IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно
  Активни теми Активни теми RSS - Денес...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Денес...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 563564565566>
Автор
Порака
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2021 во 22:19
Денес!
Навидум обичен ден.
Барем така започна,во делот на работните обврски.
Има и анегдоти и лицемерија на претек.Сите сме изместени
па оние и неколку кој би претрчале низ форумов да
не ги замарам.Ете плата земав,али на тоа ја не можам да 
се израдуам ко пред некои,не знам седум осум години.
Унапред една недела најмалце знам кога ќе ја земам,па го нема
оној фактор изненадување и радост у неа...плазење
Каде ми беше мислата,зошто тоа тука навратив?Ах,да!!!
Пред две години некој да ми речеше онлајн да платам,
очи ќе му извадев.Ко од катапулт со спремен говор сите
факти ќе му ги наборев,зошто не.Сепак случувањава со болеста
и од мојата потсвест направија салата.Али таква салата да ни
ж'та ни пиво иде со неа.Би рекол ме подесија да сепак бидам
барем општествено одговорен.Која иронија чоече...Глуп ли сум ја!
Ете само шо ми претрча оваа мисла изворно и сега на форумов,
се сетив на Браноко Црвенковски,ЉуБчо Ѓеоргиевски,Владо
Бучковски,Никола Груевски и на крај овој,име да му пишам ли
Црпнат како мајка му најверојатно го вика ли да го пишам.
Остана дилемата ете не пресеков,овој последниов,наречете си
го како милувате.плазење
Не знам,ете глуп ќе да сум.тага
Да да ете денес слободно без никаква прислиа ова го потврдувам!
Оти наназад една година сметките онлајн ги плаќам.А имав и
факти и аргументи дека со оваа клошарана на фин начин само ќе
го јадеш.
Нејсе...
Колку само овој збор го гледам наоколу.И која е иронијата во него.
Ах пусто турско,или по денешно...Ах пусти Сител,Канал5 и сите други по ред.
Истерав со работава,се прибрав ручек па кафе.Многу слатко ми се виде кафето.
Можеби оти толку бев растегнат со работа па во 16ч. всушност го пиев второто.
А знам и по пет,четири сигурно!
Е си викам ќеф ми е сега да седнам на компјутер и стисни ентер,оп платена струја.
Мавам чифтето на букмаркс и ко да сме шајка заедно први ЕВН.
Ама мислиш,незнам.Не мора ни мејлови ни пасворди.Само еден клик и ете ме
кај нив на нутра.Абе да ти е кеиф.
Буп еден клик,бам бам бам бројот на картичката.
Плати!
За Вас ли?Пссссссс одма.
И ете го К*ршлукот!
Ми стига нотификација од нивната ми ти лоповска страница,трансакцијата е неуспешна.
Заради предолго време,дрн дрн...Мамицата лоповска,ја би Ви пишал од оваа временска дистанца.плазење
И ајде постапката на рипит...
Повторно следи нотификација за неуспешна трансакција.
Ај покасно ќе проверам си мислам.Идам на тераса да го палам чибукот.Телефонот таму ме чека.
Скролам да се отклучи,супрајс!
Две нотификации одлив на средства,оние да што беа неуспешни!
И во исто време на страната од ЕВН(мајмуните) си стои фактурата како неплатена.
У секунда влегов у "мамицата" моде!
Вртам у ЕВН,вака и вака...
Господине на тој и тој меил со слики од фактурите и одливот на средствата ќе поднесете молба.
Вртам у банка!
Ми стојат резервирани средства кон ЕВН,ќе Ве молам да ги сторнирате со оглед дека настана 
грешка на страната.За истата фактура два пати ми зема средства и не ја прокнижи како платена.
Господине во нашата банка ќе поднесете барање со изводот....
Абе па на сите мамицата!
И не воопшто не сум лут,ова е вокабуларот шо го заслужувате племето Ваше.
Дали имам ја толеранција за неплатена рата од кредит,или пак електрична енергија
плаќам кога мене ќе ми текне...Ми брцате у џеб,додека дома седам.Па у нормална демократија
вадам сачмарка и Ве пукам,лопови петокласни.Ќе Ви се удри од глаа.Да ме краде некој од рангот
на Џаро и ќеиф би ми било на фората,али Виелутина
А од туѓи искуства знам,клошариве нит пари ќе ми вратат нит налог утре ќе сторнират.
Него онака лешперски со насмевка ќе ме убедуваат дека сметката за наредниот месец
не ќе мора да ја платам...Алооо шо Ваше ја земав а да не мора да Ви вратам!
Сречом па ти ја и то на срце не стављам...
Ама па увек ми поминуе таа мисла,шо ли згрешив да се родам у Нивнава земја...
Нема ли земја за мене на оваа планета,како душава ми милува да си ја нарекувам!
А утре,ех утре.Како ли само ќе ги сварам тие партиски службеничиња
додека се смеат,у очи ме глеат и лажат!

Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13926
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2021 во 10:13
Originally posted by Орка Орка напиша:

,,,ortak kazhuvaj kogo treba da mavame,,,ama ne vchera ili denes ,,,duuuri vo petok ,,,onaka vikendashki,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2021 во 19:59
Ортак,оние у Скопје Север слободно мавај а ги видиш.Од ЕВН мислам!плазење
А оние у ГТЦ,да ти кажам откако таму отидов изглеа ќе си ги вратам парите.
Иако само изгледа ќе речам,од увек оние од таа страна на Вардар ги бивало
политички да те изиграат!Ние од страната на Бит Пазар сме ти по импулсивни,
нема циле миле одма големата ја праиме.Ете дури и мене у Север успеаа да
ме извадат од патики,шо ретко скоро никогаш избувнувам.
Али тие чаирски фори цк кај мене,и ја таму сум раснел.После три дена и на
меил вратија,па баш да видам од понеделник како ќе одат работите.
Иако катастрофа се!Сигурно секторот за ИТ на месечно ниво во плати им
вреди милионски у денари.Три дена да украдеш пари и као демек нешто решааш
налет таков ИТ сектор.Од али баба побрзо реагираат и пари враќаат.
Среќа што тој ден во период од 17ч до 18ч имало десетици вакви случаи.
Па ќе се протнам и ја некако.
Туку денес на радио ми улета Брајан Адамс.Во ерата на ЦД-та имав два албуми.
А низ компјутер сега глеам ништо.Страв ме фаќа и со еден тера меморија колку музика
уште симињам.загриженост
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2021 во 16:35
Денес,06:43ч.
Ради малер увек на некоја бош бројка го местам алармот и требаше да се разбудам.
Дома моите пензионери,спијат додека не станам и им го сварам првото кафе.
Но ете како и секогаш,не се така бива како ние сакаме.
Лупаат шољи,вода тече.
Отварам око како Бег од турско време,мрзеливо.Кој ли ми го руши раатот.плазење
Ова вака моја забелешка,прва мисла ми беше лелеееее сум се успал!
Го фаќам саатот 06:38ч.
Неееее 
Ќути Оркааа,денес може ќе имаш среќа некој да ти свари кафе!
Се изгубија звуците на водата што протекуваше од чешмата.Шпионски поглед
мавнав на едно око кон кујната.Никој навака нема...
Го фаќам телефонот 06:41ч.Ќе си полежам вака уште минутка дуШа ја.плазење
06:43ч.
Тато,шо така рано?
Ајде станувај,кафе имаш!Мајка ми.
...Ај другиот монумент нека си остане кај мене,не и толку важен е.
Сакам да си кажам денес ми тргна денот,ете уште не станат кафе ќарив.
Да не навлегуем у ритуали,кревет наместен и дуздисан се опнав на балкон.
Чибукот во рака,мирисот од кафето и прекрасната мелодија од птиците.
Само камбаната ја чекав да одекне и означи 07:00ч.И да се ставам во режим
на брзање.Ете ја исчука,може не Ви се верува ама и Вас Ве помислувам,можеби
не секој ден,на монументи онака.Иако тука Ве нема да Ви е се по план...
Лупа она,втората цигара ја гасам.Телефонот у принцип не го чепкам.
Арно ама и комшиката од спротива пие кафе.
Си велам,ќе рече:
-Овој па,не им даде на цигарите воздух да земат!Без пауза трета по ред.плазење
И сетики оти вчера ми стигна нотификација оти сметката за струја е платена,
помислив да видам дали случајно пак денес втората исплата за истата сметка 
ми е вратена.
И!
Маам тоа пасвордот на апликацијата.Улазим на нутра...
Оуууу 4055 ден. повеќе на сметката од вчера.
Сум се осеќал ко од реклама на Сител!
Додека го пиете утринското кафе,Вашата камата пристигна!
Ама така у секунда тоа.И ај викам да Ви кажам да не испадне само пљукам по ЕВНплазење
Ама па не би ги ни фалел де.
А каматата кај е бе суртуци,цела недела Ви стојат.
Ццццццццццц кои загуби ги претрпев на берзАаааааа.плазење
Неважно мои пари,мое право!
Ете сега и нумерологијата ми се скрши,сакав да укочам некој месец на четворките и седмиците.ух

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2021 во 21:37
Денес,попуштив врз оркестрирани напади кон мене деновиве.
На арно нека е!
Шо знам може и нешто добро ќе се изроди.
Признавам дека со таа надеж и попуштив.Инаку ноншалантно 
ќе ги одбиев нападите.ух
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13926
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2021 во 11:44
,,,denes,,,e denes koj mozhe neka sedi doma , ako iskachate pod senki dvizhete se i technosti shto povekje,,,

Изменето од pajser - 26.Јуни.2021 во 11:44
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2021 во 18:59
Денес благодарение на новите мерки,
заштедив цирка 140 ден.По кафиќи кафе
јок!Бем му се,со ваква влада и стопанска
банка ќе рикне.Шо да орочуеш девизи?
Лапкај си вака.плазење
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2021 во 15:42
Четвртокот и петокот се акав со точак низ град.
Кај Бриколаж хаос,кај судовиве побетер.
Ах бе Петре петрЕ!Иди си достојно бе златен,
немој народ да те колне и пцуе.Ама ај,твое си е.
Прв,па ни последен не си шо крадел.Али со ваков
стил ретко кој си отишол.У тие два дена открив одлична
патека.Ретко од таму сум идел.После крстот во Аеродром
кон Цементара кај самиот подвожњак од пругата видов
група со точаци излегуваат.
-Извинете до каде оди патекава покрај пругава?
-До Чешма.
Одма под ручна тука и пун десен.
Убава и мирна,може да се стават слушалки и музика
да се слуша дур се вози.
И ете денес си ја земав колата...
Мислам цела кутија испушив кај Бриколаж и судовиве.
Ајде на враќање фатив од кај Тутунски,кон железничка 
избегав десно кај приградскиве.
И ете ме слика прв до пешачки кај зградата на Неоком.
Џандар на раскрсница.Ги пропушта сите од пред мене.
Нема веќе коли,празен ход.Гледа кон колегата и му вика.
-Сега од каде да пуштам?
У меѓувреме свират коли од сите страни.
-Од кај сакаш! Му довикува оној другиот неписмен па и џандар.
Не дава команда за застанување на претходната лента.
Ги пушта тие шо сакаше.
Па иста ситуација кога и лентата од Џамбо кон Аеродром се испразни.
-Абе врти сега по ред!
Да не ни е тракедија,многу смешна ќе ни е оваа паланка шо ја
напраија од Скопје.лутина
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2022 во 21:40
Денес ете ме на фејсбукот да ѕирнам шо и како има.
Ударно некое си видео и стотици сеирџиски коментари
удолу за инцидентот во Кам.
Минути претходно на ВК гледав видео,случка од денес исто така.
Односно денес бил епилогот на случката која најверојатно
се случила ден претходно.Од Кам не би го ставал видеото,сетики
нема наравоучение.
А еве како некаде низ светот си минуваат пајташи кои како ќе ми
ти им текне,така си праТ.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2022 во 15:37
Денес не оти ми дотежнало нешто,но додека чекам ручеков да се стори една дума да пишам.плазење
Во време на корона,фирмата со која соработуваме прими нова вработена.
Ако не секој,секој втор ден се гледаме.Шо може да се види со маскине.плазење
Денес,идам јас без маска!Излегува и таа без маска.
И додека си чекам пред капија,доаѓа вработената.
Си ги разминавме погледите и си чекааам јас,бара со поглед она кој ја викнал.
Бог да чува,нит ја познав нит ме позна!
Сетики посабајле беше,може и не расонети.
Два месеци мака си мачам со синусиве.Од фликсоназе,летизени,цетилизени
оперили,се ама се истерав и никако да се средам.
Короната со помалце мака ја истерав,ако и беше тоа.
Денес низ зелен пазар онака без маска,на брзина купив кромид и зелка.
Но морков јок,ниакако око не ми фаќа тоа шо имаше.Извртев убави
два крига и ѓоамити тие најубавите шо ми се видоа идам да ги земам.
Уз муабет со госпоѓата на тезга падна муабет и синусов.Не за друго на
зборење се приметувам дека сум затнат.
И кажав шо се сум изнаставал у оваа моја мариовска пиперка.
Лекот е пет пари ми вика.Ама ај тебе ни толку нема да те чини.
Еве ти едно цвекло од мене,изрендај го и капни си од сокот
во носот.
Верувале или не ја два саати дишам на нос у пуна пара!
А после се деновиве од дневни и политички случувања ја отпишав нацијава.
Туку ај да марширам ја,пред две минути ме предупредија дека ручекот е на маса.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2022 во 22:56
Како за денес прво ќе пишам оти не се туширам!
Утре здравје,ќе се фатам со поголем млаз.
На два дена таман ко чоек,по новиве препораки.
Туку да речеа сеа шо праиме со коронава,
раце ќе смееме ли да миемеух
Не бе не,ние не ја заслужуваме оваа нивна
влада и оваа нивна држава!
Туку за денес јас да си речаам.
Рано по сабајле се нацртав пред надвозникот на
железничка.Чекајќи превозник да дојде и да го
однесам до место за утовар.Муабетов беше 
таму сум у 08:00ч.Овца ја ај ќе бидам таму у 07:30ч.
да не чека чоекот.Ма остана ли чоек!
Се наместив на самиот булевар,случајно да не
помине порано и да ме утне.Верувајќи и дека ќе
се јави кога ќе биде у близина.Кога кај петнаесет за осум
река од луѓе минуваат на пешачки и се у иста капија влегуваат.
Заклучив дека се дел од некоја фирма.
Ми пролета мисла,овие од осум почињаат.Ако не дојде шоферов
ќе биде интересно да се видат овие шо увек каснат.
И ете скрши осум саатот,Видно се намали интензитетот на
луѓе кои го минуваат пешачкиот во претходните минути.
Тие што пристигнуваа скоро и да трчаа на две три минути до осум часот.
08:03ч. На десетина метри од пешачкиот се појавува госпожа.
Средена во сина лесна летна блуза,крем панталони и сини кондури со
кратка штикла и превртена кожа.
Се движи полека и во еден миг застанува.Ги приближува двете стапала
и со задржан поглед,врши проверка на чевлите.Забележува некоја
прашина најверојатно.Ја подига ногата,со раката вади марамче од минијатурната
ташна која сигурно чуда збира и го брише чевелот.плазење
А!Црна беше ташната.
Ја пушта десната нога,и повторно тој поглед на контрола врз десниот чевел.
Ја приближува левата до десната,за после да ја пушти напред левата и и 
направи контрола.Застануе на пешачки глеа у саатот.
Видела дека е 08:06ч. еве ја да ви кажам!плазењеМрзоволно го мина пешачкиот.
И маестрално,манИкенски се спушти по неколкуте скали пред влезот во капијата.
Само што така со многу драма се спушти по скалите еве ја втората шо касни.
Младо девојче докај дваесе и две-три години.У црни патики со спортска црна маица
и црни фармерки.Телефонот у раце и мирца ли мирца.Страв ме фати и улица како
помина без и да види дали некое возило се приближува.
Пред капијата се задржа може уше две минути.Ваљда да види ко је то тамо лајковао.
Ми падна жетонот дека карма ме јебе додека фаќам сеир,мојов абер нема да се појави.
Му вртам десетина минути по осум.
-Само што мислев да те барам.
Која фора чоече,дете у маало не ја јаде.
-Еве за пет минути тргнувам и таму сум.
Па стигна у 08:45ч.лутина

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2022 во 20:11
Денес извртев 97 км по дома...
Ситно за на работа и три пати од дома до клиника.
Шо да пљука чоек по докторине.Не се паднати они од Марс.
По филозофијата на комичарот Карлин,која меѓу другото 
е тажна.Тие доктори се наши деца,ги учеле,воспитувале
наставници и професори кои се наши тетки ,мајки.
Чека чекај,звучи ова сексистички...
Ги учеле наши татковци,дедовци.
И добијаш доктори по мерка на народот.
На цела мука,колку и да беше жално мене ме изнасмеа
една будалетинка додека го чекав вториот пат татко ми да излезе.
-Докторке тука е тој и тој доктор?
-Не!Денес е дежурен.
-Тогаш кај кој да одам имам упат.
Да ви се тииит у здравството,човек да не
може работа да си заврши.
-Дајте да го видам упатот.Ако е за денес ќе
проверам.
-Што има да ти го давам глуп ли сум јас.
-Не Ви реков тоа,но по основ на него јас ќе Ве упатам каде да одите.
И го дава упатот,изгледа и кимна и пердето над глава па му се пушти.
-Па ќе да си со некоја ретардација,гледаш ли дека е за 24-ти а денес сме 22-ри.
-Море да ти се ја тиииит,дај ваму упатот.Она мене глуп.
Се симна по скалите,врти блиску до мене на телефон.
-Абе ми рече да дојдам,се направив будала и оваа глуп ме прави.
-Не видов како се вика се да и се иТИИИт.
-Ајде среди ти тука ќе бидам!
Нашите муки апропо ова нема шо да ги раскажувам.
Влезе татко ми со упат.Фино му кажале они биле за на крај само да одредат шема
на лекарства.Сето тоа после една недела чекање за прегледов.За да денес му кажат
на татко ми дека нема слободни термини за на интернист.
И у државава кога не смееш да им се изнаебеш на се по списак оти немаш кој да ти среди,
си идеш со цела твоја култура на приватно и си ги лупаш пет илјади.
На страна они.Два пати влегував транзит во Клинички.Го оставам татко ми и одма излегувам,
во рок од десетина минути.На рампашон му кажувам каква е работата.
-Не гледам на картичкава да пишува,а по другите обично за претстој до десетина минути не
се наплаќа.Како функционира тука?
-Дај дваесче и бегај!
Шта речи!
Коа ќе удрам есапот по платено ми стои да работам тоа него ли директор!не знам

Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13926
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2022 во 13:10
,,, pak,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13926
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2022 во 13:10
,,,od vtor obid,,, prifati,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 563564565566>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.