![]() |
|
ПРОЛОГ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 16> |
Автор | |||||||||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
СОЗЕРЦАНИЕ
Да размислувам за соборот (ликот) на покајниците и на покајничките, и тоа: 1. како тие без знаење или со знаење грешеле против законот Христов; 2. како се покајале, животот свој го исправиле и законот Христов го исполниле. 3. како сега ликуваат во царството Христово и нам со своите молитви ни помагаат. БЕСЕДА за победата на Агнецот Тие ќе војуваат против Агнецот и Агнецот ќе ги победи... (Откр. 17:14). Да се радуваме, браќа, и да се веселиме за победата на Агнецот над сите ѕверови. Лавовите и тигрите, и волците и лисиците, и хиените и змиите, ќе ги победи Агнецот! Кој го слушнал тоа и го видел? Нашите уши тоа го чуле и нашите очи го виделе. Агнецот е Христос Господ, а ѕверови се сите Негови противници, видливи и невидливи. И во наше време Агнецот победува, и во иднина се до последниот ден Агнецот ќе победува. Победувал, победува и ќе ги победува сите цареви и господари земски со ѕверски карактери, и нивните војски и наемници, и ќе ги прославува нивните следбеници. Таква сила има кроткиот Агнец Божји. О, браќа мои бедни, не бојте се, не плашете се, не сомневајте се: најголем Победител е вашиот водач, ваш помошник и ваш пријател. Он се именува како Агнец за да не научи да бидеме како јагниња: тивки, кротки, незлобни, трпеливи, подготвени на победоносна жртва и предадени на волјата на својот Пастир. Кога е Бог со јагнето, тоа е посилно од волкот, посилно е од лавот, повешто е од змијата и од лисицата. Но правдата не може да се познае, ниту победата конечно да се види додека двата света не се земат во предвид. О, браќа мои, кога двата света ќе ги земеме во предвид, ние ја познаваме вечната правда и бесмртната победа. Агнецот победува и само Агнецот. О Исусе Господи, Цар над царевите, Победител во секоја расправија и борба, кротко и милосрдно Јагне Божјо направи не и нас победоносни јагниња. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. Крај и на Бога слава По молитвите на сите Твои светии, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј не. АМИН. |
|||||||||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
РАСУДУВАЊЕ
Како светите луѓе и светите жени умееле мудро да раководат со богатството! Како тие со земното благо вешто купувале вечни небесни блага! О како тие малку ги ценеле земните блага сами по себе! Како прашина и чад! Кога св. Меланија ги посетувала светите пустински отци во Египет со цел да им направи некоја парична помош, се зачудила кога го видела нивниот голем презир кон имотот и богатството. Така, таа посетила некој пустиник Ефестион и не видела ништо во неговата колиба, освен садови за вода, сув леб и една сламена постела. Знаејќи однапред дека старецот нема да прими од неа злато, таа ја искористила приликата и во постелата ставила неколку златници. Кога таа се тргнала да си оди, го слушнала старецот како трча по неа и вика со сиот глас да застане. Таа застанала. Старецот ги држел во дланката златниците и подавајќи ‘и ги на Меланија, рекол: 'Мене ова не ми е потребно, земи го за себе!" Меланија му рекла: 'Ако на тебе не ти е потребно, дај му ги на друг”. 'Во ова место, одговорил тој, на никого тоа не му е потребно”. Кога Меланија не сакала да го прими златото, старецот замавнал со раката и ги фрлил златниците во реката, потоа се вратил во својата келија. Во времето на чумата, во Цариград, царот наредил секој што е болен од чума да се фрли во морето. Св. Зотик ги откупил болните и ги однесол во својот дом и таму ги негувал. Кога снемал пари, тој отишол кај царот и побарал од него пари за да му купи скапоцени бисери. Царот му дал, а тој со тие пари и понатаму ги купувал болните и ги негувал. Еден ден царот го прашал Зотик за ветените бисери, а Зотик го одвел и му ги покажал болните луѓе во својот дом и му рекол: 'Ова се, царе, живи бисери кои јас ги стекнав со труд и со парите за твое спасение”. Разгневениот цар го осудил Зотик на смрт. Но Зотик преминал во вечен живот, а царот останал да трпи и да се кае за својот грев. |
|||||||||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
31 ДЕКЕМВРИ/13 ЈАНУАРИ
1. Преп. Меланија Римјанка. Родена во Рим од благочестиви родители и многу богати. Присилена од родителите, таа стапила во брак со некое познато момче Апинијан. Кога го родила своето второ дете, таа тешко се разболела и му рекла на својот маж дека ќе оздрави само ако тој се заколне пред Бога дека во иднина со неа ќе живее како брат со сестра. Мажот се заколнал и Меланија од духовната радост и телесно оздравела. Бидејќи по Божја промисла и двете деца им починале, тие се решиле да го распродадат сиот свој имот и да го разделат на сиромасите, на црквите и на манастирите. Патувале по многу земји и градови, секаде правејќи добри дела од своето богатство. Посетиле познати духовници во горниот и во долниот Египет и од нив многу научиле и се надахнале. За сето тоа време Меланија се подвизувала во строг пост, со срдечна молитва и со читање на Св. писмо. Имала обичај секоја година по трипати да го прочитува целото Св. писмо, Стариот и Новиот завет. Со својот маж живеела како со свој брат и соподвижник. Кога дошле во Александрија, примиле благослов од патријархот св. Кирил. Потоа отишле во Ерусалим и се населиле во Елеонската Гора. Овде Меланија се затворила и сета се предала на богомислие, пост и на молитва. И така проживеала 14 година. Потоа излегла за да им послужи на другите кон спасението. Основала машки и женски манастир. На покана од својот роднина, сенаторот Волусијан, незнабожец, отишла во Цариград и него го обратила во верата Христова (што не можел да го направи ниту Блажен Августин). Потоа пак се вратила на Елеонската Гора, каде што се претставила на Бога во 439 година, во 57. година од својот живот. 2. Св. праведен Јосиф, цар Давид и Јаков, брат Господов. Се празнуваат во неделата по Рождество Христово. За царот Давид, синот Јесеев може да се дознае се од книгите Царства. За свети Јаков види на 23 октомври. Праведниот Јосиф Евангелието го нарекува праведен маж (Мт. 1:19). Затоа му била дадена од Бога Пресвета Дева во заштита и му се дала голема чест во домостројот на човечкото спасение. Иако Јосиф бил од царски род на Давид, сепак тој бил скромен дрводелец во Назарет. Во својата 80 година ја зел Пресвета Дева од ерусалимскиот храм во својот дом, а во 110. година се упокоил. 3. Преп. мч. Зотик Сиропиталец (хранител на бедните). Познат по родот и по чинот. Се преселил во Цариград, отфрлувајќи се што било светско од себе и примил свештенички чин. Основал дом за бедни и во него ги сместувал оние кои имале потреба и им служел. Личен познаник на царот Константин Велики. За земеното злато од царот што го потрошил за сиромасите, Констанциј, синот на Константин, го зел, го врзал за дива маска, која била гонета се дотогаш додека светителот од раните не починал. Пострадал во ИВ век. 4. Блажен Теофилакт, ариепископ Охридски. Роден на островот Еврип а воспитан во Цариград кај најпознати учители на тоа време. Како клирик на Големата Црква, бил избран за епископ и бил испратен, иако не сакал, во Охрид, кде што поминал околу 25 години (отприлика од 1082 до 1108 година). Хоматијан Охридски го нарекува 'најмудриот архиепископ”. Човек со огромна ученост, светска и богословска, со истанчен византиски вкус, меланхоличен и осетлив. Теофилакт се чувствувал меѓу Словените во Охрид како прогонет меѓу варварите. Напишал толкувања на сите четири Евангелија и на други книги од Новиот завет. Тоа е најдоброто дело од тој вид после св. Златоуст, што и денденес се чита со голема полза. Од неговите останати дела познати се уште: Писмата и Житието на св. Климент Охридски. Во староста св. Теофилакт се повлекол од Охрид во Солун каде што, како што се мисли, и го завршил својот земен живот и се преселил во блажената вечност. |
|||||||||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
БЕСЕДА за царството на светителите Потоа, светиите на Севишниот ќе го земат царството и ќе владеат со него и во веки веков (Дан. 7:18). Понижени и поробени во земните царства, светителите ќе царуваат вечно во небесното царство. Последни на земјата, тие како први ќе се веселат на небото. Гладни и жедни, и боси и голи во минливите царства, тие ќе бидат како царски синови, наситени и облечени во царски облеки во неминливото царство, во своето негнилежно царство. Тоа е последно царство и, всушност единствено, што може да се нарече царство. Се друго е минливо, привремено училиште, измама и суета. За вечното царство на светителите се регрутираат на земјата граѓани од сите царства земни и од сите времиња. Тоа се синови и ќерки на Христа Спасителот, деца на живиот Бог. Оние кои се преселиле од овој живот во оној, и сега царуваат, но уште не е покажан сиот блесок и сета величина на нивното царување. Тоа ќе се покаже на второто доаѓање Христово, Судијата на живите и на мртвите. Тогаш ќе се покаже сиот блесок и сета величина на царството на светителите. Тоа е вечното царство на Христа Бога нашиот. На тоа царство нема да има ни смена ни крај во веки веков. О Господи Исусе, Создателу на царството на светителите, смилувај се на нас грешните и подготви не за вечното царство на Твоите светители. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
|||||||||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
РАСУДУВАЊЕ Еве уште два примери како милостивиот Бог им помага во неволја на оние кои со вера се надеваат на Него. Блажена Теодора Кесариска била родена во куќа на големец и била дадена во манастирот 'Св. Ана" на воспитување. Теодора не само што се воспитувала, туку и се подвизувала, подготвувајќи се да прими монашки чин. Царот Лав Исавријанец со сила ја извлекол од манастирот и ја прстенувал за еден свој војвода. Теодора се противела на бракот со сета душа, но била немоќна како јагне во волчји шепи. Таа тагувала и во срцето непрестајно се молела на Бога, да не ја остава. И на самиот ден на венчанието, кога гостите се веселеле, ненадејно му дошла вест на царот дека Скитите го нападнале неговото царство. Царот му наредил на тој свој војвода веднаш да појде со војската против Скитите. Војводата отишол и повеќе не се вратил, бидејќи загинал во борбите. Така св. Теодора со помош Божја се ослободила и како чиста девојка пак се вратила во својот манастир каде што се замонашила и како монахиња се прославила со својот необичен подвиг. Втор пример. Во манастирот 'Неусипајуштих" - ('На оние кои што не спијат") една гладна година се случило да биде голема немаштија. Игуменот св. Маркел, еден ден дочекал некои сиромашни луѓе и ги нагостил, па уште сакал да им даде пари за патот. Маркел го прашал манастирскиот економ колку пари има. Економот одговорил: 'Десет сребреници”. Игуменот наредил сите десет сребреници да им се дадат на сиромасите. Економот не ги дал сите десет сребреници, туку девет, а еден задржал за манастирските потреби. Тој бил многу загрижен за манастирот, бидејќи било голема немаштија. Тогаш ненадејно манастирот го посетил некој богат човек и му донесол на игуменот 90 златни таланти. Видовитиот Маркел тогаш го повикал економот и му рекол: 'Еве, Бог сакал преку овој благочестив човек да ни испрати 100 таланти, но бидејќи ти не ме послуша мене и задржа еден сребреник, заради тоа сеопштиот Промислител не лишува од десет таланти”. СОЗЕРЦАНИЕ Да размислувам за соборот (ликот) на подвижниците, девствениците и девственичките, и тоа: 1. како тие од љубов кон Христа се одрекле од се и доброволно се предале на трпение; 2. како се победиле себе си, светот и ѓаволот, со истрајното трпение; 3. како сега ликуваат во царството Христово и нам со своите молитви ни помагаат. |
|||||||||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
30 ДЕКЕМВРИ/12 ЈАНУАРИ 1. Св. мччка Анисија. Родена е во Солун од угледни и богати родители и воспитана во Христовата вера. Рано останала сираче и сета се предала на богомислие и на молитва во својот дом. Одушевена од љубовта Христова, често говорела: 'О лажен животу на младите, зашто или соблазнуваш или самиот се соблазнуваш. Подобра е староста, но тага ме обзема заради должината на времето што ме дели од небесните”. Потоа го продала сиот свој имот и го разделила на тие што немаат ништо, а самата живеела од трудот на своите раце. Држела строг пост, спиела многу малку и непрестајно пролевала солзи на молитва. Кога ја совладувал сонот, таа си велела: 'Опасно е да спијам кога мојот непријател бдее”. Во тоа време лошиот цар Максимијан издал проглас дека секој може да убие христијанин каде што ќе види или ќе сретне, без суд или осуда. Еднаш, оваа света девојка излегла на улица за да оди в црква. Тој ден бил незнабожечки празник на сонцето. Некој војник ја видел прекрасна на лицето, па ‘и се приближил со нечиста желба и ја прашал за името. Таа се прекрстила со крст и му рекла: 'Слугинка сум Христова, и одам во црква”. Кога дрскиот војник ‘и се приближил повеќе и почнал безумно да ‘и говори, таа го оттурнала и му плукнала во лицето. Војникот ја удрил со мечот под ребрата и ја прободил. Оваа света девица пострадала во 298 година и од христијаните била чесно погребана, а од Бога во небесното царство со венец на слава била овенчана. Над нејзиниот гроб била изградена црква. 2. Преп. Теодора Цариградска. Монахиња и послушничка на св. Василиј Нови (види, 26 март). По смртта, му се јавила на св. Григориј, ученикот на Василиј, му ги опишала сите 20 митарства низ кои нејзината душа поминала додека со помош на молитвите на св. Василиј не влегла во вечен покој. Се претставила на 30 декември 940 година. 3. Св. апостол Тимон, е еден од седумте ѓакони (Дела, 6:5) и од седумдесетте апостоли. Поставен за епископ Батрски во Арабија, тој го проповедал Евангелието и претрпел многу маки од незнабожците. Бил фрлен во оган, но останал неповреден. Најпосле завршил распнат на крст и се преселил во царството Христово. 4. Преп. Теодора Кесариска. После многуте подвизи во манастирот 'Св. Ана", мирно се упокоила во 755 година. 5. Преп. мч. Гедеон. По потекло Грк, од многу бедни родители. Во младоста бил насилно потурчен. Раскаен, побегнал во Св. Гора, каде што во манастирот 'Каракал" примил монашки чин. Жеден за мачеништво за Христа тој зел благослов од својот духовник и отишол во она место каде што бил потурчен и јавно пред Турците ја исповедал верата Христова и го навредил Мухамеда како лажен пророк. Турците му ја избричиле главата, го ставиле наопаку на магаре и го воделе низ градот. Но тој се радувал на тоа понижување заради Христа. Потоа со секира му ги пресекле сите прсти на рацете и на нозете како некогаш на св. Јаков Персијанец (види, 27 ноември), и најпосле го фрлиле во клозет каде што ја предал својата света душа на Бога, во 1818 година, во местото Турново во Тракија. Чудотворните мошти му почиваат во црквата 'Свети Апостоли" во селото Турново, а еден дел од моштите се наоѓа во манастирот 'Каракал”. |
|||||||||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
БЕСЕДА за Пресвета Дева Богородица А и на тебе самата меч ќе ти ја прободе душата... (Лк. 2:35). Кој би можел приближно да се спореди со Господа во трпеливото поднесување на страдањата на земјата така, како Неговата Пресвета Богомајка. Старецот Симеон, украсен со косите и брадата како бел лебед, пророчки ги предвидел нејзините болки во иднината и тие болки ги споредил со продирањето на мечот низ душата. Еден меч поминал низ нејзината душа кога праведниот Јосиф се посомневал во неа за време на бременоста, втор кога морала да бега во Египет пред мечот на Ирода, трет, и четврт, и десети и многу, кога ги гледала лагите и сплетките на еврејските старешини против нејзиниот Син од ден на ден за сето време на Неговата проповед и чудното делување помеѓу луѓето. Но најостриот меч поминал низ нејзината душа кога стоела под Крстот на Господа и на својот Син. Тој меч го предвидел и го прорекол светиот старец Симеон. Величествено е и возбудливо нејзиното молчење, со кое, како со завеса, ги покривала сите свои болки, сите рани на своето срце. Во мракот на сите тие многубројни болки натрупани во нејзиното пречисто срце светело неизгасливото кандило на верата и надежта во Бога и преданоста кон Бога. Ненадминлива во благородноста слугинка Господова! Таа јасно се видела себе во Божјиот план на човечкото спасение, таа читала кај пророците за себе, таа разговарала со ангелите, Божјите весници. Затоа сe што доаѓало, радоста или маката, таа знаела дека доаѓа од Бога, та ниту се радувала во радоста, ниту се жалела во маката, туку молчела и сe си ставала на своето срце. О Пресвета Дево Богородице, помогни ни нам, слично на тебе, да бидеме покорни на волјата Божја, на Твојот Син и Господ, преку тебе слава и вечна пофалба. Амин. |
|||||||||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
РАСУДУВАЊЕ Приказна за Пречистата Дева Марија. Таа го зачнала Господа во петок како што во петок се случило и Неговото страдање, а Го родила во неделен ден. Во неделен ден рече Бог нека биде светлина (И Мој. 1:3); во неделен ден паднала мана од небото; во тој ден Спасителот Господ се родил и во тој ден бил крстен на Јордан. Во Витлеем, во тоа време, живеела една старица Саломија, некоја роднина на Јосиф и на Марија. Таа не можела да ги прими своите роднини на конак кај себе, но ги посетувала во овчарската пештера. Кога Пресвета Дева непорочно Го родила Спасителот Господ, $ дошла Саломија на посета и се зачудила како можела толку млада девица да роди без помош од бабица, па уште и сама да Го повие Младенецот и, покрај сe, да биде на нозе. Кога $ објаснила на Саломија дека е тоа раѓање од Бога, а не од човек, дека е негнилежно и безболно и дека Дева Мајката останала девојка и по раѓањето како што била и пред раѓањето, Саломија не сакала да поверува. Таа ја пружила раката кон телото на Пречистата Дева, по бабински обичај да испита дали тоа навистина е така. За нејзиното неверување и за дрскоста ја стасала казна: раката ‘и се фатила и ‘и се исушила. Бабата многу се исплашила од чудото и се нажалила заради исушената рака. Но потоа, кога со раката се допрела до божествениот Младенец, таа ‘и оздравела и станала како што била порано. Така Саломија поверувала и во девството на Пречистата Дева Марија и во божеството Христово. Кога после 40 дена, според обичајот, дошла Пресвета Дева со Младенецот во Ерусалимскиот храм, првосвештеникот Захариј ја ставил на местото одредено за девојките. Фарисеите и свештениците се збуниле заради тоа и сакале да ја одведат на местото одредено за жените, но видовитиот Захариј тоа не го допуштил, потврдувајќи дека таа е девојка, иако родила. Заради ова еврејските старешини го замразиле Захариј и барале од Ирода да биде убиен. Веднаш по излегувањето од храмот, Богородица со Јосиф се оддалечила од Ерусалим во Назарет, па потоа во Египет. СОЗЕРЦАНИЕ Да размислувам за соборот (ликот) на светите јерарси и учители на Црквата, и тоа: 1. како тие ревносно го проповедале Евангелието и му пастирствувале на стадото Христово; 2. како ја утврдувале благочестивата вера и ересите ги побивале; 3. како сега ликуваат во царството Христово и нам со своите молитви ни помагаат. |
|||||||||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
29 ДЕКЕМВРИ 1. Св. четиринаесет илјади младенци во Витлеем. Бидејќи мудреците од Исток не се вратиле од Витлеем во Ерусалим да му јават на Ирода за новородениот Цар, туку по заповед на ангелот по друг пат си отишле во својата татковина, Ирод се разлутил како лут ѕвер и наредил да се убијат сите деца од две, и помали од две години во Витлеем и по целата Витлеемска околина. Таа страшна заповед на царот била потполно извршена. Неговите војници, едни деца со меч ги исекле, други од камења ги разбивале, трети со нозете ги згмечиле, четврти со раце ги удавиле. И се кренал плач и лелек на мајките до небото: Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема (Јер. 31:15; Мт. 2:18). Овој злостор над многу невини деца бил извршен една година по раѓањето Христово, на 29 декември. За тоа време Ирод пребарувал за да го најде божествениот Младенец. Го барал од Захарија неговиот син Јован за да го убие, бидејќи мислел дека Јован е тој нов цар. Бидејќи Захариј не го дал Јована, по наредба на Ирод и Захариј бил убиен во храмот. Ќе го убиеле и св. Симеон Богопримец, ако наскоро по Сретението не се претставил пред Бога. Откако ги истепал витлеемските деца, Ирод се нафрлил на еврејските старешини кои му толкувале каде Месијата ќе се роди. Така го убил Иркан првосвештеникот и 70 старци од Синедрионот. Така, лошо завршиле оние кои се согласувале со Ирода дека новиот Цар, Младенецот треба да се убие. Потоа ги убил својот брат и својата сестра, жената и своите тројца синови. Најпосле и него го постигнала Божја казна: почнал сиот да се тресе, нозете му отекле, долниот дел од телото му загноил, од гнојот почнале црви да излегуваат, носот му се затворил и неподнослива смрдеа се ширела од него. Пред самото издивнување, се сетил дека во затворот има многу затворени Евреи, па за да не се израдуваат на неговата смрт, наредил сите да се убијат. Така ја испуштил својата нечовечна душа овој грозен владетел и ја предал на ѓаволот во вечна своина. 2. Преп. Маркел. Од Апамија Сириска. Игумен на манастирот 'Неусипајуштих" - ('На оние кои што не спијат") во Цариград. Прозорлив, исцелител и голем чудотворец. Разговарал со ангелите, демоните лесно ги победувал и ги изгонувал. По смртта, му се јавил на својот собрат Лукијан и му рекол дека Го замолил Бога и него наскоро да го земе во царството небесно. Овој свет и славен човек се упокоил во 486 година. 3. Преп. Марко Гробар и Теофил Плачлив. Киевопечерски монаси. Св. Марко имал толкава благодат, што на мртвите им заповедал и тие го слушале. 'Почекај, брате, до утре, бидејќи гробот уште не ти е готов", порачал Марко да му се каже на еден умрен монах кој бил веќе и искапен и отпеан. И монахот ги отворил очите и бил жив до другиот ден. Теофил плачел непрестајно за своите гревови. Своите солзи ги пролевал над еден сад. Пред смртта, му се јавил ангел и му покажал еден поголем сад, исполнет со солзи. Тоа биле солзите на Теофил што паѓале на земјата или биле истриени со рака, или пак се исушиле на лицето. Така на небото се знаат и се чуваат сите наши солзи како и сите маки, и тешки воздишки заради спасението. Овие свети Божји слуги се упокоиле во ЏИ век и преминале во црството Христово. |
|||||||||||||||||||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
aladin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
aladin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
![]() Vo germanskiot logor ,,DAHAU,,! ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||
orto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |