IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 152153154155156 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2016 во 19:46

ОВИЕ ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈЛАБИЛНИ ВО ЗОДИЈАКОТ

5

Припадниците на овие хороскопски знаци можеби ви делуваат психички стабилни, но се лажете…

Риби

Толкавата хиперсензибилност сместена во една личност неможе никому да му донесе ништо добро. Тие стандардно мислат дека ним секогаш им се случуваат најлошите нешта во животот и тоа воопшто неможат да го поднесат. Често умеат да кажат дека ќе полудат. Уште од пубертетот кај нив почнуваат да слабеат нервите, а со секоја несреќа во животот, така Рибите се се поблиску до амбисот. Повремените хистерични испади се својствени за нив, како разноразните фобии што периодично се менуваат но нивниот број не се намалува.

Водолија

Луѓето вообичаено ги доживуваат како непромислени личности. Од друга страна, нивните блиски сметаат дека Водолијата е исклучително силна личност што може да ги издржи сите проблеми. И навистина е така, се додека не прегори некоја жичка во главата. Затоа што колку и да изгледаат како весели и позитивни, во нив се крие голем депресивец.

Скорпија

Припадниците на овој знак важат за најмрачни личности. Освен што често делуваат намуртено, тие се и мошне агресивни. Кога ќе влезат во некоја мрачна фаза им проработува бесот па така надразнети склони се кон физичка пресметка и правење сцени. Покрај тоа, нив една нивна особина често може да ги пренесе на темната страна, а тоа е одмаздољубивоста.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2016 во 09:26

Бикот сака празници, рибите обожаваат скапи куфери - Опсесиите на секој хороскопски знак


Дали сте размислувале околу тоа кои работи ги сакате, а се поврзуваат со вашиот хороскопски знак? Кои работи ги обожавате според хороскопот?

bikot-saka-praznici-ribite-obozavaat-skapi-kuferi-opsesiite-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Работите кои ги сакаме допринесуваат во обликувањето на нашата личност. Ни овозможуваат задоволство и утеха, а се во основа, дел од она што сме како личност - баш како и хороскопскиот знак во кој сме родени.

Хороскопските знаци зборуваат многу за нас, нашите скриени способности, начинот на кој одбираме работи, а можат и да објаснат зошто некои работи ги обожаваме.

Секој знак си има свои омилени работи. Кои се вашите?

Овен

Овенот обожава авантури, натпреварување, моментот пред да се спушти надоле ролеркостерот, танцување на гласна музика и гласно смеење од кој едвај може да дише.

Бик

Биковите сакаат ноќи поминати во гледање на љубовни филмови, празници, топол кревет и скапа постелнина, првиот залак од вкусна храна која посакувале да ја пробаат и задоволството кога нешто ќе постигнат сами.

Близнаци

Близнаците обожаваат да се смеат со некого. Сакаат дождливи ноќи, сончеви денови, долги разговори, сакаат да зборуваат за сè, да бидат со луѓе и да посетуваат одлични ресторани.

Рак

Ракот сака прегратки, зимска облека, гледање на цели сезони од некоја серија, будење пред сите други на одмор, дождливи денови поминати со книга, чај или тост, а сакаат и да имаат некој имот на свое име.

Лав

Лавовите обожаваат кога се во центарот на вниманието. Покрај тоа, обожаваат кога ќе пронајдат добро парче облека на распродажба, да знаат цели цитати напамет, добро вино и патување со пријателите.

Девица

Ако некој ужива во самотијата, тогаш тоа се Девиците, Вредните Девици, исто така, сакаат зацртани работни идеи, разговори со родителите за нивното детство, организирана кујна и исполнето време.

Вага

Вагите сакаат пофалби за работите кои ги завршиле, најмногу од сè. Сакаат плетенки, кафе, британски акцент, француски филмови, индиската култура, тајландската кујна и да ги гледаат омилените филмови, одново и одново.

Скорпија

Скорпиите обожаваат кога се смеат додека стомакот не ги заболи и бакнување додека не ги здоболат усните. Покрај тоа, сакаат благо, невреме, чудни и смешни чорапи, топол чај после некој зимски спорт.

Стрелец

Стрелецот најмногу го придвижува чувството на победа, но и кога некоја книга целосно ќе им го одземе вниманието. Сакаат отворање со емоции, патување, но и да се насмевнат на некој непознат човек едноставно, затоа што се среќни.

Јарец

Јарецот најмногу на целиот свет ја сака првата шолја кафе. Но, и добри комедии, добро организиран гардеробер и пријатели кои ќе ги дочекаат тогаш кога ќе паднат. Чудна омилена работа? Креативни ледени скулптури.

Водолија

Водолиите обожаваат музика која ги опишува нивните емоции, луѓе со поинаков поглед на светот, чувството на голи стапала на трева или песок, поглед кон огномет и ноќно небо.

Риби

Рибите обожаваат да го набљудуваат изгрејсонцето и зајдисонцето, да ја забележат симпатијата точно тогаш кога гледа во нив, скапи и луксузни куфери, одмор на плажа, љубезни непознати лица.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2016 во 20:41
Ја сум скромна риба...
Доволно ми е карта во еден правец.
Од тука ништо не би имал да понесам,
за луксузи од типот куфери.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2016 во 21:37

КОИ СЕ 3-ТЕ НАЈЛОШИ ЉУБОВНИ ПАРТНЕРИ ВО ЗОДИЈАКОТ?

6

Секој хороскопски знак има позитивни карактеристики и негативни карактеристики и секоја од нив е доблесна или е маана за во љубовна врска.

Овие 3 знаци ги имаат најлошите маани кои прават да посакате да избегате од нив. Се надеваме дека не сте во врска со нив, а ако веќе сте, тогаш со среќа.

Ова се 3-те најлоши љубовни партнери во Зодијакот:

1. Овен

Верност:

Ако во неговата глава не е тоа тоа, тогаш истиот момент ќе ве изневери. Не е многу заинтересиран за партнер, а тоа не е во ред. Но, ако вистински се заљуби (што нема шанси, освен ако не сте апсолутно фантастични) Овенот љуби со цело свое срце.

Љубомора и комплицираност: 75%


2. Бик:

Верност:

Сакаат сигурност и среќа која им носи цврста и стабилна врска. Особено ако партнерот е полн со пари. Јавно, не се склони на прељуба и се верни партнери, но во реалноста нон стоп фантазираат за некој друг. Физичкото искушение не им е претеран проблем, па сигурно во реалноста ќе одолеат, но утредента целиот ден ќе фантазираат како би било кога би изневериле. Ако ова не ви пречи, тогаш нема за што да се грижите.

Љубомора и комплицираност: 65%


3. Близнаци

Верност:

Иако можеби сакаат да бидат верни и посветени, тоа не го умеат. Ќе ве сакаат некое време, а потоа сѐ ќе исчезне. По неколку месеци, ќе направат нешто со вашиот/а најдобар/а пријател/ка. Ако не се во сериозна врска, обожуваат да флертуваат и да се бакнуваат. Кога вистински ќе се заљубат, Близнаците се трудат да му удоволат на партнерот и да бидат верни, но кога се сингл се добри за авантура и секс под влијание на алкохол.

Љубомора: 25% бидејќи не им е грижа за вас, а комплицираност цели 89%

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2016 во 08:18

ЕДЕН ХОРОСКОПСКИ ЗНАК СО КОЈ НЕ САКАТЕ ДА СЕ ЗАМЕРИТЕ

16

Постои еден хороскопски знак кој треба да го избегнувате во кавгите и конфликтите, сметаат астролозите.

Иако делува мирољубиво, кога е бесен подобро е да не го допирате. Има доволно трпение за се, но има и праг на толеранција. Ако го преминете, пазете се.

Најмногу ќе ги разбесни ако ги потцените, а ако проценат дека не сте лојални, целосно ќе ве игнорираат. Темпераментни се, па не бираат средства со кои ќе му се спротивстават на непријателот.

Ако ја имате таа несреќа да им ја покажете вашата слаба точка, очекувајте дека баш таму ќе нападне. За жал, нивното одмаздување може да вклучува и ваши блиски луѓе.

Толку се занесуваат во одмаздувањето и го планираат, што на крајот забораваат зошто воопшто го прават тоа.

Затоа, ако некако можете, избегнувајте кавги и замерки со Овните, за нив зборуваме.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2016 во 08:19

КОИ РАБОТИ ГИ ОБОЖАВАТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ?

1

Дали сте размислувале околу тоа кои работи ги сакате, а се поврзуваат со вашиот хороскопски знак? Кои работи ги обожавате според хороскопот?

Работите кои ги сакаме допринесуваат во обликувањето на нашата личност. Ни овозможуваат задоволство и утеха, а се во основа, дел од она што сме како личност – баш како и хороскопскиот знак во кој сме родени.

Хороскопските знаци зборуваат многу за нас, нашите скриени способности, начинот на кој одбираме работи, а можат и да објаснат зошто некои работи ги обожаваме.

Секој знак си има свои омилени работи. Кои се вашите?

Овен

Овенот обожава авантури, натпреварување, моментот пред да се спушти надоле ролеркостерот, танцување на гласна музика и гласно смеење од кој едвај може да дише.

Бик

Биковите сакаат ноќи поминати во гледање на љубовни филмови, празници, топол кревет и скапа постелнина, првиот залак од вкусна храна која посакувале да ја пробаат и задоволството кога нешто ќе постигнат сами.

Близнаци

Близнаците обожаваат да се смеат со некого. Сакаат дождливи ноќи, сончеви денови, долги разговори, сакаат да зборуваат за сè, да бидат со луѓе и да посетуваат одлични ресторани.

Рак

Ракот сака прегратки, зимска облека, гледање на цели сезони од некоја серија, будење пред сите други на одмор, дождливи денови поминати со книга, чај или тост, а сакаат и да имаат некој имот на свое име.

Лав

Лавовите обожаваат кога се во центарот на вниманието. Покрај тоа, обожаваат кога ќе пронајдат добро парче облека на распродажба, да знаат цели цитати напамет, добро вино и патување со пријателите.

Девица

Ако некој ужива во самотијата, тогаш тоа се Девиците, Вредните Девици, исто така, сакаат зацртани работни идеи, разговори со родителите за нивното детство, организирана кујна и исполнето време.

Вага

Вагите сакаат пофалби за работите кои ги завршиле, најмногу од сè. Сакаат плетенки, кафе, британски акцент, француски филмови, индиската култура, тајландската кујна и да ги гледаат омилените филмови, одново и одново.

Скорпија

Скорпиите обожаваат кога се смеат додека стомакот не ги заболи и бакнување додека не ги здоболат усните. Покрај тоа, сакаат благо, невреме, чудни и смешни чорапи, топол чај после некој зимски спорт.

Стрелец

Стрелецот најмногу го придвижува чувството на победа, но и кога некоја книга целосно ќе им го одземе вниманието. Сакаат отворање со емоции, патување, но и да се насмевнат на некој непознат човек едноставно, затоа што се среќни.

Јарец

Јарецот најмногу на целиот свет ја сака првата шолја кафе. Но, и добри комедии, добро организиран гардеробер и пријатели кои ќе ги дочекаат тогаш кога ќе паднат. Чудна омилена работа? Креативни ледени скулптури.

Водолија

Водолиите обожаваат музика која ги опишува нивните емоции, луѓе со поинаков поглед на светот, чувството на голи стапала на трева или песок, поглед кон огномет и ноќно небо.

Риби

Рибите обожаваат да го набљудуваат изгрејсонцето и зајдисонцето, да ја забележат симпатијата точно тогаш кога гледа во нив, скапи и луксузни куфери, одмор на плажа, љубезни непознати лица.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2016 во 08:32

Според хороскопот: Колку лесно можат да ве извадат од кожа?


Сите ние знаеме понекогаш дури и без причина да се налутиме и да бидеме нервозни со часови.

kolku-lesno-mozete-da-gi-izvadite-od-koza-horoskopskite-znaci-001.jpg

Некои од нас знаат да простат брзо и да заборават на тоа што се случило, но затоа други пак, долго време се сеќаваат и на секоја мала ситница која ги навредила, па ништо чудно и да најдат начин да ви вратат во првата можна прилика.

Еве колку е тешко или лесно да ги извадите од кожа хороскопските знаци...

Овен

Овенот кога ќе се налути, нема шанси да не го забележите тоа. Овните лесно ја покажуваат лутината, а може да ги налути речиси сè. Тие се најголемите „лутковци“ во Зодијакот, па така кога ќе се налутат се однесуваат како бебиња и на цел глас ја манифестираат својата лутина.

Бик

Ако еден Бик ви се налути, очекувајте тоа да трае. Можеби нема на глас да каже и да покаже, но секако долго ќе ја манифестира својата лутина. За нив се вели дека побрзо планината ќе се помести, отколку тие што ќе попуштат во инаетот и лутината.

Близнаци

Близнаците се променлив воздух, а тоа значи дека и лутината им е променлива. Лутината ја манифестираат преку кавга, зборови и употреба на навреди, никогаш со тепање или кршење. Лесно може да се налутат, но и брзо и лесно може да им помине.

Рак

Раковите ако сте ги налутиле, значи сте ги повредиле нивните емоции. Како и другите водни знаци, и Раковите јасно ќе ви покажат дека се лути. Нема да ви остават никаков простор да се двоумите дали се лути или не.

Лав

Лавовите се слични на огнот, а тоа значи дека лутината им е долготрајна, и секојпат кога ќе имаат можност да ве пецнат и да ви вратат, ќе го направат тоа. Лутината нема да им помине ни брзо ни лесно, па затоа внимавајте.

Девица

Девиците се променливи, а тоа значи дека лесно и брзо им поминува лутината. Понекогаш дури може и да заборават за што се налутиле, а може и да не забележите дека се налутени.

Вага

Вагите ако се налутат ќе го покажат тоа со зборови, а често пати и со насмевка. Тие се најчудниот од сите зодијачки знаци кога се налутени, па затоа секогаш ќе се двоумите со што точно сте ги навредиле или налутиле.

Скорпија

Скорпиите никогаш нема да заборават дека сте ги навредиле или налутиле, и сосема јасно ќе се сеќаваат и на причината за тоа, бидејќи кај нив навредата најчесто е поврзана со нивните емоции. Можеби и нема да ви кажат дека сте ги налутиле, но бидете сигурни дека ќе ги чекаат своите 5 минути за да ви вратат.

Стрелец

Стрелците се променливи, а тоа значи дека ако се налутат ќе пламнат, но тоа нема да трае долго. Ако ги замуабетите околу нешто друго, ќе заборават и за причината и за навредата, па нема да мора дополнително да се објаснувате или извинувате.

Јарец

Јарците кога се лути – лути се, иако може да не ви кажат зошто се налутиле. За нив се вели дека имаат долга и добра меморија, затоа што со нив владее планетата Сатурн, која се поврзува со времето и вечноста.

Водолија

Водолиите често во разговорите делуваат како да се лути, иако не се, а ако навистина се налутат, тоа е нешто што трае. Нивните зборови ќе бидат стрели насочени против вас во текот на долг период.

Риби

Рибите се исто така променливи, а тоа значи дека може да ги повредите нивните емоции, но нема да ви се лутат долго. Знаат да „страдаат“ најмногу од сите знаци, но знаат и најлесно да простувааат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2016 во 08:09

Без навреда: Кој дефект го има вашиот хороскопски знак?

bez-navreda-koj-defekt-go-ima-vashiot-horoskopski-znak-1.jpg

Иако сето ова е забавно, размислите, колку од тоа е вистина?

Можеби и не е сосема случајно се само за забава:

Овен

Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат да ја одземат целата слобода на партнерот, а себеси да се задоволат со харем на љубовници. Несредени се и мозокот им лета од работа на работа, а истите мора веднаш да бидат задоволени. Немаат нежност, себични се и нападни, не се препуштаат на партнерот, а не го ни слушаат.

Бик

Безгрижни, молчаливи личности кои се неверојатно здодевни. Нивниот најголем психолошки проблем е што немаат проблеми. Сè им е супер и не се обидувајте да ги мачите со вашите проблеми, бидејќи тие ги немаат. Нив треба да им создадете проблем за животот да им биде поинтересен. Но, внимавајте, нивниот мир може да се претвори и во манично лудило.

Близнаци

Тие се главните озборувачи и трачари во друштвото, превртливи „издаици“ со дволични аршини кои ги менуваат на секој 10 до 15 минути. Близнаците се вечни актери и нарциси со површни погледи кон животот. Суровата реалност е дека се повеќе личности истовремено и никогаш не можете да знаете на што сте.

Рак

Посесивни лудаци кои се навредуваат ако „доброто утро“ не сте им го посакале со правилна интонација. Ако ги навредите или обвините за нешто ќе се навредат и ќе плачат и кукаат со години. Својата личност ја менуваат од крајност во крајност, а ако сакате да имате темпирана бомба покрај себе кој редовно експлодира на неколку денови, само напред.

Лав

Арогантни, вообразени и напорни потценувачи. Лавовите веруваат дека нивното влегување во просторијата го следат рефлектори и дека во истата се наоѓа најмалку една личност која ги обожава. Па, ако сте со Лав, ќе морате да научите да бидете итри како лисица, секогаш при рака со комплименти, да се согласувате со сè што ќе каже и да го обожавате без причина.

Девица

Опсесивно компулсивни невротици кои се ослободуваат од стресот со чистење на домот, со местење на облеката и полирање на порцеланот. Незаситени се и упорни и никогаш, дури и совршеното не им е доволно. Припадниците на овој знак не знаат за љубов, а можете да бидете сигурни за една работа, кога тогаш ќе ви забијат нож во грбот.

Вага

Нарцисоидни шизофреници на кои огледалото им е најдобар пријател, потполно се нестабилни и им треба недела дена да одлучат што сакаат, Coca-Cola или Pepsi. Толку се мрзливи што е чудно како воопшто стануваат од кревет. Знаат да сакаат, но треба да сте финансиски моќни или на некоја функција. Не очекувајте реципроцитет.

Скорпија

Самосожалувачки автодеструктивци кои својата тага не можат да ја поднесат сами па мораат да повлечат уште 100 луѓе со нив. Да е утре крај на светот, не би се шокирале, туку би го пречекале со радост. Знаат да бидат и љубоморно опсесивни психопати, па не ви препорачуваме да бидете невнимателни. Знаат без причина да избувнат.

Стрелец

Уживаат да „солат“ памет на другите, а ентузијазмот им е толку голем што се убедени дека можат да ги оживеат и мртвите ако сакаат. Може да е убеден дека ве сака, а тоа да му пројде за месец дена, освен ако не сте доволно богати или да имате статус и моќ. Нивниот систем на вредности во животот е тотално наивен, неприкладен и заради него често патат.

Јарец

Вистински Јарци со рогови кои веруваат во судбината до последна буква, зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Можете да живеете цел живот покрај нив, а никогаш да не знаете што имаат да кажат. Емотивно неписмени, па колку и да се обидувате да газите по нив, нема да успеете. Јарците не се способни да ги покажат своите емоции, а често се и мрачни.

Водолија

Разуздани личности кои животот ко минуваат најмалку 500 пати со губење на себе. Водолиите би биле пријатели со секого, но на крајот тоа не им поаѓа од рака, па најчесто ги изневеруваат оние кои најмногу се грижеле за нив. Вечно го пикаат носот таму каде не им е работа, а склони се да излажат и за работи за кои не би очекувале некој да лаже.

Риби

Здодевни личности кои само се жалат за тоа колку им е тежок животот и чекаат некој да дојде и да ги утеши. Не можат ништо без туѓа помош, а и најмалите ситници ги доживуваат како најтрагични, а често ги заморуваат другите околу нив. Кога се доби, се занимаваат со туѓите проблеми, ама брзо пак, паѓаат во депресија и така повторно во кругот. 




Изменето од Valerija - 07.Септември.2016 во 08:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2016 во 12:29

Африкански хороскоп кој важи за еден од најточните: Кој знак сте вие?


Африканската цивилизација е првата која во историјата се интересирала за ѕвездите, што го прави африканскиот хороскоп најстар и најверојатно најточен.

afrikanski-horoskop-koj-vazi-za-eden-od-najtocnite-koj-znak-ste-vie-1.jpg

Пронајдете на кој знак припаѓате и уверете се сами колку е прецизен.

Татко (4 јануари – 3 февруари)

Среќен ден: четврток

Успешни месеци: јануари и мај

Елемент: воздух

Дрво: баобаб

Боја: зелена

Знакот Татко е поврзан со Сонцето и светлината. Припадниците на овој знак се стабилни и чесни личности кои живеат во реалноста. Многу се внимателни и уживаат голема доверба од другите и затоа често им се обраќаат за совет.

Имаат чувство за добри бизнис зделки, но притоа често ја забораваат хуманоста. Среќни се, но повеќе се потпираат на нивната издржливост, отколку на нивната среќа. Работат многу напорно. Веруваат во себе и во своите одлуки.

Љубов: Родените во овој знак бараат стабилна врска која постепено расте и се продлабочува. Сакаат сè да прават заедно со својот партнер - од заедничко живеење до заеднички патувања.

Припадниците на овој знак се најчесто јадрото на врската. Му помагаат и го поддржуваат партнерот. Имаат многу пријатели и сите нив подеднакво ги ценат.

Работа: Имаат потреба од висок социјален и професионален статус. Секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Треба повеќе да се изразуваат, да водат проекти или тимови. Важно е што луѓето лесно ги препознаваат нивните способности и квалитети.

Здравје: Луѓето родени во овој знак треба да вежбаат за да се ослободат од стресот. Најмногу им одговараат спортовите како тенис и пливање. Корисни им се и вежбите кои вклучуваат длабоко дишење, како што се јогата и пилатесот.

Мајка (4 февруари – 5 март)

Среќен ден: среда

Успешни месеци: февруари и јуни

Елемент: воздух

Дрво: кокос

Боја: сива и сина

Знакот Мајка е поврзан со Месечината, со илузијата на ноќта, што им овозможува на неговите припадници да ја истражуваат својата потсвест. Тие се личности кои смируваат со својот убав, но истовремено и силен изглед.

Даваат многу, забавни се и затоа другите им се восхитуваат на нивната човечност и способноста да слушаат. Но, овие луѓе најчесто не се разбрани од другите, затоа што не е лесно да им се пријде.

Припадниците на овој знак повеќе сакаат да ги слушаат другите, отколку да зборуваат за себе.

Љубов: Во љубовта често се предомислуваат и не се секогаш верни. Тие се духовни и индивидуални личности кои бараат партнерот да ги смета за малку понеобични од сите други. Сакаат долги разговори, еротски средби и сè што може да ја направи врската поинтересна.

Не се заинтересирани да бидат само со една личност, но постои можност да го најдат вистинскиот партнер и да останат покрај него, сè додека тој им дава простор и не ги задушува во врската.

Работа: Постојано се зафатени и затоа понекогаш треба да застанат малку и да размислат за работите што ги опкружуваат. Потребно им е слободно време, за да може подобро да функционираат.

Може да ја сменат работата неколку пати. Можно е дури и да се ориентираат кон друга кариера. Опкружени се со луѓе кои секогаш им даваат добронамерни совети.

Здравје: Родените во овој знак треба да јадат здрава и лесна храна и да му се спротивстават на искушението на слатките. Потребно е да внимаваат на коските и белите дробови.

Иако не се големи обожаватели на спортот, добро е понекогаш да излезат на свеж воздух.

Семејство (6 март – 4 април)

Среќен ден: вторник

Успешни месеци: март и јули

Елемент: земја

Дрво: палма

Боја: рубин-црвена

Знакот Семејство е поврзан со симболот на круг со точка во средината, што означува заедница и солидарност меѓу луѓето што се крвно поврзани, или едноставно, означува блиски пријатели.

Родените во овој знак се топли и внимателни луѓе кои понекогаш се забораваат себеси затоа што повеќе се загрижени како да ги задоволат другите. Често се дел од добротворни и хуманитарни акции што им помага на припадниците на овој знак да избегаат од секојдневието.

Љубов: Пријателите, семејството и децата се најважни за родените во овој знак. За да бидат среќни, треба да се опкружени со оние кои ги сакаат. Партнерот треба да го прифати нивниот начин на живеење.

Знаат како да шармираат и да заведат некого, но најчесто успеваат кога не се ни обидуваат да го направат тоа. Овие луѓе никогаш не се здодевни затоа што за нив постојано има нешто ново да се открива.

Работа: Најмногу им одговара да работат во образованието. Сакаат да го споделуваат знаењето со другите. Чувствителни се и знаат да ги слушаат другите. Она што ќе го слушнат од другите, знаат да го преобразат во некој вид уметност. Богатството од емоции им помага да го развијат нивниот потенцијал за креативност.

Здравје: Сакаат јога, таи чи и боречки вештини. Себеси си обезбедуваат добар тренинг и ја следат виталната енергија. Треба да се опуштат и да се грижат за себе, дозволувајќи си масажи со етерични масла или да поминуваат повеќе време во тишина.

Син (5 април – 4 мај)

Среќен ден: сабота

Успешни месеци: април и август

Елемент: земја

Дрво: багрем

Боја: зелена

Знакот Син е поврзан со вертикална стрела што го означува барањето на сопствениот пат. Тоа може да е патот што го покажува припадник на знакот Татко. Родените во знакот Син се луѓе на кои другите може секогаш да сметаат.

Тие се верни и ги одржуваат ветувањата. Секогаш се околу тие што ги сакаат. Организирани и енергични, целосно им се посветуваат на работите, понекогаш и на сметка на сопственото здравје. Треба повеќе да се опкружени со мудри и смирени луѓе и да ги слушаат нивните совети.

Луѓето ги сакаат и сакаат да бидат во нивно друштво, но родените во овој знак ќе мора да научат како да кажат „не“ на другите, за да не се чувствуваат исцрпени без некоја посебна причина.

Љубов: Припадниците на овој знак бараат вистинска љубов. Сакаат силни, страсни врски и партнер за кој ќе чувствуваат дека е љубовта на нивниот живот. Но, понекогаш токму овие барања можат да бидат причина за разделба.

Луѓето често мислат дека родените во овој знак се пребирливи. Тие го привлекуваат партнерот со нивното чувство за посветеност и фантазија. Либерални се и за љубовта се спремни да направат сè. Една од најважните работи за нив се врските.

Работа: Постојано се во потрага по предизвици. Ги сакаат песната, музиката и убавиот збор. Често ги менуваат работните места и не се чувствуваат најдобро во однос на нивните надредени. Најсреќни се кога ќе се здружат со колега за да работат заедно на проект, на кој ќе му бидат целосно посветени.

Здравје: Сакаат секаков вид спортување: велосипедизам, пешачење, планинарење, па дури и активни патувања. Иако се доста активни, не треба да го занемаруваат потребниот сон. Барем еднаш во годината треба да го искористат одморот, така што нема да прават апсолутно ништо.

Ќерка (5 мај – 4 јуни)

Среќен ден: недела

Успешни месеци: мај и септември

Елемент: оган

Дрво: гуава

Боја: кафеава

Знакот Ќерка се поврзува со симболот на ѕвездата со пет крака. Тие се дарежливи и оптимисти, но секогаш се грижат за непотребни работи. Тоа не води никаде и понекогаш им го уништува животот.

Потребно е да ја гледаат светлата страна на работите и да научат да им веруваат на другите. Нивната најголема предност е нивниот светол, весел дух. Животната радост и грижливиот инстинкт ги заштитуваат и им обезбедуваат многу добри пријатели.

Љубов: Ги сакаат силната страст и љубовните изјави. Тоа за нив е сè или ништо; еден момент си заминуваат, а веќе следниот момент се назад во прегратките на партнерот. Имаат идеал за тоа каква треба да биде љубовта и така кршат многу срца, иако по природа не се такви.

Неодоливи се затоа што секогаш го слушаат сопственото срце. Потребна е силна страст, нови големи возбудувања и мотивација за да ја одржите врската со партнерот роден во овој знак.

Работа: На работа, пријателите се тие што им даваат идеи и им помагаат на родените во овој знак. Креативни се и ентузијастички настроени, но им недостасува издржливост. Најдобро се снаоѓаат во графиката, комуникацијата и односите со јавноста. Нивниот талент доаѓа до израз кога работат под притисок.

Здравје: Најмногу им одговараат тимските спортови. Треба да внимаваат на истегнувања на мускулите и на циркулацијата. Рибата и морската храна се добри за нивната кожа и нерви.

Чичко (5 јуни – 4 јули)

Среќен ден: понеделник

Успешни месеци: јуни и октомври

Елемент: вода

Дрво: тропски кактус

Боја: жолта

Знакот Чичко се поврзува со симболот на квадратот кој во центарот има камен насочен нагоре. Овој знак ги симболизира силата и авторитетот кои најдобро функционираат кога и другите ќе ги признаат овие нивни карактеристики.

За жал, убедувањето на родените во овој знак не им е јака страна. Нивниот авторитет понекогаш е толку голем, што другите за нив мислат дека се напорни. Нивните најдобри особини се тоа што имаат смисла за хумор и често знаат да се пошегуваат на сопствена сметка.

Припадниците на овој знак се родени лидери. Потребно е да бидат потолерантни и да сфатат дека другите не размислуваат и не дејствуваат исто како нив.

Љубов: Во љубовта имаат постојани подеми и падови. Знаат да бидат некомпромисни и затоа тешко го наоѓаат вистинскиот партнер. Но, кога ќе одлучат да започнат врска, тоа обично е на долг временски период.

Постојано се опкружени со луѓе кои им се восхитуваат. Најважно е да не се обидуваат да го сменат партнерот, туку да го прифатат таков каков што е.

Работа: Кога станува збор за работните обврски, припадниците на овој знак се чувствуваат одговорни за сите и за сè што се случува, па затоа и често се караат со колегите.

Треба да научат да бидат посебични и посамостојни во работењето. Енергијата треба да ја насочат кон личните предизвици и кариерата, наместо да се обидуваат да ги импресионираат другите.

Здравје: Енергијата е нешто кое никогаш не им недостасува на родените во овој знак. Затоа треба да се занимаваат со спортови кои ќе им помогнат да го потрошат вишокот енергија, како што се трчањето, возењето ролери, сурфањето и тенисот.

Вештерка (5 јули – 4 август)

Среќен ден: вторник

Успешни месеци: јули и ноември

Елемент: оган

Дрво: африкански кедар

Боја: портокалова

Знакот Вештерка не означува ништо страшно, ниту опасно. Овој знак всушност се поврзува со рамностран триаголник, што ги симболизира авторитетот и восхитот. Припадниците на овој знак се ведри и определени личности.

Добро се познаваат себеси, сопствената сила и граници. Дарежливи се, но и нетрпеливи. Не го трошат времето жалејќи за минатото. Имаат многу силна интуиција.

Работите ги предвидуваат пред да се случат и многу лесно можат да ги прочитаат другите луѓе. Нивната мистериозност ги фасцинира другите.

Љубов: Сакаат да го привлекуваат туѓото внимание и тоа го прават сосема природно, без нималку напор. Често ги менуваат пријателите. Со партнерот развиваат силна и интензивна врска, базирана на необично партнерство и физичка интимност.

Склони се кон љубов на прв поглед. Често знаат да го напуштат партнерот заради некој друг, за потоа повторно да ѝ се вратат на претходната личност.

Работа: Амбициозни и интуитивни, родените во овој знак успешно се снаоѓаат во секоја работа. Среќни се кога работат во помали компании, на проекти што ги мотивираат. Се стремат кон разбирање со шефот и затоа повеќе им одговара индивидуална работа.

Здравје: Иако припадниците на овој знак се едноставни и прекрасни, сепак треба да вежбаат за да останат во форма, па дури и тоа да е обично пешачење. Од спортовите најмногу им одговара пливањето.

Лав (5 август – 3 септември)

Среќен ден: среда

Успешни месеци: август и декември

Елемент: земја

Дрво: кола

Боја: црна

Знакот Лав, како што кажува неговото име, се поврзува со млад, енергичен лав што означува среќна личност која го сака животот. Сите останати знаци сакаат да го имаат нивниот позитивен начин на размислување и способноста да го заборават она што ги повредило.

Родените во овој знак се живи, нестабилни, сонуваат со отворени очи и не секогаш другите можат да им угодат. Имаат вродено шесто сетило и силно развиен инстинкт.

Не ја сакаат рутината и често го менуваат работното место, домот или партнерот. Ја извршуваат секоја задача, но штом постигнат нешто, тоа брзо им здосадува и бараат нов предизвик.

Љубов: Нивниот љубовен живот е полн со промени. Ненадејни далечни патувања, изјави на вистинска љубов и жестоки расправии се дел од нивните врски. Но и покрај тоа, припадниците на овој знак гледаат објективно на нивниот однос со партнерот.

Кај нив, кога е љубовта во прашање, нивниот разум го победува срцето и така успешно ги надминуваат сите пресврти.

Работа: Овие луѓе брзо се заморуваат од работата. Често го менуваат работното место. Треба повеќе да ѝ веруваат на сопствената интуиција. Родените во овој знак не се плашат да преземаат ризици. Најмногу им одговара професија која ќе ја поттикне нивната креативност.

Здравје: Сакаат секаков вид физичка активност, па дури и едноставно спортување на плажа. Но, често не ги прават вежбите правилно. Потребно е да знаат како да го добијат најдоброто од секоја вежба.

Антилопа (4 септември – 3 октомври)

Среќен ден: четврток

Успешни месеци: септември и јануари

Елемент: воздух

Дрво: савана-грмушка

Боја: бледа розова

Знакот Антилопа се поврзува со извонредна мешавина од стабилност и дебаланс. Тоа е двоен знак со две посебни страни; страв и надеж, поаѓање и враќање. Антилопите се наоѓаат во два различни света.

Едниот е широката савана каде што се слободни, а другиот свет се грмушките каде што тие се кријат. Родените во овој знак се страсни, сакани од сите други, имаат точни барања и донесуваат цврсти одлуки.

Сè што ќе посакаат, го сакаат веднаш. Треба да научат како да размислуваат посмирено и да ги прифатат другите.

Љубов: Повеќе сакаат да имаат неколку навистина блиски пријатели, отколку многу познаници. Истото важи и за нивните партнери. Сакаат силни и интензивни врски. Потребно им е многу време за да ја најдат личноста за која сонуваат, која ќе ги разбере, ќе ги прифати и ќе им ја даде потребната слобода.

Партнерот треба да ја почитува нивната мистериозна страна. Пријателите, родителите и семејството им се многу важни, затоа што ги потсетуваат на нивното потекло.

Работа: Често се случува да работат под притисок и да бидат ограничени во работењето. Креативната работа или хоби го разубавува нивното секојдневие. Најдобро се снаоѓаат со финансии и работа на берзата.

Здравје: Припадниците на овој знак страдаат наизменично од тежок замор и премногу енергија. Потребно е повеќе да спијат и да имаат соодветен појадок за да бидат постојано снабдени со енергија и да немаат променливо расположение.

Мудрец (4 октомври – 3 ноември)

Среќен ден: петок

Успешни месеци: октомври и февруари

Елемент: вода

Дрво: ариш

Боја: бела

Знакот Мудрец го симболизира слонот и ја означува мудроста на предците во Африка. Тие се топли и внимателни луѓе. Емотивни се, но сепак размислуваат пред да дејствуваат.

Родените во овој знак се совршена слика за комплексноста и дволичноста. Еден ден се идеални поети, а другиот ден – манипулативни генијалци. Нивното расположение се менува, како што се менува времето.

Самите себе најдобро си се разбираат. Нивната најголема предност е тоа што лесно се приспособуваат. Тие инстинктивно знаат дали другите имаат позитивно влијание врз нив.

Љубов: Тие се среќни само кога се заљубени. Така се чувствуваат ценети. Иако се зафатени со различни нешта, не треба да забораваат дека сепак некој ги чека дома. Понекогаш не се верни ниту на самите себе. Нежни се и романтични и ги сакаат патувањата.

Работа: Овие личности ја имаат сета креативност, имагинација, интуиција, писателски и сликарски вештини кои им се потребни за да ја изразат нивната убавина. Во тоа е нивната сила, освен ако не најдат работа која ја поттикнува нивната креативност на друг начин, како што е работењето со деца.

Здравје: Имаат неограничена енергија и затоа секогаш трчаат, се качуваат или скокаат наоколу. Тоа е добро за нивното здравје, но треба повеќе да го слушаат сопствениот организам. Потребно е повеќе да спијат.

Тетка (4 ноември – 3 декември)

Среќен ден: сабота

Успешни месеци: ноември и март

Елемент: оган

Дрво: еукалиптус

Боја: беж

Знакот Тетка е поврзан со дрвено стапче што го означува природниот авторитет во Африка. Родените во овој знак се дарежливи, простодушни и посветени. Шират позитивна, смирувачка енергија и така ги привлекуваат другите.

Среќни и интуитивни, овие луѓе постојано се подобруваат како материјално така и духовно. Го гледаат доброто кај другите и затоа лесно се поврзуваат со нив. Не треба да бидат толку наивни. Уживаат во животот, знаат што е добро за нив и обожаваат да ги разгалуваат тие што ги сакаат.

Љубов: Често самите се прашуваат каква врска посакуваат, стабилна љубов или страсни искри? Не можејќи да одлучат, најчесто балансираат помеѓу двете опции, но само ако се сигурни дека нема никого да повредат, затоа што припадниците на овој знак се одговорни луѓе.

Потребен им е секс и многу љубов и внимание за да бидат целосно среќни.

Работа: Не се сигурни каква работа бараат и постојано се во чекор со настаните. Луѓето што ги запознаваат им помагаат да успеат во кариерата. Нивната можност за брзо и лесно приспособување им помага да се адаптираат на секоја непредвидена ситуација. Само така можат да напредуваат.

Здравје: Припадниците на овој знак главно имаат одлична здравствена состојба. Треба често да ги менуваат спортските активности за да не им здодеат брзо. Најмногу им одговараат сезонски спортови на отворено.

Изобилство (4 декември – 3 јануари)

Среќен ден: вторник

Успешни месеци: декември и април

Елемент: вода

Дрво: гинко билоба

Боја: златна

Знакот Изобилство се поврзува со водопадот што означува голема способност, богатство и изобилство во секој сегмент од животот. Родените во овој знак се среќни и лесно минуваат низ животот, но не мислат за другите.

Сакани се од другите, но треба да ја заслужат нивната љубов, посветувајќи им повеќе време. Чувствуваат како да има премногу луѓе во нивниот круг и не секогаш тие се вистинските.

Треба да одберат со кого ќе се дружат. Повеќе треба да ѝ веруваат на сопствената интуиција.

Љубов: Не можат да одлучат што точно бараат во љубовта. Ако се решат за еден партнер, тогаш тоа мора да биде според нивните услови. Не смеат да заглават во рутината или да бидат на некој начин ограничени.

Сакаат луксуз и неочекувани изненадувања. Партнерот ќе мора да се бори за да ги задржи.

Работа: Во работата секогаш може да сметаат на нивната среќа. Треба да ги подобрат сопствените вештини и да се здобијат со поголемо искуство. Не треба да ги мешаат љубовта и работата.

Сè што треба да направат е да си ја вршат својата работа, а не да ги прават другите среќни.

Здравје: Потребни им се почести одмори за да можат да продолжат со работата. Најдобро се снаоѓаат во индивидуалните спортови кои им помагаат да се сконцентрираат, како што се голф или јавање коњи. Мора повеќе да се грижат за себе.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2016 во 08:31

Љубовен хороскоп за октомври 2016-та: Рибите ќе пребираат, Биковите ќе бидат мета за флерт


На некои знаци им следува налет на позитивна енергија и промени, додека некои знаци ќе се најдат пред големи љубовни предизвици. Трети пак, треба да се подготват за сретнувањето на љубовта на својот живот.

ljuboven-horoskop-za-oktomvri-2016-ta-ribite-ke-prebiraat-bikovite-ke-bidat-meta-za-flert-1.jpg

Што да очекувате од октомври на поле љубов?

Овен

Октомври ќе биде добар месец ако обрнете поголемо внимание на начинот на кој комуницирате. Треба да му се посветите на партнерот, односно на несогласувањата кои подолго време лебдат во воздухот, бидејќи ова е месецот кога лесно ќе ги надминете. Оние кои се во врска ќе сакаат да внесат големи промени, што веројатно ќе заврши со заедничко живеење или проширување на семејството. Слободните Овни кои долго се без партнер конечно ќе го променат статусот овој месец. Очекувајте познанства кои имаат сериозни шанси да преминат во квалитетна и сериозна врска. Водете сметка за тоа љубовта да не ја помешате со опсесија, затоа што тоа е единствената закана која може да ви ја уништи и најсовршената врска.

Бик

Октомври ќе ви донесе некои помали проблеми кога се работи за емотивните односи. Потребно е добро да размислувате што и како кажувате и правите, за  да ја одржите рамнотежата со партнерот. Речиси се што ќе се случува овој месец ќе успева да ве извади од такт, а тоа ќе го промените само ако престанете да ги сфаќате работите толку лично. Додека зафатените Бикови ќе имаат мали проблеми, слободните ќе и се препуштат на самотијата и ќе треба да уживаат во неа. Не се залетувајте лесно, држете ги очите отворени и емоциите прибрани за да не ви се случи нешто повеќе од флерт. Месецов очекувајте само кратки авантури.

Близнаци

Овој месец не очекувајте некои големи промени. Ќе има ситници кои ќе ве извадат од колосек, но тоа е само заради недефинираните односи кои ги имате. Почитувајте го личниот простор и слободното време за да не направите поголеми конфликти. Слободните Близнаци ќе треба да уживаат во честиот флерт и во сексуалните авантури кои ќе ги имаат на располагање. Со оглед на тоа што емоциите ви одмораат, а нагоните доминираат, внимавајте што и каде правите.

Рак

Интересен месец за сите припадници на знакот Рак, бидејќи ќе чувствувате наплив на младачка позитивна енергија. Таа ќе влијае да се однесувате поспонтано и слободно. Ако имате некој со кој повремено се гледате, би требало да се запрашате дали и двајцата го сакате истото. Можно е да повредите личност за која не сте свесни дека и значите. Меѓутоа, младалачката енергија ќе ви ги зголеми и сексуалните апетити. Слободните ракови ќе уживаат во многу пријателства кои се граничат со флерт, но без подлабоки емоции. Овој период е одличен за зближување на Раковите кои се во долги врски.

Лав

На Лавовите им претстои период во кој ќе имаат мали проблеми со комуникацијата со партнерот. Нема да бидат расположени за разбирање, што ќе влијае на посериозни кавги и навраќање на минатото. Потребно е трпение и време за работите да се смират. Не мора секогаш да барате совети и мислења од другите, некогаш е доволно да ја послушате интуицијата. Истото важи и за Лавовите кои подолго време се сами, а сакаат промена. Ако внатрешниот глас ви вели да го направите првиот чекор, не се кочете.

Девица

Зафатените Девици ги очекува проблематичен љубовен месец. Ќе сакате да го правите само она што вас ви одговара, што ве прави задоволни и ќе се покаже како сосема погрешно. Мора некогаш да го слушате и партнерот, односно да поработите на компромисите ако сакате врската да ви опстои. На љубовниот живот ќе ви влијаат и финансиите, односно тоа што од нив не сте задоволни, ќе го пренесете на сите сфери. Потребно е почесто да се смирувате во кругот на блиските личности како пријатели и семејството, за да се чувствувате подобро.

Вага

Октомври за многу Ваги ќе биде одлучувачки месец. Ќе имате сила и желба да го кажете она што ве мачи и она што ви пречи, па за тоа ќе разговарате конструктивно и цивилизирано. Токму заради тоа очекувајте сериозни разговори и за иднината на врската. Овие отворени разговори се одлични и за слободните Ваги, кои конечно на тој начин ќе ги откријат јасните намери на спротивната страна. Октомври ќе биде динамичен и ќе ви означи напредок во сексуалниот живот. Слободните Ваги веројатно ќе остварат напредок на ова поле со нови познаници.

Скорпија

На зафатените Скорпии им се препорачуваат бегства од реалноста и романтични патувања ако сакаат да ги затоплат односите. Последниве неколку месеци немавте време за врска и љубов, но и сега не е доцна, па трудот кој ќе го вложите ќе ви се врати дупло. Октомври е месец за добро расположение, што позитивно ќе се одрази на вашите сексуални апетити. Кога се работи за слободните Скорпии, советуваме малку да се опуштат, бидејќи ништо не може и не мора да е совршено, па ни самиот партнер. Може да имате шанса за нова квалитетна врска со личност која не е во согласност на вашите критериуми, но оставете времето да ви покаже на што сте.

Стрелец

Многу страсти ќе ви го означат овој октомври. Речиси се ќе подредувате според вашето лично задоволство, од што сексуалниот живот ќе ви профитира, а партнерот ќе биде неверојатно среќен и задоволен. Оние кои се веќе во брак ги очекува проширување на семејството. Ваквото емотивно и еротско расположение ќе владее и кај слободните припадници на овој знак, така што октомври нема да биде здодевен. Важно е да не барате емоции онаму каде што давате само физичка близина.

Јарец

За Јарците октомври ќе биде мирен месец во кој ќе имаат честа потреба да се наоѓаат во кругот на семејството, пријателите и се разбира партнерот. Ако планирате сериозен разговор, ова е идеален период да го реализирате. Јасно одредете ги идните чекори за да нема недоразбирања. Можно е да почувствувате мала монотонија. Слободните Јарци треба да ги прифатат сите шанси за нови патувања. Познанствата во странство може да се продлабочат и да прераснат во сериозна врска за кратко време.

Водолија

Ќе бидете доста попустливи кон партнерот овој месец, што ќе ви оди во прилог на врската и љубовта. Најдете баланс меѓу отстапките и она што е карактеристично за вас - ексцентричните идеи. Возбудата и динамиката треба да ја одржите по секоја цена, бидејќи монотонијата за вас значи крај. Слободните Водолии ќе бидат расположени само за авантури и страствени односи, па можно е да наидете на проблеми од партнерот кој ќе го одберете. Внимавајте при изборот.

Риби

Октомври за Рибите носи ситни проблеми во врската. Очекувајте чести несогласувања и кавги, во кои мора да го сослушате партнерот ако сакате брзо да ги надминете. Смирете ги страстите и воочете ги сопствените грешки. Важно е да се однесувате како тим, а не одвоено, ако сакате да успеете. Слободните Риби ќе имаат многу шанси да го променат статусот. Не претерувајте со високите критериуми и намерното барање игла во сено.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2016 во 14:51
ПАЗЕТЕ СЕ ОД ОВИЕ ТРИ ЗНАЦИ! МОЖАТ ДА ЈА ОСВОЈАТ СЕКОЈА ЖЕНА, НО НЕ И ДА И' ОСТАНАТ ВЕРНИ


Дали сте подготвени да ризикувате со нив?

Постојат типови на мажи кои ги привлекуваат речиси сите жени - но со нив рака под рака оди и еден проблем - доколку им се привлечни на сите жени, многу е логично дека тешко ќе успеат да и' останат верни само на една.


СТРЕЛЕЦ

Со нив владее Јупитер, планетата на среќата и шансите. Поради тоа стрелците имаат тенденција да го отстранат секој ризик од својот ум и никогаш не пресметуваат дали со својот потег повеќе добиваат или губат. Како муви без глави влетуваат во опасни ситуации и се потпираат на чиста среќа, а среќата најчесто и ги следи. Секогаш кога ќе го остварат она што го планираат веднаш се впуштаат во потрага по нова авантура и ретко која дама може да ги задржи. 

ОВЕН

Овните се полни со самодоверба и поради тоа веруваат дека можат да го совладаат секој предизвик. Тие гледаат можност кадешто сите други гледаат неуспех, а такви се и кога станува збор за љубовните врски. За разлика од стрелците кои без размислување се впуштаат во авантура, овните прво ќе седнат и ќе размислат што можат да добијат, а што да изгубат. Доколку проценат дека повеќе добиваат - ништо не може да ги спречи да се фрлат во кревет со посакуваната нова дама.

СКОРПИЈА

Листата не би била комплетна без овој мрачен карактер. Дамата која е во врска со скорпија никогаш нема да може да биде стопроцентно сигурна дека нејзиниот партнер и' е верен. Скорпијата оди на се' или ништо и кога ќе се затрча кон вонбрачна авантура ретко кога тоа останува само "авантура" туку најчесто преминува во паралелни врски. Во прељуба ги турка нивната страст за освојување и конК*ренција но исто така и нивната тенденција ранливата страна да ја покриваат со нови освојувања.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2016 во 08:20

Кој хороскопски знак има најголеми шанси да биде милионер?


Астрологијата неретко знае да предвиди многу работи од нашиот живот, без разлика на тоа колку веруваме во тоа или не.

koj-horoskopski-znak-ima-najgolemi-shansi-da-bide-milioner-1.jpeg

Ова е едно интересно астролошко истражување кое открива кој има најголеми шанси да биде милионер.

Овен

Интуитивни, брзи и агилни, Овните на самиот збор игра чувствуваат возбуда. За нив, целиот живот е еден вид на игра во која треба да бидат најдобри, најбрзи и по можност, славни. Често не размислуваат за последиците и затоа може да им се случи да играат со голем влог кој може и да го изгубат. Овните најдобро е да се дружат со Јарци и Девици за да одолеат на искушенијата.

Бик

Биковите се познати по својата упорност, трпеливост и издржливост. Ретко може да им се случи лекомислен потег, па игрите на среќа во кои треба да реагираат брзо во моментот не ги интересираат. Постои тип на игри на среќа каде се чувствуваат како дома. Секако, картите. Вистинскиот Бик многу добро знае дека времето е на негова страна и знае како да ја искористи својата среќа.

Близнаци

Близнаците не треба да посегнуваат по игрите за среќа за да дојдат до непланирани придобивки: целиот живот им е како непланирана добивка. Близнаците се разиграни и во најсериозните ситуации, а покрај пресметливиот МерК*р секогаш можат да бидат успешни во наградните игри и квизовите. Својата љубопитност ја претвораат во знаење.

Рак

Имагинативните, но и практични Ракови често знаат да изненадат со својата брилијантна проценка. Без оглед на тоа дали станува збор за во приватниот живот или на фудбалски натпревар, од нив можете да очекувате предвидување кое ќе се покаже како точно.

Лав

Лавовите среќата прво си ја пробуваат на лотарија. Тие се како деца опиени од можностите за полно заокружување на броевите кои можат да им ја подобрат финансиската состојба. Многу други со години играат на истиот број, но Лавовите не ја признаваат таа тактика, бидејќи не веруваат во никаква мистика на броевите. За своите среќни броеви се одлучуваат дури тогаш кога ќе се намуртат над таблицата. И дури и кога нема да добијат ништо, остануваат во добро расположение, бидејќи не страдаат кога ќе изгубат.

Девица

Никакви спектакуларни игри на среќа не ги интересираат Девиците, кои тешко можете да ги натерате да веруваат во големи зборови како судбина, голема придобивка и среќа. Склоноста кон забава ги води во светот на загатките во кои се апсолутни владетели. Покрај тоа, трпеливиот и малку дистанциран глас кој се јавува во наградните игри, со сигурност можете да знаете дека е Девица.

Вага

На многу луѓе им се чини дека не вреди да се трудат да добијат нов автомобил преку заработка и добивање на малку среќа. Им се чини дека шансите се толку мали, да не вреди да се обидуваат. Но, Вагите не се меѓу тие луѓе. Со истакнат вкус и стил, Вагите секогаш ќе победуваат на наградните игри каде се добива облека или козметика. За нив, играта која ја играат мора да се допира со нивниот идеал, убавината.

Скорпија

Без оглед на тоа што може никогаш нема да го остварат својот луд сон и да прошетаат на тепихот на казината на Монте Карло, секоја Скорпија ја привлекува рулетот, триењето на коцките и парите кои се губат и добиваат. Бидејќи, на вистинскиот коцкар не му е пресудно дали секогаш ќе добие. Казиното е место каде владее случајноста, а нив тоа лудо ги возбудува.

Стрелец

Стрелците не сакаат долго да бидат на едно место, па не ги интересираат игрите во кои се седи со прекрстени нозе и се чекаат резултатите. Страствените играчи ќе ви потврдат дека играта бара движење на мускулите, а такви се баш Стрелците. Не ги интересираат ни игрите во кои мораат да ги активираат мозочните клетки. Животот за нив е премногу краток за ментално да се напрегаат. Едноставните правила на игра како и моменталната добивка им се најпривлечни на Стрелците.

Јарец

Тие секогаш ќе застанат на пазарот каде некој досетлив странец од две парички креира три или од сноп пари ја вадат баш означената, бидејќи тоа за нив е најголем предизвик на нивната интелигенција. Јарецот никогаш не се потпира само на среќата. Пред да го пополни ливчето, добро ќе размисли колкава е можноста за добивка во која ништо не треба да се препушти на случајноста.

Водолија

За нив сè е можно. Опуштени и неконвенционални, сакаат да испробаат баш сè што им нуди животот, а посебно брзите и едноставни начини на богатење. Нема наградна игра која просечната Водолија не ја пробала или во која не сака да учествува. Уште пред да го купат ливчето, Водолиите размислуваат која е добитната комбинација, а може и да ги сонуваат броевите кои ќе им го променат животот.

Риби

Рибите не сакаат да се заморуваат со широката понуда на игри на среќа. Малку се вознемирени и се плашат од губењето, посебно не сакаат да учествуваат во нешто така сомнително како што е лотаријата, обложувањето или игрите со карти. Им се чини дека другите поседуваат дополнителни вештини за добивање, а токму заради тоа имаат и ниска самодоверба

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2016 во 09:06

Каква тетоважа му одговара на вашиот хороскопски знак?


Мислите да ставите тетоважа, но сè уште не можете да одлучите што сакате да истетовирате? Тетоважата треба да ве претставува вас како личност, па за таа цел може да ви помогне вашиот хороскопски знак.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-01.jpg

Погледнете каква тетоважа да ставите според хороскопскиот знак:

Овен

Нешто што потполно личи на вашата силна и енергична душа се стрелите. Имаат силна насока и траекторија, исто како вас. Подеднакво добар симбол за вас е и пчелата.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-1.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-2.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-3.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-4.jpg

Бик

Вие сакате добар живот и не се чувствувате лошо кога се препуштате на фините работи во животот, како што е одморот. Затоа, палминото дрво е добар симбол за награда и ваше лично задоволство. Можете да ставите и тетоважа на вратот.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-5.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-6.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-7.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-8.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-9.jpg

Близнаци

Вие сте подготвени да полетате во секој момент, па крилјата се одлична тетоважа за вас. По природа сте двојни, па можете да пробате и тетоважа со два различни стила или бела тетоважа.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-10.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-11.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-12.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-13.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-14.jpg

Рак

Нежни по природа со изострено чувство за семејство и традиција, па можете да пробате тетоважи со сидро, срце биење, срце или име на некоја значајна личност. Селена Гомез е Рак и таа има истетовирано 1976 со римски цифри (годината кога е родена нејзината мајка).

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-15.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-16.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-17.jpg

Лав

На вашата одлучна природа совршено ѝ стојат тетоважите од круна или лав. Кара Делевињ, кралицата на Лавовите, има истетовирано лав.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-18.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-19.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-20.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-21.jpg

Девица

Како личност која секогаш размислува и анализира, за вас добри се тетоважите кои се полни со детали или оние кои се со внимателно одбрани цитати.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-22.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-23.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-24.jpg

Вага

Како личност која е посветена на другите луѓу околу себе, за вас најдобра би била онаа тетоважа која можете да ја споделите со вашата најдобра пријателка, онаа со која знаете дека ќе бидете заедно до крајот на животот или со партнерот.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-25.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-26.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-27.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-28.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-29.jpg

Скорпија

Вие сте водени од страстите, па најдобар симбол кој ги означува вашите длабоки страсти е розата. Секако, можете да се одлучите и за нешто помрачно.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-30.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-31.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-32.jpg

Стрелец

Вие сте секогаш водени од желбата за авантура и патување, па најдобра тетоважа која ги одразува вашите потреби е онаа која потсетува на патување како мапа или географски координати.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-33.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-34.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-35.jpg

Јарец

Секогаш посветени на остварување на целите, напорната работа и одлучноста, за вас добри тетоважи се оние кои  го истакнуваат јадрото на вашата личност, како на пример, дрво со длабоки корени.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-36.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-37.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-38.jpg

Водолија

Хуманитарецот во вас секогаш сака светот да го направи подобро место за живеење, па за вас, најдобра тетоважа би била мандалата која ќе ве поврзе со целиот свет.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-39.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-40.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-41.jpg

Риби

Вие сте нежни и склони кон фантазирање, па не чудно што тетоважите кои потсетуваат на сон или фантазија најдобро ви стојат. Можете да се одлучите за еднорози, пеперутки или некои итри дизајни.

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-42.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-43.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-44.jpg

kakva-tetovaza-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-45.jpg


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2016 во 10:19

Кои се двата најискрени знаци во Зодијакот?


Астролозите велат дека овие два хороскопоски знаци секогаш ја кажуваат вистината, без оглед дали таа ќе ве развесели или натажи.

koi-se-dvata-najiskreni-znaci-vo-zodijakot-1.jpg

Според нив, лажењето е најлошото нешто кое можете да му го направите некому, па токму затоа тие секогаш ќе ви кажат во лице што мислат.

Овен

Припадниците на овој знак се многу искрени, а најголемата причина за тоа е што немаат желба за лаги ниту пак сакаат да ја трошат својата енергија на такви работи.

Тие ќе ја кажат вистината дури и по цена да повредат некого со својата искреност.

Тие сакаат да го кажат она што го мислат и да им го дадат до знаење на другите, очекувајќи го истото и од другата страна.

Често знаат да ги повредат другите со своето отворено размислување, за што подоцна се каат, но ако ги прашате дали би постапиле поинаку тие без ни малку размислување ќе ви одговорат „Во никој случај!“.

Стрелец

Личностите во овој знак се неверојатно великодушни и се еден од најискрените хороскопски знаци.

Единствена маана им е тоа што понекогаш знаат да им дадат претераат со прераскажувањето на приказните од нивниот живот или од животите на нивните пријатели, меѓутоа сето тоа со цел забавување на целото друштво.

Не прифаќаат лаги во ниеден случај, дури ни кога и самите сфаќаат дека тоа може да биде за нечие добро.

Според нив и најлошата вистина треба да се каже во лице, а не да се скрие зад лажна маска.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 152153154155156 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,609 секунди.