IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Карма
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Карма

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2015 во 13:44

ГОЛЕМИОТ ЗАКОН – ТОА ШТО ПРАВИШ, ТОА ТИ СЕ ВРАЌА

12

Кармата претставува еден вид акција, односно еквивалент на Њутновиот закон дека секоај акција мора да има реакција. Така, кармата го означува секое наше делување со кое предизвикуваме некои сили да имаат реакција.

Повратните сили може да бидат модифицирани, променети или спречени, но повеќето луѓе не се во состојба да се неутрализираат.

Никој не може да избега од последиците на своите дела. Игнорирањето не носи никаква корист. За да престанете да се плашите и да почнете да го разбирате светот на кармата и реинкарнацијата, потребно е да ги познавате кармичките правила.

1. Големиот закон – Тоа што правиш, тоа ти се враќа

Ова е по принципот причина – последица. Тоа значи сè што испраќаме во Космосот, тоа ни се враќа. Ако сакаме среќа, мир, пријателство, тогаш треба да бидеме среќни, мирољубиви, полни со љубов и пријателски настроени.


2. Закон за креација – Животот не се случува сам од себе, тој бара и наше учество

Ние сме едно со Космосот, однадвор и однатре. Што и да нè опкружува, зборува за нас и за нашата внатрешна состојба. Бидете свои, опкружете се со она што сакате да биде присутно во вашиот живот.


3. Закон на понизност –  Не можете ништо да промените, ако не научите да го прифатите

Она што одбивате да го прифатите и понатаму ќе ве следи. Ако она што го гледате ви е непријатно или некоја личност ја сметате за негативна, тогаш вие самите не сте фокусирани на повисокото ниво на постоење.


4. Закон на развојот – Каде и да одиш ќе бидеш ти

Ние сме тие кои мора да се промениме, а не другите луѓе, опкружувањето и околностите околу нас. Сè што имаме во својот живот сме самите ние и сами над себе треба да воспоставиме контрола над себе. Кога се менуваме однатре, тогаш и во нашиот живот се случуваат промени.


5. Закон за одговорност – Кога ќе се појави нешто лошо во нашиот живот, тогаш значи дека има нешто лошо во самите нас

Ние  сме одраз на она што е околу нас и тоа е наш одраз. Тоа е универзалната вистина. Мора да станеме одговорни за својот живот.


6. Закон за поврзаност – Дури и кога ни се чини дека она што го правиме е безвремено, многу е важно да го направиме како што треба бидејќи сè е поврзано во Универзумот

Секој чекор води до следен. Мора прво да се почне со едно нешто за на крајот да се заврши целото нешто. И првиот и последниот чекор имаат иста важност, бидејќи и за двата е потребно да се стигне до целта. Минатото, сегашноста и иднината се поврзани.

7. Закон на фокус – Не може да размислувате за две работи истовремено

Кога нашиот фокус е на духовните вредности, тогаш нема да имаме пониски пориви како љубомора и бес.


8. Закон на давање и примање – Ако верувате дека нешто е вистина, тогаш повремено во животот ќе бидете повикувани да демонстрирате одредена вистина

Во тие моменти, она што сметаме дека сме го научиле го покажуваме во пракса.


9. Законот за овде и сега – Доколку премногу гледаме во минатото, пропуштаме да бидеме присутни овде и сега

Старите мисли, навики, однесувања, соништа… нè спречуваат да имаме нови.


10. Законот за промени – Историјата се повторува додека не ги научиме лекциите кои ни се потребни за да го промениме својот пат

Сите случувања се со некоја цел. Доколку не ги научиме лекциите и не се промениме, ќе ги повторуваме грешките.


11. Законот за трпение и награди – Секоја награда бара барем почетен труд

Наградите кои имаат трајно делување, бараат трпение и постојана работа. Вистинска радост настанува кога го правиме она што треба и оставаме наградата сама да дојде во свое време.


12. Законот на значењето и инспирацијата – Секогаш се возвраќа она што сте го вложиле

Вистинската вредност на некои работи е директен резултат и намера кои се вложени во тоа. Секој личен придонес е истовремено придонес на целината. Делот на кој нема светлина, нема ни влијание на целината. Делата кои во себе содржат љубов, внесуваат живот и ја инспирираат целината.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2019 во 15:17

Тешко е постојано да се биде позитивен. Сите имаме лоши денови понекогаш. Без разлика дали сте ги заборавиле клучевите, сте задоцниле на работа или сте го пропуштиле автобусот, нормално е тоа што таквите работи влијаат на вашето расположение. Но, најважно е да не ја пренесувате негативната енергија на луѓето околу вас.

Иако можете да влијаете на вашето однесување, не можете да го контролирате туѓото, така што можно е да се случи некој да го пренесе лошото расположение на вас. Неизбежно е тоа да налетате на намуртени и негативни луѓе. Во таков случај, најдобро е да не реагирате, туку да оставите кармата да се погрижи за нив.

Ако некој ве истурка и ви го земе редот, ви се развика од неоправдани причини и слично, не дозволувајте тоа да ви го уништи денот. Останете смирени и верувајте во моќта на кармата. Доколку сте ја изгубиле вербата во нејзиното дејство, следниве цитати ќе ве потсетат на тоа дека сите го добиваат она што си го заслужиле…

„Никогаш нема да станете толку големи одмаздници колку што е кармата.“

„Вистинското лице на луѓето ќе се покаже со текот на времето. Можеби ќе бидете измамени во моментот, но бидете трпеливи и почекајте да видите што ќе се случи.“

„Кармата е најдобриот проценувач на карактери.“

„Некои луѓе самите си ги создаваат бурите и потоа се лутат кога ќе им заврне.“

„Порано или подоцна, сите седнуваат на банкет од последици.“

„Единственото нешто што треба да го знаете за кругот е дека секогаш се врти.“

„Кармата е како ластик. Можете да го тегнете дотаму додека не ви се врати и не ве плесне по лицето.“

„Однесувањето на другите луѓе е нивна карма. Вашата реакција на него е ваша карма.“

„Кармата само си ги остри ноктите и си го довршува пијалакот. Ќе се појави за кратко.“

„Сѐ што правите ќе ви се врати назад.“

„Престанете да се нервирате поради лошите луѓе.“

„Само запомнете дека сите неволји што ќе ви ги предизвикаат другите луѓе, порано или подоцна ќе им се вратат.“

„Никогаш немојте да се каете поради тоа што сте биле добри со погрешни луѓе. Вашето однесување кажува сѐ за вас, а нивното кажува доволно за нив.“

„Автобусот под кој ќе ве фрли непријателот, ќе заврти и ќе го удри на тротоарот.“

„Кармата никогаш не губи адреси.“

„Ако треба да одбирате помеѓу тоа да бидете добри или да бидете во право, одберете ја добрината и никогаш нема да погрешите.“

„Будалите земаат нож и го забодуваат во грбовите на луѓето. Мудрите го земаат ножот, ги пресекуваат ланците и се ослободуваат од будалите.“

„Луѓето кои сами создаваат драма, си ја заслужуваат својата карма.“

„Луѓето кои користат други луѓе како скали за искачување, ќе изгубат рамнотежа еден ден.“

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
paralelogram Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Мај.2017
Статус: Офлајн
Поени: 787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paralelogram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2019 во 20:58
Sega ke razvrzev ovde golema diskusija ama nema so kogo
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2019 во 22:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.