IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Љубовни игри
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Љубовни игри

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
Автор
Порака
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2017 во 10:13
среќаАјде биди свој. Биди нешто што до сега ми се нема случено. Остави ги сите игри и правила кои до сега си ги научил и заборави на сите клишеа. Покажи ми дека си посебен, упорен, а недостижен. Можеби прво треба да дадеш, за да добиеш нешто за возврат, но јас повеќе немам зошто да ја раздавам мојата убавина без причина.. немој да ме сфатиш погрешно, ова не е егоистично кажано, размислувај малку пошироко, јас не пишувам само за надворешната, естетска убавина, јас пишувам за убавината од секаков облик.

Иако сакам да ти покажам што знам, сакам да ти влезам под кожа, тоа сега нема да го направам. Сега те оставам, те гледам, те следам, од сите страни ќе те набљудувам, така тивко, нечујно. Сакам да направиш да сакам да ти дадам нешто мое, макар и спомен да е. Сакам! Ќе уживам додека гледам како се докажуваш, и додека по твоите раце ќе тече топло чоколадо јас само ќе седам спроти тебе и испитувачки ќе те гледам во очи со надеж дека ќе ти ја допрам душата.

Сакам да ми го покажеш врвот по кој можеш да посегнеш, за да потоа јас ти покажам како вистински таму се ужива. Знаеш, јас не сум навикната на малку,чувството на задоволство кое можеш да го доживееш со мене, не можеш да го добиеш на некое место каде лебдат лесни облачиња. Не, тие не се мојот врв, јас нив одамна ги имам достигнато и престигнато. Затоа покажи ми дека можам да ти дозволам да ме следиш без да се покаам. Биди ми достоен. Ти биди ми предизвик.

анонимус


Изменето од ZeZnAtA - 08.Ноември.2017 во 10:51
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2017 во 15:09
interesno збунетост
vivi
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2017 во 15:46
Ми го пополни и мене времето во гужвите помеѓу Јаја-Паша и Бит Пазар,анонимусот.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.