IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРОЛОГ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРОЛОГ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 16>
Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2007 во 12:17

25 ДЕКЕМВРИ

 

Рождество на Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос. Но кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот  Син, Кој се роди од жена и се потчини на законот (Гал. 4:4) за да го спаси човечкиот род. И кога минале девет месеци од благата вест што $ ја јавил архангелот Гаврил на Пресветата Дева во Назарет, велејќи: Радувај се благодатна... еве ќе зачнеш и ќе родиш син, во тоа време излегла од кесарот Август заповед да се изврши попис на сиот народ во Римското Царство. Според таа заповед секој требало да си појде во својот град и таму да се запише. Затоа праведниот Јосиф дошол со Пресвета Дева во Витлеем, градот Давидов, бидејќи биле и двајцата од царското колено на Давида. Бидејќи во тој мал град се насобрало многу народ заради пописот,  Јосиф и Марија не можеле во ниедна куќа да најдат конак, заради што се засолнале во една овчарска пештера, воп која што пастирите ги затворале своите овци. Во таа пештера, во ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25 декември, Го родила Пресвета Дева Спасителот на светот, Господ Исус Христос. И откако го родила безболно, како што и го зачнала безгрешно, од Светиот Дух а не од човек, таа самата го повила во ленени пелени, Му се поклонила како на Бог и Го положила во јаслите. Потоа пришол и праведниот Јосиф, и тој Му се поклонил како на Божествен плод од девојчинска утроба. Тогаш дошле и пастирите од полето, упатени од ангелот Божји и Му се поклониле како на Месија и на Спасител. И пастирите слушнале многу ангели Божји каде што пеат: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја (Лк. 2). Во тоа време стигнале и тројцата мудреци од Исток, водени од чудната ѕвезда, со свои дарови: злато, ливан и смирна, и Му се поклониле како на Цар над царевите и Го дарувале со своите дарови (Мт. 2). Така дошол на светот Оној, чие што доаѓање било проречено од пророците, се родил онака како што било проречено: од Пречиста Дева, во градот Витлеем, од коленото Давидово по тело, во времето кога повеќе во Ерусалим немало цар од родот Јудин, туку царувал Ирод, туѓинец. После многу Свои праобрази и ветувања, пратеници и весници, пророци и праведници, мудреци и цареви, најпосле се појавил Он, Господарот на светот и Царот над царевите да го изврши делото на спасението на луѓето, што не можеле да го извршат неговите слуги. Нему нека Му е вечна славата и пофалбата. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2007 во 12:18

РАСУДУВАЊЕ

На Господа Исуса Христа, роден во Витлеем, прво Му се поклониле пастирите и мудреците (ѕвездарите) од Исток, значи, најпростите и најмудрите на овој свет. И денденешен најискрено Му се поклонуваат на Господа Исуса Бога и Спасителот најпростите и најмудрите на овој свет. Расипаната простотија и полуучената мудрост отсекогаш биле непријатели на Христовото Божество и на Неговото Евангелие. Но кои биле овие мудреци од Исток? Ова прашање посебно го проучувал св. Димитриј Ростовски. Тој тврди дека тие биле цареви на некои помали области или на поедини градови во Персија, Арабија и Египет. Во исто време тие биле големи познавачи на астрономијата (ѕвездарството). Ним им се јавила онаа чудна ѕвезда што го навестувала раѓањето на Новиот Цар. Според св. Димитриј, таа ѕвезда им се јавила на нив, девет месеци пред раѓањето на Господа Исуса, т.е. во времето на зачнувањето на Пресвета Богородица. Тоа време од девет месеци тие го поминале во проучување на таа ѕвезда, во подготовки за патот и во патување. Пристигнале во Витлеем, наскоро по раѓањето на Спасителот на светот. Едниот од нив се викал Мелхиор. Тој бил стар, обелен, со долга бела коса и брада. Тој на Господа за дар му принесол злато. Вториот се викал Гаспар, со црвено лице, млад и без брада. Тој на Господа за дар му принесол ливан. Третиот се викал Валтазар, црн во лицето и многу брадест. Тој на Господа му подарил смирна. Нивните тела по нивната смрт биле пренесени во Цариград, од Цариград во Милано, а од Милано во Келн. Уште може да се додаде дека овие тројца мудреци биле претставници на трите главни човечки раси, кои произлегле од Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет. Персијанецот ги претставувал Јафетите, Арабјанинот Семитите, а Египќанецот Хамитите. Така, може да се рече преку нив тројцата целиот човечки род Му се поклонил на овоплотениот Господ, нашиот Бог.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

Да размислувам за убавината на душата на Пресвета Богородица, и тоа:

1. како нејзината душа била светла и непорочна;

2. како нејзината душа била исполнета со мир од вера и од надеж во Бога;

3. како нејзината душа била исполнета со благопријатен мирис од молитвите.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2007 во 12:19

БЕСЕДА

за раѓањето на Господа Синот Божји

Излегов од Отецот и дојдов во светот (Јн. 16:28).

Единородниот Син Божји, браќа, е роден во вечноста од Отецот без мајка, се родил во времето од мајка без татко. Првото раѓање е недостапна тајна на Светата Троица во вечноста, а второто раѓање е недостижна тајна на силата и на Божјото човекољубие во времето. Најголемата тајна во времето одговара на најголемта тајна во вечноста. Не влегувајќи со мала свеќа на нашиот разум во оваа најголема тајна, да се задоволиме, браќа, со сознанието дека нашето спасение потекнува не од човек и не од земјата, туку од највисоките височини на божествениот невидлив свет. Толкава  е милоста Божја и толкаво е човечкото достоинство, што самиот Бог Син се спуштил од вечноста во времето, од небото на земјата, од престолот на славата во пештерата на пастирите, само да ги спаси луѓето, од гревот да ги очисти и во Рајот да ги поврати. Излегов од отецот, каде што имав сe, и дојдов на светот, кој не можеше ништо да ми даде. Во пештерата се родил Господ за да покаже дека целиот свет е една темна пештера, што само единствено Он може да ја осветли. Во Витлеем се родил Господ, а Витлеем значи дом на лебот, за да покаже дека Он е единствениот леб на животот, достоен за вистинските луѓе.

О Господи Исусе, превечен Сине на Живиот Бог, и Сине на Дева Марија, осветли нe нас и нахрани нe со Тебе. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2007 во 09:14

26. Децембар
 
1. Сабор Пресвете Богородице. Други дан Божића Црква хришћанска одаје славу и хвалу Пресветој Богоматери, која роди Господа и Бога и Спаса нашега Исуса Христа. Сабором се њеним назива ово празновање зато, што се тога дана сабирају сви верни, да прославе њу, Матер Богорoдицу, и што се торжествено, саборно, служи у част Њену. У Охриду је од старине био обичај, да се уочи другог дана Божића вечерња служи само у Светој Богородици званој Челница. Све свештенство са народом ту је саборно прослављало Пречисту Богоматер.
 
2. Спомен бекства у Мисир. Источни мудраци-звездари поклонивши се Господу у Витлејему, упутише се по наређењу ангела другим путем за домовину своју. И Ирод опаки цар умисли поклати сву децу у Витлејему. Виде Бог ту намеру Иродову, па посла ангела Свога Јосифу. Ангел се Божји јави Јосифу на сну и заповеди му, да узме Младенца и Матер Његову и бежи у Мисир. Јосиф тако и поступи. Узевши божанског Младенца и Матер Његову Пресвету, он се упути прво у Назарет (Лк 2, 39), где уреди своје домаће ствари, и узе собом сина свог Јакова, па онда одоше у Мисир (Мт 2, 14). И тако се испунише речи пророчке: "Гле, Господ сједећи на облаку лаку доћи ће у Мисир" (Иса 19, 1). У старом Каиру и данас показују пећину, где је живела света породица, а у селу Матареа, близу Каира, указују на дрво, под којим се одмараху Пресвета Богородица с Господом Исусом, као и чудотворан извор воде под тим дрветом. Проживевши неколико година у Мисиру, света породица врати се по наређењу ангела Божјег опет у Палестину. И тако се испуни друго пророчанство: "Из Мисира дозвах сина својега" (Ос 11, 1). Ирод беше умро, а на његов крвави престо седе достојни му у злу син Архелај. Чувши Јосиф, да Архелај царује у Јерусалиму, упути се у Галилеју, у свој град Назарет, где се настани у дому своме. Галилејом тада владаше други син Иродов, Ирод млађи, који беше нешто блажи у злу од свог брата Архелаја.
 
3. Преподобни Еварест. Читајући дела светог Јефрема Сирина од дипломате постао монах. Врло суров према себи: носио ланце на телу и јео суха хлеба једном недељно. Проживео седамдесет пет година и преселио се ка Господу око 825. године.
 
4. Свети Јевтимије Исповедник, епископ сардијски.Присуствовао VII васељенском сабору. Око тридесет година провео у изгнанству због иконопоштовања. При цару Теофилу иконоборцу шибан воловским жилама, при чему мученички сконча 840. године и прими венац славе на небу.
 
5. Преподобни Константин Синадски. Као Јеврејин обрати се у хришћанство. При крштењу метну крст себи на главу, и оста му на глави чудотворан отисак крста до смрти. Скончао у Цариграду у VII веку. Славан због испосништва и чудеса многих. На седам година прорекао дан своје смрти.
 
Међа измeђ ноћи и сунчана дана
Зора је румена, румена и росна,
Ти си зоро рујна, Дево богодана,
Претходница дана, рујна и поносна;
To поправи Еву и у Рај поврати.
Твоју помоћ ни нам грешним не ускрати.
Cуx Израиљ прође кроз Црвено море.
Из пустињске стене студен извор тeчe,
Купина гораше, не може да згоре —
Ко што зора личи на румено вече
Тако и ти, Дево, на праслике ове,
O ти коју Црква Богомајком зове.
Греху непозната, греху неодана.
O пречиста Мати нашег Спаситеља,
Због чистоте Твоје Богом си избрана
Да на земљу спустиш вечног Створитеља:
Зато власт имадеш за нас се молити
A ми радост Тебе пјети и славити!

 
 
РАСУЂИВАЊЕ
Прича o божанском Младенцу Христу. Када божанска породица бежаше испред мача Иродова за Мисир, искочише разбојници на друм c намером да штогод упљачкају. Праведни Јосиф вођаше једно магаре, на коме беше нешто ствари, и на коме Пресвета Богородица са Сином својим на грудима овда-онда јахаше. Разбојници ухватише магаре, да одведу. У томе приђе један од разбојника Богоматери да види, шта то она држи на грудима. Видевши Дете Христа, разбојник се задиви необичној красоти Његовој, па у дивљењу рече: „Кад би Бог узео на себе тело човечје, не би био лепши од овог детета!" И нареди тај разбојник осталим друговима својим, да ништа не узимају од ових путника. Испуњена благодарношћу према овако великодушном разбојнику Пресвета Дева рече му: „Знај, да he те ово Дете наградити добром наградом зато што си га данас сачувао". После тридесет и три године тај исти разбојник за злочине своје висио је на крсту распет c десне стране Крста Христовога. Његово је име Диомаз, док је име онога разбојника c леве стране Гестас. Гледајући у Христа Господа невино распетог, Дисмаз се покаја за сва зла живота свога, па докле Гестас хуљаше на Господа, Дисмаз га брањаше говорећи: он никаква зла није учинио. Дисмаз је дакле, онај благоразумни разбојник, коме Господ рече: данас ћеш бити са мном у Рају (Лк. 23, 41—43). И тако Господ дарова Рај ономе, који Њега у детињству поштеди.
 
СОЗЕРЦАЊЕ
Да созерцавам чистоту Пресвете Богородице и то:
1. непорочну чистоту тела њеног, бестрасног и испоштеног,
2. непорочну чистоту срца њеног, у коме се не настани никад грешна жеља,
3. непорочну чистоту ума њеног, у коме се никад не настани грешна помисао.


 
БЕСЕДА
о Пресветој Дјеви Богородици

А Марија рече: ево слушкиње Господње (Лк. 1, 38)

Ваистину, браћо, ево истинске слушкиње Господње! Је ли слушкиња она која је своју вољу заменила потпуно вољом господара свога, онда је Пресвета Дјева прва међу свима слушкињама Господњим. Је ли слушкиња она која с напрегнутом и свецелом пажњом гледа господара свога, онда је Пресвета Дјева опет прва међу слушкињама Господњим. Или је слушкиња она која кротко и ћутљиво подноси све увреде и тегобе очекујући само награду од господара свога, онда је опет Пресвета Дјева прва и најпревасходнија од свих, слушкиња Господњих. Њој није стало било до тога да угоди свету, него Богу; нити јој је стало било да се оправда пред светом, него само пред Богом. Сама послушност, сама пажљивост, сама кротост. Пресвета Дјева је с правом могла рећи ангелу Божијем: ево слушкиње Господње! Највеће савршенство и највећа част, коју може жена достићи на земљи, јесте да буде слушкиња Господња. То савршенство и ту част Ева је у Рају без труда изгубила, а то савршенство и ту част Дјева Марија је с трудом ван Раја задобила.

Молитвама Пресвете Дјеве Богородице, Господе Исусе, помилуј нас. Теби слава и хвала вавек. Амин.

 
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2007 во 18:05
                                                          http://kolubara.mdlf.org/cgi-bin/get_img?NrArticle=510&NrImage=1

Vladika Nikolaj


Vo germanskiot logor ,,DAHAU,,!


The%20image%20“http://www.danas.co.yu/20060513/img/feljton1_1.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.



Velika pregnuća, kao i uvek, rađaju velike ljude i pregaoce. Dolazi do procvata umetnosti, književnosti, nauke i na svim poljima duhovne i kulturne delatnosti. U našoj književnosti toga doba srećemo čiste, časne, čestite likove starih gorštaka, koji podsećaju na drevne freske hriscanskih svetitelja. Kad su ovi čedni starci prolazili, žene, deca i odrasli prilazili bi im da zatraže blagoslov i poljube ruku. Ti ljudi bili su tihi i krotki kao jaganjci, ali stameniti i razborni ako se ne nasrne na njihove svetinje: veru, crkvu, obraz i domaćinsku čast.Ta dvopolarna sila: čednost i herojstvo, odolevali su, ma kad i ma gde, svakom narodnom neprijatelju. NJihovo srce bilo je buktinja tople vere u Boga i otmenog častoljublja. Takvi su bili i preci vladike Nikolaja, The%20image%20“http://www.balvanderi.rs.ba/userfiles/vladika_majka.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.     
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2007 во 19:07
кивот са моштима Св.Николаја
- манастир Лелић
кивот са моштима Св.Николаја
- манастир Лелић
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2007 во 13:51
27. Децембар
 
1. Свети првомученик Стефан, архиђакон. Сродник апостола Павла, и Јеврејин од оних Јевреја, који живљаху по областима јелинским. Беше Стефан први од седам ђакона, које апостоли свети рукоположише и поставише на службу око помагања сиротних у Јерусалиму. Зато се и прозва архиђаконом. Силом вере своје Стефан чињаше чудеса велика међу људима. Злобни Јевреји препираху се с њим, но биваху увек побеђивани његовом мудрошћу и силом Духа, који кроз њега дејствоваше. Тада посрамљени Јевреји, навикнути на потворе и клевете, узбунише и народ и старешине народне против невиног Стефана, клеветајући га као да је хулио на Бога и на Мојсеја. Брзо нађоше лажне сведоке који то потврдише. Тада Стефан стаде пред народ, и сви видеше лице његово "као лице ангела" (Дап 6, 15), то јест лице му беше озарено благодатном светлошћу као негда Мојсеју, кад је с Богом говорио. И отвори Стефан уста своја и изређа многа доброчинства и чудеса Божја, која Бог учини у прошлости народу израиљском као и многе злочине и противљење Богу од стране тога народа. Нарочито их изобличи за убиство Христа Господа назвавши их "издајницима и крвницима" (Дап 7, 12).(Дап 7, 56). И док они шкргутаху зубима, Стефан погледа и виде небо отворено и славу Божју. И то што виде, он објави Јеврејима: "Ево видим небеса отворена и Сина Човечјега гдје стоји с десне стране Бога" Тада га пакосници изведоше ван града и убише камењем. Међу мучитељима његовим беше и његов сродник Савле, доцније апостол Павле. У то време стајаше у даљини на неком камену Пресвета Богородица са светим Јованом Богословом и гледаше мучеништво овога првог мученика за истину Сина њеног и Бога, молећи се Богу за Стефана. То се десило на годину дана после силаска Духа Светога на апостоле. Тело светог Стефана тајно узе и сахрани на своме имању Гамалил, кнез јеврејски и потајни хришћанин. Тако славно сконча овај првенац међу мученицима хришћанским и пресели се у Царство Христа Бога.
 
2. Преподобни мученик Теодор и Теофан Начертани. Рођена браћа, родом из Палестине, врло образовани у светској мудрости и у мудрости духовној. Монаси у обитељи Светог Саве Освећеног, потом и презвитери. Страдаше љуто за иконе у време три цара: Лава Јерменина, Михаила Валвоса и Теофила. Безумни Теофил својим рукама их туче, и нареди, те им се гвожђем нацрташе по лицу подсмешљиви стихови, због чега су и прозвати Начертани. Бачени у тамницу у граду Апамији Витинијској. Теодор ту сконча од мука и рана. Теофан ослобођен у време Теодора и Михаила, и постављен од патријарха Методија за митрополита никејског. Свети Теодор сконча 833. године. Ова дивна браћа пострадаше за Христа, и примише дивну награду од Христа у бесмртном царству светлости.
 
Ha Стефана Духом обасјана
Навалише Јевреји крвници.
Крвав Стефан на колена клече
И повика к небу иза гласа:
— O Господе, што c Крста опрости
Грех највећи што земљу потресе,
Грех највећи што га небо виде,
Што опрости Својим крвницима,
Сад и мојим опрости, Преблаги!
Шта је овај злочин спрам онога!
И ја шта сам спрам Господа мога!
To изрече, дух Богу предаде.
Гневни старци, грдне плашљивице,
Кад убише, тад се разбегоше.
Тад ангели c неба се слетеше
Око тела првомученика,
У хору му песму отпојаше,
Рајску душу у рaj узнесоше.

 
 
РАСУЂИВАЊЕ
Прича o божанском Младенцу Христу. Оба велика пророка, Исаија и Јеремија, прорекли су, да ће Господ доћи у Мисир, и да ће се од присуства Његова потрести храмови идолски и идоли разорити. Исаија је писао: гле Господ ће доћи у Мисир и затршће се идоли Мисирски од лица Његова (Иса. 19, 1; Јер. 43, 12). Када божански бегунци стигоше у град Ермопољ (Каиро), и тамо се приближише неком храму идолском, наједанпут сви идоли у том храму падоше и разбише сe. O томе пише и св. Паладије (у Лавсаику): „Видесмо", вели, „тамо храм идолски, у коме од приласка Спаситељева падоше сви истукани (идоли) на земљу." У некоме месту, званом Сирен, беше 365 идола. Када пресвета Дева ступи у тај храм c божанским Младенцем на рукама, сви ти идоли попадаше и разбише се. Исто тако попадаше идоли свуда по целом Мисиру. Св. пророк Јеремија бавећи се у старости својој у Мисиру, прорекао је жречевима мисирским, да he сви идоли попадати и сви рукотворени ликови сокрушити се у оно време када у Мисир дође Дева Мајка c Младенцем, рођеним у јаслама. Ово пророчанство запамтили су жречеви добро, и сходно њему изображавали су на храмовима својим Деву како почива на постељи, и до ње у јаслима Младенца њеног, у пелене повијеног. И клања.ти су се томе изображењу. Цар Птоломеј питао је жречеве, шта означава то изображење, a они су му одговарали, да је то испуњење те таше. И та је тајна ваистину се и испунила и не само Мисиру него и васцелом свету објавила.
 
СОЗЕРЦАЊЕ
Да созерцавм мудрост Пресвете Деве Марије и то:
1. како она мудро разговараше c ангелом Божјим (Лк. 1, 28-38),
2. како она размишљаше o свему што се зби o рођењу Господа Исуса и o свему што се рече o Њему, и све то слагаше у срцу своме.
3. како она у Кани мудро рече слугама, да чине све оно што им Он рече.


 
БЕСЕДА
о Пресветој Деви Богородици

Велича душа моја Господа (Лк. 1, 46)

Ми имамо, браћо, свега неколико речи записаних у Јеванђељу, што их је изрекла Пресвета Богородица. Све те њене речи односе се на величање Бога. Она је била ћутљива према људима, али је душа њена непрестано разговарала с Богом. Сваког дана и часа она је налазила нови разлог и провод да велича Бога. Кад би се могла знати и записати сва њена величања Бога кроз цели јој живот, о колико би то великих књига изнело! Но и по оном једном величању, које је она исказала пред својом рођаком Јелисаветом, мајком великог пророка и Прретече Јована, може сваки хришћанин ценити, какав је мирисни и богоугодни цвет била душа њена пресвета. То је само један дивни псалам душе Богородичине, који је дошао до нас кроз Јеванђеље. Но такви псалми били су многобројни и многобројни у току живота Преблагословене. И пре него што је чула Јеванђеље из уста Сина свога, она је знала јеванђелски Богу говорити и Бога славити. То јој је знање долазило од Духа Светог Божјег, чија се благодат непрестано улевала у њу као бистра вода у чисти сасуд. Величала је Бога псалмима душе своје кроз цели живот свој, зато и њу Бог возвеличи изнад херувима и серафима. И нас, малене и грешне, возвеличаће исти Господ који је и њу возвеличао, у царству Своме, ако се и ми потрудимо, да ово кратко време живота нашег испунимо величањем Бога делима, речима, мислима и молитвама.

О Пресвета, Пречиста и Преблагословена Богородице, закрили нас молитвама Твојим. Теби и Сину Твом и Господу нашем слава и хвала вавек. Амин.
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2007 во 17:48
28. Децембар
 
1. Светих двадесет хиљада мученика никомидијских. У време опаког цара Максимијана Херкула цветаше вера хришћанска у Никомидији и увећаваше се из дана у дан. Једном цар бавећи се у томе граду, сазнаде о множини хришћана и напредовању цркве хришћанске, па се огорчи веома и смишљаше план, како да их све погуби. У том се приближи празник Рождества Христова, и цар сазнавши да се сви хришћани о том празнику скупљају у цркву, нареди, да се тога дана црква опколи војском и запали. Када се сви хришћани сабраше у цркву, после пола ноћи, и почеше торжествено празновање, војници окружише цркву, да не пусте никога ван, и царев изасланик уђе у цркву и објави хришћанима цареву заповест, да одмах или принесу жртву идолима или сви да буду сажежени. Тада архиђакон, јуначки војник Христов, распали се ревношћу божанском, па поче храбрити народ подсећајући верне на три отрока у пећи вавилонској. "Погледајте, браћо", рече, "на жртвеник у олтару Господњем и разумите, да се на њему сада за нас жртвовао Господ и Бог наш истинити; па зар ми да не положимо за њега душе наше на месту овом светом!" Народ се одушеви да умре за Христа, и сви који беху оглашени, крстише се и миропомазаше. Војници тада зажегоше цркву са свих страна, и хришћани, двадесет хиљада њих на броју, сагореше у пламену певајући славу Божју. За пет дана потом гораше црква, и дим неки дизаше се из ње с опојним и дивним мирисом, и нека чудна златозарна светлост показиваше се на том месту. Тако славно скончаше многобројни људи и жене, девојке и деца, и примише венац вечне славе у Царству Христовом. Пострадаше и прославише се 302. године.
 
2. Преподобни Симон Мироточиви. Оснивач светогорског манастира Симоно-Петра. Прослављен подвизима, виђењима и чудесима. Упокојио се мирно и прешао ка Христу 1257. године.
 
3. Света мученица Домна. Девица и жреца скверних идола на двору цара Максимијана. Прочитавши однекуд Дела светих апостола, она поверова у Христа и крсти се, заједно са евнухом Индисом, од епископа Кирила у Никомидији. Свети Кирил упути је у женски манастир, где беше игуманија блажена Агатија. Но када цар поче трагати за њом, Агатија је обуче у мушко одело и посла у мушки манастир. У то време би сажежено од цара Максимијана двадесет хиљада хришћана у цркви. Одмах потом по царевој наредби свети Индис, Горгоније и Петар са камењем о врату беху бачени у море: војвода Зинон, који јавно изобличи цара због идолопоклонства, посечен; свети Теофил, ђакон епископа Антима, убијен камењем и стрелама, игуманија Агатија, монахиња Теофила и великаши Доротеј, Мардоније, Мигдоније и Јевтимије, сви погубљени због Христа. Једне ноћи хођаше Домна обалом морском и виде рибаре где бацају мрежу у море. А она у то време нарочито туговаше за светим Индисом. Позвата од рибара да помогне, она им поможе, и Божјим Промислом извукоше у мрежу и три људска тела. Домна познаде у њима светог Индиса, Горгонија и Петра, узе тела њихова и чесно их сахрани. Када цар дознаде, да неки младић чува и кади гробове хришћанских мученика, нареди да се посече. И би света Домна ухваћена и посечена, а у небеском царству са осталим мученицима венцем славе увенчана.
 
Мученици свети, муке су вам прошле,
Сузе убрисане, ране залечене,
Ал' још муке иду, још cве нису дошле
На Божију цркву и на верне њене.
Свети мученици, молимо се вама:
Стражите над црквом вашим молитвама!
Мученици свети, дивни победници,
све вражије војске на вас се дигоше,
Ви без страха бисте, велики војници,
Противници ваши у бездан падоше.
Ви Тројицу Свету сада јасно зрите
У светлости Њеној ви се веселите.
Мученици свети, хвала вам за ране,
И за ваше сузе и за крвцу чисту,
Што постаде цркви тврђава одбране.
Молите се за нас Спаситељу Христу.
Да нас удостоји браћом вас назвати,
O витези чесни, децо благодати!

 
 
РАСУЂИВАЊЕ
Прича o божанском Младенцу Христу. Када се Пресвета Дева c божанским Младенцем својим и c Јосифом праведним приближише граду Ермопољу, угледаше једно дрво пред капијом града. Далеки путници беху заморени од пута и приђоше томе дрвету, да мало почину, мада дрво беше врло високо и немаше удобна хлада. To дрво називаху Мисирци „Персеа" и клањаху му се као Богу, јер вероваху да се неко божанство крије у том дрвету. У ствари, у том дрвету становаше неки зли дух. Па како се божанска породица приближи дрвету томе, затресе се дрво веома, и зли дух устрашен од приближења Младенца Христа —побеже. Тада се дрво сави врхом својим к земљи и поклони се Создатељу своме као неки словесни створ. Тако савијено дрво даваше велику сенку у којој починуше заморени путници. Од тога дана то дрво доби од Христа Господа чудотворну целебну моћ, да исцељује сваку болест на људима. Потом одоше свештени путници у село Матареу. Близу села угледаше једно дрво смоково, и док Јосиф оде у село неким послом, Пресвета Дева склони сe c Господом под то дрво. И o чуда, дрво се приклони к земљи круном својом, да направи сенку путницима, a доњим делом раступи се тако, да Мајка c Дететом могаше ући у њ и починути. И што је још најчудније: близу те смокве отвори се наједном живи извор воде. Ту у близини Јосиф нађе неку колибу, где се сместише. И ту живљаху, и воду са оног чудесног извора пијаху. To je једини извор живе воде, који се налази у Мисиру. (Јер сва друга вода у Мисиру долази од реке Нила, који се грана у безбројне канале). И тако слично изазива слично. Господ Исус, бесмртни и небесни извор живе воде, изазвао је присуством Својим извор живе воде из земље.
 
СОЗЕРЦАЊЕ
Да созерцавам лик (сабор) светих мученика Христових и то:
1. како они муке претрпеше a Христа се не одрекоше,
2. како из љубави према Христу Господу на муке и смрт одоше као на пир,
3. како сад ликују у Царству Христовом и нас својим молитвама помажу.


 
БЕСЕДА
о Пресветој Деви Богородици

Рече мати његова слугама: што год вам рече — учините (Јов. 2. 5)

Ево радости свима вернима: она која је најближа Христу Спаситељу на небу, као што је била и на земљи, брине се о вернима, јавља им се, помаже их и саветује их: што год вам рече, Он Син и Бог мој, учините. Тако је она посаветовала слуге на свадби у Кани. и слуге су је послушале и виделе чудо. Из оно мало речи Пресвете Деве Богоневесте што је записано у Јеванђељу, ово је једна драгоцена поука, управо једина њена јеванђелска поука, коју је она дала људима за време свог живота на земљи. Што год вам рече — учините! Као да је хтела рећи: Он зна све, Он може све, Он вас љуби све, зато не обзирите се ни тамо ни амо него Њега чујте и Њега послушајте. Она је схватила дужност у овоме свету, да за Њега живи и да к Њему као извору живота друге упућује. Ту дужност она је драговољно продужила да врши и са небеса. Кроз сву историју цркве она је учила верне, да чине оно што је Он рекао. И дан—данас она се тајанствено спушта из славе своје небеске међу верне да их посаветује, да чине оно што је Он заповедио. То је њено Јеванђеље — Јеванђеље Пресвете Деве Богородице. Оно се састоји не из четири Јеванђеља него из четири речи: Што год вам рече — учините. О браћо моја, послушајмо је! Послушајмо је као мајку, и више него мајку своју, јер она нам жели највеће добро — царовање у вечном царству Сина њеног.

О Пресвета Дево, помози нам испунити речи Његове. Теби и Њему слава и хвала вавек. Амин.
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2007 во 10:40

29 ДЕКЕМВРИ

 

1. Св. четиринаесет илјади младенци во Витлеем. Бидејќи мудреците од Исток не се вратиле од Витлеем во Ерусалим да му јават на Ирода за новородениот Цар, туку по заповед на ангелот по друг пат си отишле во својата татковина, Ирод се разлутил како лут ѕвер и наредил да се убијат сите деца од две, и помали од две години во Витлеем и по целата Витлеемска околина. Таа страшна заповед на царот била потполно извршена. Неговите војници, едни деца со меч ги исекле, други од камења ги разбивале, трети со нозете ги згмечиле, четврти со раце ги удавиле. И се кренал плач и лелек на мајките до небото: Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема (Јер. 31:15; Мт. 2:18). Овој злостор над многу невини деца бил извршен една година по раѓањето Христово, на 29 декември. За тоа време Ирод пребарувал за да го најде божествениот Младенец. Го барал од Захарија неговиот син Јован за да го убие, бидејќи мислел дека Јован е тој нов цар. Бидејќи Захариј не го дал Јована, по наредба на Ирод и Захариј бил убиен во храмот. Ќе го убиеле и св. Симеон Богопримец, ако наскоро по Сретението не се претставил пред Бога. Откако ги истепал витлеемските деца, Ирод се нафрлил на еврејските старешини кои му толкувале каде Месијата ќе се роди. Така го убил Иркан првосвештеникот и 70 старци од Синедрионот. Така, лошо завршиле оние кои се согласувале со Ирода дека новиот Цар, Младенецот треба да се убие. Потоа ги убил својот брат и својата сестра, жената и своите тројца синови. Најпосле и него го постигнала Божја казна: почнал сиот да се тресе, нозете му отекле, долниот дел од телото му загноил, од гнојот почнале црви да излегуваат, носот му се затворил и неподнослива смрдеа се ширела од него. Пред самото издивнување, се сетил дека во затворот има многу затворени Евреи, па за да не се израдуваат на неговата смрт, наредил сите да се убијат. Така ја испуштил својата нечовечна душа овој грозен владетел и ја предал на ѓаволот во вечна своина.

2. Преп. Маркел. Од Апамија Сириска. Игумен на манастирот 'Неусипајуштих" - ('На оние кои што не спијат") во Цариград. Прозорлив, исцелител и голем чудотворец. Разговарал со ангелите, демоните лесно ги победувал и ги изгонувал. По смртта, му се јавил на својот собрат Лукијан и му рекол дека Го замолил Бога и него наскоро да го земе во царството небесно. Овој свет и славен човек се упокоил во 486 година.

3. Преп. Марко Гробар и Теофил Плачлив. Киевопечерски монаси. Св. Марко имал толкава благодат, што на мртвите им заповедал и тие го слушале. 'Почекај, брате, до утре, бидејќи гробот уште не ти е готов", порачал Марко да му се каже на еден умрен монах кој бил веќе и искапен и отпеан. И монахот ги отворил очите и бил жив до другиот ден. Теофил плачел непрестајно за своите гревови. Своите солзи ги пролевал над еден сад. Пред смртта, му се јавил ангел и му покажал еден поголем сад, исполнет со солзи. Тоа биле солзите на Теофил што паѓале на земјата или биле истриени со рака, или пак се исушиле на лицето. Така на небото се знаат и се чуваат сите наши солзи како и сите маки, и тешки воздишки заради спасението. Овие свети Божји слуги се упокоиле во ЏИ век и преминале во црството Христово.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2007 во 10:42

РАСУДУВАЊЕ

 

Приказна за Пречистата Дева Марија. Таа го зачнала Господа во петок како што во петок се случило и Неговото страдање, а Го родила во неделен ден. Во неделен ден рече Бог нека биде светлина (И Мој. 1:3); во неделен ден паднала мана од небото; во тој ден Спасителот Господ се родил и во тој ден бил крстен на Јордан. Во Витлеем, во тоа време, живеела една старица Саломија, некоја роднина на Јосиф и на Марија. Таа не можела да ги прими своите роднини на конак кај себе, но ги посетувала во овчарската пештера. Кога Пресвета Дева непорочно Го родила Спасителот Господ, $ дошла Саломија на посета и се зачудила како можела толку млада девица да роди без помош од бабица, па уште и сама да Го повие Младенецот и, покрај сe, да биде на нозе. Кога $ објаснила на Саломија дека е тоа раѓање од Бога, а не од човек, дека е негнилежно и безболно и дека Дева Мајката останала девојка и по раѓањето како што била и пред раѓањето, Саломија не сакала да поверува. Таа ја пружила раката кон телото на Пречистата Дева, по бабински обичај да испита дали тоа навистина е така. За нејзиното неверување и за дрскоста ја стасала казна: раката ‘и се фатила и ‘и се исушила. Бабата многу се исплашила од чудото и се нажалила заради исушената рака. Но потоа, кога со раката се допрела до божествениот Младенец, таа ‘и оздравела и станала како што била порано. Така Саломија поверувала и во девството на Пречистата Дева Марија и во божеството Христово. Кога после 40 дена, според обичајот, дошла Пресвета Дева со Младенецот во Ерусалимскиот храм, првосвештеникот Захариј ја ставил на местото одредено за девојките. Фарисеите и свештениците се збуниле заради тоа и сакале да ја одведат на местото одредено за жените, но видовитиот Захариј тоа не го допуштил, потврдувајќи дека таа е девојка, иако родила. Заради ова еврејските старешини го замразиле Захариј и барале од Ирода да биде убиен. Веднаш по излегувањето од храмот, Богородица со Јосиф се оддалечила од Ерусалим во Назарет, па потоа во Египет.

 

СОЗЕРЦАНИЕ

 

Да размислувам за соборот (ликот) на светите јерарси и учители на Црквата, и тоа:

1. како тие ревносно го проповедале Евангелието и му пастирствувале на стадото Христово;

2. како ја утврдувале благочестивата вера и ересите ги побивале;

3. како сега ликуваат во царството Христово и нам со своите молитви ни помагаат.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2007 во 10:43

БЕСЕДА

за Пресвета Дева Богородица

А и на тебе самата меч ќе ти ја прободе душата... (Лк. 2:35).

Кој би можел приближно да се спореди со Господа во трпеливото поднесување на страдањата на земјата така, како Неговата Пресвета Богомајка. Старецот Симеон, украсен со косите и брадата како бел  лебед, пророчки ги предвидел нејзините болки во иднината и тие болки ги споредил со продирањето на мечот низ душата. Еден меч поминал низ нејзината душа кога праведниот Јосиф се посомневал во неа за време на бременоста, втор кога морала да бега во Египет пред мечот на Ирода, трет, и четврт, и десети и многу, кога ги гледала лагите и сплетките на еврејските старешини против нејзиниот Син од ден на ден за сето време на Неговата проповед и чудното делување помеѓу луѓето. Но најостриот меч поминал низ нејзината душа кога стоела под Крстот на Господа и на својот Син. Тој меч го предвидел и го прорекол светиот старец Симеон. Величествено е и возбудливо нејзиното молчење, со кое, како со завеса, ги покривала сите свои болки, сите рани на своето срце. Во мракот на сите тие многубројни болки натрупани во нејзиното пречисто срце светело неизгасливото кандило на верата и надежта во Бога и преданоста кон Бога. Ненадминлива во благородноста слугинка Господова! Таа јасно се видела себе во Божјиот план на човечкото спасение, таа читала кај пророците за себе, таа разговарала со ангелите, Божјите весници. Затоа сe што доаѓало, радоста или маката, таа знаела дека доаѓа од Бога, та ниту се радувала во радоста, ниту се жалела во маката, туку молчела и сe си ставала на своето срце.

О Пресвета Дево Богородице, помогни ни нам, слично на тебе, да бидеме покорни на волјата Божја, на Твојот Син и Господ, преку тебе слава и вечна пофалба. Амин.

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2007 во 01:36

30 ДЕКЕМВРИ/12 ЈАНУАРИ

 

1. Св. мччка Анисија. Родена е во Солун од угледни и богати родители и воспитана во Христовата вера. Рано останала сираче и сета се предала на богомислие и на молитва во својот дом. Одушевена од љубовта Христова, често говорела: 'О лажен животу на младите, зашто или соблазнуваш или самиот се соблазнуваш. Подобра е староста, но тага ме обзема заради должината на времето што ме дели од небесните”. Потоа го продала сиот свој имот и го разделила на тие што немаат ништо, а самата живеела од трудот на своите раце. Држела строг пост, спиела многу малку и непрестајно пролевала солзи на молитва. Кога ја совладувал сонот, таа си велела: 'Опасно е да спијам кога мојот непријател бдее”. Во тоа време лошиот цар Максимијан издал проглас дека секој може да убие христијанин каде што ќе види или ќе сретне, без суд или осуда. Еднаш, оваа света девојка излегла на улица за да оди в црква. Тој ден бил незнабожечки празник на сонцето. Некој војник ја видел прекрасна на лицето, па ‘и се приближил со нечиста желба и ја прашал за името. Таа се прекрстила со крст и му рекла: 'Слугинка сум Христова, и одам во црква”. Кога дрскиот војник ‘и се приближил повеќе и почнал безумно да ‘и говори, таа го оттурнала и му плукнала во лицето. Војникот ја удрил со мечот под ребрата и ја прободил. Оваа света девица пострадала во 298 година и од христијаните била чесно погребана, а од Бога во небесното царство со венец на слава била овенчана. Над нејзиниот гроб била изградена црква.

2. Преп. Теодора Цариградска. Монахиња и послушничка на св. Василиј Нови (види, 26 март). По смртта, му се јавила на св. Григориј, ученикот на Василиј, му ги опишала сите 20 митарства низ кои нејзината душа поминала додека со помош на молитвите на св. Василиј не влегла во вечен покој. Се претставила на 30 декември 940 година.

3. Св. апостол Тимон, е еден од седумте ѓакони (Дела, 6:5) и од седумдесетте апостоли. Поставен за епископ Батрски во Арабија, тој го проповедал Евангелието и претрпел многу маки од незнабожците. Бил фрлен во оган, но останал неповреден. Најпосле завршил распнат на крст и се преселил во царството Христово.

4. Преп. Теодора Кесариска. После многуте подвизи во манастирот 'Св. Ана", мирно се упокоила во 755 година.

5. Преп. мч. Гедеон. По потекло Грк, од многу бедни родители. Во младоста бил насилно потурчен. Раскаен, побегнал во Св. Гора, каде што во манастирот 'Каракал" примил монашки чин. Жеден за мачеништво за Христа тој зел благослов од својот духовник и отишол во она место каде што бил потурчен и јавно пред Турците ја исповедал верата Христова и го навредил Мухамеда како лажен пророк. Турците му ја избричиле главата, го ставиле наопаку на магаре и го воделе низ градот. Но тој се радувал на тоа понижување заради Христа. Потоа со секира му ги пресекле сите прсти на рацете и на нозете како некогаш на св. Јаков Персијанец (види, 27 ноември), и најпосле го фрлиле во клозет каде што ја предал својата света душа на Бога, во 1818 година, во местото Турново во Тракија. Чудотворните мошти му почиваат во црквата 'Свети Апостоли" во селото Турново, а еден дел од моштите се наоѓа во манастирот 'Каракал”.

 

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2007 во 01:38

РАСУДУВАЊЕ

 

Еве уште два примери како милостивиот Бог им помага во неволја на оние кои со вера се надеваат на Него. Блажена Теодора Кесариска била родена во куќа на големец и била дадена во манастирот 'Св. Ана" на воспитување. Теодора не само што се воспитувала, туку и се подвизувала, подготвувајќи се да прими монашки чин. Царот Лав Исавријанец со сила ја извлекол од манастирот и ја прстенувал за еден свој војвода. Теодора се противела на бракот со сета душа, но била немоќна како јагне во волчји шепи. Таа тагувала и во срцето непрестајно се молела на Бога, да не ја остава. И на самиот ден на венчанието, кога гостите се веселеле, ненадејно му дошла вест на царот дека Скитите го нападнале неговото царство. Царот му наредил на тој свој војвода веднаш да појде со војската против Скитите. Војводата отишол и повеќе не се вратил, бидејќи загинал во борбите. Така св. Теодора со помош Божја се ослободила и како чиста девојка пак се вратила во својот манастир каде што се замонашила и како монахиња се прославила со својот необичен подвиг. Втор пример. Во манастирот 'Неусипајуштих" - ('На оние кои што не спијат") една гладна година се случило да биде голема немаштија. Игуменот св. Маркел, еден ден дочекал некои сиромашни луѓе и ги нагостил, па уште сакал да им даде пари за патот. Маркел го прашал манастирскиот економ колку пари има. Економот одговорил: 'Десет сребреници”. Игуменот наредил сите десет сребреници да им се дадат на сиромасите. Економот не ги дал сите десет сребреници, туку девет, а еден задржал за манастирските потреби. Тој бил многу загрижен за манастирот, бидејќи било голема немаштија. Тогаш ненадејно манастирот го посетил некој богат човек и му донесол на игуменот 90 златни таланти. Видовитиот Маркел тогаш го повикал економот и му рекол: 'Еве, Бог сакал преку овој благочестив човек да ни испрати 100 таланти, но бидејќи ти не ме послуша мене и задржа еден сребреник, заради тоа сеопштиот Промислител не лишува од десет таланти”.

 

 

СОЗЕРЦАНИЕ

 

Да размислувам за соборот (ликот) на подвижниците, девствениците и девственичките, и тоа:

1. како тие од љубов кон Христа се одрекле од се и доброволно се предале на трпение;

2. како се победиле себе си, светот и ѓаволот, со истрајното трпение;

3. како сега ликуваат во царството Христово и нам со своите молитви ни помагаат.

 

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2007 во 01:38

БЕСЕДА

за царството на светителите

Потоа, светиите на Севишниот ќе го земат царството и ќе владеат со него и во веки веков (Дан. 7:18).

 

Понижени и поробени во земните царства, светителите ќе царуваат вечно во небесното царство. Последни на земјата, тие како први ќе се веселат на небото. Гладни и жедни, и боси и голи во минливите царства, тие ќе бидат како царски синови, наситени и облечени во царски облеки во неминливото царство, во своето негнилежно царство. Тоа е последно царство и, всушност единствено, што може да се нарече царство. Се друго е минливо, привремено училиште, измама и суета. За вечното царство на светителите се регрутираат на земјата граѓани од сите царства земни и од сите времиња. Тоа се синови и ќерки на Христа Спасителот, деца на живиот Бог. Оние кои се преселиле од овој живот во оној, и сега царуваат, но уште не е покажан сиот блесок и сета величина на нивното царување. Тоа ќе се покаже на второто доаѓање Христово, Судијата на живите и на мртвите. Тогаш ќе се покаже сиот блесок и сета величина на царството на светителите. Тоа е вечното царство на Христа Бога нашиот. На тоа царство нема да има ни смена ни крај во веки веков.

О Господи Исусе, Создателу на царството на светителите, смилувај се на нас грешните и подготви не за вечното царство на Твоите светители. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин.

 

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.