IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Кочани-трагедија во "дискотека" Пулс
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кочани-трагедија во "дискотека" Пулс

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13955
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кочани-трагедија во "дискотека" Пулс
    Испратена: 22.Март.2025 во 10:42
Сериозна, но стабилна им е состојбата на повредените пациенти кои во моментов се лекуваат од здобиените повреди од пожарот во Кочани. Се размислува и за враќање на дел од оние кои се лекуваат во странство. По извршената обдукција на починатите лица во пожарот, кај сите е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот.

Според последните информации, вкупно 162 повредени пациенти моментално се лекуваат од здобиените повреди во пожарот во Кочани, од кои 115 пациенти се на лекување надвор од државата. – Освен еден пациент кој се лекува во Турција, другите се во сериозна, но стабилна состојба, информираше вчера на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

На домашно лекување до сега се пуштени 13 пациенти. Со ова на Клинички центар на лекување се 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ 12, во Градска општа болница 11 и во Штип еден пациент. Во однос на исписите – еден пациент од Штип, има еден испис од Детска хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во „Систина“ и „Жан Митрев“ вкупно се лекуваа девет пациенти, од нив пет завчера се испишани.

Во однос на оние пациенти кои се на лекување надвор од државата, во Србија се 30, од кои веќе двајца се екстубирани. Во Бугарија 15 пациенти од коишто тројца се веќе екстубирани. Во Грција 12, од кои двајца се критични. Во Анкара шест пациенти се екстубирани, додека исто толкав број се екстубирани и во болницата во Истанбул.

Во Шпанија се лекуваат седум пациенти, во Австрија пет, во Унгарија шест пациенти, од коишто веќе еден е фебрилен и еден со кашлица, другите се во стабилна состојба. Во Хрватска се пет пациенти, еден е интубиран стабилен и четири други се во сосема стабилна состојба. Во Словенија се вкупно четири пациенти, од кои три се во посериозна состојба. Во Литванија се четири пациенти, едниот и таму е екстубиран, значи е во подобра состојба. Во Белгија четири пациенти, од кои сите четири се во стабилна состојба. Во Италија четири пациенти кои се веќе станати. Во Шведска се четворица пациенти, двајцата сосема во стабилна состојба и во Полска се двајца пациенти од кои само едниот интубиран.

Министерот за здравство Арбен Таравари, најави дека е можно идната недела да се зборува и за протоколи за враќање на овие пациенти.






Изменето од pajser - 22.Март.2025 во 10:43
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13955
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2025 во 10:47
,,,💔😢🙏,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.