|
Денес... |
Внеси реплика | страница <1 561562563564565 566> |
Автор | |
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес се оптегнав на канал и
репарирав зглоб на рамо. Откако по кратка пауза се вратив на кола, чаршијата пак ја баталив.Забораив колку може да го смири чоек еден круг низ неа. Позади амбулантата се наместив на паркингот. Ми приоѓа постар чоек. -За саат си или повеќе? -Се слушнав со Тахир,идам накај него да ме испраи на брзина и доаѓам ваљда за помалце од саат. -Оооооо не бе младо дете,има гужви кај него. А како си се туткал ќе трае да те исправа. Бем ти муабет,едвај се решив ај ќе помине со апчиња со масти.Шо ме коби вака. Ајде ајде на ти за цел ден пеесче и дај благослов лесно да иде. О па мајстор е Тахир него лесно ќе му иде, ти стискај зуби.-И се смее под брк! Немам енергија за да се налутам,па и ја сум закачко.Му се насмеав али со склет у мене. Последен пат за ногата идев кај Цакан може пред повеќе од десет години.А ова сега рамо ме кине и мускул нешто како да ми го сече. -Добар ден!Господин Тахир ќе Ве молам. Зборувавме по телефон за рамото пред петнаесетина минути. Како што разбрав тука треба да е! -Да да јас сум! Што е маката? Му објаснив за рамото. Ми се врати паметот у детство. Дедо ми живееше у Бит Пазар,а Благој му беше пријател. И си одев и таму сетики мирно дете бев на два три месеци. Обавезно ќе ме прашаше како сум се повредил.Па кај местење и карање си добивав.Додека дедо ми Бог да си го прости ракиичка делкаше со татко му додека чекаше. Среќа Тахир не ме праша што како,но со десетина потези ме среди! Стегав очи на моменти,но на крајов на денот ќе речам има некој скопски шмек низ она што е останато у Чаршија. -Аааа како нов си! Оној бркото од паркингот. Истиот сум истиот,оној што го насамари да плати за цел ден. а еве за половина час се вратив. Му падна незгодно,тргна пари да ми враќа. Слабо му држел дихтунг за шалење. Не издржав кога маката си ја тргнав. Ееее другар ти си само за кај Тахир,ти попуштил дихтунгот паѓаш на провокација. Го извади пак тој осмех под брк. Не треба нека фати лекот! А бе шјтан еден!-Со поширока насмевка. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес окапав у Свети Наум,тоа оти си ги слушам комшиките-пензионерките.
Додека комшиите викаа сега ајде на терапија во кафанче.Јас,на комшиките советите од параноја ги послушав. Си го имам муабетот од добро утро до како сте што има. Иако они уствари ме обработуваат да нешто подпрашаат. И вчера и завчера,кажувам на две постари комшики шо ме задеси со ракава. Двете како договорени! Да одиш да си ја снимиш!На моја сестра ова-она и се деси. Другава со такви црни прикаски шо и се десило на нејзин внук од брат! Абе Бог да чува! И ете целиот у уплав денес се насадив у стара Градска. Иако одсабајле бев на матичен за упут. Али немало шанси,па он ми кажа како да лажам за да ме примаат. И излажав па ме примија без упут.Раката топ,али денот отепувачка. Да не дае Господ да го занесе чоек патот по тие врати. |
|
paralelogram
Сениор Регистриран: 29.Мај.2017 Статус: Офлајн Поени: 787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да живее епиката и морските плодови!
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како и секој ден и денес се најде будала
ради која ми се одмилуе се у северџанијава. И чувството да се биде овде да е како казна. Карма ли е шо ли е тој е доживљајот. Се спуштам од Железара кон Автокоманда. Возам позади камион,бавно.Па затоа и имам време да загледуам околина. Убо чупе едно пешки го одминуам со поглед! На арно нека е убаи работи само нека носи денот. Но тоа не траеше ни стотина метри.Пред да завлезам во кружниот тек чекајќи го камионот да се вклучи во истиот,погледот го пуштив напред.Спротивно од влезот, кај излезот на кружниот тек во насока кон Панче Арсовски. И ете го моментот.Прво шо ми дојде на памет во тие неколку секунди беше да преку трвнатиот дел издигнам еден пацов партиски на спротивната страна. Имено! Шеесетина годишен човек вработен во општина,со кантата и метлата си заработува за преживување.А оној пацовот пеесетина годишен со бела кошуља и некои капучино панталончиња во кожна јакна со телефонот на три четири метри од него го сликна. Она педерското додека работи од страна.Како влагам у кружниот тек, додека да излезам од истиот уше два пати го шкрапна. И тоа келешов партиски му прозборе нешто.Па овој јадниов со метлата се сврте кон него.Го шкрапна вторпат.И како да го укори!На излегување од кружниот тек видов како го шкрапа трет пат.А овој јадниов,метлата во едната рака,со другата ја отвара кантата и кисело насмеан! Абе за вакви закон би вовел одма на лице место у шахта да имаме право да ги лупаме! И тоа е најблагата варијанта.Имам фантазија шо се би им на таквите. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес,преживеав!
Најверојатно тоа е и најважно. Да се издржи уште десетина дена, па не крај на година и крај на свет нека дојде! |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Христос се роди! Мир во душата,љубов во срцата! Среќен Божиќ! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,vaistina se rodi,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
paralelogram
Сениор Регистриран: 29.Мај.2017 Статус: Офлајн Поени: 787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Za mnogu godini
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес сум уморен од буквално се. Ова е еден од оние денови кога се што ми е собрано само пука. Бум.
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
paralelogram
Сениор Регистриран: 29.Мај.2017 Статус: Офлајн Поени: 787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум од земјата на експлозивот, у градот кај што го тестираат. Бум, бам, кабум, и тако даље...
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес океј е само да се диши полека затоа што никаде не се брзаме... ок?
|
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бог се јави! За многу години
Изменето од Valerija - 19.Јануари.2020 во 19:26 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,denes petok 13 ,,,fali ushte crna machka da pomine na forumov,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес два пати влегов у маркет!
Ќе се спасиме некако од коронава, од друго ние си патиме.И нема лек за тоа. Осумдесе годишен на каса си претеруваше. Влезе у кавга со тој по него.И за да ескалира се,му ја фати корпата.Тој позади пеесетина години беше,па му се пушти со цитати од Тетовирање.Као демек ја штител продавачката,ебати каваљерите на тротинет.Стигнало и да заштитуваат некого. Овој осудесе годишниов у афект искача.-Ако си муж излези надвор да ти кажам.Да не се расправам пред девојчето.Ете ти го и он каваљер,на батерии.Со оглед на годините. И куј знае шо напраија.Си завршив ја работа,излегов. Едниов чекаше надвор,другиот се туткаше внатре. Не би ме чудело ако епилогот бил по една заушка и двајцата од продавачката да изеле. |
|
Внеси реплика | страница <1 561562563564565 566> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |