IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно
  Активни теми Активни теми RSS - Зима 2025 година
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зима 2025 година

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Зима 2025 година
    Испратена: 15.Јануари.2025 во 07:42
,,,od vreme na vreme,,,po nekoja informacija za vremenskite priliki i nepriliki,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2025 во 07:43
Sreda 15,01,2025

Времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови за појава на голомразица и снежни наноси.




Утре не’ очекува променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 5 степени, јавува УХМР.

Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.Попладне насекаде врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот на целиот период насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. По некои котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури

Изменето од pajser - 15.Јануари.2025 во 07:45
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: од вчера во 13:39
,,,Sabota,,,18,01,2025,,,
Кој дел од Македонија има најмногу снег? – Денешната временска прогноза
18.01.2025
Најстудено утрово е во Берово, -12 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 53 сантиметри.

Како што информира УХМР, до 08:30 часот се измерени и -8 степени во Битола, -7 Тетово, -6 Крива Паланка, Маврови Анови, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -5 Штип, -4 Виница, Кавадарци, -3 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Претор, Крушево, Попова Шапка, како и -1 степен во Охрид и Гевгелија.



Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 45 сантиметри, 29 е во Крушево, 20 Битола, 18 Дебар, 11 Тетово, 8 Демир Капија, Берово, 7 Штип и 3 сантиметри во Крива Паланка.

Денеска претпладне ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини со намалена хоризонтална видливост до 500 метри. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.