IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Вежбање
  Активни теми Активни теми RSS - вежби за задник
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

вежби за задник

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2017 во 09:16

3 вежби за поголем и поцврст задник


Нема девојка што не посакува да го има задникот на Бијонсе или Џенифер Лопез. Понекогаш не е сѐ во големината, туку и во тоа како е обликуван.

3-vezbi-za-pogolem-i-pocvrst-zadnik-01.jpg

Ако сакате цврст, топчест и секси задник може тоа да го добиете само со 3 вежби. Единствен услов е да ги правите секојдневно, ако сакате да го добиете и да го одржите добриот изглед.

Со помош на Лизабет Лопез, професионален фитнес модел која го има еден од најдобрите задници во светот, може да го добиете посакуваниот задник на кој сите ќе ви завидуваат.

1. Подигнато стапало

Оваа вежба е клучна доколку го сакате тркалестиот облик на задникот.

На подот застанете во положба на маса, така што ќе клекнете на колена ќе се исправите нанапред и ќе се потпрете на дланките.

Потоа, полека ја поткревате едната нога во висина со задникот, ја свиткувате кај коленото на 90 степени и така останувате во иста позиција 1 минута.

Вежбата мора да ја повторите неколку пати наизменично.

so-3-cekori-do-pogolem-i-poseksi-zadnik1.jpg


2. Скокајте

Почнете полека со благо потскокнување. Исправете ги нозете и рацете, вдишете длабоко и издишете. Обидете колку можете да бидете поисправени.

Ваквата вежба треба да ја  повторувате околу 30 секунди.

so-3-cekori-do-pogolem-i-poseksi-zadnik-2


3. Мост со една нога

Најпрво легнете, доближете ги нозете една до друга, горниотт дел на грбот зад рамената залепете го на подот и полека подигнете го телото во вид на мост.

Едната нога подигнете ја, а со другата одржувајте баланс  и рамнотежа. Оваа вежба треба да ја повторите 20 пати со едната нога, па заменете ја со другата.

Покрај тоа што ќе добиете супер обликуван задник, истовремено ќе уживате без преголем напор.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2017 во 09:19

Овие три вежби ќе го зацврстат и подигнат ваѓиот задник за 30 дена, вели фитнес експертот и автор на книгата “Напредни техники за зајакнување на задникот” Брет Контрерас.

sexy-ass-model-a3-poster-prints-na7482-48967-p

Освен како вежба за задникот, тие служат и за зајакнување на мускулите на долниот дел од грбот и на нозете, што придонесува за подобро држење на телото и воопшто за целокупното здравје. Меѓу наједноставните и најефикасните вежби се сквотовите (чучњеви), расчекорување и мост со задникот.

Чучњеви за подигање на задникот

Застанете со раширени нозе по должината на колковите и исправете ги рацете пред вас, паралелно од земјата. Потоа спуштете се надоле скоро до земјата како во позиција да седнете, но пазете колениците да не ги носите напред односно да не ја поминуваат линијата од вашите прсти.

Градите и грбот треба да бидат исправени цело време а тежината да биде на петите.

Направете две групи по десет повторувања што е можно поспоро, и секој ден можете да го зголемувате бројот на повторувањата.

Расчекор за обликување

Застанете така што едната нога ќе ви биде истегната напред на цело стопало, а другата далеку зад себе и на прсти. Спуштајте го коленото надоле така што прстите ќе ви останат во воздух а поголемиот дел од тежината ќе ви биде на задната нога.

Како што се спуштате кон земјата и предното колено ќе се витка, но важи и правилото што се однесува како кај чучњевите коленото несмее да ја помине линијата на прстите.

Нежно спуштете се надолу така што задната нога речиси ќе ја допре земјата и држете се во оваа позиција неколку секунди. Потоа полека движете се нагоре и затегнете ги мускулите од задникот.

Направите десет повторувања со една нога и десет повторувања со другата нога, ни еден рачекор не смее да трае помалку од четири секунди

Мост со задникот за цврстина

Легнете на грб со свиткани колена, нозете во ширина на колковите, и со двете раце на телото. Петите потпрени цврсто на земјата, а потоа подигнете ги колковите и задникот високо во воздух, така што вашите гради и грбот ќе ви останат на земја

Во највисоката позиција затегнете го задникот и останете така пет секунди, а потоа спуштете се долу.

Направете серија од 15 повторувања, одморете се една минута, и потоа повторете ја вежбата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.