|
Пирс - Нега,Хигиена,Важни Прашања |
Внеси реплика | страница 123 12> |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Август.2006 во 11:09 |
Ке почнеме вака
Што е Body Piercing ? Пирсањето не е воопшто лесно.Потребно е време и посветеност за да ја имате способноста за правилно и вешто извршување на пирсањето. Пирсерот најчесто или е самоук или или бил чирак .Чиракувањето обично трае од 6 месеци до 2 години. А тие пак кои се самоуки или учеле од прирачници или биле водени од други кои се разбираат во тоа. За
да бидете сто посто сигурни и да не сте исплашени најдобро е кога ќе се
припрема мајсторот вие да го замолите да гледате како го работи тоа.А
тој треба---Најпрво да си ги измие рацете и да ги стави
ракавиците.Опремата треба да е стерилна како и иглите треба да се
стерилни и запечатени во нивната оригинална опаковка и сето тоа да е
поставено уредно едно до друго.НИКОГАШ НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ да ви биде
ставен пирсот со игла која претходно била потопена во било каква
течност.После пирсањето сите игли треба да бидат исфрлени бидејќи тие
се за една употреба. Како се изведува Откако мајсторот ќе се припреми ја припрема личноста која ќе се пирса.Се бележи местото кое ќе се пирса, се премачкува за да се исчисти и колку што е можно да се стерилизира местото.Потоа се земаат потребниот вид на клештички со кои се прицврстува кожата на местото на кое ќе се буши потоа се притиска со иглата на означеното место при што на завршетокот на иглата се прикачува пирсот така да откако ќе се избуши кожата пирсот останува на бушеното место.После тоа повторно се премачкува местото и пирсањето е готово. Дали има крварење По правило секое бодење на кожата треба да пушти крв,што и го има во неки видови на пирсање,но повеќето пирсање кое се врши воопшто нема крв. Користење на пиштол за пирсање Според мене тоа не е добра работа .Користењето на пиштол за пирсање без разлика на кој дел од телото(уши,нос..) е непрепорачливо бидејќи тешко се стерилизира или пак некои не ни може да се стерилизираат. Друго при поставувањето(изведувањето) го повредуваат ткивото кое се пирса и на тој дел кожата потешко и поспоро заздравува. Всушност, постои опрема за изведување на пирсањето која е попрактична и побезбедна во секој случај. Пирсање на малолетници Вообичаена процедура е тоа дека малолетници без дозвола од родител или старател не се пирсаат.Што значи секој малолетник треба да го поведе со себе својот родител или старател кој треба да даде согласност за извршување на пирсањето и со себе да носи лична карта или пасош, а малолетникот својата здравствена книшка. |
|
natalija
Сениор Министерка за гушкање Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 13319 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали треба да се пијат антибиотици??
Доколку се работи за пирс на јазик дали е вообичаено да се има оток на истиот и колку време не смее да се вади самиот пирс.. |
|
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Време на лечење според местото ДА,Времетраењето е различно во зависност од местото на кое се наоѓа
пирсот.Подолу е наведена листа на која може да видите на кое место за
кое време зараснува пирсаното место. Е сега на јазик е нормално ако се подуе малку бидејки го користиме нон стоп но нетреба да се секираш значи обавезно ладни одлоги и пирсот ке биде ок.Под ладни облоги подразбираме коцки лед,сладолед и било каква течна и ладна храна.Значи тврда храна не е баш препорачлива бидејки ке го развлече времето на заздравување. Доколку пирсот се извади зараснува за одприлика 15-20 мин. |
|
natalija
Сениор Министерка за гушкање Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 13319 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти благодарам многу на информацијата, ми беше лично од корист, за да се справам со одредени ситуации ( кои ми ги приредуваат ) аххах..
Малолетничката моја како и секој тинејџер не е многу засекиран.. Како и да е се се одвива во најголем ред, бетадин ставаме, пирсот не го вадиме, редовно го чисти и редовно го лади. Ти благодарам многу Буги Мајстор си на својот занает.. |
|
|
|
buceslatko
Сениор Регистриран: 29.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 602 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
znam deka na liceto pominuvaat dva nerva, i ako se povredi nekoj od niv, moze da dojde do iskrivuvanje na liceto, ili pak do ogromni boli koi sto zaradi takviot intenzitet cesto doveduvaat do samoubistvo...
kolkava e verojtnosta da, pri pirsanje na vega se povredat bas tie nervi?
|
|
Read an cry!!!!!
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема шанси да се погоди некој нерв доколку се работи за професионалец,иако се убодите многу прецизни како во акумпуктура има една олеснителна околност а тоа се клештите,со користење на правите клешти за правото место проблем нема да има никаков
Пирсот за веѓа првпат се појавува 1980 г. И неговата популарност
расне од тогаш се повеќе и повеќе.Пирсовите за веѓа се единствени кои
немаат некое симболичко значење кое се поврзува со нив! Пирсовие на веѓа се површински и го имаат истиот период на заздравување како и сите површински пирсови.Вообичено треба од 6-8 недели да заздрави,но тие лесно се иритираат,најчесто од најобичен контакт со пирсаната површина кое мже да доведе до пролонгирање на заздравувачкиот процесИсто така шминката или некои креми кои се користат за лицето може да го иритираат тоа место,дури и може да се инфицира од нив.Заздравуваат воглавно без компликации ако го одржувате местото чисто,и без допирање со валкани раце,и се разбира одреден период без шминка и косата да допира на лицето.Ако е иритирано пирсаното место тоа може да отече и да се направи оток исполнет со течност или мозолче(грутче) на самото дупче.Раствор од топла солена вода може да го реши тоа ако при тоа неколку пати дневно го миете иритираното место.(Ако оток настане првите неколку дена тоа најверојатно не е иритација). Пирсот на веѓа,ни кажува самиот збор, се става на веѓата и тоа најчесто вертикално.Овој вид пирсање е најчесто,може да биде изведено на кое било место по работ на веѓата,на самиот почеток на веѓата,како и над самото око! Пирсањето
на веѓата варира од пирсер на пирсер,и се разбира сето тоа зависи и од
типот на кожата на клиентот.Значи, откако ќе се исчисти и маркира
местото,со специјална клешта се приклештува кожата околу местото кое е
обележано,и на вашето издишување вие веќе ќе бидете испирсани,при што
се вадат клештите и на задниот дел на иглата за пирсање се става пирсот. Пирсаното место може благо да отече после пирсањето,а случаите на модрица или крварење се многу ретки,дури и помодрување на окото.(Во овие ретки случаи спаѓаат луѓето кои лесно помодруваат,чија крв е слаба и пијат лекарства,приближување на ментруалниот циклус или други особености).Не очекувајте тоа да ви се случи,но и ако се случи НЕ очајувајте!На отокот држете ладни облози,дозволете лесен пероток на крвта,што значи повеќе перници во текот на спиењето.Тие денови избегнувај работи кои ја ослабуваат крвта(Алкохол,аспиринстимуланти и сл.Најчесто каков било оток за ден-два ќе го снема,за разлика од модринките кои треба повеќе дена. With bleeding, swelling or bruising, the more you mess with it, the worse it will get and the longer it will last. Relax and let it heal. Додека некои пирсови на веѓа траат неколку години,повеќето пирсови почнуваат да зараснуваат после година или две.Тоа значи дека постепено,слој по слој, кожата зараснува ,се формираат нови слоеви кожа кои се доближуваат се повеќе до површината на пирсот.Така да со тек на време многу од пирсовите се истиснати од кожата!Ова не значи дека тој што ве пирсал го направил то а погрешно,но има некои трикови кои може да го зголемат овој период.Одбивањето на пирсот е начин на кој се справува вашето тело со неговото поставување во кожата.Што подобро и повнимателно го чувате толку подолго и ќе трае,играњето со него,тргањето,принудувањето да лежи рамно,ако му дозволите да се инфицира и да го лечите со јаки хемикалии ,може да предизвикаат да зарасне побрзо.Носењето на пирсови кои се премногу тенки,тесни или пак многу тешки исто така го забрзуваат одбивањето на писот од кожата.Кога ќе ви зарасне дупчето и ако вие сеуште си го сакате пирсот,тогаш и9збушете се повторно а местото на кои сте биле бушени со текот на времето ќе се повлече,т.е ќе исчезне.(неколку месеци) Пирсот на веѓа вообичаено треба да тежи од 14г до 16 грама.Видови на пирсеви кои се користат за веѓа се- Крајниот изглед на вашиот пирс ќе зависи не само од начинот на кој е ставен него и од изборот на пирсот.Ставен на втората третина од веѓата ќе направи вашето око да изгледа пошироко и поотворено,пирсањето кон внатрешноста на вешата поблиску до мостот на носот, прави силен впечаток и доаѓа до голем израз.Најчесто се става значи на втората третина од веѓата,веднаш после аркадата или веднаш над работ на ирисот.Исто така и аголот на попставеноста на пирсот може да се приспособи,од скоро вертикално до драматично дијагонално.Вертикално поставениот пирс си привлекува внимание самиот на себе си, а не на лицето.Кога пак користите агол кој покажува кон усните,тој ќе привлече внимание на утата или пак на украсниот пирс. |
|
buceslatko
Сениор Регистриран: 29.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 602 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
fala za iscrpniot odgovor.
|
|
Read an cry!!!!!
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повели и друг пат
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пирс на усни Пирсот на усни е пирсање на телото, т.е. пенетрација на усните или најчесто областа околу усните.Усните и околината на усните може да биде испирсана на многу начини и различни местоположби. Писаното место на усните или околу нив во повеќето случаи заздравува многу брзо,иако стреба да се покаже екстра грижа особено околу процесот на заздравувањето кога ќе користите храна,и течности како и чад од цигари ако сте пушач. Последици по здравјето Типови на пирсови на усните Пирсањето на усните може да биде извршено секаде околу усните,вообичаено се избегнува површината (црвениот дел) на усните! |
|
Синдарела
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Бањана Пепелашка Регистриран: 06.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 2604 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kako misli{ ekstra griza na pirsanoto mesto okolu usnite?"Писаното место на усните или околу нив во повеќето случаи заздравува многу брзо,иако стреба да се покаже екстра грижа особено околу процесот на заздравувањето "- na ova mislev
|
|
Queen Bitch
Сениор Регистриран: 06.Април.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dali bi mozela da stavam pirs na jazikot a roditelite da ne zabelezat?
ke mozam normalno da zborvam vednas posle pirsiranjeto?
kolku cini pirs na jazikot vo profesionalno studio i kade ima vo Makedonijava?
|
|
Don't wory be happy :)
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прво ако си малолетна родителите твои мора да знаат дека си пирсана и да дадат одобрение барем кај мене у студио.
Слободно погледај http://www.tattooskinart.com.mk/ |
|
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Queen Bitch
Сениор Регистриран: 06.Април.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
epa majka mi mi ima receno "pirs vo nikoj slucaj", i jas si se ponadevav deka ke mozam
|
|
Don't wory be happy :)
|
|
Внеси реплика | страница 123 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |