|
Рецепти за домашни сокови |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Септември.2010 во 12:34 |
Сируп од капини Потребно: |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сокот од кајсии идеална напивка и за здравите и за болните Поради специфичниот пријатен вкус, кајсиите се вбројуваат во најквалитетното овошје. Во свежите кајсии најмногу има витамин Ц (5-7 отсто), потоа каротиноид - провитамин А (1-7 отсто), витамин Б1 (0,06 мг), витамин Б2 (0,12 мг), витамин Б3 т.е ПП (0,7 мг), витамин Б5 (0,3 мг), витамин Б6 (0,07 мг), целулоза околу 0,7 мг. Свежиот плод на кајсијата содржи и: околу 16 мг калциум, 370 мг калиум, 14 мг магнезиум, 23 мг фосфор, 1 мг железо, 6 мг сулфур. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ретки се тие што не сакаат домашно сокче направено најчесто од рацете на мама/тато/баба/дедо, но колку вие знаете да подготвувате домашен сок?
Некои немаат услови, некои немаат желба, некои не знаат како. Јас имам се, ама секаков сок не пијам. Доколку знаете некој рецепт за подготовка на домашен сок, повелете споделете го Сок од вишни 3 килограми вишни 2 литри вода 3 пакетчиња лимонтус шеќер по потреба Вишните ги миеме добро и ги гмечиме со раце. Пасираме добро втријувајќи ги вишните на цедалката Откако ја завршивме оваа постапка додаваме лимонтуси и вода и оставаме да стои 24 часа. Потоа сокот го прецедуваме и мериме колку течност има. Колку течност ќе ни испадне толку шеќер ставаме (или по вкус и потреба). Го промешуваме добро и ги полниме шишињата. Добро ги запечатуваме. Така затворени се вријат 30 минути. Или додека уште има праски, испробајте го овој рецепт. Јас правев пред некој ден, со тоа што помалку шеќер ставив Сок од праски Состојки: Подготовка: Водата се става во сад на оган да зоврие и му се става шеќерот. Се вари додека да се стопи шеќерот. Потоа течноста се остава убаво да се излади. Откако течноста ќе биде сосема ладна, во неа се додаваат мелените праски. Се става ренданата кора од лимонот и сокот убаво се меша за да се соединат состојките и да се добие хомогена смеса. Вака добиениот сок се собира во шишиња и се става да стои во фрижидер, на ладно. Препорачливо е да се пие веднаш по ладењето и во наредните 3 до 4 денови, бидејќи во него нема никакви додатоци, конзерванси и емулгатори, кои ќе можат да му го продолжат рокот на употреба. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Здрав микс
1/2 кг цвекло Сите состојки убаво се мијат и се мелат во машина за мелење месо заедно со се лушпи. Добиената смеса се става во водата и се остава да отстои 24 часа. Потоа смесата се процедува неколку пати низ чиста газа и во добиениот сок се ставаат шеќерот и лимонтусот. Сокот се меша сé додека се стопи шеќерот и се собира во шишиња. Се пие многу брзо или може да ги провриете шишињата доколку направите поголемо количество и да ги чувате (ама соков не е за да стои) Инаку соков би требало да се раствори со малку вода пред пиење. Изменето од evangeline - 18.Септември.2013 во 14:21 |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во овај микосов ако ставиш јаболка е далеку посладок и понежен од обично... Пробајте....
Изменето од volkswagen - 18.Септември.2013 во 14:21 |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ме насмеа А јас сакам кисели и груби работи. Всушност, во миксовите можеш да ставиш што имаш и што сакаш. Не за џабе се вика микс.
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сок од тикваТиквата сварете исечете ја на помали парчиња, сварете во 2,5 л. вода и оставете да се излади. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Правам од вишни, круши, праски, кајсии и јаготки.
Само вишните и јаготките со шеќер и лимонтуз, крушите, праските и кајсиите во соковник, потоа само ги варам без никакви додатоци додека зовријат и сокот го собирам во жешки шишиња. Ако не се доволно благи пред употреба лажиче мед |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Valerija - 17.Октомври.2018 во 21:21 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште еден рецепт од искусните домаќинки: Сок од грозјеИскористете ја сезоната на грозјето на вистинскиот начин, така што дел од ова здраво и вкусно овошје ќе го претворите во сок кој ќе го консумирате преку цела година. Искусните домаќинки кои секоја година подготвуваат слатка зимница, ве советуваат да го пробате следниов рецепт.
Одвојте ги зрната грозје, па кратко измешајте ги во електрична мешалка. Додајте ја водата и испасирајте ја смесата. Добиениот сок ставете го во длабок сад, исчистете го од семките и лушпите кои ќе излезат на површина, па додајте го шеќерот и лимонтусот. Варете додека течноста не зоврие. Жешкиот сок ставете го во стаклени шишиња и добро затворете. Брзо и едноставно, а корисно. Освен како сок, овој сируп од грозје може да го користите како сос за десерти. Изменето од Valerija - 18.Септември.2014 во 08:20 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сок од капини и малини |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусно и здраво: Домашен сок од грозјеИскористете ја сезоната кога се бере грозје и соберете вкусно црно грозје. Ние ви предлагаме да направите домашен сок, кој ќе го пиете секојдневно, а значително ќе ви ја подобри крвната слика. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сок од праски и јаболка Состојки 6кг праски 4кг зелени јаболка 16 литри вода 1,5 кг шеќер 2 пакетчиња ванила Еве еден рецепт за сок кој е многу вкусен. Праските и јаболката се сечат на поголеми парчиња, се налева водата и се става на оган и се вари додека убаво омекнат праските и јаболката. Откога се растураат сами тенџерето се трга од оган и целата смеса со праските јаболката и водата се цеди преку преса,потоа се враќа течноста на оган, а другото се фрла. Во течноста се става шеќерот и ванилата и се остава да поврие, собирајки му ја пената 2-3 пати. Готовиот врел сок се собира во стаклени шишиња се затвора со тапа и се става на темно суво и ладно место. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сок од дренки,вишни и капини Состојки 1 кг дренки 1 кг вишни 1кг капини 10 литра вода 3 кг шеќер 2 кесички лимунтус Освежителен сок приготвен во домашни услови. Во водата се става овошјето и се вари на оган додека да се добие убава темно црвена боја. Потоа се трга од оган, се цеди и се додаваат шеќерот и лимонтусот. Се остава да постои околу 20тина минути и се става во шишиња, може и стаклени и пластични. Ако е во пластични треба да стои во замрзнувач за да не се расипе. Ако е во стаклени само треба да се добро запечатени капачињата и да се чува на студено и темно место. Одличен рецепт и начин да имате свеж овошен сок преку цела зима. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |