|
Суфле |
Внеси реплика |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 13.Мај.2020 во 20:51 |
Состојки 1 јајце 100гр шеќер 100мл масло 100мл млеко 1 ванила 2 лажици какао 1 пециво 8 лажици брашноСе мати јајцето со шеќерот и ванилата, па се додава маслото, шеќерот и на крај какаото, брашното и пецивото. Садовите се премачкуваат со маргарин (може и шолји за кафе) и се полнат со смесата(не до крај ) и му се става внатре по 2-3 коцки чоколадо. Во големо тенџере на оган се додава вода околу 1,5цм се редат садовите се вклучува шпоретот на најјако, се покрива тенџерето со кујнска крпа па со капак и се остава околу 15тина мин.Толку,суфлето е готово. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 1 паковка 100гр урми 1 паковка 100гр суво грозје 1 паковка 100гр суви смокви 1 паковка 100гр мешавина од суво тропско овошје 1 ванила 4 јајца 15 лажици шеќер 15 лажици брашно 1/2 лажиче цимет 1 пециво 15 лажици млеко 15 лажици зејтинЗа подготовка на овој колач е потребно да се исецкаат сувите овошки. На страна ги матиме јајцата со шеќерот додека не направиме густа смеса. Потоа ги додаваме млекото, зејтинот и повторно ја изедначуваме смесата . Следното што го додаваме е ванилата, пецивото, брашното и циметот. Откако смесата е изедначена ги додаваме сувите овошки и ренданата кора од лимон. Тавата ја подмачкуваме со маргарин и ја истураме смесата рамномерно. Рерната претходно ја загреваме на 220 степени. Печеме околу 30 минути и откако ќе биде заруменет колачот, се вади од рерна. Истинат се сече на парченца и се полева со маџун (гроздов мед). Брзо и убаво колаче за оние кои ги обожуваат сувите овошки. Во рецептата стоеше дека е можно сецкана чоколада да се стави, но јас мислев дека премногу ќе го заблажам, па не ја додадов. Ваша желба е да додадете сецкана чоколада по вкус. Кај мене рерната е многу јака, па малку повеќе потемне колачот на површината, но за среќа не го промени вкусот. Пробајте и кажете. На здравје |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Valerija - 13.Мај.2020 во 21:01 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крцкаво чоколадно суфле од само ДВЕ СОСТОЈКИ: Има ли нешто подобро?Фамозниот француски десерт – суфле го обожаваат и големи и мали, а без проблем можете да го направите сами дома. СОСТОЈКИ:
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Уживајте! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Суфле од сирење - cheese souffle
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Суфле со спанаќСостојки
1: Спанаќот се сечка и се обарува околу 2 мин. во врела вода. Потоа се цеди. 2: Се матат јајцата и во нив се додаваат сите останати состојки, на крај сирењето и спанаќот. Смесата се истура во тава со средна големина (може и овална и правоаголна) и се пече 20мин. на 200С во загреана рерна. Совет: Најдобро е ако се стави половина гриз половина палента. Исто така може да се измеша сирење и урда. А наместо спанаќ може блитва, зелје и сл. По желба може горе да се попрска сусам, ким и сл. Децата го обожаваат :) Изменето од Valerija - 13.Ноември.2020 во 09:23 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Суфле од тиква и какаоСостојки
Најпрвин тиквата исечете ја на помали парчиња, завиткајте ја во алуминиумска фолија и ставете ја во рерна на 180 степени да се пече. Откако ќе се испече оставете малку да се олади и изблендирајте ја. Белките оделете ги од жолчките и изматете ги во цврст снег. Во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот. Додајте го брашното, ванилата и малку сол. Измешајте убаво со дрвена лажица. Потоа додајте го какаото и растопениот путер и уште еднаш убаво измешајте. Додајте ја и тиквата и на крај изматените белки. Откако ќе ги додадете белките мешајте полека во еден правец додека убаво се соедини смесата. Огноотпорните садови за печење премачкајте ги со путер и наполнете ги со смесата. Печете на 180 степени, 25 минути. Изменето од Valerija - 13.Ноември.2020 во 09:26 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |