|
Некои од најубавите шуми низ светот, |
Внеси реплика |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 19.Април.2018 во 19:54 |
5 најубави шуми ширум светотОд Канада до Полска, некои од најдобрите глетки кои треба да ги посетите се токму локалните дрва. Не е важно дали шумата е мала или голема. Неверојатната убавина може да биде содржана и во само неколку дрвца. Еве кои се најубавите шуми во светот. 1.Искривената шума, Полска Полска има многу интересна шума составена целосно од сосема искривени борови дрва. Иако дрвата кои растат на чуден начин можеби имаат објаснување, сите борови дрва во оваа шума се искривени на идентичен начин. Целата шума содржи 400 или повеќе дрва, и постои од 1930-тите. 2.Амазонската дождовна шума, Јужна Америка Некој не може, а да не помисли на Амазон кога ќе ги слушне зборовите „дождовна шума“. Џунглата е толку масивна, што се шири преку 9 различни земји, и покрива вкупно 5.500.000 квадратни километри. И покрај проблемите со уништувањето на шумите, Амазонската дождовна шума се’ уште е половина од светските дождовни шуми. 3.Долината Џуижагоу, Кина Оваа долина е позната како долина на 9 села, и е популарна дестинација благодарение на нејзините светло обоени езера и неверојатни водопади. Земјата околу уникатните езера е покриена со дебела шума. Оваа област е прогласена за светско природно богатство во 1992 година, што треба да помогне да се зачуваат шумите во иднината. 4.Националната шума Коконино, САД Лоцирана во Аризона, Коконино е шума на голема надморска височина, со дрва кои растат на планините и до 12.000 стапки. Повеќето дрва се бор или смрека. За секој кој ужива во планинарење, има многу интересни патеки кои треба да се истражат во оваа област. 5.Дождовната шума Голема Мечка, Канада и САД Иако повеќето дождовни шуми се наоѓаат јужно од екваторот, оваа е малку подалеку. Големата Мечка е една од најголемите дождовни шуми во светот, и се протега од Британска Колумбија до Алјаска. Таа е дом на многу видови, како гризли мечки, црни мечки, рисови, лосос и волци. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прекрасни шуми низ светот кои некогаш морате да ги посетитеШумите покриваат 31% од копното на Земјата и понекогаш се толку величестени, што едноставно ќе се запрашате како природата успеала да создаде таква убавина. Еве дел од најубавите светски шуми кои доколку имате прилика морате да ги посетите: Името на оваа шума значи „канал со две води“, а позната е по неверојатно сината вода – боја која се јавува кога морската вода се меша со свежата (слатката) во одредени точки во циклусот на плимата. Оваа „карпеста шума“ е покриена со терен карактеризиран со карстни формации (порозен варовник кој со тек на времето бил изделкан од дождовите). Лоцирана на островите на архипелагот Сокотра, оваа шума има навистина вонземски изглед. Триесет и седум проценти од нејзината флора ја нема на ниедно друго место во светот. Ова е една од најуникатните шуми во светот која е дел од листата од 100-те локации во Јапонија со најзначајни природни, културни и индустриски обележја. Оваа тропска шума се наоѓа на голема височина и е постојано опкружена со магла која наликува на облаци, по што го добила името. Монтеверде е и дом на неколку илјади видови животни и растенија, од кои 500 од нив се само разни видови на птици. Taman Negara е една од најстарите дождовни шуми во светот, стара 130 милиони години. Германската Црна шума која ги инспирирала мрачните бајки на браќата Грим го добила името од импресивно густите крошни на четинарите. Националниот парк Секвоја каде се наоѓа оваа шума, е познат и како „земја на џиновите“, бидејќи е дом на најголемите живи дрвја во светот. Позната и како „сината шума“ (поради цвеќињата кои ја покриваат секоја пролет), Халербос е една од последните остатоци на Silva Carbonaria („јагленосаната шума“), античка шума која претставувала природна граница меѓу две кралства во раниот среден век. Една од најмистериозните шуми во светот е „свитканата шума“ (Krzywy Las) во Полска, чии 400 борови дрва се свиткани под агол од 90 степени. Теориите за тоа како ја добиле оваа форма се различни. Некои тврдат дека искривувањето го предизвикале гравитациските промени во регионот, некои дека причина за тоа се снеговите чии тешки наслаги ги свиткале, а некои пак велат дека причината за нивната форма е човечки фактор и дека тие биле рачно искривувани. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавите шуми во светотДодека дел од туристите сакаат да патуваат во срцето на туристичките дестинации, да ги разгледуваат последните достигнувања во светот на архитектурата и да се воодушевуваат на животот во главните центри, останатите сакаат да ги запознаат магичните креации на природата, односно местата каде што човековата рака не допрала ништо и местата каде што единствени "владетели" се животните. Токму такви места се "белите дробови" на планетата Земја, односно прекрасните шуми кои се издигнуваат ширум светот. Шумите претставуваат магични предели каде што живеат огромен број на живи суштества кои во ова свое царство ги градат своите домови и ги поставуваат "правилата на игра". Со оглед на огромниот број на дрва и други растенија, шумите се прекрасно место за посетување во било кој период од годината. Така, во текот на зимата крошните од дрвјата се скриени под снежната прекривка, во пролет целиот овој еко-систем се буди, во лето дебелите сенки им се спротивставуваат на топлите сончеви зраци, а во есента, целиот пејсаж се бои во црвени, портокалови и жолти тонови. Токму затоа, сите оние авантуристи кои што сакаат да уживаат во убавините на природата, можат во секое време да се одлучат за нова авантура за истражување на дотогаш невидена шума, а во продолжение погледнете дел од најубавите шуми кои се простираат во светот. Национален парк Секвоја во Калифорнија Дождовната шума Амазон во Јужна Америка Дождовната шума Хох во Вашингтон Шумата Шервуд во Англија Шумата Дентри во Австралија Национален пар Тонгас на Алјаска Големата дождовна шума на мечките во Канада Шумски резерват Синхарја во Шри Ланка Шумата Монтеверде во Костарика Бамбусова шума во Киото, во Јапонија Националниот парк Писга во Северна Каролина Изменето од Valerija - 19.Април.2018 во 19:59 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сагано,Јапонија
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дарк Хеџес, Северна ИрскаИзменето од Valerija - 20.Април.2018 во 10:53 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Њу Форест,Англија |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хамелн,Германија
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бретања,Франција
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дубаи
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Квебек,Канада
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бамбусовата шума,Сагано,Јапонија
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шумата Отзарета во Шпанија
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |