IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Анксиозност и панични напади
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Анксиозност и панични напади

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Анксиозност и панични напади
    Испратена: 24.Јануари.2020 во 12:59

Како да ја препознаете анксиозноста навреме: Ова се најважните симптоми и совети




Анксиозноста е многу поприсутна отколку што може да замислиме и претставува сериозна закана, а не замислен проблем. Повеќе од 40 милиони луѓе на светот се борат со анксиозноста секој ден заради што секојдневните активности им се отежнати, затоа што интензивното чувство на страв, грижи или загриженост заради нешто што е надвор од наша контрола доведува до парализа.

Нормално е тоа да ви се случува одвреме-навреме, но кога ќе почне да ви се случува почесто и кога ќе стане претерано или сериозно тогаш тоа може да значи дека имате анксиозност.

Експертите предупредуваат дека доколку имате некој од следните симптоми вешна да побарате помош:

Физички симптоми

Не само што го нарушуваат вашиот живот туку може да му наштетат и на вашето тело кога се неизлечливи и може да ве чинат со непотребни посетувања на доктор, тестирање и прегледи. Симптомите можат да се преклопат и со други медицински состојби, а отворената комуникација со докторот може да ви помогне навреме да дознаете за што се работи за да поработите на лечењето на болеста. Најчесто е потребно неколку посети на терапевт или психијатар за да ви се постави точна дијагноза и да ви се понуди терапија или лекови за контрола на симптомите.

За многумина домот е зона на удобност

Доколку во текот на времето идејата за напуштање на домот ви изгледа за лоша и ви предизвикува непријатност можеби имате проблем. Ова може да ве спречи да живеете живот со полни бели дробови. Некои го напуштаат домот и заминуваат само на проверени места, додека пак други во целост одбиваат да излезат од својот дом. Така ја губат работата, а личните и романтични врски трпат многу заради тоа или целосно се распаѓаат.

Социјални мрежи

Тие со себе носат нова ера кога станува збор за анксиозност. Доколку веќе иматe проблем со анксиозност тогаш онлајн платформите може да ве натераат да се чувсвувате како луѓето од социјалните мрежи да се присуни тука до вас. Некој кој има социјални фобии не може да ги користи социјалните мрежи затоа што така создава нови симптоми. Овие луѓе се возджуваат од користење на социјални мрежи заради стравот.

Секој различно реагира на терапиите, било да користи природна медицина, конвенционална медицина или и двете. Самодовербата со помош на избаланасирана исхрана, билки, масла и алтернативна терапија може на некои да им помогне. Некои на почетокот воочуваат прекрасни резултати, но со текот на времето се намалуваат, додека пак некои не забележуваат промена во нивните симптоми. Клучниот фактор кој недостасува во овие планови на третмани е терапијата.  

Најчести симптоми на анксиозност се намалувањето на когнитивните функции, проблеми со помнењето, постојана грижа, страв, збунетост, неможност за опуштање, проблеми со спиењето како што се несоница, ноќни кошмари или ноќни стравови.

Како физички симптоми се појавуваат напнатост, слабост во телото, губење на воздух, притисок во градите, проблеми со стомакот како што се болка и повраќање, забрзано чукање на срцето, болки во телото, потење и вртоглавица.

На зголемен ризик од анксиозност се изложени личности со позитивна семејна историја кон оваа болест, срамежливост во детството, одредени здравствени состојби и лекови кои ги повторуваат симптомите или ги прават посериозни. Исто така тука ги вметнуваме и стресните или негатвни ситуации во било кој период од животот.  

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2020 во 13:00

Анксиозноста треба да се третира навреме

  • Генерализираното анксиозно нарушување спаѓа во групата на анксиозни нарушувања и се карактеризира со ексцесивна, неконтролирана често пати ирационална грижа во секојдневното функционирање. Како што објаснува д-р Бјанка Чачев-Спанчевска, невропсихијатар во „Ре-Медика“, симптомите траат повеќе од 6 месеци и се присутни секојдневно. Таа вели дека прекумерната загриженост влијае на секојдневното функционирање, предизвикувајќи чувство на блиска пропаст.

    ЧУВСТВО НА НАПНАТОСТ

    Анксиозноста е постојано чувство на притисок, стегање, немоќност за олабавување и релаксација, немање животна радост, вели д-р Чачев-Спанчевска. Пациентите често пати се премногу загрижени за своите здравствени, фамилијарни или финансиски проблеми, смрт во фамилијата или во опкружувањето, проблеми со пријателите, проблеми во релациите со другите луѓе, тешкотии на работното место и сл. Често се жалат и на варијација на тешкотии од физичка природа – замор, главоболки, гадење, повраќање, тресење на рацете и нозете, напнатост и стегање на мускулатурата, болки во мускулите, тешкотии со голтање и со дишење, намалена концентрација, иритабилност, агитираност, препотување, немир, несоница, топли бранови, чешање, тешкотии да се контролира анксиозноста. Ако овие симптоми се постојано присутни во последните 6 месеци, тогаш се работи за ГАП – вели докторката.

    НЕКОЛКУ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИЈАГНОЗА

    1 – Ексцесивна анксиозност (постојана загриженост во текот на 6 месеци);

    2 – Анксиозноста и преголемата загриженост се проследени со немир, чувство дека е на работ на пропаст, тешкотии во концентрацијата, иритабилност, агитираност, нарушено спиење;

    3 – Од физичките симптоми се потребни најмалку од 3 од 6 – стегање на мускулатурата, грчеви или крампи, трнење, главоболка, тешкотии со голтање и со дишење, срцебиење, препотување;

    4 – Не се работи за некоја друга органска болест или коморбидитет;

    5 – Сите овие тегоби се присутни секојдневно и влијаат на функционалната способност на един-ката и нејзината работоспособност.

    ЖЕНИТЕ ПОПОГОДЕНИ

    Состојбата се јавува кај сите возрасни групи, но е најчеста кај средовечните луѓе. Два пати е почеста кај женската популација. Често почнува во детството, па со текот на времето болеста напредува и се манифестира во средните години. Иницијално се спомнува фактор на стрес или ситуација. Кога ќе се развие болеста, лесно може да стане хронична ако не се лекува навремено и со правилна терапија. Со соодветна терапија болеста успеваме да ја контролираме. Поради постојаното чувство на анксиозност болните често самоволно употребуваат средства за смирување подолго време, што може дополнително да ја влоши состојбата – предупредува докторката.

    ЗАВИСНОСТ ОД СЕДАТИВИ

    По долготрајна употреба на седативи се јавува зависност и толеранција на истите и често пати тие стануваат неефикасни, предупредува д-р Чачев-Спанчевска. Честа е и злоупотребата на алкохол. Како причинители се спомнуваат генетските фактори како генетска предиспозиција која во интеракција со влијание на надворешната средина и психолошките фактори може да доведе до болест. Научниците сметаат дека суштински настанува пречка во функционирањето на делови на мозокот – базални ганглии, при што се нарушени концентрацијата и размената на протеинските молекули таканаречени невротрансмитери – објаснува таа.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2020 во 13:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2020 во 13:06

Интервју:„ Зошто јас? Борбата на Мартин со стравовите и паничните напади“

Mартин Јованоски (30) е роден во Скопје. Работи како овластен сметководител, а во слободното време ужива во книги кои го оставаат подзинат на крајот, да гледа серии и да игра табла.

intervju-zosto-jas-borbata-na-martin-so-stravovite-i-panicnite-napadi-01.jpg

Неговото омилено, магично место, е Црквата св. Јован Канео во Охрид.

Во животот успешно се има справено со панични напади и стравови и се решава сето свое искуство да го сподели во книгата „Зошто јас? Мојата борба со стравовите и паничните напади“.

Поразговаравме со Мартин за сето она што сметавме дека би ве интересирало да го знаете и што е навистина вредно да се сподели:

Како се одлучи да го пренесеш своето животно искуство во книга?

Почувствував колку боли...

Од прва рака се уверив колку е честа. Колку само животи разорува, колку луѓе страдаат и се беспомошни, скриени од останатите, далеку од очите на оние кои никогаш не ја почувствувале анксиозноста. Не можев со сите посебно да зборувам, беа премногу.

Кај нас анксиозноста и депресијата полека прераснуваат во епидемија. Книгата заедно со мојот живот внатре беше единствениот начин да допрам до сите.

„Зошто јас? “ е мојата подадена рака, мој обид да олеснам на што повеќе борци таму надвор. Во старт знаев дека тоа подразбира да ги ставам на хартија сите мои црнила, подеми и падови, разочарувања, пропуштени прилики, солзи, насмевки...

Што е најстрашно во моментите кога се доживува паничен напад?

Сѐ уште не знам што е пострашно!

Дали физичкиот дел каде телото ви откажува и грчевито се борите за воздух или пак оној другиот дел каде се борите да ги исконтролирате мислите полни црнила кои во тие моменти ве напаѓаат од сите страни.

Паничниот напад, максимално непредвидлив и жесток, сам со себе е ескалација на покачена анксиозност која трае долг период наназад. Нема тригер, нема сигурна зона, нема начин да се предвиди докрај.

Барем за мене, најтешкиот дел е да се остане присебен тие десетина минути додека телото и умот не почнат да се стабилизираат сами по себе.

Луѓето најчесто мислат дека имаат некаков здравствен проблем кога доживуваат панични напади. Како најлесно да ги препознаат?

Симптомите се различни. И да, многу потсетуваат на лоши здравствени состојби и неизлечливи болести. Телото може да ви се тресе како да доживувате епилептични напади.

Се појавува неверојатно реалистична грутка во грлото. Наеднаш се препотувате, видот ослабува, тахикардии, болки во мускули, вкочанетост на цело тело. Паниката стапува на сцена, станувате неверојатно загрижени за својот живот, барате излез, со последни сили барате спас!

Како да ја забележат разликата меѓу анксиозност и паничен напад?

Анксиозноста е долготрајна. Живее во вас, се храни, цело време ве потсетува дека е тука. Ви го прави неподносливо секојдневието. Распламтува еден куп нерационални стравови во вас.

Ги анализирате ситуациите до бескрај, се оптоварувате со еден куп реални и нереални ситуации. Постојано е присутно она „а што ако?“. Ви го јаде мирот одвнатре, најобични ситуации ги претвора во одвратно тешки предизвици.

Паничниот напад е краток. Самиот по себе претставува ескалација, напад одвнатре на телото, разумот. Напад на спокојот и правилното расудување. Некој ги нема воопшто, некој повремено, а некој и по неколку на ден.

Повеќето панично трчаат во брза помош. И јас бев еден од нив. Би сакал да кажам колку инекции за смирување имам примено, ама тоа е невозможна мисија - премногу се! 

Кое е вашето најлошо преживеано искуство?

Има многу, тешко ми е да одвојам. Можеби паничниот напад за време на одбраната на мојот Магистерски труд. Ужасно искуство за мене, после некое време се свестив во тоалетот со главата под чешма.

Еден вреден момент од пред неколку години кој требаше да е исполнет со бескрајна среќа и гордост, сигурно не со распламтена анксиозност и очајна борба сам со себе...

Кој беше вашиот најголем страв?

Се плашев дека носам скриена смртоносна болест во себе. Се плашев дека ќе умрам. Се плашев од секоја ситуација која не можам докрај да ја контролирам. Се плашев дека ќе спобудалам, дека ќе го загубам разумот некаде попат...

Се плашев од себе, од темнините кои ме обземаа, непознатиот терен кој решив за првпат да го истражам!

Колку оваа состојба ви пречеше да водите нормален живот?

Хах, тоа всушност и беше проблемот. Тој  „нормален живот“!

Денешниот нормален живот прифатен од поединците во општеството всушност и ја создава анксиозноста. Гледајте само каков живот живееме.

Роботи! Станавме роботи!

Пробував да се вклопам, да бидам како останатите. Долго време, долги години се инаетев. Додека не го прифатив тој едноставен факт, единствената вистина, дека не сум како останатите.

Ова општество, овие извитоперени вредности, ова време на лаги и измами, ова време каде емоциите ги затупевме...Открив дека ова време и овој „нормален живот” мене ме гушат!

Направив чекор напред, се чув себеси одвнатре, оној, вистинскиот „јас“.

Подадов рака на анксиозноста, направив коренити промени.

Ја прифатив како свој коректив, нераскинлив дел од  мене. И замислете, ми успеа!

Што би ги советувале сите кои се наоѓаат во ваква секојдневна борба?

Да зборуваат на глас!

Да најдат слични на себе и да го најдат изворот на својата анксиозност. Иако секоја човечка судбина е различна, секаде, ама апсолутно секаде, има причина поради која се појавила анксиозноста. Треба да се најде истата.

Кога и каде ќе може да се купи вашата книга?

Продажбата официјално започнува од понеделник 27.01.2020. Книгата ќе биде достапна во сите книжарници и продажни места на Арс ламина и Литература.мк низ Македонија.

Ќе има можност и за онлајн нарачки, директно од нивната веб страната. Единствена желба ми беше “ Зошто јас? “ да биде достапна за секој оној кој има потреба од неа.

Се надевам дека ќе олеснам некому и ќе направам да ја види големата слика !

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2020 во 13:08

Справете се со вашиот страв, анксиозност и панични напади

СТРАВОТ станал дел од вашето секојдневие. Ги обојува сите аспекти од вашето живеење. Ве блокираа, парализира и ја превзел целата контрола врз вашиот живот. И животот ви станал: ограничувања, сопствени репресии, казни, вина, изгубена надеж. Страв од успех и неуспех, од потсмевање од различност, од отфрлање ..... Страв од невклопување, од губиток, од болест, смрт, од сиромаштија, срам, осуда...Престанавте да живеете во сегашноста. Сега е време на сето ова да му кажете: ,,СТОП“. Дојдете на нашата едукативна работилница која ја организира Центарот за едукација, советување и личен развој Imago-Self, заедно со м-р Милка Ололоска, психолог –психотерапевт, за да ви помогнеме да научите како од овој парализирачки психолошки страв да се ослободите.

Се чувствувате анксиозно? Имате чувство како да сте на ивица, напнати сте, испаничени, премногу сте нервозни, загрижени дека вам или на некој ваш близок ќе му се случи нешто лошо, а вие тоа нема да можете да го спречите? Преголемата загриженост станала ваше секојдневие? Заради анксиозноста чувствувате телесни симптоми како: мускулна напнатост, потење, тресење, бледило, чувство на гушење и задишаност, забрзано дишење, чувство на трема, мачнина, дијареа, болки во главата, грбот, несоница, неправилна работа на срцето, кнедла во грлото и потешкотии со голтање, сува уста, слабост и трпки во рацете и нозете.

Имате панични напади? Не гледате никаква видлива причина за тие да се појават?  Штом се појавиле, почнуваат забрзано да се зацврстуваат, а вие веќе сето тоа неможете да го поднесете? Што доживувате? Тоа е страв од страв. Сте имале стресен настан, трауматско искуство, хронична исцрпеност, интезивен бес и.т.н. Телесни симптоми кои се јавуваат, не само што се непријатни, туку и дополнително ве плашат, па заклчучувате како ќе умрете, ќе добиете инфаркт, ќе паднете во несвест, ќе се угушите, спобудалите. Мислите како морате да побегнете, за да сето тоа  го спречите. Сте влегле во еден затворен круг. Пред нападот на паника се чувствувате мали, ситни, безпомошни. Ве преплашува мислата дека над ситуацијата што ви се случува, вие немате контрола. Станувате дополнително преплашени.
Доста ви е од сето ова?

Заслужувате да живеет живот ослободен од страв, анксиозност и панични напади. Заслужувсте да го имате сето она што денес заради стравот неможете да го имате како: љубов, моќ, слобода, радост, моменти на сегашност, самопчитување, позитвно самовреднување...

Ние ќе ви помогнеме тоа да го постигнете. Дојдете на нашата едукативна работилница за да низ веќе испробани техники, вежби, методи научите како сето тоа да го постигнете. Работилницата ќе ја води м-р Милка Ололоска, психолог – психотерапевт.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2020 во 13:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.