|
Макаронс |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овие слатки мали лапни-голтни колачиња важат за тешки за правење. и точно е, може да не излезат мазни и подигнати, ама тоа не е причина да не пробате да ги направите. а и да распукаат по површината, секако ќе бидат вкусни. Макаронс Го следев овој рецепт и го прилагодив да бидат чоколадни.
* обично за макаронси се користат лупени бадеми, ама јас сомлев нелупени, и тоа воопшто не влијаеше на вкусот или на текстурата на колачите. излегуваат околу 50 макаронси. просејте ги мелените бадеми, а ако треба и шеќерот во прав и какаото. потоа помешајте ги. ставете ги белките, шеќерот, ванилата и солта во вангла и почнете да ги матите со миксер, прво 3 минути на средна брзина, па 3 минути на малку поголема и уште 3 минути на најголема. јас правев кратки паузи на секои 3 минути матење. после сето тоа матење белките би требало да се многу цврсто изматени и да изгледаат суво. додајте ја мешавината со бадеми и почнете да ја мешате со гумена шпатула. би требало сé да се измеша убаво со околу 40 движења, од доле, со префрлање, како да диплите. ако е смесата цврста и стојат врвови, треба уште да мешате. ако земете малку од смесата со лажица и ја истурите назад, кога е добро измешана истурениот дел прво стои, ама по неколку секунди полека се слева со останатиот дел. ако е потечна од тоа, смесата е премногу измешана и ќе биде тешко да се направат кругчиња. јас го користев сетот за макаронс од карес. и слаткарската вреќичка и подлогата за печење се многу згодни. наполнете ја слаткарската вреќичка со смесата за колачите и направете кругчиња на подлогата или врз хартија за печење. печете ги макаронсите во рерна загреана на 150°C околу 16-18 минути. би требало лесно да се одвојуваат кога се испечени. оставете ги да се оладат, па испечете ја втората тура. а во меѓувреме, направете го филот. филот може да биде различен, комплициран слаткарски крем, стопено чоколадо или џем. јас решив да направам едноставен фил од маскарпоне и мед. кога колачите ќе се оладат, спарете ги по големина и спојте ги со малку фил во средината. можат да се јадат веднаш, ама добри се и следниот ден, кога малку ќе омекнат. чувајте ги во фрижидер. Изменето од Valerija - 02.Ноември.2018 во 22:28 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |