|
Transgender (трансродни личности) |
Внеси реплика |
Автор | |
RebeL
Сениор Регистриран: 20.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 656 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 24.Април.2008 во 15:06 |
Постов вреди за нова тема.
Е добро марија магдалена, со последниов пост малце од малце разграничи. Многу е битно да се кажи дека има голема разлика меѓу бидувањето геј, и трансродноста. Првото е сексуална ОРИЕНТАЦИЈА, а второто е сексуална ИДЕНТИФИКАЦИЈА. Првото е насочено кон другите, а второто е свесноста за себеси. Значи, детето не е геј туку е трансродно (transgender). Имаше еден документарец за трансродни деца, заборајв како се викаше, ќе прашам па ќе пишам пак. Во него се велеше дека многу е лошо да се врши притисок на детето за тоа да се вклопи во оној род наметнат од општеството кој се базира само на неговите гениталии. За детето да биде среќно, мора да се остави да живее како оној пол со кој се идентификува, инаку се создаваат трауми, срам, неприфатеност, отфрленост од другите, депресии.......... дали навистина твојата пријателка сака таков живот да живее нејзиното дете?? Зошто родителот да го тера детето да живее онаков живот каков што РОДИТЕЛОТ сака?!?? Можеби е тешко едно такво дете да се прилагоди на една ваква средина со заостанат менталитет... но јас би одбрал да живеам за себе, а не за другите... (да појаснам, оти знам дека ќе има коментари на последната реченица: јас не сум трансроден, јас сум машко, и сум задоволен со својот пол, не се чувствувам како жена и не сакам да си го сменам полот) Изменето од RebeL - 27.Април.2008 во 05:22 |
|
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА! |
|
RebeL
Сениор Регистриран: 20.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 656 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да додадам, лек за Gender Identity Disorder, колку шо знам јас не постои! (ако грешам нека ме поправи некој) Сега баш читнав малце на википедија, и не најдов ништо за лечење... значи кога нема лек, не треба да се стигматизира таквата личност туку, како и сите живи битија на планетата земја, таквата личност има право да живее и да води живот каков што сака.
|
|
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА! |
|
RebeL
Сениор Регистриран: 20.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 656 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема „одлика на жените“ и „одлика на мажите“. Тоа се стереотипи. Постојат и мажи кои готват и перат, постојат и жени кои одат во теретана, кои читаат весник пред телевизор.
Ова е моја лична одлика на карактерот, знам, можеби ми е мана... ситничар сум и секогаш ги поправам луѓето ако сметам дека грешат, било да е тоа синтаксички или аргументативно Ама не се лутам ако и мене ме поправаат кога грешам. Извини ако ти пречи... |
|
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА! |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ima razlika
zenite rezonirat drugacije rebel |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
RebeL
Сениор Регистриран: 20.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 656 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
То е друго, јас зборував за Gender Roles (Родни Улоги) |
|
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА! |
|
RebeL
Сениор Регистриран: 20.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 656 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Филмот горе шо го спомнав се вика My Secret Self: A Story of Transgendered Children
|
|
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА! |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Улогите може и да се променат зависно од општеството, времето во кое живееме, темпото и слично, иако сепак некои работи се “машки“ а некои “женски“. Но она во што се разликуваме посебно (нели, ако ги исклучиме половите улоги) е и начинот на размислување, навистина жените и мажите не мислат на ист начин. Нивните фокуси на размислување се поинакви, начинот на резонирање, едноставно не мислиме на ист начин. Ете, и неандреталец како мене може да се сложи со различните, ако убаво и културно се дискутира. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
RebeL
Сениор Регистриран: 20.Април.2005 Статус: Офлајн Поени: 656 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ок јас зборувам за машки и женски „улоги“, а не за размислување.. Се сложуваме сепак |
|
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА! |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Човечката Кен кукла стана Барби„Човечката Кен Кукла“ Роди Алвеш се изјасни како трансродово лице изјавувајќи дека отсекогаш знаел дека е Барби. Претходно позната како Родриго, ѕвездата на шоуто Големиот брат сега се претставува под името Роди и вели дека се чувствува „неверојатно“ што конечно може да му каже на светот дека е „девојка“. Роди (36) ќе ја заврши својата транзиција следната година со хирургија за промена на полот; таа во моментот користи хормонски инјекции за да добие женски колкови и гради. 36-годишната, која е од Бразил, а живее во Лондон, рече дека нејзината потрага по прифаќање како жена започнала уште кога била мало момче, додека се облекувала во облеката на мајка си. Таа била малтретирана на училиште затоа што била женствена бидејќи нејзиното тело произведувало повеќе естроген од просечниот маж, што довело до тоа да добие гради како дете. Роди верува дека малтретирањето ја поттикнало да стреми кон успех во животот, што ја натерало да се пресели во Велика Британија на 20-годишна возраст и да добие универзитетска диплома. Таа, исто така, ќе го отстрани Адамовото јаболко, ќе го смени обликот на вилицата. Потоа, таа ќе претрпи инверзија на пенисот и ќе ги отстрани тестисите. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2020 во 09:59 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Првата фотографија како жена: Брус Џенер стана Кејтлин ЏенерБрус Џенер за првпат се претстави пред светот како жена. Очувот на сестрите Кардашијан и таткото на Кендал и Кајли Џенер го објави својот нов идентитет – Кејтлин Џенер. Популарниот олимпиец позираше како жена за угледното списание „Vanity Fair“. Фотосесијата ја потпишува легендарната фотографка Ени Либовиц. Џенер беше во брак со Крис Џенер речиси 24 години. По разделбата, 65-годишиот поранешен спортист реши да ја открие својата голема тајна, а сега веќе официјално се збогува со својот машки идентитет. Во интервју за списанието, Џенер објасни зошто ја споделува својата приказна: „Брус секогаш мораше да кажува лага. Секогаш ја живееше таа лага. Секој ден имаше тајна, од утро до вечер. Кејтлин нема тајни. Штом ќе излезе корицата на Vanity Fair, ќе бидам слободна.“ Изменето од Valerija - 25.Јануари.2020 во 17:25 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фифи Јаневска: Знаев дека сум женско уште на 5 годиниТатко ми ми кажа дека за него и за мојата мајка ништо на светот не е поважно од мојата среќа и мојот душевен мир, вели Фифи која за првпат се појави во јавноста настапувајќи на музичкото шоу „Икс фактор“, а денес живее во Стокхолм и е на пат конечно да го оствари сонот - да стане жена. Фифи Јаневска за првпат се појави во јавноста како дел од музичкото шоу „Икс фактор“ и се претставуваше како трансродова личност, а подоцна за неа беше снимен и документарен филм на Факултетот за драмски уметности. Денес Фифи живее во Стокхолм, Шведска, работи во главниот бутик на „Пул енд Беар“, повремено има настапи како пејачка, и сѐ уште го чека својот социјален личен број кој ќе ѝ обезбеди бесплатна трансформација во жена и остварување на долгогодишниот сон. Во интервјуто за „Мајка и дете“, навраќајќи се во минатото, Фифи раскажува дека знаела дека е женско уште на петгодишна возраст и дека после сите непријатности и проблеми во семејството и со средината, денес е конечно среќна и ја има сета поддршка од родителите, роднините и пријателите на кои, како што вели, најважна им е нејзината среќа и душевниот мир. – Јас спознав дека сум женско кога имав 5 години. Транс лицата се свесни кои се и што се од многу мала возраст, за жал, некои од нас поради општеството и стравот, тоа го кријат долго време или цел живот, а поголем дел се самоубиваат. Медицината и биологијата велат дека додека се формира фетусот во почетокот на бременоста сите почнуваат како женски, подоцна, доколку фетусот добие доволна количина на тестостерон, клиторисот се издолжува и преминува во машка гениталија. Понекогаш се случува во првите два до три месеци на бременоста, додека мозокот се формира брзо, женски ембрион да е изложен на повеќе тестостерон од нормалната количина која е потребна и тогаш нејзиниот мозок се прилагодува такашто таа подоцна се чувствува како да е од машки род, доколку пак се намали нормалната доза на тестостерон кај машкиот ембрион, тогаш се случува неговиот мозок да се прилагодува и е програмиран да се чувствува како да е од женски род. На овој начин се раѓа транссексуална личност како што сум јас. – Лично сметам дека децата треба да ја поминуваат транзицијата од мала возраст. Во Америка е тоа дозволено и процесот секогаш може да се прекине доколку детето се предомисли, што речиси никогаш и не се случува, бидејќи колку порано се почне процесот, толку полесно се поминува транзицијата. – Сѐ уште ја немам направено операцијата за прилагодување кон родовиот идентитет, и сум на самиот почеток на транзицијата. Главната причина за ова е тоа што го чекам шведскиот персонален број за целиот процес да го поминам бесплатно. Тука во Шведска транзицијата е основно човеково право за кое трошоците ги покрива државата, бидејќи ова е лекување на една личност која е родена со еден родов идентитет, но со полов орган кој е спротивен на тој родов идентитет. За да се помине целиот процес потребни се максимум 2 години. Прво се посетува психијатар кој потврдува дали си транссексуална личност, потоа следуваат уште неколку посети кај психолог и социјален работник, има цел тим кој помага низ овој процес, за на крајот, кога ќе биде завршена операцијата да бидат сменети документите и полот кој бил зададен при раѓањето. Откако ќе се потврди дека си транссексуална личност, се започнува со процесот на заменување на хормоните, кај машките транслица кои преминуваат во женски, како во мојот случај, се прима блокатор за тестостерон и естроген, кои помагаат телото да стане пофеминизирано. Се менува цела структура на телото и транс лицата кажуваат дека по првото примање на естроген конечно се чувствуваат посреќни и ја снемува депресијата. Во меѓувреме, државата го плаќа и ласерското отстранување на влакната од телото и брадата, потоа следи (доколку се сака) силикон во градите, отстранување на адамовото јаболко и на крај, после година ипол, кога личноста е подготвена, се прави главната операција за прилагодување кон родовиот идентитет. Јас овој процес ќе го завршам, се надевам, за година ипол од сега. – Споредба за моето лично искуство во Македонија со ова во Шведска воопшто не можам да направам бидејќи, за жал, Македонија, во менталитетот, науката, најновите медицински истражувања, е добри 70 години поназад од Европа. Тоа е многу тажно, но во исто време сум среќна што има мал напредок во тоа општество. Шведска е земја која треба да е пример за неразвиените општества и тоа во кој правец треба да се движат за сите граѓани да се еднакви, среќни и слободни. Овде нема предрасуди и човековите права се ставени на прво место, затоа и нема ниту насилство, ниту дискриминација. Овде на луѓето им е срам да дискриминираат, и не можат да сфатат како некои општества можат тоа да го прават. – Јас сум во добар контакт со сите мои стари пријатели, и во подобар однос од кога и да е со мојата фамилија и со моите родители. Сите тие ми се неизмерна поддршка и се среќни кога и јас сум среќна. Татко ми ми кажа дека за него и за мојата мајка ништо на светот не е поважно од мојата среќа и мојот душевен мир. Јас сум благословена што покрај себе имам такви луѓе кои неизмерно ги сакам. – Јас се познавам со многу транс личности, имам пријатели кои моментално го поминуваат процесот, пријатели кои го завршиле и пријатели кои се пред самата транзиција. Сите ние делиме слична судбина и се поддржуваме меѓусебе, бидејќи никој не може да сфати како ни е, освен ние самите. Тоа што го велат сите кои завршиле со процесот комплетно е дека се неизмерно среќни, комплетни, слободни и свои. – Се одлучив да живеам во Шведска, бидејќи демократијата тука е на многу високо ниво, и е една од најнапредните држави во светот. Ја сакам Шведска и никогаш нема да ја напуштам, овде се пронајдов себеси целосно, слободна сум, своја, имам пријатели и сѐ што ми е потребно за да живеам убав и среќен живот. Во Србија никогаш не би можека да живеам бидејќи иако имаат парада и се прават операции, таа држава е 10 пати поопасна од Македонија кога станува збор за ЛГБТ заедницата. Таму на улица може да те претепаат или да те убијат само затоа што си трансородова личност и да не одговараат за тоа. За мене Србија е малограѓанска земја. Изменето од Valerija - 25.Јануари.2020 во 17:28 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Валентина Сампајо – првата трансродова личност која позираше за Sports Illustrated SwimsuitВалентина Сампајо продолжува да руши бариери. 23-годишниот модел стана првата трансродова личност која има добиено страници во изданието на Sports Illustrated посветено на костимите за капење. Бразилскиот модел сними фотосесија на плажа. „Возбудена сум и чест ми е што сум дел од иконското издание на Sports Illustrated Swimsuit. Тимот на SI создаде издание кое обединува мултиталентирани и убави жени на креативен и достоинствен начин.“ „Родена сум во едно далечно, мирно рибарско село во Бразил. Бразил е прекрасна земја, но исто така е домаќин на најголем број насилни злосторства и убиства врз трансродовата заедница во светот.“ „Да се биде трансродова личност значи да наидуваш на затворени врати до срцата и умовите на луѓето. Се соочуваме со навреди, страшни реакции и физички насилства само поради тоа што постоиме. Нашите опциите да растеме во грижливи семејства, да имаме плодно искуство во школо и да најдеме достоинствена работа се незамисливо ограничени и предизвикувачки“ – пишува Сампајо. Sports Illustrated Swimsuit редовно ги претставува стандардите за убавина кои постојано еволуираат. Во 1997 година, Тајра Бенкс беше првиот модел со темна боја на кожата кој доби насловна страница во SI, Ешли Грем во 2016 година стана првиот модел со облини, а Халима Аден првиот модел со хиџаб кој сними фотосесија за списанието. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |