IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРОЛОГ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРОЛОГ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 16>
Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:15

РАСУДУВАЊЕ

            Милосрдието отсекогаш било одлика на вистинските пастири на Христовото стадо. Св. Јован Златоуст во своите славни беседи ништо толку силно не нагласувал и не фалел како милосрдието. Св. Јован Милостиви, патријарх Александриски, плачел секој ден кога немал можност да пружи некому милостиња. Свети Павлин е заслужено наречен Милостив бидејќи навистина бил милостив во полна христијанска смисла на тој збор. Еднаш, кога Вандалите го плениле Нол, истовремено повеле многу луѓе во ропство. Некоја вдовица, чиј единствен син го зел вандалскиот кнез Рига во ропство дошла кај својот епископ и плачејќи му побарала пари за да го плати откупот на својот син. Немајќи од никаде ништо, Павлин се облекол во облека на прост човек и ‘и рекол на вдовицата да го одведе него кај кнезот и да го предаде во замена за нејзиниот син. Кнезот го пуштил синот на вдовицата и го зел Павлин, па го одвел во Африка каде што Павлин му служел како бавчанџија сé додека по промисла Божја не бил ослободен и вратен со останатите робови назад во Нол.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

            Мисловно да Го видам Господа Исуса како исцелител, и тоа:

            1. како исцелител на телесните болести;

            2. како исцелител на лошите духови и на обземените;

            3. како исцелител на духот и на умот човечки со светлината на божествената наука;

            4. како мој сопствен исцелител од сите маки и зла.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:16

БЕСЕДА

за ангелската состојба на светителите

Но оние, што ќе се удостојат да го добијат оној свет... и да умрат веќе не можат, бидејќи се еднакви со ангелите... (Лк. 20:3536).

            Така вели Оној Кој знае, Кој видел и Кој не може да се прелаже. Зошто повеќе да се сомневаме, браќа? Ова сведоштво е појасно од летното пладне, поцврсто е од дијамант и подрагоцено е од сите блага на овој свет, а тоа е сведоштво дека оние кои ќе се удостојат за оној свет и воскресението повеќе не можат да умрат, туку се бесмртни како Божјите ангели.

            А какви се ангелите? Тоа се истите ангели кои се јавувале во времето на Аврам и им помагале на луѓето тие истите и денес се јавуваат и помагаат. Не умреле туку се живи; и не остареле туку се млади. Тие истите го гледале Адама во Рајот и ќе го гледаат последното воскресение, судот и царството на светителите.

            Слични на ангелите се праведниците. Апостолите и пророците, светителите и мачениците живеат и денес и ќе живеат вечно и повеќе не можат да умрат. Стотина и илјади години поминуваат, но тие повеќе ниту умираат ниту стареат, туку се како ангели.

            Дека праведниците ќе бидат вечни во бесмртност, тоа и Господ со горните зборови го посведочил и со Своето воскресение го покажал, а преку прославените светители го докажал.

            О браќа мои, да се разбудиме и да се потрудиме за да се удостоиме да го добиеме оној блажен свет!

            О Господи, воскреснат и бесмртен, помогни ни да се удостоиме за Твоето бесмртно царство во кое Ти царуваш со ангелите и со Твоите светители во вечни векови. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:17

24 ЈАНУАРИ/6 ФЕВРУАРИ 

            1. Преп. Ксенија Римјанка. Родена е во Рим како единствена ќерка на познат сенатор. Привлечена со љубовта Христова, не сакала да стапи во брак како што сакале нејзините родители, туку, за да го избегне тоа, тајно побегнала од домот заедно со две слугинки и дошла на островот Коа, во местото Милас каде што основала манастир на девици и каде што се подвизувала до смртта. Иако била слаба жена, сепак имала машка издржливост во постот, молитвите и бдението. Честопати по цела ноќ стоела на молитва; била облечена најбедно од сите сестри, а на лебот што го јадела честопати сипувала пепел од кадилницата. Во часот на нејзината смрт (+ 450 година), се појавил чуден знак над манастирот: венец од ѕвезди со крст во средината посјаен од Сонцето. Од нејзините мошти многу болни добиле исцеление. Нејзините робинки во сé го следеле примерот на својата игуманија и кога умреле, биле сохранети, по своја желба, кај нозете на блажена Ксенија.

            2. Св. мч. Вавила, свештеник во Сицилија. Пострадал за Христа со двајца свои ученици во ИИИ век.

            3. Преп. Македониј, сириски пустиник. Дури во староста се хранел со печен леб, а пред тоа јадел само зрна од јачмен натопени во вода. Земниот живот го завршил во 418 година.

            4. Преп. Филон, еп. Кипарски.  Посветен за епископ од св. Епифаниј кога овој бил повикан во Рим со молитва да ‘и помогне на сестрата на царот Хонориј. Го протолкувал Петтокнижието и Песната над песните. Се упокоил мирно во В век.

            5. Преп. Дионисиј Олимписки, чудотворец. Се подвизувал на Олимп. За монах бил потстрижен во Света Гора, каде што бил игумен на Филотеевскиот манастир. Пред крајот на животот, пак се повлекол во самотија на Олимп каде што и се упокоил во XVI век.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:22

РАСУДУВАЊЕ

            Во наши дни честопати се слуша од родителите: 'Сакаме да го осигураме животот на нашето дете!" Затоа се трудат со преголем труд, натрупуваат богатство, честопати и неправедно го образуваат своето дете за оној позив што донесува најмногу телесна сигурност и материјална корист. И тоа го прават таканаречени христијани. Тие тоа го прават затоа што нивниот поим за вистинскиот живот и за вистинското осигурување на животот е погрешен. А еве како вистинската христијанка го подготвува својот син за вистинскиот живот: пред смртта, блажена Ефросинија му велела на својот син Климент Анкирски: 'Направи ми чест, о сине мој, и мажествено застани зад Христа и исповедај Го крепко и непоколебливо! Јас се надевам, о срце мое, дека на тебе скоро ќе расцути венецот на мачеништвото и во моја чест, и за спасение на многумина... Не плаши се ниту на закана, ниту на меч, ниту на рани, ни на оган. Ништо да не те оддвојува од Христа, но гледај кон небото и оттаму очекувај голема, вечна и богата награда од Бога. Плаши се од Божјото величие, плаши се од Неговиот суд, трепери од Неговото севидливо око, бидејќи оние кои ќе се одречат од Него ќе примат неугаслив оган и неуништив црв. Ова нека ми биде награда од тебе, сине мој сладок, за моите породилни маки и трудот околу твоето воспитување - да се наречам мајка на маченикот... Крвта што ја прими од мене, не штеди ја туку  пролеј ја, та од тоа и јас да примам почест. Подади го телото на маки, од тоа и јас да се зарадувам пред нашиот Господ како и јас да сум пострадала за Него!"

 

СОЗЕРЦАНИЕ

            Да размислувам за Господа Исуса како учител, и тоа:

            1. како учител Кој учи како човекот треба да мисли за да се спаси;

            2. како учител Кој учи како човекот треба да зборува за да се спаси;

            3. како учител Кој учи како човекот треба да делува за да се спаси.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:23

БЕСЕДА

за највидовитиот Пророк

Зошто мислите лошо во срцата ваши (Мт. 9:4)?

            Кога Господ посакал да ги укори фарисеите и книжниците, овие во тој час никого не убиле, ниту прелажале, ниту ограбиле. И не само тоа, туку во тој час тие никого со збор не го навредиле. Зошто, тогаш, Господ ги укорил кога тие не направиле ниеден грев, ни со дело ни со збор? Затоа што помислиле зло.

            И злобната помисла е грев. Тоа е голема новина што Христос ја донесол во светот. Заправо, злобната помисла е изворен грев за секој грев, бидејќи човекот пред да каже или да направи нешто грешно, тој помислува грешно. Помислата е причински грев, останатите гревови се само следствени гревови. Кој сака да ги уништи овие другите, мора да ги искорени овие првите. Кој сака да ги запре тековите на водите, мора првин да ги исуши изворите. Никој нека не се оправдува: јас не сум грешен бидејќи никого не сум убил, ниту сум украл, ниту сум осквернил, ниту измамил. Гледај, ние сме полни со убиствени, крадачки, скверни и измамнички помисли! Ако со дело не сме направиле грев, тоа е само работа на милоста Божја и надворешните прилики. Ако Бог попуштил или пак приликите одговорале, ние би ги направиле сите оние гревови што сме ги помислиле. Змијата не е отровна само кога каснува, туку и кога не каса, бидејќи таа носи отров во себе.

            Значи, не само што помислата е грев, туку таа е извор на гревот, почеток на гревот, семе и корен на гревот. Ете зошто Господ, Кој сé гледа и сé знае, ги укорил оние кои помислиле зло. Зошто мислите лошо во срцата ваши?

            О Господи, Кој сé гледаш и сé знаеш, помогни ни да го исчистиме срцето и умот наш од лоши помисли, та така и зборовите и делата да ни бидат чисти. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:25

25 ЈАНУАРИ/7 ФЕВРУАРИ

            1. Св. Григориј Богослов архиеп. Цариградски. Роден е во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред крштавањето, учел во Атина заедно со Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Тој честопати му прорекувал на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, што и се случило. На Григориј посебно влијаела неговата мајка Нона. Кога го завршил своето образование, Григориј се крстил. Св. Василиј го ракоположил за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повикал на упразнетиот цариградски архиепископски престол. Составил многубројни дела, од кои најпознати му се тие од богословието, заради што е и наречен Богослов. Посебно му е познато, според длабочината, неговото дело  Беседи за Светата Троица. Уште пишувал против еретикот Македониј, кој погрешно учел за Светиот Дух (дека  Духот е творение Божјо) и против Аполинариј, кој погрешно учел дека Христос нема човечка душа, туку дека божеството му е душа. Исто така, пишувал против царот Јулијан Отстапник, својот некогашен соученик. Во 381 година, кога во  соборот настанала расправија околу неговиот избор за архиепископ, тој самиот се повлекол и изјавил: 'Не можат да нé лишат од Бога оние кои нé лишуваат од престолот”. Потоа го напуштил Цариград, отишол во Назијанз и таму поживеал во повлеченост, во молитва и пишување на корисни книги сé до смртта. Иако целиот живот бил со слабо здравје, сепак ја доживеал 80. година. Подоцна неговите мошти биле пренесени во Рим, а неговата глава се наоѓа во Успенскиот Собор, во Москва. Бил и останал големо и прекрасно светило на православната Црква, како по кроткост и чистота на карактерот, исто така и по ненадминливата длабочина на умот. Се упокоил во Господа во 390 година.

            2. Преп. Публиј. Најнапред бил сенатор, па запознавајќи ја Христовата светлина, ги оставил почестите, го раздал имотот на сиромашните и се предал на подвижнички живот во близина на својот град Зевгмат на Еуфрат. Основал два манастира и се упокоил во Господа во 380 година.

            3. Преп. Мар. Се одликувал со надворешна убавина и слаткопоен глас. Се повлекол од светот и проживеал во една колиба 37 години во пост, молитва и очистување на срцето од помисли. Како 90годишен старец се упокоил во Господа во 430 година.

            4. Св. мчца Фелицита и нејзините седум синови. Како христијанка, од царот Антонин, во 164 година, заедно со нејзините седум синови, била осудена на смрт. Се молела на Бога само да не ја погубат неа пред синовите за да може да ги охрабрува при мачењето и убивањето, та да не се одречат од Христа. Така и било според Божјото устројување. Оваа ненадмината мајка со радост ги испраќала еден по еден синовите додека не ги испратила сите седум и не ги видела погубени. Тогаш и таа со благодарност кон Бога ја примила маченичката смрт. Сите пострадале во Рим каде што им се наоѓаат и моштите.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:26

РАСУДУВАЊЕ

            Се лажат самите себеси оние кои самоуверено говорат дека добро ги познаваат луѓето и дека никој не може да ги измами. Кој може да го познае каков е духот во секој човек, освен единиот Бог Кој ги знае тајните на срцето? Дури и големите светители се мамеле за луѓето. Така, на пример, св. Василиј долго време го сметал еден лицемерен еретик за свет човек и го бранел од многу напаѓачи, додека најпосле и самиот не се уверил за неговата лажност и се разочарал горко. Св. Григориј Богослов покрстил некој филозоф, по име Максим, и толку го засакал што го држел во својот дом на својата трпеза. А тој, Максим, бил опак и лукав како змија. По извесно време, издејствувал со сплетки и со поткупување да биде од некои цариграѓани признаен за патријарх на местото на Григориј. Кога ова искушение, по големите неприлики било отстрането, некои го укорувале Григорија како можел кај себе да го чува најголемиот непријател? 'Не сме ние криви, одговорил светителот, ако не ја предвидиме злобата нечија. Единиот Бог ги знае внатрешните тајни на човекот. А нам ни е заповедано со законот, со татковска љубов да го отвораме срцето свое за секого кој ни доаѓа”. Незлобниот човек не може лесно да ја познае злобата кај злобниот.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

            Да размислувам за Господа Исуса како цар, и тоа:

            1. како господар над природата која Он ја скротува и си ја става Себеси на служба;

            2. како господар над демоните, болестите и над смртта;

            3. како господар над бесмртното царство на ангелите и светителите.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:28

БЕСЕДА

за тоа Кој е Христос

За кого Ме мислат луѓето (Мк. 8: 27).

            Еве, браќа, веќе се 2000 години од оној ден кога Господ Исус го поставил ова прашање на Своите ученици. Од тогаш, па до денес, ова прашање се поставува на секое човечко поколение, на секој бел ден и на секоја темна ноќ; и секое човечко поколение, и секој бел ден и секоја темна ноќ морале да дадат некој одговор на тоа прашање. Ова прашање е прашање на живот или смрт и одговорот на него е живоносен или смртоносен. Ти си Христос, Син на живиот Бог, одговорил свети апостол Петар. И тој одговор бил одобрен и пофален од Господа Исуса.

            Денес луѓето се прашуваат: 'Кој е Христос?" Едни зборуваат со Евреите дека Он е нарушувач на законот и самоповикан Месија. Други зборуваат со Пилата дека тие воопшто не можат да дојдат до вистината за тој човек. Трети велат со апостолите дека Он е Христос, Синот на живиот Бог, Спасител и Искупител на човечкиот род од гревот и смртта. Воскреснат и Воскреснувач, Жив и ¤ивотодавец. И ние сите, крстени во името на Светата Троица, се сложуваме со апостолите и со светата апостолска Црква, која со својот соборен глас така Го исповеда Христа Господа.

            О Господи, Сине Божји, единороден, помогни ни секој ден од нашиот живот со срце да Ти веруваме и да Те исповедаме со усните како наш Бог и  Спасител, како Божја сила и Божја Премудрост. На Тебе слава, и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2007 во 00:28

26 ЈАНУАРИ/8 ФЕВРУАРИ

            1. Преп. Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј. Угледни и богати цариграѓани, Ксенофонт и Марија живееле богоугоден живот и целото внимание го посветиле на христијанското воспитување на своите синови. Кога синовите им пораснале, ги испратиле на учење во Вирит (Бејрут), но се случило бура да го потопи бродот. Со Божја промисла, некако Јован и Аркадиј биле спасени и од брановите биле исфрлени на брегот, но на две различни места, така што секој мислел дека другиот се удавил. Од тага еден за друг тие двајцата се замонашиле во два различни манастири.  По две години, нивните нажалени родители дошле во Ерусалим на поклонение на светињите. Таму, со помош на видовитоста на еден духовник најнапред, се состанале браќата, а потоа и родителите со своите деца.  Од благодарност кон Бога, Ксенофонт и Марија го раздале сиот свој имот на сиромасите и тие двајцата се замонашиле. Чудесната историја на овие четири свети души јасно покажува како Господ на чуден начин раководи со судбината на оние кои веруваат во Него; како на нив им испраќа мака и жалост, за потоа, уште повеќе ојачани во верата да ги воведе во поголема радост. ¤ивееле и се упокоиле во Господа во V век.

            2. Преп.  Симеон Ветхи. Другар и пријател на св. Паладиј. Од рана младост, па до смртта се подвизувал во една пештера. Основал два манастира и се упокоил во Господа во 390 година. Ветхи или Стар се нарекува за разлика од Симеон Столпник, кој се подвизувал нешто подоцна.

            3. Св. Давид цар Грузиски (1089-1130). Ја обновил и ја зајакнал Грузија како држава. Како голем ревнител за христијанската вера, соѕидал многу нови храмови во Грузија, а старите ги поправил. Се смета за преродбеник на православната вера во Грузија.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2007 во 00:28

РАСУДУВАЊЕ

            Најголемо богатство на една држава се светите и добри луѓе кои живеат во неа. Споредено со тоа богатство секое друго богатство е ништо. Благочестивите христијански цареви светите луѓе во својата држава ги сметале за најголем Божји благослов. Св. цар Константин Велики велел: 'Му благодарам на Господа Исуса Христа затоа што во моите денови постојат три божествени светила: блажени авва Антониј, авва Елениј и авва Евхин”. Пред куликовската битка, пресудна за Русија, благочестивиот кнез Димитриј Донски заедно со поверениците и војводите отишол во Радонежската шума да го побара преподобниот Сергиј и да го замоли за негови молитви кон Бога. Иако кнезот ја подготвил војската за ослободителната војна против Татарите, некако поголема надеж полагал во молитвата на еден свет човек, отколку во многубројната војска и оружјето.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

            Да размислувам за Господа Исуса Христа како пророк, и тоа:

            1. како пророк Кој јасно им прорекол на поединци (како на Петар, Јован, Јуда и на останатите апостоли) тоа што ќе им се случи во иднина;

            2. како пророк Кој јасно ја прорекол иднината на Ерусалим и на некои други градови; на еврејскиот народ и на црквата Божја;

            3. како пророк Кој јасно го прорекол  крајот на светот и Своето второ доаѓање.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2007 во 00:29

БЕСЕДА

за недовербата на помрачените во грев

Кој е Овој што и гревови проштава (Лк. 7:49)?

            Така прашувале непокаените грешници: 'Кој е Овој?" Тоа е Оној Кој најмногу го чувствува бодилото на човечките гревови; на Кого паѓаат сите човечки гревови како шлаканици. Тоа е Оној Кој некогаш во Рајот го гледал безгрешниот човек; Оној Кој и го создал човекот безгрешен отсекогаш и засекогаш. Да прости може само оној кој може да се освети. Моќниот човек се осветува со освета, а немоќниот со омраза. Ако ти можеш да го вратиш нанесениот удар и да не возвратиш, тоа не значи уште дека си опростил сé додека не го искорнеш од срцето коренот на гневот. Велик е единиот Господ Кој може и да освети и да опрости; Велик е во правдата, бидејќи ќе се освети на непокајаниот грешник; Велик е во милоста, бидејќи ќе му опрости на покајникот.

            О кога луѓето би ја знаеле силата на опростувањето на гревовите! Гледај, кога на слепиот му се опростуваат гревовите, тој прогледува; на глувиот - тој почнува да слуша; на грбавиот - тој се исправа; на крвоточниот и тој оздравува; на безумниот - и тој се опаметува; на заробениот од ѓаволите - и тој се очистува; на мртвиот - и тој оживува!

            Но колку  е ужасен синџирот на гревовите! Какви тешки синџири  се безбројните гревови. Тие синџири не се разврзуваат со грешни раце. А кога раката на пречистиот Господ ќе ги допре, тие сами од себе се разврзуваат и се распаѓаат. И од погледот на Чистиот тие се распаѓаат. Да, дури и од помислата на Чистиот тие се распаѓаат - тие грозни синџири на гревовите.

            Кој е Овој што и гревови опростува? Тоа е, грешници, пречистиот Господ и заради чистотата, Семоќниот.

            Господи пречист и семоќен, ослободи нé од оковите на гревот. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2007 во 21:18

81 godina od ubistvoto na makedonksiot revolucioner Djorce Petrov

"DJORCE PETROV -- RAZUMOT NA MAKEDONIJA"

Makedonskoto osloboditelno delo, kako kauza za pretenzii na samostoen zivot i inicijativa za dejstvo, kako naroden ideal, ne im e po vkusot i zelbite na politikantite. Site tie, bez razlika na partii i ubeduvanja, se zanimavaat so nego do tolku dokolku toa moze da bide eksploatirano vo drzavnicki i politicki odnos ili pak za nekakvi licni bogatenja. Vo momentot koga toa bi pocnalo da pretstavuva od sebe nesto poseriozno, tie stanuvaat negovi smrtni neprijateli i besceremonijalni progonuvasi...

Denesnite upravnici na Bugarija, so svoeto drzenje po makedonskoto prasanje, uste poveke ne uveruvaat deka tie vo dusite svoi ne se razlikuvaat vo nisto od avstriskite, grckite i srpskite -- kako niv i tie gledaat na nasata zemja kako moznost za grabez.

Vo prvite dve decenii od izminatiot vek, predadeni ili ubieni od platenickite k*rsumi ke padnat istaknatite makedonski revolucioneri Goce Delcev, Dame Gruev, Nicola Karen, Hereto Zuni, Peer Toes, Djordji Sugared, a kaki najkrvava presmetka na vrhovizmot od Sofija e ubistvoto na Jane Sandanski. Na Petrov mu bese sudeno da gi nadzivee, no recisi vo celiot ovoj period se pletese mrezata okolu nego, za naskoro da se najde prv vo crnata serija politicki ubistva, sto gi organizira velikobugarskata reakcija, so pomos na platenickata i banditska, takanarecena "avtonomisticka VMRO" na Todor Aleksandrov i Aleksandar Protodjerov, ludje na carskiot sofiski dvor.

VO ZADNINATA...

....na ubistvoto na istaknatiot lider na makedonskoto revolucionerno dvizenje, Djorce Petrov, stojat i nastanite od pred i po Ilindenskoto vostanie. Petrov, koj zaedno so Delcev bese pretstavnik na Zadgranicnoto pretstavnistvo na Centralniot komitet na VMRO, se sprotivstavi na predvremenoto vostanie, a dejstvuvajki vo centarot na Bugarija, vo Sofija, si sozdade niza neprijateli. Borejki se i zalagajki se za makedonskoto osloboditelno delo, toj i kako ucesnik vo Ilindenskoto vostanie, no i so poznatata i slavna bitka kaj Canista, ke dokaze deka ne samo so pero, tuku i so oru`je v raka, mo`e da se bori za osloboduvawe i osamostojuvanje na porobena i rascerecena Makedonija.

So vakvite stavovi, toj prakticno ja iskazuvase kritikata od imeto na makedonskite revolucioneri, upatena do sanstefanskite ideali za golema Bugarija vo cii granici bi se nasla i Makedonija. A edinstvenata cel na vrhovizmot i na velikobugarskata reakcija, bese unistuvanje po sekoja cena, ne birajki sredstva, na sekoj onoj sto ke ja spomene avtonomnosta, posebnota i pravoto na makedonskata nacija za samoopredeluvanje i sopstvena drzavnost. Upornoto prisustvo na Djorce Petrov vo Bugarija, kade sto srede Sofija tvrdoglavo opstojuvase na napadite, proklamirase novi sredstva, a i nasocuvase novi moznosti za resavanje na prasanjata okolu celosno osloboduvanje na Makedonija go vodea direktno vo racete na platenite ubijci.

Vo stanot na polkovnikot Bebleskov vo Sofija se odrzaa zagovornickite sostanoci za edna cela serija politicki ubistva. Prv na spisokot bese Djorce Petrov. Organizatorite na ubistvoto na Petrov nemaa hrabrost sami da go storat toa, no sepak ne se otkazaa od svojata crna zamisla. Ubiec mora da se pronajde, po sekoja cena, pa makar i so izmama, kako sto se sluci.

Na denot na ubistvoto, 28 juni 1921 godina, Djorce trga vo kafeanceto "Marfi", kade sto se sostanuval so svoite drugari. Po razgovorite toj najrano od site go napusta drustvoto, bidejki e prinuden da se vrati doma vo ranite vecerni casovi, dodeka se uste ne e stemneto. Edinstvenata pricina za toa e narusenoto zdravje i slabiot vid, koj go tera na vreme da se pribere doma od sofiskite ulici. I taa vecer, trgnuva kon svojot emigrantski dom vo sofiskata ulica "Veslec", bez da pretcuvstvuva nesto tragicno za sebe. Kako i sekogas, zadlabocen vo razmisluvanjata za sudbinata na svojot narod, odi poleka i bez pridruzba. Vrakanjeto kon domot ke go prekrati podmolniot istrel vo grb na ubiecot. Po istrelot, Djorce smrtno pogoden pa|a na trotoarot. Sobranata tolpa znae koj lezi dolu, no isto taka, znae i koj go storil toa. Ubiecot, spored planot, bega panicno vo svoeto skrivaliste, bez da go naseti natamosniot razvoj na nastanite, odnosno svojot kraj.

Vesnikot "Mir", utredenta po ubistvoto na Djorce, vo nekrologot za eden od apostolite na makedonskoto revolucionerno dvizenje pisuva: "Posteden od revolucijata i revolucionernite borbi, ovoj kolos na makedonskoto dvizenje zagina vo prestolninata od zlostornickata raka za da ostavi na denesnoto pokolenie uste eden sram, a na idnoto uste edna zagadocna smrt!".

Ubistvoto na Djorce Petrov gi najavi godinite (1921-1934) na teror i politicki ubistva od strana na prodolzuvacite na vrhovistickoto delo, reakcionerite Todor Aleksandrov, Protogerov i Vanco Mihajlov, vo koi najteskiot danok go platija vistinskoto senarodno makedonsko osloboditelno i revolucionerno dvizenje i najznacajnite sinovi na Makedonija, glavno ilindenci i pripadnici na levicata.

POZNATIOT...

....bugarski publicist i prijatel na makedonskoto delo Anton Strasimirov, ke go narece Djorceta razumot na revolucionerna Makedonija.

Djorce Petrov e roden 1865 ili 1866 godina vo prilepskoto predgradie Varos, od roditelite Zlata Toskova, mestanka i doseleniot od Trojaci, Petre Nikolov. Mirnite godini vo negoviot ivot se vsusnost samo onie sto gi minuva vo rodnoto mesto, dodeka go izucuva osnovnoto obrazovanie. Se obiduva da se zapise vo gimnazija vo Sofija, medjutoa, bidejki ne e primen, se vraka nazad vo Prilep i vo prvo vreme ja prifaka bakalskata profesija na tatka si, no samo kako pomos, a nikako so namera da se zadrzi doma. Vo toj period se zapoznava so Dimitar Rizov, koj ke mu sugerira na Djorce da se zapise na skoluvanje vo gimnaziite vo Prilep i vo Bitola. Medjutoa, nabrzo se naodja vo sredinata na naprednata makedonska mladina vo Solunskata gimnazija, vo kolevkata na poznatite makedonski revolucioneri.

Vo 1885 godina, poradi ucestvo vo gimnaziskite buntovi e isklucen od Solunskata gimnazija. "Me nadusija deka pisuvam i slednata godina me lisija od stipendijata. Vo sesti klas, osven dopiskite, se zafativ da pisuvam i brosuri protiv Gimnazijata, po ugled na edna brosura od plovdivskata gimnazija. Sobirav materijali. Po edna slucajnost toj materijal popadna vo racete na direktorot", zapisal podocna Djorce vo svoite sekavanja.

Vo Makedonskata revolucionerna organizacija ke pristapi uste vo samite pocetoci, vo vremeto na nejzinoto osnovanje, vo 1894 godina. Dodeka bese ucitel vo Stip formirase revolucioerni grupi vo Bitola, Prilep, Ohrid, Krusevo, Kicevo, Resen, Lerinsko, Kostursko i Stipsko. Vo 1888 ostana bez rabota. Se vraboti povtorno esenta istata godina kako ucitel vo skopskata gimnazija. Vo Skopje ostana tri godini. Obvinet deka go poddrzuva mitropolitot Teodosij vo negovoto nastojuvanje da ja obnovi Ohridskata arhiepiskopija, bese premesten za ucitel vo Bitola, kade sto ostana pet godini. Vo Bitola se zaclenuva vo organizacijata, a tamu go osnova i ureduva vesnikot "Buntovnik". Na Solunskiot kongres na VMORO vo 1896 godina, nemu i na Goce Delcev im bese dovereno da go napisat Ustavot i Pravilnikot na organizacijata.

Iscelo se predava na revolucionernata borba i se do smrtta ke i ostane veren na opredelbata za drzavno-politicka samostojnost na Makedonija. "Makedonija po svoja inicijativa i po silata na svojot sopstven zivot, samata se oformi vo oddelna moralno-politicka edinica, so svoja specificna ideologija i so svoj politicki lozung - oblasna samouprava, koja nastojuvase da ja realizira so svoi sopstveni sili i sredstva", ke napise vo edna prilika ideologot na Organizacijata. Po formiranjeto na Vrhovniot komitet, Organizacijata go ispraka vo Sofija, kako nejzin zadgranicen pretstavnik so jasna zadaca da raboti na razjasnuvanjeto na nedorazbiranjata medju Komitetot i VMRO, no i da ne dojde do pogolemi konflikti medju niv. Ucesnik e so svojata ceta vo Ilindenskoto vostanie, i toa vo Prilepsko i vo Mariovsko.

Ucestvuva na Prilepskiot (1904), Strumickiot (1905) i Rilskiot kongres (1905). Za vreme na Balkanskite vojni i na Prvata svetska vojna raboti vo Ser, Bitola i Drama. Po Prvata svetska vojna, Djorce e eden od najavtoritetnite osnovaci na Vremenoto prestavitelstvo na obedinetata poranesna VMRO. Toj e potpisnik na Apelot od 9 mart 1919 godina, kako i na predupreduvanjeto do makedonskoto naselenie i makedonskata emigracija vo Bugarija od 15 mart istata godina.


MAKEDONIJA NA MAKEDONCITE!

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2007 во 01:22
Господ Бог нека и даде мир на неговата душа.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2007 во 01:30

27 ЈАНУАРИ/9 ФЕВРУАРИ

            1. Св. Јован Златоуст  - златна труба на православието. Споменот на ова светило на Црквата се празнува на 13 ноември и на 30 јануари, а на овој ден се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Коман (каде што како прогонет умрел) во Цариград каде што порано како патријарх управувал со Црквата. Кога се навршиле 30 години од неговата смрт, патријархот Прокл одржал говор во спомен на својот духовен отец и наставник, и со тој говор толку ја разгорел љубовта на народот и царот Теодосиј Помладиот кон големиот светител, што сите посакале Златоустовите мошти да се пренесат во Цариград. Се раскажува дека ковчегот со моштите никако не можеле да го поместат сé додека царот не му напишал писмо на Златоуст, молејќи го за прошкаидејќи мајката на Теодосиј, Евдоксија, била виновна за прогонството на светителот) и повикувајќи го да дојде во Цариград, некогашната своја резиденција. Кога ова покајничко писмо било положено на ковчегот, тој станал сосема лесен. При преносот, многу болни, кои се допреле до ковчегот, оздравеле. Кога моштите пристигнале во престолнината, тогаш царот повторно над моштите го молел светителот за прошка во името на својата мајка и тоа како таа сама од себе да говори: 'Додека живеев во привремен живот, штета ти направив, а сега кога ти живееш бесмртен живот, биди корисен на мојата душа. Мојата слава помина и ништо не ми помогна; помогни ми, ти, оче, во твојата слава, помогни ми пред да бидам осудена на Судот Христов!" Кога светителот бил внесен во црквата на светите апостоли и поставен на патријаршискиот престол, тогаш масата од народ ги слушнала од уста неговите зборови: 'Мир на сите!" Преносот на моштите на св. Јован Златоуст е извршен во 438 година.

            2. Преп. Тит Печерски. Прво бил војник, па кога во некоја борба бил ранет во главата, тој се повлекол во печерскиот манастир каде што оздравел и го примил монаштвото. Времето го поминувал во непрестајно оплакување на своите поранешни гревови. Пред смртта, преку некоја небесна појава бил известен дека сите гревови му биле опростени. Неговите мошти почиваат во Теодосиевите пештери.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.