можеме да јадеме месо, и време кога треба да се воздржува од него, односно кога христијанинот се очистува од последиците од неговата употреба. Таквиот плод на постот може да го види секој што се придржува до него.
Правилата на постот Црквата ги востановила со цел да им помогне на своите чеда, и како раководство на целото христијанско општество. Притоа, на секого му е препорачано, со помош на искусен и мудар духовен отец, да се испита себеси и да не започне пост кој ги надминува неговите сили: зашто, повторувам, постот е заради човекот, а не човекот заради постот; храната е дадена како поткрепа на телото, а не за негово разурнување.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 09:37
Originally posted by чаир чаир напиша:

 


'64. Апостолско правило одШестиот Вселенски Собор:

Ако некој клирик се најде дека пости во ден Господов (не-дела) или во сабота, освен во едната (Великата) сабота, да би-де расчинет; а ако е мирјанин да биде одлачен.

69. Апостолско правило одШестиот Вселенски Собор:

Ако некој епископ, презвитер, ѓакон, ипоѓакон, чтец или пе-вец не пости во Светата Четириесетница или во среда и петок, освен кога за тоа му пречи телесна немоќ, нека биде расчинет, а мирјанин да биде одлачен


Е токму за вакви правила, кои ќе се сложите повеќе наликуваат на фарисејската лицемерна грижа за надворешноста, а не за внатрешноста, зборував кога реков дека духовноста на постот не треба да биде замрачена од вакви измислици и бесмислици...

Христос постеше, и не гледаше дали е Среда, Петок, Сабота или Недела, туку со тоа се фокусираше врз својата служба и врз близината со Отецот. Тоа, најнакрај,  е и целта на постот...
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 10:30
 да разјасниме некој работи
Црквата го востановила постот во чест на Господ Исус Христос Кој постел додека бил искушуван од ѓаволот а за тоа кој ден во неделата е морсен или посен е во соодност со тоа на кого му е посветен

ПОНЕДЕЛНИК - е посветен на ангелите и насите бестелесни сили

ВТОРНИК - е на Свети Јован Крстител
СРЕДА - е на Чесниот Крет Христов
ЧЕТВРТОК - е на Свети Никола
ПЕТОК - е на  Чесниот крст Христов
САБОТА - е ден на мртвите
НЕДЕЛА - ДЕН НА ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО (ВЕЛИГДЕН)

се  пости во среда и петок во чест на Христовиот крст за да се потсеќаме на страданијата кои Христос ги претрпел за нас на крстот

во понеделник постат монасите зошто тие на земјата имаа ангелски облик (лице)
Сабота не се пости освен таа пред Велигден - Велика Сабота

69. Апостолско правило одШестиот Вселенски Собор:

Ако некој епископ, презвитер, ѓакон, ипоѓакон, чтец или пе-вец не пости во Светата Четириесетница или во среда и петок, освен кога за тоа му пречи телесна немоќ, нека биде расчинет, а мирјанин да биде одлачен
црквата им разрешува полесен пост на сите кои не можат да го испостат постот по типик (според правилото)
каде е тука лицемерието
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 10:44
Па баш за тоа и зборувам... Како може да се подели седмицата во ваков измислен распоред? Кој го измислил? Зошто? Има ли било каква поврзаност со тоа што значел постот во библиско време?

Се плашам дека нема. Зошто? Затоа што не може постот никогаш да биде „пропишан“, или наметнат, во било каква смисла. Постот во сите библиски искуства е духовно искуство, наметнат не од ништо друго туку од сопствената желба за духовно доближување до Бог.

Затоа во Св. Писмо НИКАДЕ немаме вакво или слично искуство: да се пости овој или оној ден. Напротив, Христос правеше тоа што според фарисејските свештенички редови беше ЗАБРАНЕТО да се прави во сабота. Се мислам дека Христос и денес би го направил тоа што е ЗАБРАНЕТО од новите фарисеи, за да го истакне духовното...
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 11:44
@чаир

Што докажа со својот последен пост, ако не токму тоа што јас го зборував?

Не може духовното да се сведе на механика. А целосна бесмислена механика е да се пости во среда и петок, но не во сабота, или недела, или да се пости пред овој или оној празник. Библискиот Пост е пост СЕКОГАШ кога ти е потребно духовно оснажување. Тоа е желба на срцето, а не пропис на лицата во одори...
Кон врв
begu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај begu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 14:25
Да треба да се пости. Постот е задолжителен и даден од господа во секоја вера, но се разликува во формалното. Духовното би требало да е исто за сите .
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 14:40
ме интересира зошто кај муслиманите постот е само до одреден час од денот , а потоа е дозволено секакво јадење, и дали се дозволени и телесни активности меѓу сопружниците?

Изменето од ACELERA - 19.Февруари.2007 во 14:40
Кон врв
begu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај begu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 14:44
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

ме интересира зошто кај муслиманите постот е само до одреден час од денот , а потоа е дозволено секакво јадење, и дали се дозволени и телесни активности меѓу сопружниците?


Додека трае во тоа одредено време на денот, не се дозволени никави телесни активности меѓу сопружниците. После тој период да.
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2007 во 14:47
немој погрешно да ме разбереш, но тоа ми личи повеќе на воздржување...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 50>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.