IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Посни јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Посни јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 121314
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 08:35

ГРИЗ – ТОРТА

1,3 л. вода
15 супени лажици шеќер
6 супени лажици соино млеко во прав
250 гр. пченичен гриз
може и 50 гр. кокос, по желба
 
1 л. вода
3 пудинзи од чоколадо
100 гр. чоколадо за готвење
12 супрни лажици шеќер
6 супени лажици соини млеко во прав

1,3 л. вода треба да зоврие со 15 лажици шеќер, се додаваат 6 лажици соино млеко во прав и постепено се додава 250 гр. гриз и се меша на тивок оган околу 5 минути. Додека е уште жешко се става во тавче средна големина. 
Во 800 мл. вода се става 6 лажици соино млеко во прав. Додека зоврива водата, на страна се разматуваат 3 пудинзи со 12 лажици шеќер во 200 гр. ладна вода, што потоа се додаваат во зовриената вода. Заедно се вари 2-3 минути. Додека е уште жешко се додава 100 гр. посно чоколадо за готвење. Додека е пудингот уште жежок се става врз уште топол гриз. 
Може одозгора да се поспе со кокос или цимет.
Кога ќе се излади, се става во фрижидер. Потоа се сече на коцки и се сервира.

СВЕТОГОРСКИ КОЛАЧ

6 супени лажици џем
10 супени лажици шеќер
1 кесичка цимет
кора од 1 лимон и 1 портокал + сок од 1 портокал
1 супена лажица сода бикарбона + малку прашок за пециво
500 гр. брашно
¼ л. млака вода
1 рака сецкани ореви (може да се додаде суво грозје, урми)

мармалад од кајсија
150 гр. посно чоколадо за готвење

Џемот и шеќерот се матат со миксер за да се добие уедначена маса, се разредува со вода, се додава цимет, рендана кора од лимон и портокал, сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, се додава брашното помешано со сода бокарбона и со прашок за пециво. Смесата добро се изедначува со мешање и се става во тефлонска тава. Сместа не смее да биде премногу тврда (треба лесно, со мокра рака да се изедначи површината да биде мазна). Се става во умерено загреана рерна. Се пече околу 25-30 минути. Се проверува дали е печено со чачкалица. Откако рерната ќе се исклучи, колачот се остава внатре уште неколку минути. Уште топол, колачот се премачкува со 3 супени лажици отопен мармалад од кајсија, а врз него се става чоколадна глазура.


ТОРТА СО МЕД

100 гр. шеќер + 1 чаша вода
1 лажица сода бикарбона
2 лажици мед
250 гр. шеќер
500 гр. брашно (300 гр. брашно + 100 гр. кокос + 100 гр. гриз)

Од шеќерот и водата се вари шербет, се додава сода бикарбона, мед, шеќер и брашно. Сето ова добро се меша, се сипува во подмачкан плех или плех посипан со брашно и се пече. Изладената торта се премачкува со глазура од шеќер, карамел или какао прелив.
Пред печењето, во тестото може да се стават смокви, урми, суво грозје, суви сливи.

Бомбички со суво грозје

Потребни состојки: l250 г суви смокви l100 г суви урми l100 г суви сливи l100 г сечкани ореви l300 г шеќер l50 г вода l200 г чоколадо за готвење l2-3 лажици масло

Начин на приготвување:
 Сувото овошје се сечка и заедно со сечканите ореви се става во шербет приготвен од 300 грама шеќер и 50 грама вода. Смесата треба да се излади толку за да може да се обликуваат топчиња. 200 грама чоколадо за готвење се растопува со 2-3 лажици масло, на пареа. Со глазурата се преливаат бомбички.

ТУТИ-ФРУТИ

1 чаша интегрално (или некое друго) брашно

1 чаша пченични никулци
1 чаша овесни снегулки
1 чаша сечкани суви урми
1 чаша сечкани суви смокви
1 чаша суво грозје
1 чаша рендан морков
1 чаша кокос
1 чаша сечкани ореви 
Рендано јаболко или сок од јаболко (вода од варена пченица, друг овошен сок и сл.) колку да се замеси
Малтекс (слад од јачмен) или друг слад/шеќер по вкус
Ванилин шеќер, цимет 
Убаво се измесува, се обликуваат салами и се пече не на јако (до 200 °С) најмалку 40 минути во претходно загреана рерна.

Напомена: состојките се по избор, само да се води сметка замената да биде слична на заменетата состојка (на пр. ако не ставиме никулци, да се додаде снегулки или брашно и сл.). Саламите подобро ќе се испечат ако се со помал обем. Може откако ќе се изладат да се премачкаат со џем и да се стави чоколаден прелив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2016 во 09:22

ПОСНА МУСАКА

7
Ова традиционално јадење можете да го подготвите и за време на постот ако го подготвувате вака.

Состојки:

3 главици кромид

2 моркови

2 чешниња лук

250 грама соини трошки

Сушени растителни зачини

Сол, бибер

100 грама доматно пире

Пире од 500 грама комири

Подготовка:

  1. сварете ги трошките од соја и исцедете ја водата. Пропржете го кромидот, морковот, па додадете ги соините трошки и зачини. Можете да додадете и две до три капки бело вино. На крај ставете и доматно пире.
  2. Направете пире од компири, а потоа поделете го на два еднакви дела. Во плех ставете половина од подготвеното пире, па ставете фил и на крајот остатокот од пирето.
  3. Печете во рерна на 200 степени околу 20 минути. Јадењето може да го служите и ладно.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2016 во 08:41

Посни плескавици од компир


Доколку барате вкусен рецепт за последните денови од велигденските пости, ви препорачуваме да приготвите едноставни зачинети плескавици од компири.

Мафини со сирење

СОСТОЈКИ

6компири со средна големина
1 главицакромид
200 грбрашно
90 млмасло
1 пакетчепрашок за пециво
3 лажичкиоригано
2 лажичкисол
2 лажичкицрн пипер
30-60 млвода

ПОДГОТОВКА

  1. Излупете ги компирите и исечени на парчиња ставете ги во длабок сад да се варат. Откако ќе се сварат, испасирајте ги и оставете ги настрана.
  2. Во друг сад ситно изрендајте ја главицата кромид.
  3. Изренданиот кромид ставете го во садот со веќе пасираните компири и мешајте. Постепено додавајте од водата и маслото.
  4. Додајте ги сите останати наведени состојки и добро промешајте ја добиената смеса. Доколку сметате дека е потребно, изматете со миксер.
  5. Обликувајте тенки плескавици од смесата и ставајте ги на плех, претходно обложен со хартија за печење.
  6. Печете 30-40 минути во загреана рерна на 180°С, односно додека да поруменат.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2016 во 08:09

ПОСНА ТОРТА СО МАРМАЛАД И ОРЕВИ

0000

Потребни состојки:

4 шолји брашно
4 шолји шеќер
4 шолји млака вода
2 шолји гриз
1 пециво
1 шолја масло за јадење
неколку лажици мармалад со вкус по желба
неколку лажици сецкани ореви

Начин на подготовка:

Во млаката вода се растопува шеќерот, се додава маслото, мармаладот и се додаваат сите суви состојки: брашното, гриз, пециво и на крај оревите. Се меша со лажица и се сипува во подмачкано тавче посолено со брашно.
Тортата се пече на 180 степени околу 40 мин.
Испечената торта се премачкува со мармалад и се посолува со мелени ореви.



Изменето од Valerija - 22.Февруари.2018 во 08:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2016 во 15:14

Иако состојките се ограничени, вкусот и декорација не секогаш мора да бидат „сиромашни“.

recepti-za-domasni-posni-kolaci-01.jpg

Кога е време на пости и посни слави, еве што може да се подготвите и да се засладите без грижа на совест:

Бомбици со банана и кокос

Потребни состојки:

  • 200g кокос
  • 2 банани
  • 200g шеќер во прав
  • 200g посни бисквити, мелени

Подготовка:

Испасирајте ги бананите. Додадете го шеќерот во прав, па добро измешајте. Ставете половина од кокосот и сите мелени бисквити. Кога ќе добиете изедначена смеса, обликувајте топчиња и извалкајте ги во преостанатиот кокос.

recepti-za-domasni-posni-kolaci-1.jpg

Чоколадни суви сливи

Потребни состојки:

  • 20-тина суви сливи
  • 3 реда чоколадо за готвење
  • 50g мелени ореви
  • 50g мелени посни бисквити
  • 3 лажици шеќер во прав
  • Сок од лимон
  • Лажица рум

Подготовка:

Оставете ги сливите во топла вода да омекнат. Исечете ги по должина и извадете ги семките. Измешајте ги мелените ореви, бисквитите, шеќерот во прав, румот и неколку лажички лимон. Со добиената смеса наполнете ги сливите. Истопете го чоколадото со неколку капки вода. Мацкајте ги сливите во стопеното чоколадо и оставете да се оладат половина час.

recepti-za-domasni-posni-kolaci-2.jpg

Лешник гнезда

Потребни состојки:

  • 2dl вода
  • 200g шеќер
  • 150g маргарин
  • 100g чоколадо за готвење
  • 150g мелени лешници
  • 250g посни бисквити, мелени
  • Мелени лешници и уште 200g стопено чоколадо за декорација

Подготовка:

Ставете ја водата на оган и додадете ги шеќерот, маргаринот и чоколадото додека не зовријат. Тргнете од шпорет и додадете го кексот и мелените мешници. Кога смесата ќе се олади, формирајте бомбици и направете вдлабнатини во средина со прст, додека не добиете облик на гнездо.

Оладете ги формите па потоа извалкајте ги во мелените лешници и во секое дупче ставете по малку стопено чоколадо.

recepti-za-domasni-posni-kolaci-3.jpg

Чоко шишарки

Потребни состојки:

  • 1 маргарин
  • 200g шеќер
  • 5 лажици мед
  • 100g црно чоколадо
  • 100g сечкани ореви
  • 200g корнфлекс

Подготовка:

Истопете го маргаринот со 200g шеќер. Додадете го медот, чоколадото и оревите. На крај додадете полна кутија корфлекс. Добро измешајте и тргнете од оган.

Малку оладете и вадете од смесата со голема лажица и ставајте во хартиени корпи.

recepti-za-domasni-posni-kolaci-4.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2017 во 14:01

Феноменална посна капри торта


Состојки:

Подготовка:

Во 1 литар сок ставете 6 лажици шеќер да пороврие, а потоа додадете 4 кесички пудинг во предходно соединетата смеса 200мл сок. Згответе го филот а потоа оладете го. Маргаринот имзешајте го со шеќерот во прав и потоа додадете го оладениот фил и добро изматете го.

Јагодите прелиј те ги со 300мл вода, додадете им 250 грама шеќер и оставете го да на оган некој 10мин. При крајот на готвењето испасирајте ги јагодите и преостанатите 2 пудинга соединете ги со 150мл ладна вода, а потоа додадете ги во веќе зготвените јагоди и направете фил. Овој фил од јагоди брзо ќе го оладите ако го ставите во помал сад, а потоа ставетего во поголем каде претходно сте ја оладиле во вода. Со миксер изматет го филот, со тоа и јагодите дополнително ќе ги испасирате и филот побрзо ќе се олади.

На тацна наредете ги бисквитите (200гр.) кои претходно сме ги потопиле во сок. Премачкајте ги со чоколадото кое предходно сме го стопиле со масло. Ставете го сето тоа во фрижидер околу 5 минути за да премачканото чоколадо се стегне, а потоа преку чоколадото премачкајте со третина од жолтиот фил, а потоа со третина од црвениот. Повторно наредете од бисквитите кој се потопени во сокот и повторете го филувањето со чоколадо, жолтиот и црвениот фил. Направете го тоа и по трет пат. Тортата завршете ја со бисквити и премачкајте од посниот шлаг.



Изменето од Valerija - 24.Февруари.2017 во 14:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2017 во 21:30

Dave’s Kitchen: Посно традиционално Македонско јадење

Одлична идеја за денешниот ручек, особено ако постите. Еве како да го направите:

Потребни состојки:

  • 1 главица кромид ситно исечкана
  • 2 чешниња лук ситно исечкани
  • 1/2 шолја маслиново масло
  • 2 големи компири исечкани на мали коцки
  • 1/2 шолја ориз претходно измиен и исцеден.
  • 1 морков ситно исечкан на коцки
  • 2 лажици мешан сув зеленчук
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица триена сол
  • 1 лажичка букова сол
  • 1/2 лажичка мелен црн бибер
  • ситно исечкан магдонос
  • 250мл. доматен сос
  • 1,5 л. вода (по потреба се додава повеќе да не биде многу густа кашата)

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган ставете го маслото да се загрее, а потоа додадете го кромидот и лукот да се испржат на средна температура. Додадете ги компирот, боранијата, оризот и морковот. Промешајте и додадете ги зачините односно мешаниот сув зеленчук, црвениот пипер, буковата сол, триената сол, магдоносот, и биберот. Додадете го веднаш и доматниот сос и промешајте убаво за сите вкусови да се соединат.

Додадете ја водата и промешајте. Варете ја целата содржина околу 45 минути и по потреба додавајте вода за да не биде премногу густа кашата со зеленчук.

Повремено промешувајте. Додадете го и магдоносот, ситно исечкан. Декорирајте со свежа марула во чинијата и листови свежа жалфија или рузмарин.

Добар апетит и забавно готвење!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2017 во 16:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2017 во 08:23

Нема да одолеете: Посна Добош торта


Добош тортата е унгарски класик, кога се работи за десерти. Оригиналниот рецепт вклучува меки кори и чоколаден крем, а наизменичните редови завршуваат со карамела.

nema-da-odoleete-posna-dobosh-torta-01.jpg

Нејзината посна варијација е достојна замена за сите посни слави и веселби кои ни претстојат, па затоа не мислете двапати пред да ја пробате.

Потребни состојки:

  • 150g + 100g шеќер во прав
  • 250g мелени ореви
  • 250g брашно
  • 200g + 100g шеќер
  • 3 шолји мед
  • 3 реда посно чоколадо
  • Шолја кисела вода
  • Кесичка ванилин шеќер
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • Екстракт од малина (по желба)

Подготовка:

Помешајте го брашното со 150g шеќер во прав, мед, кисела вода и сода бикарбона. Добиеното тесто поделете го на 10 еднакви дела и печете го во облик на тенки кори, на овален плех измачкан со масло и брашно. Може да испечете и 6 подебели кори, изборот е ваш.

Филот подгответе го на оган со средна јачина. Измешајте 200g шеќер со 1 чаша вода, додадете ги мелените ореви, чоколадото и ванилиниот шеќер. Промешајте додека не добиете еднолична смеса. Оладете.

Редете од филот врз секоја кора и финиширајте со глазура која ќе ја направите на следниов начин:

100g бел шеќер промешајте со малку вода и затоплувајте додека не се стопи. Добиениот шербет тргнете го од оган да се олади, па потоа додавајте го постепено шеќерот во прав (100g). Може да додадете арома од малина или друг вкус.

Прелијте ја тортата, оладете и сечете триаголници.

nema-da-odoleete-posna-dobosh-torta-02.jpg

nema-da-odoleete-posna-dobosh-torta-03.jpg

nema-da-odoleete-posna-dobosh-torta-04.jpg

nema-da-odoleete-posna-dobosh-torta-05.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2018 во 08:32

Идеални за велигденските пости - 3 посни рецепти без грам масло


Да се јаде посно и не претставува некој особен предизвик, особено последниве години кога има толку многу достапни посни производи и лесни рецепти.

3-posni-recepti-bez-gram-maslo-01.jpg

Но, да се пости без масло може да биде навистина тешко, а најмачно од сè е да смислите што би јаделе во текот на денот.

Пронајдовме 3 рецепти „на вода“ кои не содржат ниту еден грам масло во подготовката, а се истовремено вкусни и лесни. Всушност, менито содржи чорба, главно јадење и секако, десерт.

Што да јадете за време на строгите велигденски пости?

Посна крем чорба од целер

Потребно ви е:

  • 1 поголемо парче целер
  • 2 моркови
  • 1 компир
  • 1 помал кромид
  • Сол и бибер (К*ркума, нане, рузмарин – по желба)

Начин на подготовка:

1. Измијте го добро зеленчукот, исечкајте го на парчиња и обарете го во вода додека не стане сосема мек.

2. Префрлете го во блендер додека не добиете еднолична смеса.

3. Вратете ја мешавината во тенџерето, додадете зачини по желба, додадете вода според посакуваната густина и оставете ја чорбата добро да проврие.

4. Декорирајте со свеж магдонос и послужете со мали парченца препечен леб (внимавајте лебот да биде исто така без масло).

3-posni-recepti-bez-gram-maslo (1).jpg

Посни шпагети во сос од авокадо

Потребно ви е:

  • 2 зрели авокада
  • 1 пакување посни шпагети (внимавајте на ознаките и составот)
  • Кечап
  • 10-12 маслинки
  • 2-3 млади кромитчиња
  • Сол и др. зачини по желба

Начин на подготовка:

1. Исчистете го двете парчиња авокадо од семките и добро згмечете ги со виљушка или во блендер, како ви е полесно.

2. Додадете го кечапот, исечканите маслинки и ситно сечканиот млад кромид (слободно исечкајте го и белиот дел и зелените перца). Добро измешајте со виљушка.

3. Сварете ги шпагетите според упатството на ќесичката, прецедете ги и додека се топли измешајте ги со подготвениот зелен сос од авокадо.

4. *За малку попикантен вкус може да додадете и неколку капки лимон. Послужете додека е топло.

3-posni-recepti-bez-gram-maslo (2).jpg

Посно медено срце

Потребно ви е:

  • 2 шолји кисела вода
  • 2 шолји брашно
  • 2 шолји шеќер
  • 1 ќесичка цимет
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 2 лажици какао
  • 4-5 лажици посен џем од сливи или кајсии, по желба или пак мед како најдобра посна замена

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги добро сите наведени состојки.

2. Тавчето покријте го со хартија за печење.

3. Истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 180˚С околу 30 минути или додека колачот добро не зарумени.

3-posni-recepti-bez-gram-maslo (3).jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2019 во 14:54

Посни линцер колачиња со мармалад со кои ќе ја донесете пролетта на вашата трпеза

Неодоливо ровки, со мирисни ноти на печени бадеми, споени со овошен мармалад и поросени со тенок слој шеќер во прав... линцер колачињата ќе станат константа во вашиот готварски репертоар.

Слатките „сендвич“ колачиња се класика и претставуваат нов облик на познатата Линцер торта, именувана по австрискиот град Линц. Се подготвуваат едноставно, а се совршен десерт додека се релаксирате со шолја кафе или чај.

Линцер колачи

За време на велигденските пости, ви нудиме посна верзија, за да се почестите со превкусни колачиња кои пролетно ќе ви ја разубават трпезата.

Линцер колачи

СОСТОЈКИ

220 грмаргарин (на собна температура)
½ шолјашеќер
2½ шолјибрашно
120 грама бадеми
1 мала лажичкаекстракт од ванила
1 мала лажичкапрашок за печиво
½ лажичкацимет
прстофатсол
шеќер во прав
Витаминка мармалад (јагодакајсијапраска) со вкус по желба
Линцер колачиЛинцер колачи

ПОДГОТОВКА

  1. Загрејте ја рерната на 180°C. Ставете ги бадемите во тава и печете ги 8-10 минути, односно додека не почувствувате примамлива арома на печени јатки. Откако ќе оладат, иситнете ги во сецко. Неопходно е смесата да наликува на песок.
  2. Во длабок сад, изматете го маргаринот со шеќерот и екстрактот од ванила.
  3. Додајте ги брашното, иситнетите бадеми, циметот, прашокот за печиво и солта. Внимателно матете или месете за сите состојки добро да се соединат.
  4. Добиеното тесто обликувајте го во форма на диск, обвијте го со најлонска фолија и оставете го во фрижидер најмалку 30 минути.
  5. Исукајте дел од тестото. Препорачливо е дебелината да биде 3 милиметри. Доколку тестото е лепливо, користете дополнително брашно, а во случај да е суво и премногу да распукува, додајте малку вода.
  6. Со помош на модли оформете колачиња. На половината од нив, со помала модла, направете им дупка во центарот.
  7. Наредете ги колачињата врз хартија за печење во тава. За да ја задржат убавата форма, пред да ги печете, ставете ги 15-30 минути во фрижидер.
  8. Печете ги колачињата околу 10 минути на 180°C додека минимално не поруменат на рабовите. Оставете ги печените колачи да оладат.
  9. Врз колачите без дупки во средината премачкајте мармалад. Наш избор беа мармаладите од јагода, кајсија и праска на Витаминка.
  10. Продупчените колачи поросете ги со слој шеќер во прав.
  11. Спојте ги колачите како сендвичи. Во зависност од големината на модлите, можете да очекувате околу 30-40 колачиња.
Линцер колачиЛинцер колачиЛинцер колачи
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2019 во 21:49

Брз и едноставен рецепт: Посно медено срце



Во овие посни предвелигденски денови, Ви предлагаме еден вкусен рецепт кој е многу лесен за подготовка. Станува збор за посен колач без масло. Тајната состојка на овој вкусен колач е Пелистерка газирана. Идеален е за да им го послужите на Вашите пријатели со филџан топло кафе или чај и нормално, Пелистерка! Уживајте во овие посни вкусови...

Потребни состојки:

- 2 шолји Пелистерка газирана

- 2 шолји брашно

- 2 шолји шеќер

- 1 кесичка цимет

- 1 лажичка сода бикарбона

- 2 лажици какао

- 4-5 лажици посен џем од сливи или кајсии, по желба или пак мед како најдобра посна замена

Подготовка:

Измешајте ги добро сите наведени состојки. Тавчето покријте го со хартија за печење. Истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути.

Имајте пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 121314
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.