IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за домашни сокови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за домашни сокови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рецепти за домашни сокови
    Испратена: 16.Септември.2010 во 12:34

Сируп од капини

Потребно:

* 2 кг капини
* 600 мл вода
* 1 кг шеќер
* 3 лимона

Приготвување: капините иситнете ги во миксер. Во вриената вода додадете го шеќерот и варете го толку долго додека не се згусне. Топлиот шеќерен сируп прелијте го врз подготвените капини, додадете го сокот од лимоните, оставете ја смесата да отстои неколку часа и на крај испасирајте ја. Добиениот сируп загрејте го до пред вриење и веднаш сипајте го во врели стерилизирани шишиња. Шишињата веднаш затворете ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2011 во 23:12

Сокот од кајсии идеална напивка и за здравите и за болните

Поради специфичниот пријатен вкус, кајсиите се вбројуваат во најквалитетното овошје. Во свежите кајсии најмногу има витамин Ц (5-7 отсто), потоа каротиноид - провитамин А (1-7 отсто), витамин Б1 (0,06 мг), витамин Б2 (0,12 мг), витамин Б3 т.е ПП (0,7 мг), витамин Б5 (0,3 мг), витамин Б6 (0,07 мг), целулоза околу 0,7 мг. Свежиот плод на кајсијата содржи и: околу 16 мг калциум, 370 мг калиум, 14 мг магнезиум, 23 мг фосфор, 1 мг железо, 6 мг сулфур.
Плодовите од кајсијата се јадат свежи или сушени, а од нив се прават и сокови, мармалади, пекмези, а семките се употребуваат за добивање на лековито масло. Кајсиите може и да се замрзнат.
Кајсиите ги смируваат нервите, го поттикнуваат излачувањето на жолчката, го закрепнуваат црниот дроб, го надразнуваат и го освежуваат желудникот, а корисни се и во лекувањето на анемијата.

***

Сок

Зрелите кајсии се пасираат, па на еден литар сок се додава половина литар сируп од шеќер. Сето тоа се меша и се сипа во шишиња, се затвораат со смола и се варат 20 минути. Изобилството од фруктоза, каротин, калиум и кобалт го прават овој сок идеална напивка за здравите и за болните луѓе.

***

Слатко

Еден килограм кајсии излупете ги и исечете ги на половина. Ставете ги во длабок сад, па прелијте ги со бистра варовна вода и оставете ги да отстојат во неа еден час. Еден килограм кристал шеќер ставете во тенџере. Кајсиите извадете ги од варовната вода, измијте ги во неколку ладни води и наредете ги еден ред врз шеќерот. Преку кајсиите исцедете сок од еден лимон, па посипете ги со шеќер и така се додека не ги потрошите и кајсиите и шеќерот. Тенџерето поклопете го и оставете ги кајсиите да отстојат преку ноќ. Утредента, откако кајсиите пуштиле сопствен сок, ставете го тенџерето на тивок оган, додадете во овошјето уште половина килограм шеќер и една чаша вода, па варете го додека шеќерот не се стопи, а потоа на појак оган за да може слаткото побрзо да се свари. Кога сокот ќе биде толку густ во исто време по две капки тешко да паѓаат, извадете го тенџерето од ринглата, покријте го со влажна крпа и оставете го да се лади. Утредента, слаткото сипајте го во тегли

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 14:13
Ретки се тие што не сакаат домашно сокче направено најчесто од рацете на мама/тато/баба/дедо, но колку вие знаете да подготвувате домашен сок?
Некои немаат услови, некои немаат желба, некои не знаат како. Јас имам се, ама секаков сок не пијам.
Доколку знаете некој рецепт за подготовка на домашен сок, повелете споделете го среќа


Сок од вишни

3 килограми вишни
2 литри вода
3 пакетчиња лимонтус
шеќер по потреба

Вишните ги миеме добро и ги гмечиме со раце. Пасираме добро втријувајќи ги вишните на цедалката Откако ја завршивме оваа постапка додаваме лимонтуси и вода и оставаме да стои 24 часа. Потоа сокот го прецедуваме и мериме колку течност има. Колку течност ќе ни испадне толку шеќер ставаме (или по вкус и потреба). Го промешуваме добро и ги полниме шишињата. Добро ги запечатуваме. Така затворени се вријат 30 минути.








Или додека уште има праски, испробајте го овој рецепт. Јас правев пред некој ден, со тоа што помалку шеќер ставивсреќа

Сок од праски

Состојки:
1 кг. праски
1 литар вода
250 гр. шеќер
рендана кора од ¼ лимон

Подготовка:
Праските убаво се мијат, се чистат, се лупат и се мелат во машина за мелење месо, или во блендер.

Водата се става во сад на оган да зоврие и му се става шеќерот. Се вари додека да се стопи шеќерот. Потоа течноста се остава убаво да се излади.

Откако течноста ќе биде сосема ладна, во неа се додаваат мелените праски. Се става ренданата кора од лимонот и сокот убаво се меша за да се соединат состојките и да се добие хомогена смеса.

Вака добиениот сок се собира во шишиња и се става да стои во фрижидер, на ладно.

Препорачливо е да се пие веднаш по ладењето и во наредните 3 до 4 денови, бидејќи во него нема никакви додатоци, конзерванси и емулгатори, кои ќе можат да му го продолжат рокот на употреба.


Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 14:20
Здрав микс 

1/2 кг цвекло
1/2 кг моркови
1/2 кг лимони
3 литри вода
шеќер по желба
5 кесички лимонтус

Сите состојки убаво се мијат и се мелат во машина за мелење месо заедно со се лушпи. Добиената смеса се става во водата и се остава да отстои 24 часа.

Потоа смесата се процедува неколку пати низ чиста газа и во добиениот сок се ставаат шеќерот и лимонтусот. Сокот се меша сé додека се стопи шеќерот и се собира во шишиња. Се пие многу брзозадоволство или може да ги провриете шишињата доколку направите поголемо количество и да ги чувате (ама соков не е за да стоиплазење) Инаку соков би требало да се раствори со малку вода пред пиење.




Изменето од evangeline - 18.Септември.2013 во 14:21
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 14:21
Во овај микосов ако ставиш јаболка е далеку посладок и понежен од обично... Пробајте....

Изменето од volkswagen - 18.Септември.2013 во 14:21
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 14:31
Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

Во овај микосов ако ставиш јаболка е далеку посладок и понежен од обично... Пробајте....

Ме насмеасмеење
А јас сакам кисели и груби работи. 
Всушност, во миксовите можеш да ставиш што имаш и што сакаш. Не за џабе се вика микс.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:32

Сок од тиква

Тиквата сварете исечете ја на помали парчиња, сварете во 2,5 л. вода и оставете да се излади.
Посебно сварете го остатокот од водата со шеќерот, оладете, додајте го сокот од лимон.
Тиквата испасирајте ја со блендер и додајте во шеќерната вода со лимонот. Додадете и прашаците за сок или екстратите, измешајте, наполнети ги шишињата, затворете и ставете во вода да се пастеризираат.

Сок од тиква
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2014 во 23:04
Правам од вишни, круши, праски, кајсии и јаготки.
Само вишните и јаготките со шеќер и лимонтуз,
крушите, праските и кајсиите во соковник, потоа само ги варам без никакви додатоци додека зовријат и сокот го собирам во жешки шишиња.
Ако не се доволно благи пред употреба лажиче мед среќа
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2014 во 22:28
МАГДОНОС, ЛИМОН И ВОДА: ЧУДО ОД СОК

Овој сок помага при согорувањето на калориите, го храни вашето тело со витамини и минерали и го подобрува работењето на дигестивниот систем.

Состојки:

 мала китка магдонос
 1 лимон
 чаша вода

Подготовка:

Магдоносот се сецка ситно (најдобро во блендер), се цеди сокот од лимон и сето ова се става во чаша и се прелева со вода која е претходно провриена и оладена (одприлика 150-200 милилитри). 


Сокот би требало да се пие наутро на празен желудник, само 5 дена, а после тоа да се направи пауза од 10 дена.

Овој сок ви помага за побрзо согорување на калориите, го храни вашето тело со неопходни витамини и минерали но истовремено ќе му помогне и на вашиот дигестивен систем да има подобро варење на храната.


Изменето од Valerija - 17.Октомври.2018 во 21:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2014 во 08:19

Уште еден рецепт од искусните домаќинки: Сок од грозје


Искористете ја сезоната на грозјето на вистинскиот начин, така што дел од ова здраво и вкусно овошје ќе го претворите во сок кој ќе го консумирате преку цела година.

uste-eden-recept-od-iskusnite-domakinki-sok-od-grozje-01.jpg

Искусните домаќинки кои секоја година подготвуваат слатка зимница, ве советуваат да го пробате следниов рецепт.

Потребни состојки:

  • 5kg црно грозје
  • 1,5l вода
  • 800g  шеќер
  • 20g лимонтус

Постапка:

Одвојте ги зрната грозје, па кратко измешајте ги во електрична мешалка. Додајте ја водата и испасирајте ја смесата.

Добиениот сок ставете го во длабок сад, исчистете го од семките и лушпите кои ќе излезат на површина, па додајте го шеќерот и лимонтусот. Варете додека течноста не зоврие.

Жешкиот сок ставете го во стаклени шишиња и добро затворете.

Брзо и едноставно, а корисно. Освен како сок, овој сируп од грозје може да го користите како сос за десерти.



Изменето од Valerija - 18.Септември.2014 во 08:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2014 во 10:53
Сок од капини и малини

Ги тураме во шерпа им додаваме вода колку да ги покрие и два прста над нив да има оставаме да врие околу 30 минути кога ке побелат овошјата е доволно.Го цедиме низ газа и добиената течност ја мериме на 1кг течност по 800 гр шекер се заедно оставаме да врие околу 20 мин пред ваѓање редиме лимонтус на пример на 10 кг јас ставам 5 пакетчиња.Сокот го збираме жежок во врели шишиња за подолго да стои.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2015 во 17:09

Вкусно и здраво: Домашен сок од грозје


Искористете ја сезоната кога се бере грозје и соберете вкусно црно грозје. Ние ви предлагаме да направите домашен сок, кој ќе го пиете секојдневно, а значително ќе ви ја подобри крвната слика.


Потребни состојки:

  • 5кг исчистени зрна црно грозје
  • 300-500гр шеќер
  • 1.5л вода

Начин на подготовка:

Измијте го грозјето, отстранете ги гранчињата, а зрната сомелете ги со машинка за мелење месо, а потоа испасирајте ги. Добиениот сок ставете го во некое тенџере, додадете ја водата и варете 15 минути. Додадете го шеќерот и варете уште 10 минути.



Тргнете го тенџерето од оган и сокот со инка истурете го во претходно загреани стаклени шишиња, затворете ги убаво, покријте ги и оставете да се изладат.

Чувајте ги на ладно, суво и темно место, а кога ќе отворите едно шише чувајте го во фрижидер додека не го испиете цел сок.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2018 во 21:24
Сок од Праски и Јаболка


Сок од праски и јаболка

Состојки

 6кг праски
 4кг  зелени јаболка
16 литри вода 
1,5 кг шеќер
2 пакетчиња ванила
Еве еден рецепт за сок кој е многу вкусен. Праските и јаболката се сечат на поголеми парчиња, се налева водата и се става на оган и се вари додека убаво омекнат праските и јаболката. Откога се растураат сами тенџерето се трга од оган и целата смеса со праските јаболката и водата се цеди преку преса,потоа се враќа течноста на оган, а другото се фрла. Во течноста се става шеќерот и ванилата и се остава да поврие, собирајки му ја пената 2-3 пати. Готовиот врел сок се собира во стаклени шишиња се затвора со тапа и се става на темно суво и ладно место.






Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2018 во 21:28
Сок од дренки, вишни и капини

Сок од дренки,вишни и капини

Состојки

1 кг дренки
1 кг вишни
1кг капини
10 литра вода
3 кг шеќер
2 кесички лимунтус

Освежителен сок приготвен во домашни услови.
Во водата се става овошјето и се вари на оган додека да се добие убава темно црвена боја.

Потоа се трга од оган, се цеди и се додаваат шеќерот и лимонтусот.

Се остава да постои околу 20тина минути и се става во шишиња, може и стаклени и пластични. Ако е во пластични треба да стои во замрзнувач за да не се расипе. Ако е во стаклени само треба да се добро запечатени капачињата и да се чува на студено и темно место.

Одличен рецепт и начин да имате свеж овошен сок преку цела зима.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,282 секунди.