IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Застрашувачки плажи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Застрашувачки плажи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2012 во 01:27




....некаде на југ.на телефон

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 22:37
                                          Најопасните плажи на светот
                                                                                                                   










Иако ние имаме среќа секоја година да уживаме на прекрасните плажи во Грција, не сите луѓе на светот се толку среќни. Денес ви ги претставуваме најопасните плажи во светот и причините поради кои капењето таму претставува огромен ризик...
Чаупати, Мумбаи

Ова е една од плажите кои се опасни поради човечки фактор. Самата плажа е преплавена со отпадоци, а водата станала особено загадена откако во непосредна близина, во 2011 година потонал товарен брод со 60.000 метрички тони јаглен.


Ханакапиаи, Хаваи

Со влегување во водата на оваа плажа си го загрозувате животот, бидејќи подводните струи се толку силни што често ги вовлекуваат капачите во длабочините.


Сите плажи во Северната Територија, Австралија

Плажите во овој дел од Австралија се дом на еден вид медузи, кои се сметаат за едни од десетте најотровни животни на планетата.


Нова Смирна, Волусија, Флорида

Често се вели дека поголеми се шансите да ве удри гром, отколку да ве нападне ајкула. Но, шансите за напад од ајкула драстично пораснуваат ако ја посетите плажата Нова Смирна. На ова место пријавени се повеќе напади од ајкула на квадратен километар отколку на кое било друго место на планетава.


Килауеа, Хаваи

Плажата се наоѓа во подножјето на активен вулкан. Поради тоа, пејзажот околу плажата е запрепастувачки убав, но истата лава што го создала пејзажот се влева во водата при температури од преку 1.300 степени.


Плажите на Кејп Трибјулејшн, Квинсленд, Австралија

На овие плажи би требало да бирате што најмногу ќе ви го загрози животот. Плажите изобилуваат со отровни медузи и змии, како и големи крокодили кои едвај чекаат да пристигнат туристи. Како за чудо, веројатно најголемата опасност за туристите доаѓа од птиците наречени казуари. Овие птици, иако изгледаат по малку смешно и не летаат, сепак се многу брзи и подвижни и се случувало да растргнат луѓе со канџите на стапалата.


Акапулко, Мексико

Опасноста на плажите во Акапулко не доаѓа од природата, ниту од загадувањето, туку од криминалците. Најновите податоци прикажуваат дека стапката на убиства во Акапулко достигнала 142 на 100.000 жители, па така местото што некогаш беше туристички рај, денес има стапка на убиства за 28 повисока од САД и претставува второ најнасилно место во светот, веднаш по Сан Педро Сула во Хондурас.


Хаина, Доминиканска Република

Во градот Хаина и плажите околу него забележана е најголема контаминација со олово на целата Земја, а дури 90 проценти од жителите имаат зголемени нивоа на олово во крвта.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2017 во 19:39
Прекрасни, а смртоносни: Најопасни плажи во светот кои можат да ви го уништат одморот


Медузи, ајкули, силни струи, па дури и локалните жители и тоа како можат да ви го уништат одморот...
Иако многу плажи ширум светот изгледаат како идеално место за опуштање и уживање, во суштина се многу опасни. Медузите, ајкулите, силните струи па дури и локалните жители можат многу лесно да ви го уништат одморот.

1. Плажата Зиполите во Мексико



На прв поглед би се изненадиле зошто ова убаво место носи морничаво име – „Плажа на мртвите“. Опасна е најмногу поради големите бранови и силни струи, па така во 1995 година била организирана волонтерска служба за спасување за да се намали бројот на несреќи.



Во споредба со другите територии на Австралија, тука речиси нема крокодили. Меѓутоа, има премногу отровни змии, медузи и пајаци. Секоја година помеѓу септември и април голем број на плажи се затвораат поради отровните медузи кои се одговорни за најмалку 70 смртни случаи од 1883 година.



Иако се смета за една од најдобрите во Флорида, на оваа плажа морате да бидете многу внимателни. Има многу ајкули кои често ги напаѓаат пливачите. Во 2007 година од 112 регистрирани напади на ајкули врз луѓе, 17 се случиле токму на оваа плажа.



Оваа територија ја населуваат големи бели ајкули. Во близина на брегот се наоѓа Шарк ели, мал канал помеѓу островите Дајер и Гејсер Рок, а го населуваат околу 60.000 моржови кои привлекуваат големи бели ајкули.



Ова е без сомнеж една од најубавите плажи на Хаваите, но се наоѓа многу далеку од спасувачката станица. Струите се многу силни, па пливањето е многу ризично.



Оваа плажа во Кина е многу популарна дестинација за локалните жители и туристите. Толку е полна, што едвај ќе најдете место каде да го ставите пешкирот, а често се случува туристите зад себе да остават купишта ѓубре. Поради тоа, не е многу пријатна за уживање.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.