|
Тетоважата како доживотен белег!! |
Внеси реплика | страница 123 17> |
Автор | ||
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Декември.2006 во 11:22 |
|
*Прво малце околу самата тетоважа!! Тетовирањето е повеќе од сериозна работа, на што укажува фактот дека пред да се одлучите на ваков потег морате добро да размислите што и каде на телото ќе тетовирате, и што е најважно, кој ќе ве тетовира.
Секој треба добро да размисли зошто сака тетоважа, каде сака да ја смести, но пред се треба да ги погледне фотографиите од делата на оној кој ќе ви ја изработи тетоважата. Едно од најважните предупредувања и упатства кои секоја личност пред тетовирање треба да ги знае е дека не смеат да се впуштаат во тетовирање во неадекватни услови, што значи дека не треба да се тетовираат во домашни услови, туку во студија кои имаат дозвола за работа.
На прво место се хигиенските услови, запазени во секое сериозно студио. За одржување на приборот за тетовирање секое студио треба да има апарати за стерилизација кои со помош на притисокот и високите температури ги уништуваат хив вирусот, хепатитисот и другите вирусни заболувања.
Што се однесува пак на самиот процес на тетовирање, секоја личност треба да знае дека не може да биде подложена на тетовирање доколку не е полнолетна. Во случај личноста да има 16 години на третман може да дојде во придружба од само еден родител. Имено, не постои закон кој ја регулира возрастната граница за тетовирање, но секое студио има свои правилници за работа. Безбедното тетовирање бара и одредени правила на однесување кои секој треба да ги почитува. Имено на третман не смеете да отидете гладни (ниту пак да бидете прејадени), ненаспиени ( уморот и недостатокот од енергија можат да предизвикаат нервоза, чувствителност на болка, а во некои случаи и несвестица), во видно алкохолизирана состојба, под влијание на дрога или лекови. Тоа може да предизвика зголемено крварење и да влијае на квалитетот на тетоважата и процесот на заздравување. Доколку сте алергични, страдате од некои хронични болести, срцеви збаолувања или сте бремени, морате да го преудпредите мајсторот за тоа, кој ќе ве насочи на консултација со лекар за евентуални нуспојави. **Избор на тетоважата
Во првиот договор со мајсторот, личноста со разговор се одлучува за мотивот кој ќе го тетовира, неговата големина, бојата, како и позицијата на телото. Во зависност од големината на тетоважата мајсторот ќе ви објанси колку време ќе трае самата изведба и ќе ви договори термин. Секоја одлука, па така и оваа подразбира трпение. Имено, брзоплетите одлуки најчесто завршуваат со разочарување по кратко време. Исто така, треба да се нагласи и дека не смеете да им подлегнувате на трендовите, туку да бидете сигурни дека истата таа слика, детал или мотив ќе ви се допаѓа подолго време. Имаме совет и за овој случај: „Тетоважите не и се потчинуваат на модата, тие се доживотни!“. ***По тетовирањето
Самиот дел од телото на кој сте се тетовирале бара одреден вид на нега по третманот. Во студиото вашата свежа тетоважа ќе ја заштитат со крема и фолија, и детално ќе ви објаснат што се е потребно за нега на тетоважата. Првите 10 дена тетоважата се третира со за тоа наменетата крема пет до шест пати на ден, по што тетоважата се покрива со заштитната најлонска фолија. Важно е да се напомене дека првите 10 дена, тетоважата не треба да се изложува на вода од базен, река или поток. Исто така првите три месеци тетоважата не смее директно да се изложува на сонце, а не се препорачуваат ни третмани во солариум. Непочитувањето на овие правила може да влијае врз квалитетот на тетоважата, или пак да резултира со најразлични воспаленија на кожата. Според тоа, доколку се одлучите за тетоважа, ви советуваме – добро размислете, побарајте стручен совет и, она најважното, не впуштајте се во рацете на нестручни личности!! Изменето од SeXY - 17.Февруари.2007 во 13:22 |
||
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Колку за вас тетоважите ви претставуваат нешто кое со желба и гордост го носите цел живот??
Дали може да се смета како доживотен белег??Сепак и не сите луѓе ставаат тетоважи кои се поврзани директно со нив , нивната личност ! Има и такави кои се одлучуваат за тетоважа која им се допаѓа како мотив
Но сепак мислам дека во повеќето случаеви тоа е нешто кое претсавува можеби спомен( среќен или трагичен) ,период од нашиот живот кои имаме желба да го претставиме токму на ваков начин или може да се смета како некои вид на сопствен имиџ...
Сепак мој став е дека се ЗАДОВОЛСТВО и секако белег на нашата личност!!!
|
||
natalija
Сениор Министерка за гушкање Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 13319 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас сакам Пајаче на газето
|
||
|
||
maja
Сениор Убавицата и ѕверот Регистриран: 28.Мај.2005 Локација: Italy Статус: Офлајн Поени: 13127 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Sexy se soglasuvam so tebe deka tetovazata zboruva za samite nas za edne period od nashiot zivot.Bidejki imam tetovazi ednata znacitelno mi znaci..toa e beleg na moeto vreme, toa e delfinot :)
|
||
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
|
||
sensei
Сениор Регистриран: 31.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 2005 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тетоважите се доживотна последица на следење на модата. Да не се лажеме, тетоважа се прави од помодарство или од збудаленост. На женски кога ќе видам тетоважа, тоа ми е turn-off. Некој има искоментирано во врска со тоа дека е "slut stamp". Изменето од sensei - 21.Декември.2006 во 12:58 |
||
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
|
||
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
интересно интересно :)
|
||
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
лошо мислиш спред мене сепак ова е 21 век кога више не се тетовирани само затворски луѓе или лесни девојќи!!
Е токму ова сакав и да го прочитам за да образложам!!
|
||
sensei
Сениор Регистриран: 31.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 2005 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И трајната тетоважа е мода. Со тоа купуваш некој лајфстајл, се етикетираш како припадничка на една „модерна“ „авангардна“ група и субкултура. А сето тоа е безвредно, како и секоја минлива мода. |
||
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
|
||
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Лајф стајл и имиџ си градиш срема однесување облека музика начин на живот! Може тетоважата да е некој дел од ова но никој не би се тетовирал само за да се вброи или да се направи аванагарда!!!!
Сепак и залудно е да се повторувам ти очигледно го имаш овој став! Имаш луѓе кои се тетовирани и нететовирани кои ова го мислат и поддржуваат но затоа да прашаш некој кој што има ќе го тврди мојот став!!!
На крај краева NOTHING IS REAL UNTILL YOU FEEL IT!!!!
|
||
ivana
Сениор Госпожа Грофица Регистриран: 14.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 3327 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ja ne sakam tetovazi, a pa dozivotni EPTEN ne.......
prvo nikogash ne bi mozela da kazae E OVA go sakam za cel zivot, vtoro i ako kazam e ova....toa koa kje mi ostari kozata koa kje mi se zbrcka i razvlece kje stane edna amorfna bljuvotina shto mozebi i kje nalikuva na neshto... a za tetovazite na drugite nemam bash nikakov stav...nitu me fasciniraat , nitu me potresuvaat.... tetovaza, ko tetovaza... prazna (vo kontekst na kufer) |
||
Motivation is game in my hands
|
||
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па затоа и зборам јас дека трајна тату мора да е од лично значење иначе која е таа што ќе ти се допага цел живот?? Затоа ако тоа е нешто својствено за тебе ќе си го носиш до крај на животот!!!
Некој дури сметаат дека ќе се изневерат себе си као ја извадат еве јас на пример!!
|
||
maja
Сениор Убавицата и ѕверот Регистриран: 28.Мај.2005 Локација: Italy Статус: Офлајн Поени: 13127 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
|
||
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се сложувам малце со ова но сепак тој проблем не им се дешава на сите! Сепак и тетоважата може да се каже дека има одреден период кога таа е сјајна и бојата и е јака ! Но сепак има и многу начини како таа и понатака да се оддржува со специјални креми и сл па и ако толку изгледа лошо или избледено може и се случува да се повтори т.е да и се обнови бојата! Всушност тоа малце и зависи и до квалитетот на бојата и до самата изработка на тетоважата! Така да имам видено и тетоважи кои и после 12 години од нивното ставање сеусте добро изгледаат... Изменето од SeXY - 21.Декември.2006 во 23:16 |
||
BiG_kIsS
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Крајно сериозна во с'e Регистриран: 01.Ноември.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 8373 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се согласувам дека тетоважата е доживотен белег.... И дека стварно
треба нешто да ти значи за да ја ставиш..... Не верувам дека некој само
заради мода ќе си стаи тетоважа која ќе ја носи цел живот.... Нема
логика....
Иначе јас не би стаила.... Не дека не ги сакам тетоважите (баш ми се убави) али многу сакам промени и нема да издржам цел живот да имам иста тетоважа..... Али никогаш не вели никогаш.... Можда некад ќе стаам, којзнае..... Имам ставано тетоважи онакви за 1-2 недела..... |
||
Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
|
||
Внеси реплика | страница 123 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |