|
Кучето и тагата... |
Внеси реплика |
Автор | ||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 04.Февруари.2020 во 22:56 |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„Хачико од Грција“: Куче 18 месеци живее на местото каде почина неговиот сопственик и го чека да се вратиЈа знаете ли сторијата за Хачико, кучето кое секој ден цели девет години на железничката станица во Токио го чекаше да се врати неговиот сопственик кој почина? За него е снимен филмот со Ричард Гир „Hachi: A Dog's Tale“. Приказна за куче од Грција потсетува на верноста на Хачико. Лојалниот миленик веќе 18 месеци живее на местото каде неговиот сопственик направил сообраќајна несреќа и починал како последица на повредите. 40-годишниот Харис издишал за последен пат на 9 ноември 2017 година, а белото крзнено животно сè уште го чека покрај патот кај реката Евинос, не сфаќајќи дека тој повеќе нема да се врати. Локалните жители на Нафпактос биле потресени од веста за несреќата, бидејќи и братот на Харис претходно имал иста судбина. Не е познато како кучето стигнало до местото кое се наоѓа на 12 километри од неговиот дом, но познато е дека локалното население многупати безуспешно се обидувало да му најде нов дом и да го тргне од патот. Бидејќи кучето постојано се враќало таму, луѓето одлучиле да му направат засолниште покрај дрвеното црквиче подигнато во чест на неговиот сопственик. Тие редовно му носат храна и вода додека тоа трпеливо го чека својот омилен човек да се врати. Импресионирани од неговата лојалност, локалните жители го нарекоа „Хачико од Грција“. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дваесет и осумгодишната Ромина Сала, сестра на исчезнатиот аргентински напаѓач Емилијано, кој веќе е прогласен за загинат откако се пронајде урнатиот авион длабоко во морето сподели фотографија од неговото куче. Нала била спасена од шинтерница, а сега секој ден го чека својот сопственик да се врати дома. Спасувачите пред два дена го пронајдоа паднатиот авион со кој патуваше Сала, речиси две седмици од моментот на исчезнување. Тие објавија дека во остатоците било видливо тело. Изменето од Valerija - 16.Февруари.2019 во 09:59 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Другарка ми има Beagle малечко е неколку месеци, нон стоп кога сум слободен одам со неа да го шетаме, си играм, ептен е пријателски настроено.. Еден ден така како што шетаме се спремаше да врни и другаркава ми вели ‘‘почувај го на 10 минути дури си тука, да влезам во маркет, оти ако заврни не можам да го ставам само на дождот’’. И само што примети дека не е тука, почна да квичи, мислиш мало дете плачи. Луѓето се вртат се чудат што му е, јас се обидувам да го залажам некако да не квичи, едвај се смири некако, ама не мрдна од пред маркет додека таа не излезе и само што излезе истрча одма кај неа..
|
||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Izzi
Сениор BRAINIAC Регистриран: 18.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4475 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
еднаш еден копиљ донесе две кучиња кај мене на викендицата да го здават моето едно кое беше врзано...среќа што дојдов на време да го спасам...многу ми беше жал зашто го оставив врзано...му ги гледав повредите и немаше да си простам ако загинеше...
за да компензирам малце...тој што ги донесе кучињата...го фатив...на крај жал ми падна колку го претепав...ама си заслужи... |
||
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
да, тие тагуваат дури повќе и од нас. |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
eva2marija
Нов член Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Isto i kuceto na moite vo MK, go otruja...i sto da kazam: Prviot Komsija (onaka od aren, poaren ) Tocno e deka kucinjata taguvaat...i toa mnogu dolgo taguvaat. |
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Имав едно многу убаво куче, но злата сатана од човек ми го отру.
|
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ja razbiram ..kuceto i tagata...ama uste podobro ja znam,
i ja pocustvuvav tagata za kuceto... |
||
macedonian1
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 136 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
uf sto da kazam?
tazno e ova... mozam samo da potvrdam deka kucinjata navistina se verni i dobri prijateli na covekot, se privrzuvaat za nas i ponekogas koga sme tazni tie zabelezuvaat i sakkat da ne raspolozat. ponekogas tolku dobro te razbiraat sto ima zboruvas sto za mig pomisluvas deka i tie sakkat nesto da ti kazat. mi nedostiga moeto kuce |
||
LouWeed
Сениор I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Шестмесечниот голден ретривер Бас, миленикот на трагично починатата мегаsвезда Тоше Проески, ниту јаде, ниту пие.
Бас тешко ја поднел смртта на Тоше со кого бил многу близок, велат неговите роднини. Ретриверот Бас со светло костелива скоро бела боја на крзното (ретривер со бела боја е многу редок примерок) Тоше го купил од Белград. Контактот одел преку неговата блиска пријателка тв водителката Мелита Ракичевиќ која му ја препорачала на Тоше најдобрата одгледувачница на вакви кучиња на Балканот. Тоше малиот Бас го чувал во станот во Злокуќани. За него се грижел лично тој и неговата девојка Андријана Будимир. Таа за српскиот магазин "Стори" еден ден по смртта на мегаsвездата изјавила дека еден ден дошол Тоше и во рацете го држел малиот Бас и и рекол дека го купил кученцето за да не биде сама, да и прави друштво. Андријана многу се грижела за новиот член на семејството, велат нашите извори и додаваат дека таа секое утро го шетала Бас во комплексот Злокуќани. По смртта на Тоше, кучето било однесено во неговото родно Крушево каде сега за него се грижат роднините на Тоше. "Првите неколку дена по трагичниот настан кучето тагуваше. Само седеше во дворот и не сакаше да јаде ниту да пие вода. Но сега е веќе подобро. Го шета Кристијан, внукот на Тоше и уште двајца негови братучеди", велат роднини на семејството Проески. "Познато е дека кучињата емоционално се врзуваат за своите сопственици. По смртта на сопственикот кучето тажи, односно одбива храна, незаинтересирано е за околината и најчесто со часови лежи во иста положба. Моето искуство вели дека кучињата на починатите сопственици најчесто умираат од тага, зашто додека траело нивното секојдневно дружење постоела взамна љубов која сега им недостига. Кучињата знаат да сакаат, по верни се од луѓето и затоа паѓаат во емоционална криза која тешко ја пребродуваат", вели Ристе Гиовски професионален тренер во АРМ . Тој објаснува дека оваа емоционална криза може да се преброди само ако некој член од семејството на починатиот ја земе обврската да се грижи за кучето. " Кучето најлесно ќе ја преброди смртта на сопственикот само ако почуствува силна љубов од друга личност. Со ова куче треба да се работи секој ден, за да не му се дозволи да тагува. Тоа се прави со негово секојдневно анимирање во разни игри, чести и долги прошетки и присуство на друго куче", додава Гиовски. Тоше многу ги сакаше животните, посебно му беа страст кучињата. Во родното Крушево чуваше неколку шарпланинци и ловџиски кучиња. Пред две години Тоше си го купи сибирскиот самојед Барон, но минатата пролет кучето му го отруја во Крушево. Изменето од LouWeed - 13.Ноември.2007 во 14:28 |
||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |