IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Други хобија
  Активни теми Активни теми RSS - Тетоважата како доживотен белег!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тетоважата како доживотен белег!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 17>
Автор
Порака
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2007 во 01:50
Поучна статија за совед дека треба да знаете кои се последиците од тетоважите, секако како траен дел од вашетео тело:
 
 
" Момчето ни кажа дека ова е краткотрајна тетоважа, која по некое време самата се брише. Користеше чепкалка и игла. Тој не убедуваше дека се' е стерилно и дека нема никаква опасност заздравјето."
 Не  е до ЧЕПКАЛКАТА , него е до глупите родители кои си го дале своетео 13 годишно дете да се тетовира на ПЛАЖА , на тезга и после другите им се криви. Да, добро ќе биде да нема сида и да остане со двете раце прикачени за тело. Морони..

Истетовирана пеперутка зарази девојче

Скопјанката прима терапија ,во Клиничкиот центар нејзините родители готват тужба, а лекарите предупредуваат дека  девојчето можело да добие и сепса

Тринаесетгодишно девојче од Скопје скапо ќе ја плати пеперутката што на десната рака и' ја истетовирале на плажа пред еден од охридските хотели во минатата недела. Девојчето добило тешка инфекција од нечиста игла за тетовирање, а за малку можела да добие и сепса (труење на крвта), ако навреме не се јавила на лекар. Санитарните и здравствените инспектори велат дека лицата што тетовираат „на диво“ не се нивна надлежност и упатуваат на МВР.

Девојчето, кое било на летување во Охрид со своите родители, посакало да има украс на раката, па избрало да и' се истетовира пеперутка во боја на десната надлактица. „Уметникот“ било момче кое на диво тетовирало на плажата недалеку од Охрид.

- Момчето ни кажа дека ова е краткотрајна тетоважа, која по некое време самата се брише. Користеше чепкалка и игла. Тој не убедуваше дека се' е стерилно и дека нема никаква опасност за здравјето. Прво забележавме дека раката и пазувите почнаа да отекуваат, но мислевме дека тоа е нормално поради тетоважата и дека ќе исчезне. Но, бидејќи отокот не се намалуваше, ја однесовме на лекар. Од памет се извадивме кога ни кажаа дека оваа наивна детска желба за украс на раката можела дури и фатално да заврши ако подоцна реагиравме - раскажуваат од семејството.

Девојчето е под засилен лекарски надзор и во дневна болница во Клиничкиот центар во Скопје. Таа веќе пет дена прима антибиотска терапија преку инфузија.

- Девојчето има црвенило и отоци на раката, инфекција што настанала од нечиста игла. Инфекцијата можела да се искомплицира и ако навреме не дојделе на лекар, девојчето можело да добие и сепса. Таа ќе мора да прима лекови откако ќе заврши болничкото лекување, а очекуваме инфекцијата да се смири во наредните пет дена - велат лекарите.

Тие предупредуваат тетовирањето во никој случај да не се врши кај несигурни лица, кои немаат дозвола за работа.

- Тетоважите мора да се изведуваат во овластена установа, која редовно ќе се контролира од инспекторите. За тоа мора да постои и строга законска регулатива, а не да тетовира кој како ќе стигне. Младите отпрвин не водат многу сметка каде се тетовираат, а потоа се чудат од каде добиле инфекција. На овој начин тие може да се заразат и со хепатитис (жолитица) Б и Ц - велат специјалистите за кожни болести.

Санитарните инспектори слегнуваат со раменици и велат дека „дивите“ тетовирања не се нивна надлежност.

- Ние контролираме здравствени установи, а не лица што не се пријавени никаде, а вршат тетоважи - изјави вчера директорот на Државниот инспекторат, Шемси Муса.

Револтираните родители најавуваат тужба за лицето што тетовира во Охрид.

- Да знаевме што ќе се случи, никогаш немаше да дозволиме ќерка ми да се тетовира - порачуваат родителите.

Кон врв
BiG_kIsS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Крајно сериозна во с'e

Регистриран: 01.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 8373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiG_kIsS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2007 во 19:12
Shocked Леле лошооо....
Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2007 во 19:15
Originally posted by BiG_kIsS BiG_kIsS напиша:

Shocked Леле лошооо....
 
Епен лошо, ама има и вакави случаеви затоа луѓе со памет и кон вакавите задоволства!!!!
 
 LOL  LOL  LOL Wink 
Кон врв
ice_dmx Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2006
Локација: Jamaica
Статус: Офлајн
Поени: 390
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ice_dmx Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2007 во 04:02
sto mu trebalo so igla bolje so cetkaConfused
dudenz
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2007 во 18:09
Originally posted by ice dmx ice dmx напиша:

sto mu trebalo so igla bolje so cetkaConfused
 
Има ги разни  LOL  LOL  но како и разни зарази и вакави гадости од незнаење...  Dead Dead 
Кон врв
perinosi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 406
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај perinosi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2007 во 23:13
Јас немам тетоважа, но би истетовирал нешто мало интерсено, позади на грбот, за да не се гледа затоа ако ја гледам често најверојатно ќе ми здосади.
Кон врв
perinosi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 406
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај perinosi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2007 во 23:13
Нели поготово ако е трајна, нема назад.
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2007 во 01:06
Originally posted by perinosi perinosi напиша:

Јас немам тетоважа, но би истетовирал нешто мало интерсено, позади на грбот, за да не се гледа затоа ако ја гледам често најверојатно ќе ми здосади.
 
Ако имаш значение за тетоважата нема да ти здосади! Дури и намерно  ќе се свртиш кон огледало да ја видиш LOL  LOL 
 
Ова мене ми се дешава , искрено LOL  LOL LOL  LOL 
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2007 во 01:45
SOCNA I SVEZA DOBRO TI E OVA
Кон врв
ice_dmx Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2006
Локација: Jamaica
Статус: Офлајн
Поени: 390
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ice_dmx Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2007 во 04:32
ima resenie i za toa ke otides na majstor ke ti ja povtori i ke bide kako nova
dudenz
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2007 во 11:22
Да да едино е тоа решение Wink и со кремче да се мачкаш за сјај
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2007 во 11:42
Игор Мицковски-Бамби
Цело тело со тетоважи

Исшаран со бодливи жици, трајбли, рогови на овен и ѓаволи, 26-годишниот Игор Мицковски-Бамби важи меѓу скопските тетоватори за човек што има најмногу тетоважи на своето тело. Торзото речиси целосно му е покриено со цртежи, а досега поминал стотина часови под иглата на мајсторите. Вели дека толку се навикнал на убодот на иглата што може да го тетовираат додека спие. Благодарение на тетоважите, играл и во филмот "Балканкан".

- Ова е зависност. Постојано сакам некоја нова тетоважа, поубава од претходните. Ќе престанам да се тетовирам кога ќе ми снема празно место на телото или ако ми здосади брмчењето на машинката - вели Бамби.

Првата тетоважа ја направил на 13 години и оттогаш на секои 3 до 4 месеци ја збогатува "уметничката колекција" на телото со нова тетоважа.

- По аматерскиот трајбл, што со игла и мастило ми го нацрта еден другар, отидов кај Алпин, еден од најдобрите уметници за тетовирање кај нас. Првите 70 германски марки ги потрошив за да го покријам "никаквиот" трајбл со бодлива жица. Во следната година го истетовирав џокерот, што ми е единствена тетоважа во боја. Оттогаш не можам да престанам - раскажува Игор.

Во следните години ги направил тетоважите на лактите, а на левата рака го истетовирал и своето куче - германската дога Адолф. За да не купува алки, си истетовирал по една на зглобовите на рацете. Пред шест години почнал да го тетовира и грбот.

- За многумина, вратот е најболното место за тетовирање. Но јас најголема болка чувствувам на грбот. Тоа е како некој директно да ти ја допира коската. Цртежите на буквите имортал и получовек-полуѓавол се протегаат на целиот грб. Фасциниран сум од биомеханиката и планирам празните места да ми ги исцртаат со црева - вели Игор.

На градите Игор има рогови на овен, што го симболизираат неговиот хороскопски знак. Под нив има истетовирана глава од получовек-полуовен.

Наскоро планира да ги доцрта рацете.
- Меѓу тетоважите на левата рака ќе истетотвирам пламни, а на десната цветови - вели тој.

Според мајсторите на овој занает, максималното време што се препорачува за тетовирање е 4 до 5 часа, зашто потоа кожата станува премногу чувствителна и болката е преголема.

- Рекорд во тетовирање ми се седум часа. Додека ми го тетовираа трајблот, правев само паузи од 5 до 10 минути, зашто местото брзо се лади и чувствителноста е поголема - вели тој.

За ова задоволство тој потрошил мало богатство, а дал и компјутер на компензација. Тетоважите најчесто ги прави зиме, зашто тогаш полесно се одржуваат. Игор вели дека најголем непријател на тетоважите се осите и цигарите.

- Секогаш внимавам да не ме изгорат со цигара и прво на што помислувам кога ќе паднам од мотор е дали некоја тетоважа се оштетила - вели тој.

Бамби вели дека најмногу му пречат погледите на луѓето, а често на улица го застануваат баби и дедовци и го "караат".

- Полицајците секогаш ме претресуваат и јас сум секогаш првиот осомничен. На плажите во Охрид им ги покриваат очите на децата, велејќи им дека сум "сатаната". Кај нас владее стереотипот: ако си тетовиран - "бараба" си. Но, не се ретки и луѓето што ја знаат вистинската вредност на оваа уметност - објаснува Игор.

Тој најавува и хепенинг во кој ќе учествуваат наши тетовирачи и од странство, а ќе има и изложба на слики за тетовирање.

Секоја тетоважа на Игор е приказна за себе и го потсетува на некој момент од неговиот живот.

- Знам дека кога ќе остарам нема да се каам за ниедна тетоважа што сум ја направил. Сите цртежи се мои оригинални идеи. Тоа се слики што мене ми значат - вели тој.
 
 
Бамбииииии  LOL  LOL  LOL 
 
Tattoo passion- hmmm fabulously LOL  LOL 


Изменето од SeXY - 10.Февруари.2007 во 12:01
Кон врв
ice_dmx Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2006
Локација: Jamaica
Статус: Офлајн
Поени: 390
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ice_dmx Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2007 во 20:42
daj be slika od tipov
dudenz
Кон врв
Tattoo Beauty Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tetovirana Sexy Ubavica

Регистриран: 10.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 4549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tattoo Beauty Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2007 во 18:38
Originally posted by ice dmx ice dmx напиша:

daj be slika od tipov
 
Не, не е за слика  LOL  LOL  LOL  LOL
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.