|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 154155156157> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Плодна година: Овие хороскопски знаци ќе ја најдат љубовта на својот живот во 2017-таЅвездите откриваат дека оваа година некои знаци ќе имаат многу среќа во љубовта. Водолија Многу жени родени во знакот на Водолија ќе се остварат во улогата на мајка затоа што оваа година според астролозите е поволна кога станува збор за семејните врски. Ова ќе биде особено плоден период за придвижување на љубовните врски, додека за двојките кои се долго време заедно, ова е совршено време за да го кажат судбоносното „да“. Рак Тие конечно ќе успеат да се извлечат од лоши врски или да формализираат нешто што долго посакувале. Нежните и емотивни Ракови тежнеат за брак и верен партнер, така што во текот на 2017. ќе запознаат некој токму таков. Ако сте се вљубиле во воздушен знак – може да имате незаборавни моменти кои ветуваат сериозна врска. Лав 2017-та на Лавовите ќе им донесат смеа, љубов, среќа и предлози. За Лавовите во врска ова ќе биде вистинско време за кажување „да“ или барем да размислат за тоа, додека оние кои се сами може да очекуваат фатална љубов на која нема да можат да ѝ кажат не. Најново од Интересно |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жена Овен Концентрирани главно на себе, жените во знакот овен флертуваат директно, бестрашно и секогаш подготвени за предизвик. Имаат детски шарм и потреба да добијат се во моментот кога ќе го посакаат. Огнени се, импулсивни и полни со ентузијазам и не поднесуваат пасивни партнери. Повремено имаат изливи на бес и може да бидат мошне груби. Сакаат да бидат први и најдобри, па потребата за натпревар им е во крвта. Презираат рутина и постојано сакаат некој да им се додворува. Жена Бик Жената во знакот бик ретко кога не носи квалитетна облека и импресивен накит. Таа е посесивна и сензуална партнерка која сака комфорна врска во која ќе може да им се препушти на задоволствата. Понекогаш материјалната сигурност и е поважна од емотивната, па бара партнер кој може да и е стабилна иднина. Не сакаат кога некој ги форсира да направат нешто што не сакаат бидејќи во суштина тешко се прилагодуваат на промени. Жена Близнаци Ова е жена со нагласена смила за хумор и досетливост. Потполно е отворена во комуникацијата, што остава впечаток дека постојано флертува. Но, нека не ве залаже нејзиниот детски шарм, затоа што под површината се крие личност која добро ја анализира секоја ваша постапка. Секогаш е во потрага по интересен тип на маж кој ќе ја привлече со својата интелигенција и способноста да дискутира на најразлични теми. Доколку сакате да ја задржите покрај себе секогаш изнаоѓајте нови начини со кои што ќе ја стимулирате нејзината љубопитност. Жена Рак Овој знак отсликува жена полна со емоции во потрага по вистинска љубов. Мошне е чувствителна, пожртвувана, а понекогаш дури и депресивна кога некој ќе си поигра со нејзините чувства. Може да биде каприциозна дама која лесно менува расположенија и не е задоволна од она што имате да и го понудите барајќи постојан доказ за вашата љубов. Најдобро се чувствува кога се грижи за некого без разлика дали тоа се партнерот, пријателите или децата. Жена Лав Овој знак открива дами кои се драма кралици. Сакаат се освен рамнодушност. Избираат претставителен партнер кој ќе го покажуваат пред другите луѓе и секогаш паѓаат на ласкање и комплименти. Кај нив љубовта и сексот одат рака под рака бидејќи сакаат врска која ќе биде исполнета со страст и меѓусебно разбирање. Што се однесува до физичкиот изглед, жената со лав како што кажува и самиот знак сака да биде во центарот на вниманието секогаш средена од глава до пети и во чекор со модата. Жена Девица Скромни и посветени, овие жени нема да ве заведат со флертување туку со отворен пријателски пристап на кој нема да можете да му останете рамнодушни. Нивното логично и приземно однесување остава впечаток дека ви се најдобри другарки со кои што можете да споделите буквално се. Лошата страна е во тоа што многу внимаваат на детали и ситници и лесно може да излезат од контрола кога нешто не е како што треба да биде. Иако изгледаат како чисти логичари, во суштина се полни со емоции кои вешто ги задржуваат за себе. Жена Вага Вистинска жена, елегантна и шармантна секогаш подготвена да остави најдобар впечаток пред другите луѓе. Ужива во уметноста и во префинетоста на животот. Мрази вулгарности и непристојно однесување. Знае одлично да флертува, но понекогаш се опседнува со изгледот. Иако сака стабилна врска, не е покажува голема страст во своите љубовни односи. Жена Скорпија Жената скорпија е мистична, таинствена и магнетно привлечна дури и кога физички не е посебно убава. Зрачи со харизма, па затоа каде и да оди мажите едноставно се лепат за неа. Љуби интензивно и длабоко, а исто толку знае да биде деструктивна кога има епизода на љубомора и посесивност. Ќе ве направи мошне среќен човек во креветот се додека сте подготвени да и бидете потполно лојални и посветени. Жена Стрелец Жена во знакот стрелец дава особини на вечен оптимизам, отвореност и спонтаност. Оваа жена е интелектуалец кој ужива да патува, учи и истражува. Често кокетира и храбро се впушта во авантури, но си ја сака слободата, па поради тоа тешко може да се задржи во врска. Мрази рутина и предрасуди како и патетични емотивни сцени. Секогаш е отворена за нови предизвици, па можеби токму затоа стапува во брак во подоцнежните години од животот. Жена Јарец Вечната потреба за љубов е скриена под ладната надворешност на жената со знак јарец. Таа е стабилна, пристојна, не ретко резервирана, но и амбициозна и пресметлива. Тешко е да се заведе затоа што и треба многу време додека ги изрази своите емоции. Сака долги врски во кои ќе се чувствува сакана и материјално обезбедена. Освен тоа најчесто и се допаѓаат постари партнери за кои мисли дека се доволно зрели да и го понудат она што и е потребно. Жена Водолија Ориентирани
кон иднината овие жени секогаш имаат специфичен и необичен пристап кон
нештата. Два чекори пред сите, жените во знак водолија бараат партнер со
либерални сфаќања кои се двојат од толпата и не ги следат правилата.
Овие ексцентрични жени во еден миг се нежни, а веќе во другиот прават
нешто сосема непредвидливо што ги шокира сите околу нив. Кога ќе
почувствуваат дека партнерот се обидува на било кој начин да ги ограничи
стануваат ладни и почнуваат со својата потрага по нова љубов. Жена Риби Жени
кои се многу шармантни, тивки, со необично и меко срце. Изгледаат
еротично и мистично како да кријат некоја голема тајна, но во суштина се
многу едноставни. Се што треба да направите е безусловно да ги сакате.
Рибата им ја нагласува фантазијата што прави да бидат едни од оние луѓе
кои одат и со сонуваат со отворени очи. Ненаметливи се и постојано го
идеализираат парт
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХОРОСКОП ОД ТРИ ЗБОРОВИ: Најкраток и најточен!12 Ова веројатно е најкраткиот хороскоп кој некаде ќе го најдете, а можеби и најточен. Овен Мисли – многу Бик Близнаци Рак Лав Мисли – точно Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мисли – дека никој не знае
Прави – зависно од тоа дали некој ќе го проверува |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Таа влегува во собата и сите замолчуваат - за кој хороскопски знак станува збор?Таа има само една желба: Да владее со светот! Она што најмногу ја плаши е да биде игнорирана од страна на околината, па затоа ги користи сите свои квалитети да биде забележана. Кога влегува во просторијата, сите замолчуваат како хипнотизирани. Можеби тоа го постигнува со бујната коса, смелиот став или пак изостреното чувство за хумор. Таа е единствена и неповторлива, таа е жената Лав! Лавиците се многу чесни и лојални. Умеат добро да се организираат, но точно знаат со кого сакаат да комуницираат, а кого со задоволство би го ставиле на црната листа на луѓе со кои не преферираат да зборуваат или да соработуваат. Тие се по малку драматични, но на некој својствен и забавен начин. Вообичаено мислат дека се центарот на светот, но тоа не е нималку чудно, бидејќи се управувани од Сонцето кое е центар на сончевиот систем. Кога е топло и сончево тие се најсилни, кога сонцето блеска, блескаат и Лавовите. Лавот е роден лидер со високи амбиции и има магнетска харизма. За нив важи правилото дека се суетни, надмени и егоцентрични, но вистината е дека имаат широко срце и се прилично добродушни и дарежливи. Воедно, сакаат да подаруваат и да примаат подароци. Умеат да бидат прилично арогантни кога им се сака и прилично агресивни кога сакаат да исполнат некоја своја цел. Сепак, само една е кралицата на џунглата, зарем не? Изменето од Valerija - 28.Јануари.2017 во 09:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Ina94
Нов член Регистриран: 31.Јануари.2017 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Риби подзнак девица и да верувам
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ви го претставуваме вашиот целосен хороскоп за 2017 во две секундиСé што треба да знаете за годината што ви претстои. Ослободете се од: Не пробувајте да го промените (или изградите) светот во еден ден. Позната личност во овој знак: Скај Џексон (8 април) Прифатете: Здрави ритуали и навики што прават да се чувствувате секси во сопствената кожа. Ослободете се од: Да се плашите премногу за иднината – живејте ден за ден. Позната личност во овој знак: Џиџи Хадид (13 мај) Прифатете: Легендарна оригиналност – вашето име ќе го изговараат сите оваа година. Ослободете се од: Не дозволувајте други луѓе да летаат на вашите крилја. Позната личност во овој знак: Анџелина Џоли (4 јуни) Прифатете: Нека биде вашиот дом ваш замок. Ви треба приватност. Точка. Позната личност во овој знак: Ариана Гранде (26 јуни) Прифатете: Пристапот „пробајте пред да купите“ – бидете дилетант оваа година. Ослободете се од: Прекумерната употреба на „емотиконки“. Позната личност во овој знак: Кајли Џенер (10 август) Ослободете се од: Судењето како одбранбен механизам – и тоа уште пред да сте ја пробале работата! Позната личност во овој знак: Зендаја (1 септември) Прифатете: Следете ги вашите страсти и соништа без да се извинувате на другите. Ослободете се од: Претрупување на вашиот распоред така што немате време за себе. Позната личност во овој знак: Ким Кардашиан (21 октомври) Прифатете: Полабав, послободен распоред на вашето време што ќе остави простор за спонтаност. Ослободете се од: Престанете да фрлате сомнеж на невините. Позната личност во овој знак: Ема Стоун (6 ноември) Прифатете: Сé што е колективно – соработки, живеење заедно, делење превоз и активизам во заедницата. Ослободете се од: Фиксирање на завршетокот и заборавање да уживате во процесот. Позната личност во овој знак: Тејлор Свифт (13 декември) Прифатете: Отклучете ја вашата повисока свест (и релаксирајте се!) со медитација и метафизика. Ослободете се од: Престанете да разговарате за статусот. Позната личност во овој знак: Габи Даглас (31 декември) Прифатете: Глобален номадски статус – имајте повеќе печати во пасошот оваа година! Позната личност во овој знак: Ема Робертс (10 февруари) Прифатете: Делувајте повеќе дрско – тоа ќе ги држи сите непосакувани додворувачи подалеку од вас. Ослободете се од: Сексуалните инхибиции: кога се чувствувате жешко, не се воздржувајте. Позната личност во овој знак: Ријана (20 февруари) Изменето од Valerija - 01.Февруари.2017 во 10:43 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој човек си има одредени работи кои го нервираат и прават да се чувствува анксиозно и напнато. На пример, некои луѓе се плашат од јавно говорење, а други кога ситуациите се вон нивна контрола. Анксиозноста најчесто потекнува од вашиот хороскопски знак. Што прави да бидете анксиозни? ОвенЧувствувате како светот да не може да функционира без вас, па често премногу работите и на крајот сте целосно „потрошени“. Земете здив и малку забавете. Универзумот нема да пропадне, ако се одморите малку. БикБиковите премногу се грижат околу тоа нешто да не утнат. Да бидете неколку минути подоцна на работа или да направите некоја минимална грешка во работата, понекогаш, нема да направи луѓето да ве презираат. Сè е само во вашата глава. БлизнациПрестанете да се грижите и за најмалите детали и работи. Дозволувате и најмалите работи да ви влезат под кожа и потоа правите „од мува - слон“. Оставете да поминат, ќе се чувствувате многу подобро. РакВашите анксиозности дефинитивно ги вклучуваат и другите околу вас. Не сакате кога ве критикуваат или кога гледате група на луѓе која „зјапа“ во вас и чека ваша реакција. Никој нема да ве презира, ако го изразите вашето мислење, обидете се. ЛавНа Лавовите светот им се врти околу контролата. Ако не сте главни и одговорни во секоја ситуација, не се чувствувате многу добро. Тоа значи дека лесно можете да се преоптоварите. Вратете се чекор назад и дозволете, барем некогаш, некој друг да ги носи одлуките. ДевицаТоа што секогаш мислите премногу е вашиот најголем проблем. Еднаш штом ќе почнете да се грижите, тешко ви е да ги извадите мислите од глава. Сопрете и обидете се за заборавите, ќе се чувствувате многу подобро. ВагаВие сте мајстор во правење на листи „за и против“, бидејќи сакате работите да бидат фер. Ако нешто не е така, на крајот, дефинитивно ќе ве мачи. Ама знајте дека не можете да го анализирате секој момент од животот, обидете се некои работи да оставите сами по себе да се случуваат. СкорпијаНа Скорпиите најмногу им треба простор. Кога премногу работи ви се случуваат наеднаш, тогаш имате потреба да избегате од реалноста, барем на пет минути. Бидете сигурни дека сите знаат на вашите граници и не се плашете дека ќе ги разлутите, ако сте искрени. СтрелецВие не сакате да ви кажуваат што и како да правите. Не сакате кога некој се обидува да ве вклопи во „нормите“. Морате да барате слобода во однесувањето инаку многу брзо ви станува здодевно. ЈарецВие самите сте си најлош непријател. Секогаш сте напнати за крајни рокови, за вашите цели кои сами си ги поставувате... А, грижите не ви помагаат, напротив. Дозволете си малку издишка. ВодолијаНајголеми проблеми имате со организацијата на времето и често се нервирате кога работите не се одвиваат така како што сте замислиле. Се обидувате да правите многу работи за многу краток временски период. Научете дека е во ред понекогаш на направите пауза и да заборавите на мултитаскинг. РибиРибите не сакаат кога се издвојуваат од групата. Јавните говори за вас се најстрашната работа на светот. Морате да бидете на дистанца и далеку од центарот на вниманието. Ако се најдете во таква ситуација, запомнете дека треба да дишете длабоко и смирено. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овен: Има многу сомнежи и несигурен е заради притисокот кој си го наметнува сам за да успее. Рак: Многу тешко им верува на луѓето. Лав: Има потреба да биде потребен 24/7. Девица: Има потреба да ја ценат за работите што ги прави. Вага: Тешко и е да им рече „не“ на луѓето. Скорпија: Се плаши од неуспех. Јарец: Постојано се прашува колку вреди самиот тој. Стрелец: Лесно го повредуваат себичните постапки на другите. Водолија: Скромно се прашува дали луѓето воопшто ја прифаќаат таква каква што е. Риби: Секогаш се обидува да избега од/избегне конфликтна ситуација наместо да се соочи со неа. Изменето од Valerija - 17.Февруари.2017 во 19:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред да го кажете судбоносното „Да“ добро е да знаете со каква личност ќе си имате работа односно, да ја запознаете според хороскопскиот знак со сите нејзини позитивни и негативни страни. Ова се доблестите и мааните на секој хороскопски знак: ОвенНа ваша среќа, животот никогаш нема да ви биде здодевен со Овенот, бидејќи се интересни, диви, забавни личности покрај кои е возбудливо да бидете. Но, од друга страна пак, понекогаш знаат да бидат тврдоглави и себични, па и имаат тенденција да наредуваат. БикДобрите вести? Биковите се верни, трудољубиви и ќе си доаѓаат дома секоја вечер во истото време. На Бикот ќе можете секогаш да се потпрете. Но, од друга страна, тоа знае да стане и здодевно после некое време, посебно ако сте слободоумни по природа. БлизнациБлизнаците ја добиле дарбата за дрдорење, што може да биде и позитивна и негативна страна. Од една страна тие се разговорни, интересни и паметни, но од друга страна, понекогаш знаат воопшто да не ве слушаат вас, заради нивната потреба постојано да зборат. РакСекој сака да има едно големо плишано мече покрај себе, а Ракот е токму таков по природа. Сака прегратки, ја сака својата мајка и добро ги разбира вашите емоции. Но, од друга страна знае да има големи промени во расположението, што може да нервира. ЛавКако и со Овенот, така и со Лавот животот никогаш нема да ви биде здодевен, бидејќи тој е роден забавувач кој секогаш ужива да е во центарот на вниманието и на забавите. Но, кога не е во центарот на вниманието знае да стане многу гневен и суетен. ДевицаАко сакате да живеете организиран живот, посебно кога станува збор за финансиите, тогаш Девицата е вистинскиот избор за вас. Но, од друга страна оваа потреба за организираност може да стане и опсесивно-компулсивна и неподнослива за толерирање. ВагаВагите по природа се дружељубиви, романтични и нежни, па лесно е да бидете с нив. Но, од друга страна, често се неодлучни и знаат да бидат и неверни. Ова е така заради нивната потреба да ги шармираат сите кои се во нивната околина. СкорпијаСпоред хороскопот, Скорпиите се верни, страсни, одлучни и неверојатни во кревет. Ова веројатно веќе и го знаете, ако сте во врска со Скорпија. Но, од друга страна тие знаат да чуваат премногу тајни од вас, а нивните зборови да ве пресечат како врел нож. СтрелецСтрелците се секогаш расположени за авантури и патување. Тие покрај својата љубов ќе ви ги подарат и нивната интелигенција и ентузијазам, но од друга страна со нив никогаш нема да победите ниту еден аргумент, бидејќи самите презираат кога губат. ЈарецЈарците се вредни, трудољубиви и одлучни да успеат во животот, па затоа обично, сигурни сте дека ќе се грижат за семејството. Но, од друга страна тие знаат да бидат и тврдоглави и независни, па понекогаш емоционално ќе ве контролираат и ќе бидат тврдоглави. ВодолијаВодолиите се секогаш млади во срце, секогаш расположени за забава и се прилично иновативни. Но, од друга страна пак, тие понекогаш можат да бидат и многу зависни или пак, бунтовни, па заради тоа никогаш нема да бидете сигурни на што сте. РибиРибите се неодоливи, секогаш слушаат, романтични се и страсни. Тие кога сакаат, ги даваат и својата душа и своето срце. Но, од друга страна, заради тоа можат да бидат и злоупотребени. Исто така, брзо знаат да го менуваат своето расположение, па да не бидете сигурни на што сте. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОвенБикБлизнациРакНикогаш целосно не им верува на луѓето во неговиот живот. ЛавИма огромна желба да биде потребен некому 24/7, затоа што така се чувствува моќно и силно. ДевицаИма потреба да ја ценат за работите што ги прави. ВагаНе знае да им каже „не“ на луѓето. СкорпијаЈарецПостојано ја преиспитува сопствената вредност и се прашува колку е добар. СтрелецПати заради себичните постапки на другите, но се преправа дека сè е во ред. ВодолијаПотајно се плаши дали луѓето воопшто ја прифаќаат таква каква што е. РибиИзменето од Valerija - 25.Февруари.2017 во 15:48 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како што е познато, хороскопските знаци се поделени во две групи, оние кои имаат смирен карактер и тие што се поекстровертни и лесно избувливи. Овие пет знаци од хороскопот, имаат најнемирен дух и лесно се наоѓаат во драматични ситуации, од кои повеќето неретко и сами ги креираат. РакРаковите немаат проблем со искажување на своите емоции во било кое време, на било кое место. Амбициозноста кај Раковите е доста оправдана, но, некогаш преминува и во натпреварување. Доколку доживеат некој постресен емоционален настан, можат во истата секунда да се сменат и да станат ранливи и бесни. ЛавАко некој е на прво место по драматичноста, тоа се лавовите. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и сакаат да живеат по највисок стандард. Меѓутоа има граница помеѓу тоа да ве привлекува луксуз и да правите драми доколку добиете нешто помалку од тоа, а кај лавовите таа граница е сосема нејасна. Доколку нешто не испадне како што тие планирале, знаат да станат арогантни, егоистични и гласни. Скорпија„Страст” е второто име на секоја Скорпија. Тие се страствени и во љубовта и во работата, но таа страст секогаш може да премине за кратко време во нешто повеќе. Кога стануваат емоционални, овие девојки не се повлекуваат, туку знаат да станат агресивни и да не внимаваат на речникот и туѓите чувства. СтрелецСтрелците се родени ентузијасти, па кога се однесуваат драматично, тоа најчесто не е поврзано со никаков негативен настан. Но, доколку оваа девојка не е вознемирна за нешто конкретно, сепак има талент да ви каже нешто толку искрено што ќе ве повреди. Кога емоционално се повредени, зборуваат толку многу што не можете да ги запрете, и најчесто тоа ги воведува во поголеми недоразбирања. Кога оваа девојка сака да добие нешто, не претставува проблем да ви ја симне и месечината со зборови, дури и по цена да се доведе самата во незавидна ситуација. ВодолијаВодолиите не се типични драма девојки. Нивниот смирен став и незаинтересиран поглед, ќе ви покажат слика на стабилна личност, но, нивните емоции се всушност најдраматични од сите. Поради тоа што се тивки поголем дел од времето, кога ќе ја достигнат границата на емоционална толеранција, ненадејно стануваат агресивни и бунтовни. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 154155156157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |