|
F1 Вести |
Внеси реплика | страница <1 1314151617 55> |
Автор | |||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Две-три секунди побавни од лани!
Без помпезност, Ферари објави први фотографии од новиот болид, педесет и трети произведен за натпреварувања во Формула 1, а воедно дистрибуираше соопштенија за јавноста во врска со техничките новитети. Според нив, дел од новитетите кои доаѓаат со персоналните промени се тие што новиот технички директор Марио Алмондо сега под своја јурисдикција го има и одделението за моторот, а Рос Браун досега беше одговорен само за шасијата. Лука Балдизери е новиот прв оперативец кој ќе ја води екипата на трките, додека Кими Раиконен ќе го наследи тимот на механичари кои лани работеле на болидот на Михаел Шумахер. - Михаел беше вчера на шопинг во Милано со мене, а сега го разгледува болидот во фабриката. Рос Браун е на риболов, инаку веројатно и тој ќе дојдеше,- вели во своето соопштение Тод, наведувајќи дека ова е почеток на нов циклус во Ферари. – Претстојното првенство ќе биде тешка битка, бидејќи имаме силни и амбициозни конк*ренти. Ние секогаш сме биле амбициозни, а сега ќе се обидеме да бидеме доволно силни, да реплицираме со факти, за кои сега ги имаме елементите. Подобрувањата се видливи на сите нивоа на симулации, а сега тоа ќе се обидеме да го докажеме и на патеката. Сепак, поради промената на гумите, очекуваме да бидеме две до три секунди побавни од лани,- вели Тод. Шефот на одделот за шасијата, Алдо Коста, кој го заменува легендарниот Рори Брн, во своето соопштение дава повеќе детали, меѓу кои и тоа дека болидот е десет килограми потежок од лани, поголемо меѓуоскино растојание, но со зголемена безбедност. - Ќе го задржиме агресивниот пристап од лани. Аеродинамиката беше комплетно ремоделирана, со акцент на предната суспензија, а поради новата архитектура на менувачот ја намаливме и задната оска. Поради новите правила за креш тестот работевме на цврстината на шасијата и постигнавме одлични резултати во поглед на безбедноста. Предната суспензија е сменета за да одговара на новите гуми, додека менувачот сега ќе ги менува степените на пренос многу побрзо и нема да има загуба во време. Ферари тврди дека само крилата на болидот, напред и назад ќе бидат модификувани за трката во Мелбурн, иако од разни извори се тврди дека поради недореченост кај некои новитети, некои инженери на Ферари останале на работните места и за време на Божикните и новогодишните празници. Алдо Коста потврди дека промени ќе има, но тврди дека болидот е дефинитивен во својата структура. Честа прв да го испроба новиот болид вчера ја имаше Фелипе Маса, а потоа и Кими Раиконен. Бразилецот во пресрет на пробното возење изјави дека пневматиците имаат многу послаб контакт со подлогата и ќе биде потребно секој возач да простудура нови можности за штелување на болидот. Претставувањата на новите болиди продолжуваат следниве денови со Мекларен и БМВ Заубер. 15.01.2007 |
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мекларен е фаворит за титулата!
Новиот болид на Мекларен е првиот по 2000 година што го има бројот 1 на својот нос и ќе биде управуван од ланскиот светски првак Фернандо Алонсо. Тимот воедно промовираше нов изглед на својата шасија, поради промената на насловниот спонзор со телеком компанијата Водафон. Од инженерска страна, ова е прв болид кој не е проектиран од Адријан Њуи, поранешен технички директор на тимот кој се префрли во Ред Бул. Мекларен во соопштението за јавноста вели дека новиот болид има 11.000 компоненти, но најмногу објаснувања дава за безбедноста на болидот која е подигната на барање на ФИА со воведување на поригорозни правила за креш тест. Тимот не наведува некое ново револуционерно решение, но се повикува на усовршена аеродинамика. Фернандо Алонсо (25) и Луис Хамилтон (21) се меѓу најмладите тимски екипажи кои некогаш се појавиле во Формула 1. За обајцата ова е свеж почеток: за Шпанецот по двете титули со Рено, а за црномурестиот Бриатенц со потекло од Карибите, ова е деби сезона. - Моите обожаватели ми се инспирација и убаво е што овој настан се одржува во Шпанија. Се надевам дека уживаа во промоцијата по улиците на Валенсија,- прокоментира Алонсо. – Во Мекларен се чувствува професионализмот и тимот е посветен на првенството. Сите очекуваат дека оваа година ќе направиме кам-бек. Ние сме фаворити за титулата! – тврди Шпанецот. - Пред мене е долг пат, бидејќи сум на почетокот и имам многу за учење. Едвај чекам да дојде првата трка во Мелбурн,- понесен од атмосферата изјави Хамилтон. Првите тестови се закажани за в среда, а најавено е дека до првата трка во Австралија ќе има дополнителни подобрувања на болидот. 18.01.2007 |
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нови трки во Абу Даби и Валенсија?
Емиратот Бахреин има ексклузивно право да организира Ф1 трки на Блискиот Исток до крајот на 2008 година, но веќе во 2009 се очекува да добие конк*ренција од Абу Даби. Кралското семејство веќе е сопственик на акции во Ферари, годинава преку својот инвестициски фонд „Мубадала„ ќе го спонзорираат тимот, а наскоро ќе отворат и тематски парк за Ферари во Дубаи. Неодамна беше објавено дека друг инвеститор ќе гради забавен парк во Дубаи кој тематски ќе биде посветен на Формула 1, со што би се создале поволни услови за навала од Ф1 туристи, за разлика од Бахреин кој има едвај 20.000 хотелски легла и не може да се снајде најдобро со навалата на гости. Објавувањето за вметнувањето на Абу Даби во календарот се очекува на почетокот од февруари. Истовремено, Берни Еклстоун конечно потврди дека е можна втора трка во Шпанија и тоа во Валенсија, иако и Севиља и Мадрид ќе имаат Ф1 патеки. Сепак, тој за време на присуството во Валенсија за претставувањето на новиот болид на Мекларен изјавил дека разговарале и за опција на улична трка. Бројката од над 100.000 посетители за време на промотивните возења по улиците на Валенсија е надополнета со 4,4 милиони кои го следеле настанот во живо преку ТВ каналот Теле5, за да го видат дебито на Алонсо со новиот тим. Овој туристички град во Шпанија годинава е домаќин и на едриличарскиот Америка Куп. 19.01.2007 |
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ферари ќе доминира!
Хуан Пабло Монтоја на прес конференција во САД беше запрашан за очекуавњата оваа година во Формула 1, но и за неговите евентуални планови околу враќањето во „циркусот„. - Добив порака на мобилниот телефон, но нема да кажам од кого. Таа гласеше дека ако НАСКАР ми здосади, вратите на тој тим ќе ми бидат отворени. Пукнав од смеа кога ја прочитав! Но, немаше да ја смени мојата одлука ниту ако беше од Рено. Во Ф1 имав уште 3-4 години кариера, а во НАСКАР може да возам до 45 и повторно ќе бидам млад. Што се однесува до новата сезона, сметам дека со новите гуми на Бриџстоун, Ферари не само што ќе освои титула, туку ќе доминира на сите трки! 19.01.2007 |
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ovog jutra Kimi je napravio svoje prve krugove za Ferrari. Finac je nastupao u prošlogodišnjem bolidu 248F1. Ovog jutra Kimi je napravio svoje prve krugove za Ferrari. Finac je nastupao u prošlogodišnjem bolidu 248F1. Ferrari je palnirao testirat na svojoj privatnoj stazi, ali zbog lošeg vremena test je premješten na Vallelunga, stazu blizu Rome. Filipe Massa je debitirao u novom bolidu prošle sedmice 23.01.2007
|
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Календар:
Грција го отвора патот Грција е на чекор поблиску до организирање на Формула 1 ГП, откако претседателот на државата го одобри законот кој овозможува инвеститорите кои се обидуваат да организираат трка да побараат подршка од владата. Развојот на настаните претходните неколку месеци изгледа наметнаа владата на Р.Грција да воочи дека организирањето на ваков настан ќе придонесе за развивање на туризмот, една од гранките која е главен извор на приходи. Плановите се за изградба на патека лоцирана во близитата на Атина. 25.01.2007 |
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Правила:
ФИА на ги слуша возачите Марк Вебер ја критикуваше Светската автомобилистичка федерација дека не ги почитува мислењата на возачите кога ги носи правилата за натпреварување. Коментирајќи ја одлуката (која се уште не е официјално потврдена) дека во текот на трката возачите ќе мораат да употребат две различни компоненти на гумите, Австралијанецот избезумено ја обележа идејата како глупава и чудна. Тој саркастично потенцираше дека правилото нема да придонесе во зачинувањето на спектаклот. - Што ќе кажат возачите е апсолутно не важно,- изјави Вебер, потсетувајќи дека кога возачите изјавија дека Монца е небезбедна, добиле закана од Макс Мозли дека на тие што си дозволуваат со свои оценки да ја девалвираат работата на ФИА (која имала своја комисија за утврдување на безбедноста – з.а.) ќе им ги одземе лиценците за настап во Ф1. - Вториот тип на гуми кој всушност ќе значи дека болидот ќе биде побавен, ќе го користиме во последните мигови од трката, кога всушност и нема многу престигнувања. Всушност, тоа правило нема да донесе некое поголемо возбудување,- изјави Дејвид Култхард, сметајќи дека лесно ќе се справат со наметнатото правило. Ваквиот тип на правило е користен во американската КАРТ серија, при што возачите имаат една гума како примарна опција за поголемиот дел од трката, но и задолжителна употреба на втората опција гуми од производителот, кои се обележани со црвена лента од страната, за да публиката може да разликува кој возач кога ќе ги употреби оние гуми кои претходно ги оценил како побавни и помалку компатибилни со неговото штелување на болидот. Оправдувањето е дека на тој начин ќе се оправдаат трошоците на производителите на гуми, кои трошат огромни средства за да развијат одреден тип на гума, а можно е никогаш да не се употребат во трка. Пред еден месец Бриџстоун демантираше дека вакво правило е донесено и инсистираше дека според актуелната спортска регулатива возачите ќе имаат на располагање две опции од пневматиците со цел да изберат една. Дали користењето на вториот тип на гума барем еднаш во трката (односно квалификациите) ќе стане задолжително, треба да објави ФИА. 29.01.2007 |
|||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Внеси реплика | страница <1 1314151617 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |