IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Абортус
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Абортус

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
R.Magedon Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Ноември.2018
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај R.Magedon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Абортус
    Испратена: 08.Ноември.2018 во 17:00
Абортус

Верувам дека за да се дојде до сржта на прашанјето за аботусот потребно е да се запрашаме една работа, а тоа е следново - Во кој момент човекот станува човек? Што е тоа што му дава право на било кој од нас да се нарече човек а со тоа и се здобие со гаранција за правото на живот поготово онаму каде што треба да е најбезбедно - мајчината утроба.
1. Дали големината му дава право на еден човек да убие друг? Зошто аку е тоа така, тогаш зошто се бориме да нема булирање од страна на посилните
2. Дозволува ли степенот на развој да се воспостави како оправдание на за негирање право на живот на понеразвиениот од нас. Аку е така, да им дозволиме на учителите не само да ги тепаат туку и да ги убиваат неумните ученици или оние со послаби оценки само затоа што заостануваат со интелектуалниот развој,
3. можеби локацијата, или поточно ако некој се наоѓа од онаа страна на граница, ѕид, вагина, итн. дали со тоа го губи правото на живот.
4. Ниво на зависност или независност ова е, ми се чини најискористениот аргумент на бранителите на абортусот. Значи според овој аргумент главна причина која ни дозволува да си го убиеме сопственото неродено чедо е тоа што тоа е неспособно само да се оджува во живот. Ако е тоа така тогаш, зошто да застанеме само до второто тромесечие, зошто да не продолжиме и до крај на бременост, или и за време на доењто. Најјако од се би било доколку им се предложи на сите родители да ги убиваат своите полнолетни деца кои сеуште не се осамостоиле и сеуште бараат џепарлак.

Да заклучиме. Кога ќе се спојат машка и женска полова клетка се создава нов живот. И да не се лажеме, тоа ново живо суштество не е чучулига, ниту жаба, а уште помалку џунџуле, ами од првиот момент тоа е човек. Човек во развој и со потенцијал да стане новиот Ајнштајн, Хитлер или нешто измеѓу. До каде ќе "догура" таа нова индивидуа зависи пред се од самата таа индивидуа секако доколку и се даде реална шанса да ги преживее годините поминати во раст и развој, период кој треба да биде исполнет со љубов, нежност, внимание, сигурност и се, само не убиствени намери, поготово не од страна на најблиските.

П.С, Престанете со аргументот за правото на мајката на светла иднина. имаме закони со кои се заштитува мајката, му се наложува на таткото да плаќа алиментација итн. Секако дека тоа ќе го усложни животот на младите родители ама тоа е случај со сите млади родители. Кога се раѓа нов живот се става во втор план животот на родителите па дури и на дедовците и бабите и така си било од секогаш, само во последново столетие заради нашата себичност се дозволуваат закони со кои се туркаат ништожнички закони како тој за абортус со кој гнасна диплома од најсмрдениот универзитет во Македонија и пошироко, тежи повекје од еден човечки живот.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.