|
Тетоважата како доживотен белег!! |
Внеси реплика | страница <1 7891011 17> |
Автор | |
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поучна статија за совед дека треба да знаете кои се последиците од тетоважите, секако како траен дел од вашетео тело:
" Момчето ни кажа дека ова е краткотрајна тетоважа, која по некое време самата се брише. Користеше чепкалка и игла. Тој не убедуваше дека се' е стерилно и дека нема никаква опасност заздравјето."
Не е до ЧЕПКАЛКАТА , него е до глупите родители кои си го дале своетео 13 годишно дете да се тетовира на ПЛАЖА , на тезга и после другите им се криви. Да, добро ќе биде да нема сида и да остане со двете раце прикачени за тело. Морони.. Истетовирана пеперутка зарази девојче Скопјанката прима терапија ,во Клиничкиот центар нејзините родители готват тужба, а лекарите предупредуваат дека девојчето можело да добие и сепса Тринаесетгодишно девојче од Скопје скапо ќе ја плати пеперутката што на десната рака и' ја истетовирале на плажа пред еден од охридските хотели во минатата недела. Девојчето добило тешка инфекција од нечиста игла за тетовирање, а за малку можела да добие и сепса (труење на крвта), ако навреме не се јавила на лекар. Санитарните и здравствените инспектори велат дека лицата што тетовираат „на диво“ не се нивна надлежност и упатуваат на МВР. Девојчето, кое било на летување во Охрид со своите родители, посакало да има украс на раката, па избрало да и' се истетовира пеперутка во боја на десната надлактица. „Уметникот“ било момче кое на диво тетовирало на плажата недалеку од Охрид. - Момчето ни кажа дека ова е краткотрајна тетоважа, која по некое време самата се брише. Користеше чепкалка и игла. Тој не убедуваше дека се' е стерилно и дека нема никаква опасност за здравјето. Прво забележавме дека раката и пазувите почнаа да отекуваат, но мислевме дека тоа е нормално поради тетоважата и дека ќе исчезне. Но, бидејќи отокот не се намалуваше, ја однесовме на лекар. Од памет се извадивме кога ни кажаа дека оваа наивна детска желба за украс на раката можела дури и фатално да заврши ако подоцна реагиравме - раскажуваат од семејството. Девојчето е под засилен лекарски надзор и во дневна болница во Клиничкиот центар во Скопје. Таа веќе пет дена прима антибиотска терапија преку инфузија. - Девојчето има црвенило и отоци на раката, инфекција што настанала од нечиста игла. Инфекцијата можела да се искомплицира и ако навреме не дојделе на лекар, девојчето можело да добие и сепса. Таа ќе мора да прима лекови откако ќе заврши болничкото лекување, а очекуваме инфекцијата да се смири во наредните пет дена - велат лекарите. Тие предупредуваат тетовирањето во никој случај да не се врши кај несигурни лица, кои немаат дозвола за работа. - Тетоважите мора да се изведуваат во овластена установа, која редовно ќе се контролира од инспекторите. За тоа мора да постои и строга законска регулатива, а не да тетовира кој како ќе стигне. Младите отпрвин не водат многу сметка каде се тетовираат, а потоа се чудат од каде добиле инфекција. На овој начин тие може да се заразат и со хепатитис (жолитица) Б и Ц - велат специјалистите за кожни болести. Санитарните инспектори слегнуваат со раменици и велат дека „дивите“ тетовирања не се нивна надлежност. - Ние контролираме здравствени установи, а не лица што не се пријавени никаде, а вршат тетоважи - изјави вчера директорот на Државниот инспекторат, Шемси Муса. Револтираните родители најавуваат тужба за лицето што тетовира во Охрид. - Да знаевме што ќе се случи, никогаш немаше да дозволиме ќерка ми да се тетовира - порачуваат родителите. |
|
BiG_kIsS
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Крајно сериозна во с'e Регистриран: 01.Ноември.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 8373 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Леле лошооо....
|
|
Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
|
|
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епен лошо, ама има и вакави случаеви затоа луѓе со памет и кон вакавите задоволства!!!!
|
|
ice_dmx
Сениор Регистриран: 05.Март.2006 Локација: Jamaica Статус: Офлајн Поени: 390 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sto mu trebalo so igla bolje so cetka
|
|
dudenz
|
|
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има ги разни но како и разни зарази и вакави гадости од незнаење...
|
|
perinosi
Сениор Регистриран: 15.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 406 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас немам тетоважа, но би истетовирал нешто мало интерсено, позади на грбот, за да не се гледа затоа ако ја гледам често најверојатно ќе ми здосади.
|
|
perinosi
Сениор Регистриран: 15.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 406 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нели поготово ако е трајна, нема назад.
|
|
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако имаш значение за тетоважата нема да ти здосади! Дури и намерно ќе се свртиш кон огледало да ја видиш
Ова мене ми се дешава , искрено
|
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SOCNA I SVEZA DOBRO TI E OVA
|
|
ice_dmx
Сениор Регистриран: 05.Март.2006 Локација: Jamaica Статус: Офлајн Поени: 390 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ima resenie i za toa ke otides na majstor ke ti ja povtori i ke bide kako nova
|
|
dudenz
|
|
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да да едино е тоа решение и со кремче да се мачкаш за сјај
|
|
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Игор Мицковски-Бамби
Цело тело со тетоважи Исшаран со бодливи жици, трајбли, рогови на овен и ѓаволи, 26-годишниот Игор Мицковски-Бамби важи меѓу скопските тетоватори за човек што има најмногу тетоважи на своето тело. Торзото речиси целосно му е покриено со цртежи, а досега поминал стотина часови под иглата на мајсторите. Вели дека толку се навикнал на убодот на иглата што може да го тетовираат додека спие. Благодарение на тетоважите, играл и во филмот "Балканкан". - Ова е зависност. Постојано сакам некоја нова тетоважа, поубава од претходните. Ќе престанам да се тетовирам кога ќе ми снема празно место на телото или ако ми здосади брмчењето на машинката - вели Бамби. Првата тетоважа ја направил на 13 години и оттогаш на секои 3 до 4 месеци ја збогатува "уметничката колекција" на телото со нова тетоважа. - По аматерскиот трајбл, што со игла и мастило ми го нацрта еден другар, отидов кај Алпин, еден од најдобрите уметници за тетовирање кај нас. Првите 70 германски марки ги потрошив за да го покријам "никаквиот" трајбл со бодлива жица. Во следната година го истетовирав џокерот, што ми е единствена тетоважа во боја. Оттогаш не можам да престанам - раскажува Игор. Во следните години ги направил тетоважите на лактите, а на левата рака го истетовирал и своето куче - германската дога Адолф. За да не купува алки, си истетовирал по една на зглобовите на рацете. Пред шест години почнал да го тетовира и грбот. - За многумина, вратот е најболното место за тетовирање. Но јас најголема болка чувствувам на грбот. Тоа е како некој директно да ти ја допира коската. Цртежите на буквите имортал и получовек-полуѓавол се протегаат на целиот грб. Фасциниран сум од биомеханиката и планирам празните места да ми ги исцртаат со црева - вели Игор. На градите Игор има рогови на овен, што го симболизираат неговиот хороскопски знак. Под нив има истетовирана глава од получовек-полуовен. Наскоро планира да ги доцрта рацете. - Меѓу тетоважите на левата рака ќе истетотвирам пламни, а на десната цветови - вели тој.
Според мајсторите на овој занает, максималното време што се препорачува за тетовирање е 4 до 5 часа, зашто потоа кожата станува премногу чувствителна и болката е преголема. - Рекорд во тетовирање ми се седум часа. Додека ми го тетовираа трајблот, правев само паузи од 5 до 10 минути, зашто местото брзо се лади и чувствителноста е поголема - вели тој. За ова задоволство тој потрошил мало богатство, а дал и компјутер на компензација. Тетоважите најчесто ги прави зиме, зашто тогаш полесно се одржуваат. Игор вели дека најголем непријател на тетоважите се осите и цигарите. - Секогаш внимавам да не ме изгорат со цигара и прво на што помислувам кога ќе паднам од мотор е дали некоја тетоважа се оштетила - вели тој. Бамби вели дека најмногу му пречат погледите на луѓето, а често на улица го застануваат баби и дедовци и го "караат". - Полицајците секогаш ме претресуваат и јас сум секогаш првиот осомничен. На плажите во Охрид им ги покриваат очите на децата, велејќи им дека сум "сатаната". Кај нас владее стереотипот: ако си тетовиран - "бараба" си. Но, не се ретки и луѓето што ја знаат вистинската вредност на оваа уметност - објаснува Игор. Тој најавува и хепенинг во кој ќе учествуваат наши тетовирачи и од странство, а ќе има и изложба на слики за тетовирање. Секоја тетоважа на Игор е приказна за себе и го потсетува на некој момент од неговиот живот. - Знам дека кога ќе остарам нема да се каам за ниедна тетоважа што сум ја направил. Сите цртежи се мои оригинални идеи. Тоа се слики што мене ми значат - вели тој. Бамбииииии
Tattoo passion- hmmm fabulously Изменето од SeXY - 10.Февруари.2007 во 12:01 |
|
ice_dmx
Сениор Регистриран: 05.Март.2006 Локација: Jamaica Статус: Офлајн Поени: 390 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
daj be slika od tipov
|
|
dudenz
|
|
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не, не е за слика
|
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |