IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРОЛОГ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРОЛОГ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 16>
Автор
Порака
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2007 во 09:44

РАСУДУВАЊЕ

19 ЈАНУАРИ/1 ФЕВРУАРИ         

Примерите за кротко поднесување на насилството, какви што наоѓаме кај светите отци, просто се за чудење. Враќајќи се еднаш од пат кон својата келија, Макариј Велики видел некој крадец каде што ги изнесува неговите работи од келијата и ги натоварува на магарето. Макариј ништо не му рекол, туку му помогнал подобро да ги натовари работите на магарето, велејќи си сам во себе: 'Ништо не сме донесле на светов" (И Тим. 6:7). Еден друг старец, кога разбојниците му земале сé од келијата, видел дека го оставиле заврзокот со парите што лежел некаде скриен, веднаш го зел заврзокот, повикал по разбојниците и им го предал и тоа. Трет, пак, затекнувајќи ги крадците каде што ја крадат неговата келија, им довикнал: 'Брзајте, брзајте да не наидат браќата и да не ме спречат да ја исполнам Христовата заповед: '...а од оној, што зема од тебе нешто не сакај да ти врати" (Лк. 6:30).

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2007 во 09:47

19 ЈАНУАРИ/1 ФЕВРУАРИ

СОЗЕРЦАНИЕ

            Мисловно да Го гледам Господа Исуса како сол на земјата, и тоа:

            1. како сол што му дава вкус на овој живот воопшто;

            2. како сол што го чува од трулење човечкиот род, кој инаку би иструлил од крајот до крајот на историјата;

            3. како сол на мојот сопствен живот.


(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2007 во 09:30

20 ЈАНУАРИ/ 2 ФЕВРУАРИ

 

            1. Преп. Ефтимиј Велики. Роден е во ерменскиот град Мелитина, во близина на реката Еуфрат, околу 377 година, од благородни и познати родители. Единец син, роден по молитвата на својата мајка Дионисија, која имала некое небесно видување за раѓањето на Ефтимиј. Уште од младоста се подвизувал, најнапред во околината на својот град, а потоа, откако го посетил Ерусалим, во 29. година од животот, во пустината помеѓу Ерусалим и Ерихон, наречена Фаре. Сите денови и ноќи ги поминувал со молитва, внатрешно богомислие, созерцание и телесен труд. Околу него се собрале многу ученици, од кои некои се славни светители, како: Киријак Отшелник, Сава Освештени, Теоктист и други. По Божји дар, бил голем чудотврец: изгонувал демони, лекувал тешки болести, извел вода од пустината, умножувал леб, прорекувал. Монасите ги учел на трудољубие, говорејќи им: 'Ако вие без труд јадете леб, значи дека вие го јадете туѓиот труд”. Кога некои помлади браќа сакале да постат повеќе од другите, тој им забранил и им наредил да доаѓаат на заедничката трпеза за да не се погордеат од својот прекумерен пост. Уште говорел дека за монахот не е добро да преминува од место во место, велејќи: ' Дрвото што често се пресадува, не донесува плод, а кој сака да прави добро може да го прави на она место каде што е”. За љубовта говорел: 'Она што е солта за лебот, тоа е љубовта за останатите добродетели”. Во првата недела од чесниот пост тој се оддалечувал во пустината и таму останувал во молчание и богомислие сé до пред Воскресението. За време на неговиот живот, во близина на неговата пештера, направил голема лавра, која потоа со векови била преполна со монаси како кошница со пчели. Последната заповед му била во манастирот да се одржува гостољубието и портата на манастирот никогаш да не биде затворена. Се упокоил во 97. година од животот. На погребот му бил и ерусалимскиот патријарх Анастасиј. Цел ден патријархот чекал додека огромната маса од народот го целивала светителот и дури вечерта успеале да го завршат опелото. Седмиот ден по смртта, Ефтимиј му се јавил на својот ученик Доментијан целиот светол и радосен. Преп. Ефтимиј навистина бил вистински син на светлината. Се упокоил во 473 година.

            2. Св. мч. Енен, Нирен и Пен. Тројцата се сметаат за први словенски маченици кои се споменуваат во историјата. Се нарекуваат Скити и ученици на св. апостол Андреј. Пострадале за верата од своите незнабожечки соседи од десната страна на Дунав, во близина на Варна. Врзани за мраз, тие замрзнале и се упокоиле во Господа.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2007 во 09:33

20 ЈАНУАРИ / 2 ФЕВРУАРИ

РАСУДУВАЊЕ

            Светителите на Црквата, колку што биле милосрдни кон човечките слабости, толку биле непопуштливи и непреклонливи во поглед на исповедањето на вистинските догми за верата. Така, св. Николај Мирликиски со рака го удрил Ариј на Првиот собор. Св. Антониј ја оставил својата пустина и дошол во Александрија јавно да го изобличи Ариј. Св. Ефтимиј, бидејќи бил многу притеснуван од царицата Евдокија и од лажниот патријарх Теодосиј, не можејќи повеќе да се бори со причина, го напуштил манастирот и се скрил во пустината. Неговиот пример го следеле многу други познати монаси. Во пустината останал св. Ефтимиј сé додека лажниот патријарх не бил симнат од тронот и не се утврдило православието. А кога во Ерусалим била најголемата агитација во името на царот против ИВ собор, кој бил во Халкидон, и кога сиот народ бил исплашен од еретиците, тогаш св. Теодосиј Велики, веќе оптоварен со староста, како бестрашен Христов војник дошол во Ерусалим, влегол во големата црква, се искачил на скалите и замавнувајќи со раката кон народот, рекол: 'Ако некој не ги почитува четирите Вселенски собори, како и четирите Евангелија, нека биде проколнат!" (До тоа време биле одржани само четири Вселенски собори). Сите слушатели биле изненадени и никој од еретиците не смеел ништо спротивно да каже.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2007 во 09:36
 20 ЈАНУАРИ / 2 ФЕВРУАРИ

СОЗЕРЦАНИЕ

            Да размислувам за Господ Исус како светлина, и тоа:

            1. како светлина на мојот живот; како светлина на родот човечки; како светлина на секоја твар;

            2. како светлина посебна во мракот на стравот и страданијата;

            3. како светлина во смртниот час и по смртта - во вечноста.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2007 во 09:40

20 ЈАНУАРИ / 2 ФЕВРУАРИ

БЕСЕДА

за единствена светлина во темнината

           Јас сум Светлина на светот (Јн. 8:12)

            Откога постои светот и времето, никој од родените не се осудил да ги изговори овие зборови. Имало и има луѓе кое велат: 'Јас носам светлина",  но никогаш никој не се осмелил да каже: 'Јас сум светлина!" Единствено Господ Исус можел да ги изговори овие зборови смело и уверено. Неговиот краток живот на земјата и Неговата долга историја од 2000 години потполно ги оправдале овие зборови. Он е светлина на вистината, правдата и животот.

            Он е светлина на вистината бидејќи се јавил Себе за вистина за вистинската природа на Бога и за вистинската природа за човекот и за односот на човекот кон човекот, и за односот на човекот кон Бога, и за односот на Бога кон човекот. Небото и земјата ќе поминат, а Неговите зборови нема да поминат, бидејќи небото и земјата постанале со Неговиот збор, а Неговиот збор е од Него и со Него засекогаш и нема да помине.

            Он е светлина на правдата, бидејќи ја покажал силата на правдата и немоќта на неправдата. Тој тоа го јавил во светлината на она што го рекол, она што го направил и она што го доживеал и преживеал помеѓу неправедните. Тоа Он го јавил и преку Својата црква во текот на досегашните 20 столетија, преку безбројните светители на правдата и мачениците за правдата. Правдата е од Бога и на другата линија на историјата таа никогаш не може да биде победена; неправдата е од немоќни битија, таа брзо ќе истрча на бедемите со триумфален барјак, но, исто така, и брзо ќе се урне во гробот.

            Он е светлина на животот. Неговите зборови го осветлуваат животот; Неговите дела го осветлуваат животот; Неговата победа го осветлува животот, посебно Неговото воскресение како најсветло сонце, бела светлина го осветлува животот и ја разгонува смртта како слаба сенка.

            О Господи, Исусе, светлино најсветла, Сонце на вистината, Сонце на правдата и Сонце на животот, осветли нé нас грешните и недостојните! На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

 

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2007 во 09:45

21 ЈАНУАРИ / 3 ФЕВРУАРИ

 

            1. Преп. Максим Исповедник. Од Цариград е по раѓање и најнапред висок дворјанин во дворот на царот Ираклиј, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на православието од таканаречената монотелитска ерес, која произлегла од Евтихиевата ерес. Имено, како што тврдел Евтихиј дека во Христа има една природа, така монотелитите тврделе дека во Христа има една волја. Максим се спротивставил на тоа тврдење и постанал противник на царот и на патријархот. Тој од тоа не се исплашил туку издржал до крај во докажувањето дека во Господа постојат две волји како што постојат две природи. По негово настојување со одржале: еден собор во Картагина, а друг во Рим и двата собори го анатемисуваат учењето на монотелитите. Страдањето на Максим за православието не може да се опише: бил измачуван од кнезовите, лажен од првенците, плукан од народните маси, тепан од војниците,  прогонуван, затворан, додека најпосле не бил осуден на доживотно прогонство во скитската земја, каде што три години поминал во затвор, па ја предал својата душа на Бога во 666 година.

            2. Блажен Максим Грк. Роден е во Грција, од каде што бил повикан во дворецот на рускиот цар Василиј Јованович за царски библиотекар и преведувач. Многу работел, но многу и страдал за вистината. Поминал многу време во затвор, каде што го напишал познатиот канон на Светиот Дух, кој и сега се употребува во Црквата. Се упокоил во Господа во 1556 година.

            3. Св. мч. Неофит. Роден е во Никеја. Уште како дете, со помош на благодатта Божја, правел големи чуда. Извадил вода од камен, ја воскреснал својата мртва мајка. Со бел гулаб бил одведен во олимписката гора каде што од една пештера истерал лав и самиот тој се населил во пештерата. Во својата 15. година бил мачен за Христа за време на царот Диоклецијан и тоа во Никеја. Никако не сакал да се одрече од Христа. По тепањето и затворот, бил фрлен во оган, но Бог го сочувал жив. Тогаш го фрлиле пред гладен лав, но лавот се умилкувал околу Неофит. Светителот го познал лавот дека тоа е истиот во чија пештера се подвизувал, го помилувал и му наредил повторно да си се врати во пештерата. Тогаш Неофит го прободиле со копје и тој со душата се преселил во Господовите дворови.

            4. Св. мч. Агнија е тринасетгодишна девојка која била фрлена во оган за верата Христова, па потоа со меч исечена. Пројавила голема чудотворна сила за време на животот и по смртта. Пострадала во времето на Диоклецијан, во 305 година.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2007 во 10:10

21 ЈАНУАРИ / 3 ФЕВРУАРИ

РАСУДУВАЊЕ

            Христијанската вера единствено во светот има едно определено и никогаш непроменето мерило на вредностите. Како таа ги мери и ги раслојува вредностите, јасно говори св. Јован Златоуст: 'Предметите, вели тој, имаат троен род: едни се добри и не можат да бидат зло, како на пример, целомудреноста, милостињата и на тоа слично; други се зло и никогаш не можат да бидат добро: расипаноста, нечовечноста, суровоста; третите, пак, еднаш се ова, вторпат се она, како кога спрема расположението на оние кои со нив се користат”. Потоа овој божествен учител објаснува како и богатството и сиромаштијата, и слободата и ропството, власта, болеста, па дури и смртта спаѓаат во овие средни предмети, што самите по себе не се ниту добри ниту лоши, но стануваат ова или она според расположението на луѓето и спрема употребата што од нив ја прават луѓето. Бидејќи, ако, на пример, богатството е добро а сиромаштијата зло, тогаш сите богати луѓе би биле добри, а сите сиромашни луѓе би биле лоши; меѓутоа ние секојдневно се уверуваме дека како што има добри и лоши богаташи, исто така има и добри и лоши сиромаси. Истото тоа може да се примени и на здравите и на болните, на слободните и заробените, ситите и гладните, на оние кои се во власта или на потчинетите. Дури и смртта не е зло бидејќи 'Мачениците со смртта постанале најсреќни од сите.

 



Изменето од orto - 03.Февруари.2007 во 10:55
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2007 во 10:58
21 ЈАНУАРИ / 3 ФЕВРУАРИ

СОЗЕРЦАНИЕ

            Да размислувам за Господа Исуса како град на гората, и тоа:

            1. како град на гората на вишниот Сион, т.е. над створениот свет, во царството на вечноста;

            2. како град на гората на човечката историја;

            3. како град на гората на мојот сопствен живот, т.е. на врвот на моите идеали, на зенитот на моите мисли и желби.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2007 во 11:03

21 ЈАНУАРИ / 3 ФЕВРУАРИ

БЕСЕДА

за разбирање низ создавањето

Ако некој сака да ја врши волјата Негова, ќе разбере дали е ова учење од Бога... (Јн. 7:17).

            Малку е корисно да се докажува со човечка логика и со зборови дека науката Христова е од Бога. Најбрз и најсигурен начин да се дознае нејзината вистинитост е во исполнувањето на волјата Божја онака како што  ја објавил и искажал Христос. Кој ќе ја исполнува, тој ќе ја познае.

            Ако плачеш заради Бога, ќе познаеш каква утеха е Бог. Ако бидеш молисрден, ќе дознаеш колку е милосрден Бог. Ако градиш мир, ќе познаеш колку ти приличи називот син Божји. Ако им опростуваш на луѓето, ќе познаеш како Бог ти опростува тебе.

            Никогаш никој не може да дознае дека науката Христова е од Бога, освен оној кој ја исполнува волјата Божја. Бидејќи само  исполнувањето на Божјата волја, извршувањето на Божјите заповеди, тоа е отклучување на Рајот, во којшто Бог сé гледа. То е клуч на разбирањето на Светото писмо и сите тајни на Откровението.

            Св. Василиј пишува: 'Потребна е чистота на животот, за да се распознае она што е прикриено во Светото писмо”.

            Што уште сака Господ од нас кога нé учи дека преку исполнувањето на волјата Негова доаѓаме до божественоста на Неговата наука? Просто, го сака тоа ние со дело да се увериме во божественоста на Неговата наука. Он не сака на лесен начин ние да се увериме, туку на потежок, не само со слушање, туку и со исполнување затоа што кој ќе се увери на полесен начин, полесно и ќе се поколеба и ќе се разувери. Затоа, браќа, да се потрудиме да ја исполнуваме волјата Божја за да Го познаеме Бога и да ги спасиме своите души.

            О Господи, Семудар, помогни ни со силата на Твојот Свет Дух да ја исполнуваме Твојата света волја. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:10

22 ЈАНУАРИ/4 ФЕВРУАРИ

            1. Св. ап. Тимотеј е еден од седумдесетте апостоли. Роден е во Листра Ликаонска од татко Грк и мајка Еврејка. Св. апостол Павле ги пофалува мајката и бабата заради нелицемерната вера (ИИ Тим. 1, 45). Првпат Тимотеј се сретнал со големиот апостол во Листра и бил сведок кога Павле излекувал еден крив од раѓањето. Подоцна Тимотеј, без малку, бил постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител на верата, одличен беседник и сладок по душа, Тимотеј многу придонесол за распространувањето и утврдувањето на христијанската вера. Павле го нарекува вистинско чедо во верата (ИИ Тим. 1:2). По маченичката смрт на апостол Павле, Тимотеј го имал за учител св. Јован евангелистот. Но кога царот Дометијан го прогонил Јована од Ефес на островот Патмос, Тимотеј останал во Ефес како епископ. За време на некој идолски празник, викан 'Катакогиум", незнабожците, лути на христијаните, молкум и под маски го нападнале Тимотеја и го убиле (околу 93. година). Неговите чесни мошти подоцна биле пренесени во Цариград и сохранети во црквата на светите апостоли, до гробот на св. евангелист Лука и св. Андреј Првоповиканиот.

            2. Преп. мч. Анастасиј. Персијанец според родот. Незнабожечкото име му бил Магундат. Кога царот Ираклиј се борел со Персијанците, Магундат пребегнал кај христијаните, отишол во Ерусалим, каде што се крстил и добил име Анастасиј. Не му било доста што се крстил, туку и се замонашил за да се предаде целосно на службата на Господа. Покрај останатите подвизи, многу рано ги читал житијата на светите маченици. Читајќи ја навлажнувал книгата со солзи, чезнеејќи и самиот по мачеништво. Најпосле, Господ го овенчал со маченички венец. Долго лежел во затвор и бил луто мачен додека царот Хозрое не му изрекол смртна пресуда. По таа пресуда, Анастасиј бил удавен во вода. Кога го извадиле од водата, џелатот му ја отсекол главата и му ја испратил на царот. Пострадал на 22 јануари 628 година, во градот Бетсалое, во близина на Нинив.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:11

РАСУДУВАЊЕ

            Православната црква поседува неисцрпно богатство во доказите за животот по смртта. Да наведеме овде еден од безбројните примери, пример што истовремено сведочи дека човечките души живеат по телесната смрт и дека доброволната послушност води кон блажена бесмртност. Кога св. Теодосиј Велики основал манастир, во почетокот имал само седум монаси. За да ги утврди добро во сеќавањето на смртта, им наредил да ископаат еден гроб. Кога бил готов гробот, Теодосиј застанал над гробот, опкружен со седумтемина, и рекол: 'Еве, деца, готов гроб! Дали помеѓу вас има некој кој е спремен за смртта за да се закопа во овој гроб?" Еден од нив, Василиј, по име и свештеник по чин, паднал на колена и побарал благослов од Теодосија за да умре. Теодосиј наредил за Василиј да се извршуваат помени и задуши: три дни, девет дни, четириест дни, како што е обичај за покојните. Кога се извршил четирисетдневниот помен, Василиј потполно здрав, легнал и умрел. И бил сохранет во новиот гроб. Во четириесттиот ден по неговиот погреб, Василиј едно утро се појавил помеѓу браќата и пеел со нив. Најнапред го видел само Теодосиј, па се помолил на Бога да им ги отвори очите и на останатите. И сите браќа погледнале и го виделе Василиј помеѓу себе. Еден од браќата, Летиј, од радост ги раширил рацете и сакал да го прегрне Василија, но овој исчезнал. Но се слушнал неговиот глас: 'Спасувајте се отци и браќа, спасувајте се”.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

            Да размислувам за безгрижноста на Господа Исуса во поглед на јадењето и облеклото, и тоа:

            1. за Неговата безгрижност за Себе, која Он ја покажува на дело;

            2. за безгрижноста за јадење и облекло што Он им ја проповеда и на другите (Мт. 6:31).
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:13

БЕСЕДА

за Божјото сезнаење и промислата

А вам и влакната на главата ви се изброени (Мт. 10:30).

            И влакната на главата ви се изброени, браќа, а камоли деновите на животот! Но не плашете се дека ќе умрете пред одреденото време, ниту, пак, надевајте се дека  било како ќе го продолжите животот макар и за еден ден без волјата на Оној кој брои и мери. Ова сознание нека ве научи на кроткост и страв Божји.

            И косата ви е изброена на главата, а камоли вашите страдања на Земјата! Но не плашете се дека ќе страдате повеќе од измереното. Уште помалку плашете се дека вашите страдања ќе  останат заборавени и непресметани од Оној кој гледа сé. Ова сознание ќе ве научи на трпение и  на доверба кон вашиот Творец и Промислител.

            И косата на главата ви е изброена а камоли вашите пријатели и непријатели на Земјата! Но не плашете се дека ќе имате ни повеќе пријатели ни повеќе непријатели, ниту, пак, да се плашите дека вашите непријатели ќе ве совладаат, но не надевајте се дека вашите пријатели ќе ве одбранат. Трудете се да Го имате Бога за пријател и од ништо да не се плашите. Гледајте, Он е единствен ваш пријател, кој ве сака непроменливо.

            О Благ, Господи, Промислителу мудар, Кој на сé го знаеш бројот, мерата и времето оттргни од нас секаков страв, освен стравот од Тебе за да можеме преку стравот од Тебе да дојдеме до чиста и света љубов кон Тебе, Творецот и нашиот Добротвор. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 10:14

23 ЈАНУАРИ/5 ФЕВРУАРИ

 

            1. Свешт. мч. Климент, еп. Анкирски. Роден е во 258 година во градот Анкир, од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорекла на синот маченичка смрт и го оставила кога Климент имал само 12 години. Нејзината другарка Софија го зела Климента во својата куќа како син и помогнала за неговото воспитување во христијански дух. Климент бил толку прочуен заради неговиот добородетелен живот, па затоа бил избран за епископ Анкирски во 20. година од својот живот. Во млади години тој стекнал старечка мудрост и со голема воздржаност го скротил и го победил своето тело. Се хранел само со леб и со зелје, не јадел ништо заклано или крвно. Во времето на Диоклецијан бил толку страшно мачен 'како никој никогаш од постанокот на светот”. Цели 28 години поминал во маки и по затвори.  Единаесет мачители го малтретирале и го мачеле. Кога еднаш го удирале по лицето, го плукале и му ги кршеле забите, тој му довикнал на мачителот Доментијан: 'Ми правиш почест, о Доментијане, а не ме мачиш, бидејќи на мојот Господ Исус Христос му беше така биена устата и образите удирани со шлаканици, па еве и јас недостојниот со тоа се удостоив!" Кога бил доведен пред царот Диоклецијан во Рим, царот поставил на една страна разни орудија за мачење, а на друга дарови, одликувања, одела, пари - сé што можел царот да подари, па му рекол на Климента да избира. Христовиот маченик со презир погледнал на сите царски богатства и ги избрал орудијата за мачење. И бил мачен неизмерно: парче по парче месо му било кинато од телото, така што коските белееле под месото. Најнакрај бил исечен од војниците во 312 година во црквата во Анкир, кога како архијереј служел Божја служба. Чудата на св. Климент се безбројни.

            2. Шестиот вселенски собор бил одржан во Цариград, прво во 681 година, а потоа во 691 година. Овој собор ги осудил еретиците - монотелити, кои погрешно учеле дека Христос имал само божествена волја без човечка. Покрај тоа, на тој собор се донесени и неколку правила за редот и дисциплината на свештенството.

            3. Св. Павлин Милостив. Најнапред римски сенатор, а потоа епископ во Нола. Го следел примерот на својот пријател св. Амвросиј и го примил крштението. Потоа се оддалечил во Шпанија, во Пиринејските Планини, каде што се подвизувал. Но како што ниеден светилник не може да се скрие, така и св. Павлин бил пронајден и избран за епископ Нолски. Бил добар и милостив пастир. Мирно се упокоил во 431 година. Неговите мошти почиваат во Рим, во црквата на св. Вартоломеј.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.