|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 198199200 |
Автор | |
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...се отвори пандорината кутија на балканот...на здравје!
|
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шо знам....Ваљда држи континуитет!
Околу Мијалков де и неговиот концепт. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
У некој контекс ќе речев,деца
од улица да соберевте подобри ќе бевте! Перфидни сте и тоа го исклучивте да ви се каже...Се багабонти уличарски се собравте. Али од оној најлошиот сој,ниту со памет ниту со сила ве бива!Ниту пак уличарски...Класа испаднаа овие пред вас колку и да беа лоши.Помирете си се бетер сте.Па дури и со овие циркузијади од бомбите. Мандатот го потрошивте до пола,една радио дифузна такса само скративте,и онака најподмукло сега ко хиени само соголувајте го и тоа што остана од работничка класа. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што сака тоа прави
Си игра ку*рташак со народов Акцизи, даноци, селективно притворање, дури и воздухов повеќе го загадија со нивното присуство. Земјава ја запустеа...... Само се мислам, колку се сега задоволни и среќни оние што гласаа за нив !?
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ретарди!
Гујо им кидна,Мицко и без они да го јадат ко стаорец нагризан е. После толку киксови,нема да ме чуди да почнат да кажуваат со својот нели интелегентен ПР дека Бранко е крив. Ене таму Васиљ може нешто да чкртне доека чека пееска. Боље он него Зоки па шо! Одморете бре!Немојте до толку.Па имате ли живот приватен вие у недела вакви киксови. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
У тек и е експеримент...
Од колку блиску каменот доаѓа! |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА ПРЕД РАСПАД: Несогласувања, закани, одземени ингеренции, препирки за двојазичноста, тужби…Жестоки препирки се водат меѓу ДУИ и СДСМ, но и меѓу функционери на СДСМ еден против друг. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска од СДСМ, обелодени скандал за наводна злоупотреба на големи суми на пари во ПИОМ, каде директори со години беа лица од коалициониот партнер на нејзината партија-ДУИ. Колегите министри, не и одтанаа должни. Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Артан Груби ја посочи министерката Мила Царовска како најодговорна за последниот скандал за злоупотреба на 19 милиони евра од Фондот за пензиско осигурување на Македонија. Тој вели дека Царовска веќе две години раководи со Министерството за труд и социјална политика, и ако биле направени погрешни трансфери во Пензискиот фонд, тие се направени во нејзино време, и заради тоа одговорност прво треба да се бара од нејзе а потоа кај другите. -Министерката е две години на таа функција и ако биле направени овие погрешни трансфери, тие се направени и во нејзино време, бидејќи трансферите се прават од Министерството со кое раководи таа. Значи одговорноста треба да се бара најпрво кај неа, а потоа и кај другите. Во целиот овој период ние сме имале низа министри. Додека поделбата во првиот и вториот столб е направена од времето на Владата на СДСМ-ДУИ уште од 2003 година. Затоа, сакам да кажам, ако има било какви докази таа требала да се обрати во обвинителството и во надлежните органи, а не на прес-конференција, рече Груби. Вицепремиерот Бујар Османи излезе со остра порака до министерката Царовска Ја обвини дека дава несреќни изјави, а се закани и со тужба. -Околу вчерашната фама и спектакуларни наслови, за злоупотреба на пензискиот фонд од 19 милиони евра, јас морам тука да кажам дека вчера имаше несреќна изјава на министерката Царовска, која отвори можност за спектакуларни шпекулации по однос на тоа што се случувало во ПИОМ, за некаква можност за злоупотреба. Кога вчера го верификувавме и со министерството и со фондот дека апсолутно не се работи за злоупотреба на ниту еден денар од средствата на пензионерите или на Фондот, туку дел поради административни пречки, дел поради недоволен буџет заради тогашната одлука на Влада да се намалат придонесите, дека тие не биле префрлени во вториот столб. Меѓутоа, не станува збор за апсолутно никаква злоупотреба на ниту еден денар од тие средства. Побарав и од министерката и од фондот денес да излезат и да објаснат пред граѓаните, да разјаснат дека тоа е “фејк-њуз“. Најавувам дека сите политичари и медиуми кои го инволвираа ДУИ во оваа лажна вест, доколку не се извинат, ќе покренеме правна постапка со цел да ја докажеме вистината, истакна вчера Османи. Венецијанската комисија кога дава коментари дава и упатства и ќе ги даде своите коментари. И тука нема што да се плаши некој. На Комисијата и веруваат сите, рече премиерот Зоран Заев гостувајќи на телевизија АлсатМ. -Не очекувам некој кој знае какви коментари, слабости, забелешки од Венецијанската комисија, ние сме консултирале луѓе. Законот ќе може да се спроведе. И да не се паничи дваесет милиони, педесет милиони не знам што ќе се вработувало како немало да се вработува…Ние имаме луѓе што не ни се распоредени од Преведувачката агенција. Граѓаните треба да знаат дека Струмица, Гевгелија не живеат Албанци, односно не над 20 проценти, па ме прашуваат граѓаните дали треба да правиме двојазични документи, не треба, па полицаецот ќе зборувал албански….посочи Заев. Иако Заев зборуваше за дваесет проценти на почетокот во следно прашање вели: „Не сакам ниту една заедница да се одбележува со проценти. Во прв момент кога би се отворил Уставот ќе се заложам да не се зборува за било кого во проценти. Немаме право сега да го отвориме Уставот. Но, во првата прилика сум подготвен да разговараме и да ги тргнеме процентите“. Сепак Заев продолжува „Уставот го дефинира албанскиот јазик како втор официјален јазик, за меѓународна употреба само македонскиот јазик, прв е македонскиот, употребата е јасно разграничена“. На прашање зошто тогаш ако тој вели дека и албанскиот е официјален имало соопштението од Влада во кое се вели единствен службен јазик е македонскиот, Заев со одговор „не сум го видел соопштението“. За тоа дали има несогласување меѓу СДСМ и ДУИ во контекст на законот за јазици, односно дека прво дека законот нема да оди во Веницијанска комисија, па оди цел, а владиниот потпретседател Бујар Османи посочува дека само делови од законот, Заев одговара: -Мојот пријател и потпретседател на владата заборавил на заклучокот од Влада, зошто немаме предрасуди, ништо не треба да правиме шверцерски. Заев и додава „јас како прв претставник на Владата мислам дека законот е уставен“. Сепак Заев вели и дека има криза зошто „некои од политичарите сакаат да си редат пердуви, овој закон не е на ДУИ, туку на Зоран Заев, на ДУИ, на Беса, на турска партија на сите“. Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, бурно реагираше на говорот на министерот за образование Арбр Адеми, кој на новинарско прашање поставено на албански јазик одби да одговори и на македонски. Покрај градоначалникот и новинарите Македонци инсистираа да дознаат што всушност се случува на прес конференцијата. Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите за управување со градинките на Општина Куманово заради непочитување на одредбите од Законот за заштита на децата. Градоначалникот Максим Димитриевски не постапи според своите овластувања во рамки на дадениот законски рок и ова е единствената причина за одземање на ингеренциите на општината. Сите други укажувања кои ги изнесува Димитриевски се лажни и апсурдни, реагираат од МТСП. Димитриевски упати повик министерката за труд и социјална политика Мила Царовска уште еднаш да ги преиспита сите свои одлуки поврзани со одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката „Ангел Шајче“, да го укине решението и надлежноста да ја врати на Општина Куманово. -Решението за одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката „Ангел Шајче“ од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е неиздржано, селективно, пристрасно, тенденциозно и има за цел директно да го инволвира Министерството во изборот на директорот. Ја повикувам министерката Царовска, која има направено голем пропуст, да го преиспита ова решение, да го повлече, бидејќи општина Куманово не заслужува ваков третман, рече Димитриевски. -За отпочнување на постапката за одземање на ингеренциите бевме известени од страна на Управниот Одбор на градинката по што МТСП постапи согласно законската регулатива. Оваа одлука е донесена откако при вршење на надзор на работата беа утврдени недостатоци во спроведувањето на постапката за распишување на оглас за директор на детски градинки. На градоначалникот му беше дадено укажување со утврден рок за отстранување на неправилностите, преку уредно примен допис на 4.01.2019 година. Откако градоначалникот не постапи според даденото укажување, Министерството за труд и социјална политика ги презема ингеренциите за управување со градинките на период од 1 година, согласно членот 201 од Законот за заштита на децата, реагираат од министерството. Од МТСП потсетуваат дека освен на Куманово ингеренциите по истата основа пред околу еден месец се одзеземни и на Општина Струга. Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, им порачува на ДУИ да не се китат со туѓи перја, порачувајќи дека за Законот за јазици заслужна е партијата на Зоран Заев. „Речиси една декада на власт со ВМРО-ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја. Заслугите за отворање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество” за сите!!! Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро“- напиша на Својот Фб профил Зекири, откако Законот за употреба на јазиците официјално беше објавен во Службен весник. Какви задкулисни игри се играат и кој-кому му прави сопки, наскоро ќе излезе на виделина. Едно е сугурно- функционерите од СДСМ и ДУИ имаат низа несогласувања и меѓу нив владее раздор кои и тоа како, ја распукува коалицијата. Извор: К*рир.мк |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
влада на република северна Македонија
Понатаму шо сака нека праи... Само лошо минато да ми е што побрзо се у везе со неа! |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Си лета со паметот...
Толку се навежбале,шо дури еве и авион сакаат да си купат! Фала ти Боже шо не е ова моја држава. |
|
ansasho
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 127 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чудна работа осудија за кола претходниот премиер а овој сака авионче да си купи.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Она што ни на душман не му се посакува.
Ете тоа го прави за својот народ! |
|
Внеси реплика | страница <1 198199200 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |