![]() |
|
Велигденска трпеза |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Изненадете ги најмалите во вашето семејство со овие прекрасни, слатки велигденски колачиња кои се топат во уста. Верувајте откако ќе ги сервирате на маса по празничниот ручек, веднаш сите ќе посегнат да ги пробаат и да ќе ве прашаат за рецепт. Велигденски колачињаINGREDIENTS
INSTRUCTIONS
Изменето од Valerija - 01.Април.2018 во 11:53 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бомбици во форма на јајцеПотребни состојки:
Подготовка: Во сад мешајте ги путерот и шеќерот додека не се соединат. Додадете ги екстрактот од ванила и брашното и продолжете со мешање. Понатаму продолжете со додавање и на кондензираното млеко. Кога сите состојки ќе се соединат додадете го на смесата и ренданото чоколадо. Од тестото формирајте мали топки од кои ќе направите овални форми на јајца. Преку ноќ замрзнете ги. Наредниот ден стопете го белото чоколадо, одвојте делови и потоа на секој дел додадете различна прехранбена боја. Готовите колачиња потопете ги во белото чоколадо. Од остатокот можете да нанесете и интересни линии. Оставете ги да се исушат. Велигденски шарени мафиниПотребни состојки:
Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе сад за печење на мафини. Во голем зад ставете ги јајца, маслото и млекото и мешајте ги додека полека го ставате и шеќерот во смесата. Во истата полека додавајте ги и брашното, солта и прашокот за печиво сè додека не добиете добро соединета смеса. Распоредете ја во малите вдлабнатини на садот и оставете да се пече 20 до 25 минути додека не забележите дека мафините нараснале и добиле златно-жолта боја. На страна во сад изматете ја шлаг пената со малку млеко и боја. Откако ќе се оладат мафините, декорирајте ги со шлагот и бонбоните. Велигденски чоколадни мафиниПотребни состојки:
Подготовка: Начинот на подготвување е ист како и за претходните мафини, загревате рерна на 180 степени, ги мешате сите состојки додека не добиете компактна смеса и печете. Со таа разлика, тука додавате какао за неверојатен чоколаден вкус. На крајот, откако ќе се оладат мафините, ги декорирате со шлагот, трошките и бонбоните. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Велигденски Делимано Колачи
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Козињак со суво грозје Состојки За тесто 1кг. просеано брашно прстофат сол 1 ванила 2 кесички шеќер со вкус на лимон или кора од 1 лимон 250гр. шеќер 1 пресен квасец 150мл. масло 300-350мл. топло млеко 3 јајца 1 жолчка 100гр. суво грозје За премачкување 1 белка по потреба шеќерВкусно и одлично за со чаша топло млекце во овие ладни утра. :) Во садот кој ќе се меси се става брашното, се додава солта, се прави вдлабнатинка и тука се активира квасецот со 1 лажиче шеќер и малку од млекото. Јајцата се разматуваат со вилушка, се додаваат шеќерите и се убаво се меша. Штом се активирал квасецот ги додаваме јајцата со шеќерите, маслото и со додавање на млекото замесуваме средно меко тесто кое не се лепи на дланки. Тестото треба убаво да се измеси едно 15 на минути. Го премачкуваме со масло, покриваме со најлонска фолија и уште некоја *покривка* и го оставаме на топло да го дуплира волуменот. Да напоменам дека овој процес е бавен, најмалку 2 часа. Потоа тестото го истресуваме на намрсена работна површина, го расплескуваме со дланките, го додаваме сувото грозје, кратко го премесуваме. Го делиме на два дела. Од секој дел правиме по три топчиња. Секое топче го обликоваме во ваљак. Ги оставаме малку колку да се опуштат. Уште малку ги издолжуваме и ги плетиме во плетенки. Од ова количина две плетенки. Ги ставаме во правоаголни намрсени калапи со малку маргарин. Можи и во форма за куглоф. Оставаме повторно да надојдат убаво, пак околу 2 часа. Пред печење премачкуваме со благо разматена белка и наросуваме со кристален шеќер. Ги печеме на 150 степени околу 50-60мин., (зависно од вашата рерна) во претходно загреана рерна. После печење ги премачкуваме со малку путерче или маргаринче. На здравје! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Денешниот ден го започнуваме со два вксуни предлози кои можат да се најдат на вашата Велигденска трпеза – Пилешко месо на алпски начин и Телешко месо со суви сливи. Едниот или двата предлози можете да ги приготвите како дополнување на нашата традиционална Велигденска трпеза. Пилешко месо на алпски начин
. Телешко месо со суви сливи
Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Првиот дел од статијата го посветуваме на две вкусни предјадења – зелен ролат и солени кифлички, со кои одлично можете да ја започнете Велигденската трпеза. Солени кифлички
. Зелен ролат
Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:35 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Велигденско мени: СалатиСалатите се дел од оброкот, без кои главното јадење нема да може никако да стане врвен специјалитет. Постојат безброј комбинации на продукти од кои може да се направат салати за сечиј вкус. За овогодинешното велигденско мени, ние одвоивме три салати кои може да бидат дел од главното мени. Цезар салата со јагнешко месо
. Салата со јајца и мајонез
. Салата од спанаќ и јагоди
![]() Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Велигденски десерт од СицилијаРисо Неро, односно Црниот ориз е необично обичен десерт со потекло од Сицилија. Не станува збор за некој специјален вид на ориз, туку за десерт кој се прави со какао Црниот ориз со својот состав и начинот на подготвување потсетува на арапските десерти богати со шеќер и со зашеќерено овошје. Начинот на подготвување се разликува од семејство до семејство па ова е само еден од начините за негово подготвување. Количината е голема па ако подготвувате десерт само за четиричлено семејство, преполовете ја количината на наведените намирници. Состојките можат да варираат и се лесно достапни, а резултатот е десерт со вкуден и раскошен изглед. 500 г ориз 1-1,5 л млеко 300 г шеќер 200 г чисто горчливо какао во прав 100 г црно чоколадо скршено на парчиња 200 г груби исечкани и излупени бадеми 100 г кандирано овошје (ситно исечкано) Кора од 1 портокал Цимет во прав 2 лажички ванилин шеќер Прстофат сол По желба за поросување: Шеќерни трошки, кандирано овошје или препечени ливчиња бадеми. Оризот измијте го и ставете го да се вари во млекото, заедно со прстофат сол, шеќер и ванилин шеќер. Кога е оризот речиси сварен, ал денте, полека, со постојано мешање додавајте го какаото и ситно изренданата кора од портокал. Оризот не смее да се превари, ниту да се залепи за дното од садот. Ако е потребно, додадете малку врела вода (ако е оризот недоволно сварен, а смесата станала премногу густа. Тргнете го од оган и додадете ги веднаш грубо исчеканите бадеми или почекајтесмесата малку да се олади, потоа додадете ги парченцата чоколадо. Ставете ја смесата во садови за послужување и поросете со препржени ливчиња бадмеи, со кандирано овошје или шеќерни трошки и малку цимет во прав. Количината на шеќер можете да ја намалите или зголемите според вкусот. Дел од млекото можете да го замените со вода. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Велигденска чоколадна бомба![]() За кората: 4 јајца 100 г кафеав шеќер 1 ванилин шеќер 100 мл зејтин 70 г брашно 30 г какао ½ прашок за пециво За кремот: 500 мл павлака за шлаг 300 г чоколадо за готвење 200 г млечно чоколадо
Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:33 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |