IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - Мизар
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мизар

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
majakovski Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 10.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majakovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Мизар
    Испратена: 22.Декември.2006 во 17:43

vecerva koncert na mizar!?!

ima li nekoj informacii?

http://www.mmm.com.mk/Text1a.asp?id=5358&Rubrika=Vesti - 20 КБ



Изменето од anastea - 09.Август.2008 во 18:24
Кон врв
bone Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bone is not dead

Регистриран: 23.Август.2006
Локација: Cuba
Статус: Офлајн
Поени: -13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bone Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2006 во 14:14
јас немам LOL ...
Кон врв
Carnation Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3499
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Carnation Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2007 во 02:08
aj da kazam i na temava deka mizar kolku so razbrav konecno go sredile dolgonajavuvaniot album i deka e pusten na pecatenje,ama ne se sekjavam tocno kade.
inaku kulten makedonsko bend koj so neguvat dark wave stil.
prviot album snimen vo slovenija za privatna producentska kukja(so vo to vreme bilo preskapo znaejki deka se se obavuvalo vo drzanite televizii)
Понекогаш дури и за Фројд бананата е само банана
Кон врв
монте кристо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THERE CAN BE ONLY ONE

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6869
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај монте кристо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2007 во 14:30
prepisuvaci i prekopiraci , iskreno mi se povraka od nivизненадување
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .
Кон врв
Carnation Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3499
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Carnation Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2007 во 14:51
pa neli kismet bea takvi?ili mozda i mizar se takvi sega?
Понекогаш дури и за Фројд бананата е само банана
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2007 во 14:55
Originally posted by hektor hektor напиша:

prepisuvaci i prekopiraci , iskreno mi se povraka od nivизненадување
 
 
Jas kolku so te pratam so slusas mozam da kazam deka si orientiran povekje na Turbo Dizel , taka da ne e nisto cudno so imas vakvo mislenje za Mizar .
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
Turvior Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 09.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Turvior Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2008 во 17:58
Zakon!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2008 во 18:23
Еве еден добар и исцрпен новинарски напис за сите што не знаат кои се и што се Мизар...


 

...“ Во изминатите десетина години, некои од неговите поранешни членови направија успешни кариери со други состави, па нивното повторно собирање може да се смета како создавање на првата домашна супергрупа.

Во текот на неговото постоење, низ бендот поминале повеќе од 20 музичари, а сегашната формација ја сочинуваат шестмина од нив. Обидот да се приклучи и пејачот со најдолг стаж во групата, Горан Таневски, не успеа, поради што вокалните делници ќе ги преземе Горан Трајковски од „Анастасија“.
        Како да се претстави бендот, кој го вбројуваат меѓу трите најдобри во македонската рок-историја? Еден од начините е преку краток портрет на музичарите, кои сега стојат зад името „Мизар“.

ГОРАЗД ЧАПОВСКИ: Тој може да се смета за основач на бендот, бидејќи е член од почетокот, а првите проби, во 1982 година, беа одржувани во неговиот подрум во Козле. Оригиналниот состав на Мизар го сочинуваа Горазд Чаповски, Илија Стојановски и Панта Џамбазовски (кум на групата, а денес новинар во Телевизија „Телма“). Во тоа време членовите на бендот беа ориентирани кон Ерик Клептон, Џими Хендрикс и другите хипи-виртуози, па се обидуваа да свират нешто слично. За Горазд како музичар е карактеристична силната енергија, која секогаш кога успевал да ја артикулира на вистинскиот начин давала фантастични резултати.
        Големо значење за неговото музичко созревање има Ристо Вртев, кој во почетокот на 80-тите години беше под големо влијание на Новиот бран. Чаповски му се пофали на Вртев дека има песна како „Beautѕ and the Beast“ од албумот „Heroes“ на Дејвид Боуви...со неколку интервенции на Ристо и со додавање еден гитарски риф врз бас-линијата беше создадена песната „Исус“. Натаму, тој направи уште осум нумери, кои го сочинуваа репертоарот на првото откровение на „Мизар“. Овој материјал, подоцна беше доработен и целосно снимен на албумот „Архангел 1“.
        Во тоа време општата ситуација на музичката сцена во Македонија зависеше од Студиото М2 во МРТВ, односно највисок дострел беше да се направи снимка. Првиот настап на „Мизар“ се случи во Клубот на меѓународно пријателство во Скопје. По уште една свирка, во тогашниот Дом на млади „25 мај“, тие конк*рираа за учество на манифестацијата „Ју-рок момент“ и меѓу 1.000 пристигнати касети од цела Југославија добија право на настап, а потоа и одлични критики во загрепското списание „Полет“, најреномираниот младински медиум во поранешна Југославија. Откако ги одмерија силите во толку силна конк*ренција, пристигна покана од Белград за концерт во Домот на младината.
Горан%20Трајковски,%20Илија%20Стојановски,%20Ристо%20Вртев,%20Горазд%20Чаповски,%20Жарко%20Серафимовски,%20ВлаткоКаевски        Тука приказната за Мизар привремено завршува, бидејќи Горазд мора да замине во ЈНА. Кога се враќа од војска, кратко време членува во групата „Инола икс“, за повторно да го обнови „Мизар“. Но, овојпат ситуацијата е сосема поинаква. Сега Вртев е во ЈНА, а Чаповски се здружува со својот колега од Правниот факултет во Битола, Горан Таневски. Тие почнаа под името „Берлин гори“, без особен успех, па набрзо продолжија како „Мизар“. Горазд се врати кон корените и создаде нов материјал. Од пиетет спрема тоа што беше направено претходно, ова издание на групата го нарече „Второ откровение“ за да се знае дека не е истото од 1982-83 година. Во второто откровение влегоа Горан Трајковски, Зоран Спасовски и Влатко Каевски, што веројатно претставуваше најсилниот состав на „Мизар“. Во текот на тие години, низ бендот поминуваа многу членови, Трајковски и Спасовски си заминуваат за да ја основаат „Анастасија“, а константни се Горазд, Илија Стојановски, Горан Таневски и Влатко Каевски.
        Во спомнатиот состав, групата го снима првиот албум „Мизар“, кој веднаш им обезбедува култна позиција, не само во македонски рамки. Пристигнуваат покани за гостувања во целата поранешна Југославија, но во бендот доаѓа до концепциско разијдување. Го издаваат уште вториот албум „Свјат Dreams“, по што Горан Таневски ја напушта групата, а Горазд заминува за Австралија, бидејќи обидот со женски вокал не се покажа успешен.
        На другата страна од планетата, Чаповски продолжува да се занимава со музика, а главен соработник му останува Илија Стојановски, иако живеат на оддалеченост од 20.000 километри. Нивната група „Кисмет“ е единствениот македонски состав, кој само врз база на својата музика има потпишано договор со сериозна дискографска компанија („Tone Casualties“ од САД). Под нејзината етикета издаде три албума („Wake Up Gods“, „North Atlantic-Balkan Express“ i „Dreaming“) и доби одлични критики во неколку реномирани светски списанија. Од пред четири години, Чаповски е повторно во Македонија, сега и со „Третото откровение“ на „Мизар“.

РИСТО ВРТЕВ: Веројатно најсилната авторска личност на нашата рок-сцена во последниве десетина години. Горазд Чаповски редовно истакнува дека Ристо Вртев е неговиот музички учител. И за него „Мизар“ е првата група. Пред влегувањето во бендот, имаше едногодишно искуство како новинар во „Студентски збор“, но во еден момент си рече: „Зошто да пишувам за нешто што и самиот би можел да го правам?“. Така, ја прифати поканата на Горазд и по неколкумесечните, секојдневни проби, нивната работа доби конкретна и мошне интересна форма. Вртев го промовираше во Македонија пеењето со длабок баритон, кое подоцна го презеде и Горан Таневски. Карактерната особина, да се спротивставува на авторитетите, како и некои „проблематични“ песни („Исус“, „Архангел“) чии наслови се сметаа за провокација во тоа време, му донесоа полициско досие.
        Заминувањето на Горазд во ЈНА и повремените покани на „информативен разговор“ во полицијата придонесоа да ја смири топката и да се префрли во поп-водите. Му беше важно да се занимава со музика, на кој било начин. Го формира составот „Инола Икс“, со Жарко Серафимовски, Валентин Забијакин и со штотуку вратениот Горазд Чаповски. Всушност, „Инола“ беше група создадена врз основа на две снимки, направени со продуцентот Кокан Димушевски, за чие реализирање Вртев плати неколку термини во „М2“. Значи имаше песни, но немаше бенд.
        Во меѓувреме, Жарко Серафимовски ги доставил некако тие материјали во Белград, кај организаторите на првиот „Месам“ и набргу дојде покана за учество. Вртев не знаеше за што станува збор, но сфати дека е нешто сериозно дури кога соговорникот од другата страна на линијата му ги спомна хотел „Југославија“ и „Сава-центар“. Набрзина беше составена група, засилена со Златан Миливојевиќ на клавијатури, која забележа солиден успех на сцената.
        Ристо се „занесуваше“ со идејата да се направи комерцијално успешен бенд од Македонија, кој ќе биде играч во таа лига. Неговата логика беше дека бизнисот зависи и се развива врз тие што се најтиражни. Доколку го нема тоа, не може да има ниту андерграунд. Врз таа основа, од своето творештво го исфрли мрачното, кое беше карактеристично за првото откровение на Мизар. Меѓутоа, „Инола“ траеше само шест месеци, по што следува пауза во музичката активност на Вртев.
        Повторно се враќа, на наговор на покојниот Дејан Аргировски – Ушко, но овојпат во вистинското издание – преку „Архангел“. Првата плоча, позната како „Кецот“ (официјалниот наслов е „Архангел 1“) се најде на петтото место во избор на 66 редакции од Југославија, а нумерата „Ладно оружје“ влезе меѓу десетте најдобри. „Двојката“ („Архангел 2“) уште повеќе го зацврсти статусот на групата, промовирајќи ги во најдобар македонски рок-состав, во времето кога „Леб и сол“ веќе не постоеше, а со „Heart Core“ беше заокружена трилогијата, што Вртев ја замисли на почетокот. Реизданието на три албума, под етикетата на „Литиум рекордс“, покажа дека неговото творештво има креативна моќ да го издржи тестот на времето. Очекуваме тоа да се повтори и со „Небесна машина“, четвртата плоча на Архангел, која треба да се појави набргу.

ГОРАН ТРАЈКОВСКИ: Кариерата ја почна како ортодоксен панкер, во групата „Афективен набој“ од Струга, а потоа продолжи во сосема поинаков музички амбиент. По доаѓањето во Скопје свиреше бас во бендовите „Сарацени“ и „Падот на Византија“, по што стана член на „Мизар“. Горан Трајковски е еден од луѓето кои најмногу придонеле за конкретизирање на музичкиот профил, кој беше карактеристичен за второто откровение. Иако во времето кога се снимаше првиот албум веќе си беше заминат, на албумот е присутен како автор.
        Во сегашното, трето откровение, ја има најнеблагодарната улога - да биде пејач во групата која имаше препознатлив фронтмен, чиј глас и лик беа доживувани како персонификација на бендот. Но, од она што се слуша на синглот „Почесна стрелба“ е сосема јасно дека Горан е најсоодветното решение за таа задача. Дел од причините за неговиот успех лежи и во ставот што го има за работата на музичарите: „Песната е твоја додека ја снимаш во студио. Штом ја пуштиш во етерот, ти си ја отуѓил од себе и веќе не ти припаѓа само тебе, туку на сите луѓе. Од тој момент ќе прават со неа што сакаат, а тебе ти останува да се вратиш во студиото, за повторно да имаш нешто свое“.

ЖАРКО СЕРАФИМОВСКИ: Успешен деловен човек, кој и покрај добриот бизнис не се откажува од музиката. Почна во тинејџерската поп-група „Службен влез“, а потоа беше хеви-металец во „Невреме“. Со тој бенд настапи на веројатно најуспешниот рок-фест досега, во 1983 година, кога учествуваа „Цилиндер“, „Автограм“, „Токму така“... и кога се сметаше дека нешто се случува на македонската музичка сцена. Во еден период паралелно членуваше во „Инола Икс“ и во „Пасквелија“, по што дојде „Мизар“. Учествуваше во снимањето на „Свјат Дреамс“, а потоа, како дипломиран економист, ù се посвети на својата професија...

ИЛИЈА СТОЈАНОВСКИ – ИКАЉ: Единствениот, покрај Горазд, кој е во „Мизар“ од почетокот до денес. Всушност, тие двајца се бенд. Многу се блиски и не настапувале еден без друг (заедно беа и во „Кисмет“), а со својата смиреност и стабилност, Илија секогаш им дава голема сигурност на музичарите со кои работи.

ВЛАТКО КАЕВСКИ: Дојде во „Мизар“ набргу по формирањето на второто откровение, неколкупати си заминуваше и се враќаше, но секогаш беше присутен во важните моменти. Тој е еден од првите сопственици на семплер Емакс, во средината на 80-тите години, кога сите одеа кај него да му се восхитуваат на тоа чудо на техниката. Имаше своја група, „Киборг“, работи многу во студио, издаде еден албум со наслов „Б.О.Р.Г.“ и се вбројува меѓу најзначајните претставници на електронската музика во Македонија.“

 

 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 11:56
Новиот спот од Мизар:
 
 
Добра најава за новиот албум...аплауз
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 14:28
mizar vekje ne e mizar, goran tanevski go napusti bendot, a egeecot sega ve mami so patriotski emocii....
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 14:55

Мизар си е Мизар и без Таневски, сеуште држат до својот звук.

А мамењето со патриотски емоции... кој како го сфаќа... Во нивните песни отсекогаш имало патриотски емоции...
Јас ги сакам и старите... и новите Мизаровцинамигнување
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 15:08
Originally posted by anastea anastea напиша:

Мизар си е Мизар и без Таневски, сеуште држат до својот звук.


А мамењето со патриотски емоции... кој како го сфаќа... Во нивните песни отсекогаш имало патриотски емоции...

Јас ги сакам и старите... и новите Мизаровцинамигнување


epa poentata e deka mizar vekje ne e band tuku egeecot si gi krasi novite dela so staroto ime.....

zatoa velam, ne e toa vekje mizar!

a baska mi se povrakja, od licni razgovori so nego, koga imase on staf deka nie morame da si go smenime imeto za da vlezeme vo evropa, i sega ke izigrava patriot!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 15:18
Не е веќе бендот од некогашната најсилна постава, кога беа најдобри и имаа најмоќен звук, но драстични промени не гледам. Барем според пилот-синглот, останатиот материјал го немам слушнато...
 
А она за личните ставови за промена на името не сум го знаела... ако е вистина, тогаш е разочарувачки...тага
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 15:20
anastea...bendot vekje NE postoi, samo chapovski e "bendot"....toa mi e zborot!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.