|
ПРОЛОГ |
Внеси реплика | страница <1 7891011 16> |
Автор | |
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАСУДУВАЊЕ
Милосрдието отсекогаш било одлика на вистинските пастири на Христовото стадо. Св. Јован Златоуст во своите славни беседи ништо толку силно не нагласувал и не фалел
како
милосрдието.
Св.
Јован
Милостиви,
патријарх
Александриски,
плачел секој ден кога немал можност да пружи некому милостиња.
Свети
Павлин
е
заслужено наречен Милостив бидејќи навистина бил милостив
во
полна
христијанска
смисла
на
тој
збор. Еднаш, кога Вандалите го плениле Нол, истовремено повеле многу луѓе во ропство.
Некоја
вдовица,
чиј
единствен
син
го
зел
вандалскиот
кнез
Рига
во
ропство
дошла кај својот епископ и плачејќи му побарала пари за да го плати откупот на својот син. Немајќи од никаде
ништо, Павлин се облекол во облека на прост човек и ‘и рекол на вдовицата да го одведе него кај кнезот и да го
предаде
во
замена
за
нејзиниот
син.
Кнезот
го
пуштил синот на вдовицата и го зел
Павлин,
па
го
одвел
во
Африка
каде
што
Павлин
му
служел како бавчанџија сé додека по промисла Божја не бил ослободен и вратен со
останатите
робови назад во Нол. СОЗЕРЦАНИЕ
Мисловно да Го видам Господа Исуса како исцелител, и тоа: 1.
како
исцелител
на
телесните
болести; 2.
како
исцелител
на
лошите духови и на обземените; 3.
како
исцелител
на
духот
и
на
умот
човечки со светлината на божествената наука; 4.
како
мој
сопствен
исцелител
од
сите
маки
и
зла. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЕСЕДА за ангелската состојба на светителите Но оние, што ќе се удостојат да го добијат оној свет... и да умрат веќе не можат, бидејќи се еднакви со ангелите... (Лк. 20:3536). Така вели Оној Кој знае, Кој видел и Кој не
може да се
прелаже. Зошто повеќе да се
сомневаме,
браќа? Ова сведоштво е појасно од летното
пладне,
поцврсто
е
од
дијамант
и
подрагоцено
е
од
сите
блага
на
овој
свет,
а
тоа
е
сведоштво дека оние кои ќе се удостојат
за
оној
свет
и
воскресението
повеќе не можат да умрат, туку се бесмртни како Божјите ангели. А какви се
ангелите?
Тоа
се
истите
ангели
кои
се
јавувале
во
времето
на
Аврам
и
им
помагале
на
луѓето тие истите и денес се
јавуваат
и
помагаат.
Не
умреле
туку
се
живи;
и
не
остареле
туку
се
млади.
Тие
истите
го
гледале
Адама
во
Рајот
и
ќе
го
гледаат
последното
воскресение,
судот
и
царството
на
светителите. Слични на ангелите се праведниците. Апостолите и пророците, светителите и мачениците живеат и денес и
ќе
живеат
вечно и повеќе не
можат да умрат. Стотина и илјади години
поминуваат,
но
тие
повеќе ниту умираат
ниту
стареат,
туку
се
како
ангели. Дека праведниците ќе бидат вечни во бесмртност, тоа и Господ со
горните
зборови го посведочил и со Своето
воскресение
го
покажал, а преку прославените
светители
го
докажал. О браќа мои, да
се
разбудиме и да се
потрудиме
за
да
се
удостоиме
да
го
добиеме оној блажен свет! О Господи, воскреснат и бесмртен,
помогни
ни
да
се
удостоиме
за
Твоето
бесмртно
царство
во
кое
Ти
царуваш
со
ангелите
и
со
Твоите
светители
во
вечни векови. На Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
24 ЈАНУАРИ/6 ФЕВРУАРИ 1. Преп. Ксенија Римјанка.
Родена
е
во
Рим
како
единствена
ќерка
на
познат
сенатор.
Привлечена со љубовта Христова, не сакала да стапи во брак како што сакале нејзините родители, туку, за да го избегне тоа, тајно побегнала од домот заедно со две слугинки и дошла
на
островот
Коа,
во
местото
Милас
каде
што
основала
манастир
на
девици
и
каде
што
се
подвизувала
до
смртта.
Иако
била
слаба жена, сепак имала машка издржливост во постот, молитвите и бдението. Честопати по цела ноќ стоела на молитва; била облечена најбедно од сите сестри, а на лебот што го јадела честопати сипувала пепел од кадилницата. Во часот на нејзината смрт (+ 450 година), се појавил чуден знак над манастирот: венец од ѕвезди со крст во средината посјаен од Сонцето. Од нејзините мошти многу болни добиле исцеление. Нејзините робинки во сé го следеле примерот на својата игуманија и кога умреле,
биле
сохранети,
по
своја
желба, кај нозете на блажена Ксенија. 2. Св. мч. Вавила,
свештеник во Сицилија. Пострадал за Христа со двајца свои ученици во ИИИ век. 3. Преп. Македониј, сириски пустиник.
Дури
во
староста
се
хранел
со
печен леб, а пред тоа
јадел
само
зрна
од
јачмен натопени во вода. Земниот живот го завршил во 418 година. 4. Преп. Филон, еп. Кипарски. Посветен
за
епископ
од
св.
Епифаниј
кога
овој
бил
повикан
во
Рим
со
молитва
да
‘и помогне
на
сестрата
на
царот
Хонориј.
Го
протолкувал
Петтокнижието и Песната над песните.
Се
упокоил
мирно
во
В
век. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАСУДУВАЊЕ
Во наши дни честопати
се
слуша од родителите:
'Сакаме
да
го
осигураме
животот
на
нашето дете!" Затоа се трудат со преголем труд, натрупуваат богатство, честопати и неправедно го образуваат своето дете за оној позив што донесува најмногу телесна сигурност и материјална корист. И тоа
го
прават
таканаречени христијани. Тие тоа го прават затоа што нивниот поим за вистинскиот живот и за вистинското
осигурување
на
животот
е
погрешен. А еве како
вистинската
христијанка
го
подготвува
својот
син
за
вистинскиот
живот:
пред
смртта,
блажена Ефросинија му велела на својот син Климент Анкирски: 'Направи ми чест, о сине мој,
и
мажествено застани зад Христа и исповедај Го крепко
и
непоколебливо! Јас се надевам, о срце мое,
дека
на
тебе скоро ќе расцути
венецот
на
мачеништвото и во моја
чест,
и
за
спасение
на
многумина...
Не
плаши се ниту
на
закана,
ниту
на
меч,
ниту
на
рани,
ни
на
оган.
Ништо да не те оддвојува од Христа, но гледај кон небото и оттаму очекувај голема, вечна и богата награда од Бога. Плаши се од
Божјото величие, плаши се од
Неговиот
суд,
трепери
од
Неговото
севидливо
око,
бидејќи оние кои
ќе
се
одречат од Него ќе примат неугаслив
оган
и
неуништив црв. Ова нека ми биде награда од тебе, сине мој сладок, за моите породилни маки и трудот околу
твоето
воспитување
-
да
се
наречам мајка на маченикот... Крвта што ја прими од мене, не штеди ја туку пролеј
ја,
та
од
тоа
и
јас
да
примам
почест. Подади го телото на маки, од тоа и јас да
се
зарадувам
пред
нашиот Господ како и јас да
сум
пострадала
за
Него!" СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за Господа Исуса како учител, и тоа: 1.
како
учител Кој учи како човекот треба да мисли
за
да
се
спаси; 2.
како
учител Кој учи како човекот треба да зборува за да се спаси; 3.
како
учител Кој учи како човекот треба да делува
за
да
се
спаси. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЕСЕДА за највидовитиот Пророк Зошто мислите лошо во срцата ваши (Мт.
9:4)? Кога Господ посакал да ги укори фарисеите и книжниците,
овие
во
тој
час
никого
не
убиле, ниту прелажале, ниту ограбиле. И не само
тоа,
туку
во
тој
час
тие
никого
со
збор не го навредиле. Зошто, тогаш, Господ ги укорил кога тие не направиле ниеден грев, ни со дело ни со збор? Затоа што помислиле зло. И злобната
помисла
е
грев.
Тоа
е
голема
новина
што
Христос
ја
донесол
во
светот.
Заправо,
злобната помисла е изворен грев за
секој
грев,
бидејќи човекот пред да каже или да
направи
нешто грешно, тој помислува грешно. Помислата е причински
грев,
останатите
гревови
се
само
следствени
гревови.
Кој
сака
да
ги
уништи овие другите, мора да ги искорени овие првите. Кој сака да ги запре тековите на водите, мора првин да ги исуши изворите. Никој нека
не
се
оправдува:
јас
не
сум
грешен бидејќи никого не
сум
убил, ниту сум украл, ниту сум осквернил, ниту измамил. Гледај, ние сме полни со убиствени, крадачки, скверни и измамнички помисли!
Ако
со
дело
не
сме
направиле
грев,
тоа
е
само
работа на милоста Божја и надворешните прилики.
Ако
Бог
попуштил или пак приликите одговорале, ние би ги направиле
сите
оние
гревови
што
сме
ги
помислиле.
Змијата
не
е
отровна
само
кога
каснува,
туку
и
кога
не
каса,
бидејќи таа носи
отров
во
себе. Значи, не само што помислата е грев, туку таа
е
извор
на
гревот,
почеток на гревот, семе и корен на
гревот.
Ете
зошто Господ, Кој сé гледа и сé знае,
ги
укорил
оние
кои
помислиле
зло.
Зошто мислите лошо во срцата
ваши? |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
25 ЈАНУАРИ/7 ФЕВРУАРИ 1. Св. Григориј Богослов архиеп. Цариградски.
Роден
е
во
Назијанз
од
татко
Елин
и
мајка
христијанка.
Пред
крштавањето, учел во Атина заедно со Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Тој честопати
му
прорекувал
на
Јулијан
дека
ќе
биде
отстапник
од
верата
и
гонител
на
Црквата,
што
и
се
случило. На Григориј посебно влијаела неговата мајка Нона. Кога го завршил своето образование, Григориј се крстил. Св. Василиј го ракоположил за епископ Сасимски, а царот Теодосиј
Велики
наскоро
го
повикал
на
упразнетиот
цариградски
архиепископски
престол.
Составил
многубројни дела, од кои најпознати му се тие од богословието, заради што е и наречен Богослов. Посебно му е познато, според длабочината, неговото дело Беседи
за
Светата
Троица. Уште пишувал против еретикот Македониј, кој погрешно учел за Светиот Дух (дека Духот
е
творение
Божјо) и против Аполинариј,
кој
погрешно учел дека Христос нема човечка душа, туку дека божеството му е душа.
Исто
така,
пишувал против царот Јулијан Отстапник, својот некогашен соученик. Во 381 година, кога во соборот настанала расправија околу неговиот избор за архиепископ, тој самиот се повлекол и изјавил: 'Не можат да нé лишат од Бога оние кои нé лишуваат од престолот”. Потоа го напуштил Цариград, отишол во Назијанз и таму поживеал во повлеченост, во молитва и пишување
на
корисни
книги
сé
до
смртта.
Иако
целиот
живот
бил
со
слабо здравје, сепак ја
доживеал 80. година. Подоцна неговите мошти биле пренесени во Рим, а неговата глава се
наоѓа во Успенскиот
Собор, во Москва. Бил и останал големо и
прекрасно
светило
на
православната
Црква,
како
по
кроткост
и
чистота
на
карактерот,
исто
така
и
по
ненадминливата
длабочина на умот. Се упокоил во Господа во 390 година. 2. Преп. Публиј.
Најнапред
бил
сенатор,
па
запознавајќи ја Христовата
светлина,
ги
оставил
почестите, го раздал имотот на сиромашните и се предал
на
подвижнички живот во близина на својот град Зевгмат на Еуфрат. Основал два манастира и се упокоил
во
Господа
во
380 година. 3. Преп. Мар.
Се
одликувал
со
надворешна убавина и слаткопоен глас. Се повлекол
од
светот
и
проживеал во една колиба 37 години во пост, молитва и очистување
на
срцето
од
помисли.
Како
90годишен старец се упокоил во Господа во 430 година. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАСУДУВАЊЕ
Се лажат самите себеси оние кои самоуверено говорат дека добро ги познаваат луѓето и дека никој
не
може да ги
измами.
Кој
може да го
познае
каков
е
духот
во
секој
човек,
освен
единиот
Бог
Кој
ги
знае
тајните
на
срцето?
Дури
и
големите
светители
се
мамеле
за
луѓето. Така, на пример, св. Василиј долго време го сметал еден лицемерен еретик за свет човек и го бранел
од
многу
напаѓачи, додека најпосле и самиот не
се
уверил
за
неговата
лажност и се разочарал горко. Св. Григориј Богослов покрстил некој филозоф, по име Максим, и толку го
засакал
што
го
држел во својот дом на својата трпеза. А тој, Максим,
бил
опак
и
лукав
како
змија.
По
извесно
време,
издејствувал
со
сплетки
и
со
поткупување
да
биде
од
некои
цариграѓани признаен за патријарх на местото на Григориј. Кога ова искушение, по големите неприлики било отстрането, некои го укорувале Григорија како можел кај себе да го
чува
најголемиот
непријател?
'Не
сме
ние
криви,
одговорил
светителот,
ако
не
ја
предвидиме
злобата нечија. Единиот Бог ги знае внатрешните тајни на човекот. А нам ни
е
заповедано
со
законот,
со
татковска
љубов да го отвораме срцето свое за секого кој ни доаѓа”. Незлобниот човек не може лесно да
ја
познае
злобата кај злобниот. СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за Господа Исуса како цар, и тоа: 1.
како
господар
над
природата
која
Он
ја
скротува
и
си
ја
става
Себеси на служба; 2.
како
господар
над
демоните,
болестите
и
над
смртта; 3.
како
господар
над
бесмртното
царство
на
ангелите
и
светителите. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЕСЕДА за тоа Кој е Христос За кого Ме мислат луѓето (Мк.
8: 27). Еве, браќа, веќе се 2000 години од
оној
ден
кога
Господ
Исус
го
поставил
ова
прашање на Своите ученици. Од тогаш, па до денес, ова прашање се поставува на секое човечко поколение, на секој бел ден и на секоја
темна
ноќ;
и
секое
човечко поколение, и секој бел ден
и
секоја
темна
ноќ
морале
да
дадат
некој
одговор
на
тоа
прашање. Ова прашање е прашање
на
живот
или
смрт
и
одговорот
на
него
е
живоносен
или
смртоносен.
Ти
си
Христос,
Син
на
живиот
Бог,
одговорил
свети
апостол
Петар.
И
тој
одговор
бил
одобрен и пофален од Господа
Исуса.
Денес луѓето се прашуваат: 'Кој е Христос?" Едни зборуваат со Евреите дека Он е нарушувач на
законот
и
самоповикан
Месија.
Други
зборуваат со Пилата дека тие воопшто не можат да дојдат до вистината за тој човек. Трети велат со апостолите дека Он е Христос, Синот на
живиот
Бог,
Спасител
и
Искупител
на
човечкиот род од гревот и смртта. Воскреснат и Воскреснувач,
Жив
и
¤ивотодавец.
И
ние
сите,
крстени
во
името
на
Светата
Троица,
се
сложуваме со апостолите и со светата
апостолска
Црква,
која
со
својот
соборен глас така Го исповеда Христа Господа. О Господи, Сине Божји, единороден, помогни ни секој ден од нашиот живот со срце да Ти веруваме и да Те
исповедаме
со
усните
како
наш
Бог
и Спасител,
како
Божја сила и Божја
Премудрост.
На
Тебе слава, и вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
26 ЈАНУАРИ/8 ФЕВРУАРИ 1. Преп. Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј.
Угледни
и
богати
цариграѓани, Ксенофонт и Марија живееле богоугоден живот и
целото
внимание
го
посветиле
на
христијанското
воспитување
на
своите
синови.
Кога
синовите
им
пораснале,
ги
испратиле
на
учење во Вирит (Бејрут), но се случило бура да го потопи бродот. Со Божја промисла, некако Јован и Аркадиј биле спасени
и
од
брановите
биле
исфрлени
на
брегот,
но
на
две
различни места, така што секој мислел дека другиот се удавил. Од тага еден за друг тие двајцата се замонашиле во два различни манастири. По
две
години,
нивните
нажалени родители дошле во Ерусалим на поклонение на светињите. Таму, со помош на видовитоста на еден духовник најнапред, се состанале браќата, а потоа и
родителите
со
своите
деца. Од
благодарност
кон
Бога,
Ксенофонт
и
Марија
го
раздале
сиот
свој
имот
на
сиромасите
и
тие
двајцата
се
замонашиле. Чудесната историја на овие четири свети души јасно покажува како Господ на чуден начин раководи со судбината на оние кои веруваат во Него; како на нив им испраќа мака и
жалост,
за
потоа,
уште повеќе ојачани
во
верата
да
ги
воведе
во
поголема
радост.
¤ивееле
и
се
упокоиле
во
Господа
во
V век. 2. Преп. Симеон Ветхи.
Другар
и
пријател
на
св.
Паладиј.
Од
рана
младост,
па
до
смртта
се
подвизувал
во
една
пештера. Основал два манастира и се упокоил
во
Господа
во
390 година.
Ветхи
или
Стар
се
нарекува
за
разлика
од
Симеон
Столпник,
кој
се
подвизувал
нешто подоцна. 3. Св. Давид цар Грузиски
(1089-1130).
Ја
обновил и ја зајакнал
Грузија
како
држава. Како голем ревнител за христијанската вера, соѕидал многу нови храмови во Грузија, а старите ги поправил.
Се
смета
за
преродбеник на православната вера во Грузија. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАСУДУВАЊЕ
Најголемо богатство на една држава се светите и добри
луѓе кои живеат
во
неа.
Споредено
со
тоа
богатство
секое
друго
богатство
е
ништо. Благочестивите христијански цареви светите луѓе во својата
држава ги сметале за најголем Божји благослов. Св. цар Константин Велики велел: 'Му благодарам на Господа Исуса Христа затоа што во моите денови постојат три божествени светила: блажени авва Антониј, авва Елениј и авва Евхин”.
Пред
куликовската
битка,
пресудна
за
Русија,
благочестивиот кнез Димитриј Донски заедно со поверениците и војводите отишол
во
Радонежската шума да го побара преподобниот Сергиј и да го
замоли
за
негови
молитви
кон
Бога.
Иако
кнезот
ја
подготвил
војската
за
ослободителната војна против Татарите, некако поголема надеж полагал во молитвата на еден свет човек, отколку во многубројната војска и оружјето.
СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за Господа Исуса Христа како пророк, и тоа: 1.
како
пророк
Кој
јасно
им
прорекол
на
поединци
(како
на
Петар,
Јован,
Јуда
и
на
останатите
апостоли)
тоа
што
ќе
им
се
случи во иднина; 2.
како
пророк
Кој
јасно
ја
прорекол
иднината
на
Ерусалим
и
на
некои
други
градови;
на
еврејскиот
народ
и
на
црквата
Божја; 3.
како
пророк
Кој
јасно
го
прорекол крајот
на
светот
и
Своето
второ
доаѓање. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЕСЕДА за недовербата на помрачените во грев Кој е Овој што и гревови проштава (Лк.
7:49)? Така прашувале непокаените грешници: 'Кој е Овој?" Тоа е Оној Кој
најмногу
го
чувствува
бодилото
на
човечките гревови; на Кого паѓаат сите човечки гревови како шлаканици. Тоа е Оној Кој
некогаш
во
Рајот
го
гледал
безгрешниот човек; Оној Кој и го создал
човекот
безгрешен отсекогаш и засекогаш. Да прости
може само оној
кој
може да се
освети.
Моќниот човек се осветува со освета, а немоќниот со
омраза.
Ако
ти
можеш да го вратиш нанесениот удар и да не
возвратиш,
тоа
не
значи уште
дека
си
опростил
сé
додека
не
го
искорнеш
од
срцето
коренот
на
гневот.
Велик
е
единиот
Господ
Кој
може и да
освети
и
да
опрости;
Велик
е
во
правдата,
бидејќи ќе се освети
на
непокајаниот
грешник; Велик е во милоста,
бидејќи ќе му опрости
на
покајникот. О кога луѓето би ја знаеле
силата
на
опростувањето
на
гревовите!
Гледај,
кога
на
слепиот
му
се
опростуваат
гревовите,
тој
прогледува;
на
глувиот
-
тој
почнува да слуша; на грбавиот -
тој
се
исправа;
на
крвоточниот и тој оздравува;
на
безумниот
-
и
тој
се
опаметува;
на
заробениот од ѓаволите -
и
тој
се
очистува; на мртвиот -
и
тој
оживува! Но колку е
ужасен синџирот на гревовите! Какви тешки синџири се
безбројните гревови. Тие синџири не се разврзуваат со грешни раце. А кога раката
на
пречистиот Господ ќе ги допре,
тие
сами
од
себе се разврзуваат
и
се
распаѓаат. И од погледот
на
Чистиот
тие
се
распаѓаат. Да, дури и од помислата
на
Чистиот
тие
се
распаѓаат -
тие
грозни
синџири на гревовите. Кој е Овој што и
гревови
опростува?
Тоа
е,
грешници, пречистиот Господ и заради чистотата, Семоќниот. Господи пречист и семоќен, ослободи нé од оковите на гревот. На Тебе слава и
вечна пофалба. Амин. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
81 godina od ubistvoto na makedonksiot revolucioner Djorce Petrov |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Господ Бог нека и даде мир на неговата душа.
|
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
27 ЈАНУАРИ/9 ФЕВРУАРИ 1. Св. Јован Златоуст -
златна
труба на православието.
Споменот
на
ова
светило
на
Црквата
се
празнува
на
13 ноември
и
на
30 јануари,
а
на
овој
ден
се
празнува
преносот
на
неговите
чесни
мошти од ерменското село Коман (каде што како прогонет умрел) во Цариград каде што порано како патријарх управувал со Црквата. Кога се навршиле 30 години од неговата смрт, патријархот Прокл одржал говор во спомен на својот духовен отец и наставник, и со
тој
говор
толку
ја
разгорел
љубовта на народот и царот Теодосиј
Помладиот
кон
големиот
светител,
што
сите
посакале
Златоустовите
мошти да се пренесат во Цариград. Се раскажува дека ковчегот со моштите никако не можеле да го поместат сé додека царот не му напишал писмо на Златоуст, молејќи го за
прошка (бидејќи мајката на Теодосиј,
Евдоксија,
била
виновна
за
прогонството
на
светителот)
и
повикувајќи го да
дојде
во
Цариград,
некогашната своја резиденција. Кога ова покајничко писмо било положено на ковчегот, тој станал сосема лесен. При преносот, многу болни, кои се допреле до ковчегот, оздравеле. Кога моштите пристигнале во престолнината, тогаш царот повторно над моштите го молел светителот за прошка во името на својата мајка и тоа како
таа
сама
од
себе да говори:
'Додека
живеев
во
привремен
живот,
штета
ти
направив,
а
сега
кога
ти
живееш
бесмртен
живот,
биди
корисен
на
мојата
душа. Мојата слава помина и ништо
не
ми
помогна;
помогни
ми,
ти,
оче, во твојата слава, помогни ми пред да бидам осудена на Судот Христов!" Кога светителот бил внесен во црквата на светите апостоли и поставен на патријаршискиот престол, тогаш масата од народ ги слушнала од уста неговите зборови: 'Мир на сите!" Преносот на моштите на св. Јован Златоуст е извршен во
438 година. 2. Преп. Тит Печерски.
Прво
бил
војник,
па
кога
во
некоја
борба бил ранет во главата, тој се повлекол во печерскиот манастир каде што оздравел и го примил
монаштвото. Времето го поминувал во непрестајно оплакување на своите поранешни гревови. Пред смртта, преку некоја небесна појава бил известен дека сите гревови му биле опростени. Неговите мошти почиваат во Теодосиевите пештери. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |