IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2016 во 08:09

Без навреда: Кој дефект го има вашиот хороскопски знак?

bez-navreda-koj-defekt-go-ima-vashiot-horoskopski-znak-1.jpg

Иако сето ова е забавно, размислите, колку од тоа е вистина?

Можеби и не е сосема случајно се само за забава:

Овен

Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат да ја одземат целата слобода на партнерот, а себеси да се задоволат со харем на љубовници. Несредени се и мозокот им лета од работа на работа, а истите мора веднаш да бидат задоволени. Немаат нежност, себични се и нападни, не се препуштаат на партнерот, а не го ни слушаат.

Бик

Безгрижни, молчаливи личности кои се неверојатно здодевни. Нивниот најголем психолошки проблем е што немаат проблеми. Сè им е супер и не се обидувајте да ги мачите со вашите проблеми, бидејќи тие ги немаат. Нив треба да им создадете проблем за животот да им биде поинтересен. Но, внимавајте, нивниот мир може да се претвори и во манично лудило.

Близнаци

Тие се главните озборувачи и трачари во друштвото, превртливи „издаици“ со дволични аршини кои ги менуваат на секој 10 до 15 минути. Близнаците се вечни актери и нарциси со површни погледи кон животот. Суровата реалност е дека се повеќе личности истовремено и никогаш не можете да знаете на што сте.

Рак

Посесивни лудаци кои се навредуваат ако „доброто утро“ не сте им го посакале со правилна интонација. Ако ги навредите или обвините за нешто ќе се навредат и ќе плачат и кукаат со години. Својата личност ја менуваат од крајност во крајност, а ако сакате да имате темпирана бомба покрај себе кој редовно експлодира на неколку денови, само напред.

Лав

Арогантни, вообразени и напорни потценувачи. Лавовите веруваат дека нивното влегување во просторијата го следат рефлектори и дека во истата се наоѓа најмалку една личност која ги обожава. Па, ако сте со Лав, ќе морате да научите да бидете итри како лисица, секогаш при рака со комплименти, да се согласувате со сè што ќе каже и да го обожавате без причина.

Девица

Опсесивно компулсивни невротици кои се ослободуваат од стресот со чистење на домот, со местење на облеката и полирање на порцеланот. Незаситени се и упорни и никогаш, дури и совршеното не им е доволно. Припадниците на овој знак не знаат за љубов, а можете да бидете сигурни за една работа, кога тогаш ќе ви забијат нож во грбот.

Вага

Нарцисоидни шизофреници на кои огледалото им е најдобар пријател, потполно се нестабилни и им треба недела дена да одлучат што сакаат, Coca-Cola или Pepsi. Толку се мрзливи што е чудно како воопшто стануваат од кревет. Знаат да сакаат, но треба да сте финансиски моќни или на некоја функција. Не очекувајте реципроцитет.

Скорпија

Самосожалувачки автодеструктивци кои својата тага не можат да ја поднесат сами па мораат да повлечат уште 100 луѓе со нив. Да е утре крај на светот, не би се шокирале, туку би го пречекале со радост. Знаат да бидат и љубоморно опсесивни психопати, па не ви препорачуваме да бидете невнимателни. Знаат без причина да избувнат.

Стрелец

Уживаат да „солат“ памет на другите, а ентузијазмот им е толку голем што се убедени дека можат да ги оживеат и мртвите ако сакаат. Може да е убеден дека ве сака, а тоа да му пројде за месец дена, освен ако не сте доволно богати или да имате статус и моќ. Нивниот систем на вредности во животот е тотално наивен, неприкладен и заради него често патат.

Јарец

Вистински Јарци со рогови кои веруваат во судбината до последна буква, зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Можете да живеете цел живот покрај нив, а никогаш да не знаете што имаат да кажат. Емотивно неписмени, па колку и да се обидувате да газите по нив, нема да успеете. Јарците не се способни да ги покажат своите емоции, а често се и мрачни.

Водолија

Разуздани личности кои животот ко минуваат најмалку 500 пати со губење на себе. Водолиите би биле пријатели со секого, но на крајот тоа не им поаѓа од рака, па најчесто ги изневеруваат оние кои најмногу се грижеле за нив. Вечно го пикаат носот таму каде не им е работа, а склони се да излажат и за работи за кои не би очекувале некој да лаже.

Риби

Здодевни личности кои само се жалат за тоа колку им е тежок животот и чекаат некој да дојде и да ги утеши. Не можат ништо без туѓа помош, а и најмалите ситници ги доживуваат како најтрагични, а често ги заморуваат другите околу нив. Кога се доби, се занимаваат со туѓите проблеми, ама брзо пак, паѓаат во депресија и така повторно во кругот. 




Изменето од Valerija - 07.Септември.2016 во 08:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2016 во 08:32

Според хороскопот: Колку лесно можат да ве извадат од кожа?


Сите ние знаеме понекогаш дури и без причина да се налутиме и да бидеме нервозни со часови.

kolku-lesno-mozete-da-gi-izvadite-od-koza-horoskopskite-znaci-001.jpg

Некои од нас знаат да простат брзо и да заборават на тоа што се случило, но затоа други пак, долго време се сеќаваат и на секоја мала ситница која ги навредила, па ништо чудно и да најдат начин да ви вратат во првата можна прилика.

Еве колку е тешко или лесно да ги извадите од кожа хороскопските знаци...

Овен

Овенот кога ќе се налути, нема шанси да не го забележите тоа. Овните лесно ја покажуваат лутината, а може да ги налути речиси сè. Тие се најголемите „лутковци“ во Зодијакот, па така кога ќе се налутат се однесуваат како бебиња и на цел глас ја манифестираат својата лутина.

Бик

Ако еден Бик ви се налути, очекувајте тоа да трае. Можеби нема на глас да каже и да покаже, но секако долго ќе ја манифестира својата лутина. За нив се вели дека побрзо планината ќе се помести, отколку тие што ќе попуштат во инаетот и лутината.

Близнаци

Близнаците се променлив воздух, а тоа значи дека и лутината им е променлива. Лутината ја манифестираат преку кавга, зборови и употреба на навреди, никогаш со тепање или кршење. Лесно може да се налутат, но и брзо и лесно може да им помине.

Рак

Раковите ако сте ги налутиле, значи сте ги повредиле нивните емоции. Како и другите водни знаци, и Раковите јасно ќе ви покажат дека се лути. Нема да ви остават никаков простор да се двоумите дали се лути или не.

Лав

Лавовите се слични на огнот, а тоа значи дека лутината им е долготрајна, и секојпат кога ќе имаат можност да ве пецнат и да ви вратат, ќе го направат тоа. Лутината нема да им помине ни брзо ни лесно, па затоа внимавајте.

Девица

Девиците се променливи, а тоа значи дека лесно и брзо им поминува лутината. Понекогаш дури може и да заборават за што се налутиле, а може и да не забележите дека се налутени.

Вага

Вагите ако се налутат ќе го покажат тоа со зборови, а често пати и со насмевка. Тие се најчудниот од сите зодијачки знаци кога се налутени, па затоа секогаш ќе се двоумите со што точно сте ги навредиле или налутиле.

Скорпија

Скорпиите никогаш нема да заборават дека сте ги навредиле или налутиле, и сосема јасно ќе се сеќаваат и на причината за тоа, бидејќи кај нив навредата најчесто е поврзана со нивните емоции. Можеби и нема да ви кажат дека сте ги налутиле, но бидете сигурни дека ќе ги чекаат своите 5 минути за да ви вратат.

Стрелец

Стрелците се променливи, а тоа значи дека ако се налутат ќе пламнат, но тоа нема да трае долго. Ако ги замуабетите околу нешто друго, ќе заборават и за причината и за навредата, па нема да мора дополнително да се објаснувате или извинувате.

Јарец

Јарците кога се лути – лути се, иако може да не ви кажат зошто се налутиле. За нив се вели дека имаат долга и добра меморија, затоа што со нив владее планетата Сатурн, која се поврзува со времето и вечноста.

Водолија

Водолиите често во разговорите делуваат како да се лути, иако не се, а ако навистина се налутат, тоа е нешто што трае. Нивните зборови ќе бидат стрели насочени против вас во текот на долг период.

Риби

Рибите се исто така променливи, а тоа значи дека може да ги повредите нивните емоции, но нема да ви се лутат долго. Знаат да „страдаат“ најмногу од сите знаци, но знаат и најлесно да простувааат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2016 во 08:19

КОИ РАБОТИ ГИ ОБОЖАВАТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ?

1

Дали сте размислувале околу тоа кои работи ги сакате, а се поврзуваат со вашиот хороскопски знак? Кои работи ги обожавате според хороскопот?

Работите кои ги сакаме допринесуваат во обликувањето на нашата личност. Ни овозможуваат задоволство и утеха, а се во основа, дел од она што сме како личност – баш како и хороскопскиот знак во кој сме родени.

Хороскопските знаци зборуваат многу за нас, нашите скриени способности, начинот на кој одбираме работи, а можат и да објаснат зошто некои работи ги обожаваме.

Секој знак си има свои омилени работи. Кои се вашите?

Овен

Овенот обожава авантури, натпреварување, моментот пред да се спушти надоле ролеркостерот, танцување на гласна музика и гласно смеење од кој едвај може да дише.

Бик

Биковите сакаат ноќи поминати во гледање на љубовни филмови, празници, топол кревет и скапа постелнина, првиот залак од вкусна храна која посакувале да ја пробаат и задоволството кога нешто ќе постигнат сами.

Близнаци

Близнаците обожаваат да се смеат со некого. Сакаат дождливи ноќи, сончеви денови, долги разговори, сакаат да зборуваат за сè, да бидат со луѓе и да посетуваат одлични ресторани.

Рак

Ракот сака прегратки, зимска облека, гледање на цели сезони од некоја серија, будење пред сите други на одмор, дождливи денови поминати со книга, чај или тост, а сакаат и да имаат некој имот на свое име.

Лав

Лавовите обожаваат кога се во центарот на вниманието. Покрај тоа, обожаваат кога ќе пронајдат добро парче облека на распродажба, да знаат цели цитати напамет, добро вино и патување со пријателите.

Девица

Ако некој ужива во самотијата, тогаш тоа се Девиците, Вредните Девици, исто така, сакаат зацртани работни идеи, разговори со родителите за нивното детство, организирана кујна и исполнето време.

Вага

Вагите сакаат пофалби за работите кои ги завршиле, најмногу од сè. Сакаат плетенки, кафе, британски акцент, француски филмови, индиската култура, тајландската кујна и да ги гледаат омилените филмови, одново и одново.

Скорпија

Скорпиите обожаваат кога се смеат додека стомакот не ги заболи и бакнување додека не ги здоболат усните. Покрај тоа, сакаат благо, невреме, чудни и смешни чорапи, топол чај после некој зимски спорт.

Стрелец

Стрелецот најмногу го придвижува чувството на победа, но и кога некоја книга целосно ќе им го одземе вниманието. Сакаат отворање со емоции, патување, но и да се насмевнат на некој непознат човек едноставно, затоа што се среќни.

Јарец

Јарецот најмногу на целиот свет ја сака првата шолја кафе. Но, и добри комедии, добро организиран гардеробер и пријатели кои ќе ги дочекаат тогаш кога ќе паднат. Чудна омилена работа? Креативни ледени скулптури.

Водолија

Водолиите обожаваат музика која ги опишува нивните емоции, луѓе со поинаков поглед на светот, чувството на голи стапала на трева или песок, поглед кон огномет и ноќно небо.

Риби

Рибите обожаваат да го набљудуваат изгрејсонцето и зајдисонцето, да ја забележат симпатијата точно тогаш кога гледа во нив, скапи и луксузни куфери, одмор на плажа, љубезни непознати лица.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2016 во 08:18

ЕДЕН ХОРОСКОПСКИ ЗНАК СО КОЈ НЕ САКАТЕ ДА СЕ ЗАМЕРИТЕ

16

Постои еден хороскопски знак кој треба да го избегнувате во кавгите и конфликтите, сметаат астролозите.

Иако делува мирољубиво, кога е бесен подобро е да не го допирате. Има доволно трпение за се, но има и праг на толеранција. Ако го преминете, пазете се.

Најмногу ќе ги разбесни ако ги потцените, а ако проценат дека не сте лојални, целосно ќе ве игнорираат. Темпераментни се, па не бираат средства со кои ќе му се спротивстават на непријателот.

Ако ја имате таа несреќа да им ја покажете вашата слаба точка, очекувајте дека баш таму ќе нападне. За жал, нивното одмаздување може да вклучува и ваши блиски луѓе.

Толку се занесуваат во одмаздувањето и го планираат, што на крајот забораваат зошто воопшто го прават тоа.

Затоа, ако некако можете, избегнувајте кавги и замерки со Овните, за нив зборуваме.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2016 во 21:37

КОИ СЕ 3-ТЕ НАЈЛОШИ ЉУБОВНИ ПАРТНЕРИ ВО ЗОДИЈАКОТ?

6

Секој хороскопски знак има позитивни карактеристики и негативни карактеристики и секоја од нив е доблесна или е маана за во љубовна врска.

Овие 3 знаци ги имаат најлошите маани кои прават да посакате да избегате од нив. Се надеваме дека не сте во врска со нив, а ако веќе сте, тогаш со среќа.

Ова се 3-те најлоши љубовни партнери во Зодијакот:

1. Овен

Верност:

Ако во неговата глава не е тоа тоа, тогаш истиот момент ќе ве изневери. Не е многу заинтересиран за партнер, а тоа не е во ред. Но, ако вистински се заљуби (што нема шанси, освен ако не сте апсолутно фантастични) Овенот љуби со цело свое срце.

Љубомора и комплицираност: 75%


2. Бик:

Верност:

Сакаат сигурност и среќа која им носи цврста и стабилна врска. Особено ако партнерот е полн со пари. Јавно, не се склони на прељуба и се верни партнери, но во реалноста нон стоп фантазираат за некој друг. Физичкото искушение не им е претеран проблем, па сигурно во реалноста ќе одолеат, но утредента целиот ден ќе фантазираат како би било кога би изневериле. Ако ова не ви пречи, тогаш нема за што да се грижите.

Љубомора и комплицираност: 65%


3. Близнаци

Верност:

Иако можеби сакаат да бидат верни и посветени, тоа не го умеат. Ќе ве сакаат некое време, а потоа сѐ ќе исчезне. По неколку месеци, ќе направат нешто со вашиот/а најдобар/а пријател/ка. Ако не се во сериозна врска, обожуваат да флертуваат и да се бакнуваат. Кога вистински ќе се заљубат, Близнаците се трудат да му удоволат на партнерот и да бидат верни, но кога се сингл се добри за авантура и секс под влијание на алкохол.

Љубомора: 25% бидејќи не им е грижа за вас, а комплицираност цели 89%

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2016 во 20:41
Ја сум скромна риба...
Доволно ми е карта во еден правец.
Од тука ништо не би имал да понесам,
за луксузи од типот куфери.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2016 во 09:26

Бикот сака празници, рибите обожаваат скапи куфери - Опсесиите на секој хороскопски знак


Дали сте размислувале околу тоа кои работи ги сакате, а се поврзуваат со вашиот хороскопски знак? Кои работи ги обожавате според хороскопот?

bikot-saka-praznici-ribite-obozavaat-skapi-kuferi-opsesiite-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Работите кои ги сакаме допринесуваат во обликувањето на нашата личност. Ни овозможуваат задоволство и утеха, а се во основа, дел од она што сме како личност - баш како и хороскопскиот знак во кој сме родени.

Хороскопските знаци зборуваат многу за нас, нашите скриени способности, начинот на кој одбираме работи, а можат и да објаснат зошто некои работи ги обожаваме.

Секој знак си има свои омилени работи. Кои се вашите?

Овен

Овенот обожава авантури, натпреварување, моментот пред да се спушти надоле ролеркостерот, танцување на гласна музика и гласно смеење од кој едвај може да дише.

Бик

Биковите сакаат ноќи поминати во гледање на љубовни филмови, празници, топол кревет и скапа постелнина, првиот залак од вкусна храна која посакувале да ја пробаат и задоволството кога нешто ќе постигнат сами.

Близнаци

Близнаците обожаваат да се смеат со некого. Сакаат дождливи ноќи, сончеви денови, долги разговори, сакаат да зборуваат за сè, да бидат со луѓе и да посетуваат одлични ресторани.

Рак

Ракот сака прегратки, зимска облека, гледање на цели сезони од некоја серија, будење пред сите други на одмор, дождливи денови поминати со книга, чај или тост, а сакаат и да имаат некој имот на свое име.

Лав

Лавовите обожаваат кога се во центарот на вниманието. Покрај тоа, обожаваат кога ќе пронајдат добро парче облека на распродажба, да знаат цели цитати напамет, добро вино и патување со пријателите.

Девица

Ако некој ужива во самотијата, тогаш тоа се Девиците, Вредните Девици, исто така, сакаат зацртани работни идеи, разговори со родителите за нивното детство, организирана кујна и исполнето време.

Вага

Вагите сакаат пофалби за работите кои ги завршиле, најмногу од сè. Сакаат плетенки, кафе, британски акцент, француски филмови, индиската култура, тајландската кујна и да ги гледаат омилените филмови, одново и одново.

Скорпија

Скорпиите обожаваат кога се смеат додека стомакот не ги заболи и бакнување додека не ги здоболат усните. Покрај тоа, сакаат благо, невреме, чудни и смешни чорапи, топол чај после некој зимски спорт.

Стрелец

Стрелецот најмногу го придвижува чувството на победа, но и кога некоја книга целосно ќе им го одземе вниманието. Сакаат отворање со емоции, патување, но и да се насмевнат на некој непознат човек едноставно, затоа што се среќни.

Јарец

Јарецот најмногу на целиот свет ја сака првата шолја кафе. Но, и добри комедии, добро организиран гардеробер и пријатели кои ќе ги дочекаат тогаш кога ќе паднат. Чудна омилена работа? Креативни ледени скулптури.

Водолија

Водолиите обожаваат музика која ги опишува нивните емоции, луѓе со поинаков поглед на светот, чувството на голи стапала на трева или песок, поглед кон огномет и ноќно небо.

Риби

Рибите обожаваат да го набљудуваат изгрејсонцето и зајдисонцето, да ја забележат симпатијата точно тогаш кога гледа во нив, скапи и луксузни куфери, одмор на плажа, љубезни непознати лица.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2016 во 19:46

ОВИЕ ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈЛАБИЛНИ ВО ЗОДИЈАКОТ

5

Припадниците на овие хороскопски знаци можеби ви делуваат психички стабилни, но се лажете…

Риби

Толкавата хиперсензибилност сместена во една личност неможе никому да му донесе ништо добро. Тие стандардно мислат дека ним секогаш им се случуваат најлошите нешта во животот и тоа воопшто неможат да го поднесат. Често умеат да кажат дека ќе полудат. Уште од пубертетот кај нив почнуваат да слабеат нервите, а со секоја несреќа во животот, така Рибите се се поблиску до амбисот. Повремените хистерични испади се својствени за нив, како разноразните фобии што периодично се менуваат но нивниот број не се намалува.

Водолија

Луѓето вообичаено ги доживуваат како непромислени личности. Од друга страна, нивните блиски сметаат дека Водолијата е исклучително силна личност што може да ги издржи сите проблеми. И навистина е така, се додека не прегори некоја жичка во главата. Затоа што колку и да изгледаат како весели и позитивни, во нив се крие голем депресивец.

Скорпија

Припадниците на овој знак важат за најмрачни личности. Освен што често делуваат намуртено, тие се и мошне агресивни. Кога ќе влезат во некоја мрачна фаза им проработува бесот па така надразнети склони се кон физичка пресметка и правење сцени. Покрај тоа, нив една нивна особина често може да ги пренесе на темната страна, а тоа е одмаздољубивоста.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2016 во 12:53

ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ СИТЕ ГИ ОБОЖАВАМЕ, ИАКО СЕ НЕВЕРОЈАТНО НАПОРНИ

21

Со нив никогаш не е досадно и иако за секунда успеваат да не издават од такт, тоа се луѓето на кои можеме да се потпреме секогаш кога ни е потребен вистински пријател.

Следните три хороскопски знаци се познати како знаци со кои е навистина тешко да се излезе на крај, но истовремено тие се и луѓето без кои не можеме да живееме.

Скорпија

Посветеноста на овој хороскопски знак е нешто кое ќе ве освои од самиот почеток. Скорпиите се едноставно најдобри пријатели за цел живот. Никогаш нема да ги издадат вашите тајни и ќе бидат покрај вас секогаш кога ќе ви требаат.

Покрај нив ќе се чувствувате повторно млади, енергични и полни со живот без оглед на годините. Прават сè што правите за нив и никогаш не забораваат ништо.

Ќе ви дадат искрени совети за сè што ви е потребно – од кариера до изглед. За нив не постојат табу теми, дури и сите тие разговори за сексот се нешто сосема нормално. На овој знак можете да му ги кажете сите тајни, но и скриените фетиши и фантазии. Тие се подготвени да зборуваат за сè, отворени се и никогаш нема да ве осудат.

Лав

Адреналинот и забавата се составен дел од кралскиот живот на еден Лав. Со нив никогаш нема животот да ви се претвори во досадна рутина. Лавовите го сакаат животот, подеднакво колку што се сакаат себеси. За да бидат среќни, прво ќе ги исполнат сопствените желби и потреби, а потоа и тие на останатите.

Нивниот ентузијазам е заразен. Доколку сте ја сфатиле нивната егоцентричност на вистинскиот начин, нивните шеги и постапки ќе ви изгледаат дури и симпатични. Овој знак е романтичен и сака постојано да добива знаци на внимание. Шармира и заведува сè околу себе.

Лавот е одговорен и доколку му значите ќе се грижи за вас. Секогаш ќе се труди да биде најдобар, што можеби и не е така лошо, бидејќи ќе настојува да биде најдобар партнер, најдобар пријател, најдобар љубовник…

Водолија

Водолиите се родени сонувачи чија фантазија ја надминува секоја граница на реалноста. Со нив ни е забавно, бидејќи нè носат во свет кој не го познаваме, во светот на фантазијата каде и Петар Пан одлично би се забавувал. Сериозни се само во оние моменти кога треба да дадат вистински пријателски совет. Тогаш се навистина објективни и сакаат еднаквост и правдина.

Нивниот интелект ги воодушевува сите кои ќе започнат некаков разговор со нив. Тие се главни организатори на забавите и одлично друштво. Ако случајно сте се договориле со некоја Водолија да одите на забава, сметајте дека ќе заглавите, бидејќи „афтер-журките“ се нешто кои никако не смее да се пропушти.

Знаат да ги мотивираат другите бидејќи и самите се постојано мотивирани и добро расположени. Ако сте го освоиле срцето на една Водолија, знајте дека таа ќе направи сè за вие да бидете среќни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2016 во 14:02

ЉУБОВНАТА ФИЛОЗОФИЈА НА ЗНАЦИТЕ

3

Ако верувате дека се е запишано во ѕвездите, погледнете го астролошкиот приказ на 12-те хороскопски знаци и дознајте како се однесуваат кога се вљубени и кои методи на заведување ги применуваат.

Овен

Тој: Како роден осовојувач, не заобиколува многу а очите му светнуваат веднаш штом ќе забележи потенцијален „плен“. Не бира ниту место, ниту време, затоа што е премногу нетрпелив, па тргнува во напад во истиот миг штом ќе ве забележи. Директен е, шармантен, а ќе ве засмева со вицови и детали од сопствената биографија, се додека не прифатите повторно (уште истата вечер) да се видите со него.

Таа: Исто така е директна и секогаш е подготвена да го заведе и да го освои оној што ќе и падне во очи. Ќе го фати за краватата (ако ја носи) или за брадата, нежно ќе го привлече и ќе му каже со најшармантната насмевка во светот: „Ти си мој!“. ако додворувачот и’ се допаѓа, ќе го пушти малку да „се пржи на тивок оган“, а потоа ќе му дозволи да ја освои. Доколку сте и’ здодевни, тоа недвосмислено ќе ви го даде до знаење, така што со неа секогаш ќе бидете на чисто.

Бик

Тој: Просто обожава да ве мерка, да ве заведува, да ви се додворува и така да ве освојува – полека. Задолжително ќе ве однесе на ручек или во неговиот омилен ресторан каде сите го познаваат, ќе ги избере најквалитетните специјалитети и најдобрата сорта вино, а цело време нема да го трга погледот од вас, па на крај ќе му „јадете од рака“. Околу вашата маса ќе ги собере музичарите што ќе свират и ќе ги пеат вашите песни, а од продавачите на цвеќе ќе ги купи сите ружи, само за вас.

Таа: Бира кому ќе му дозволи да се труди за неа, да ја зваеде и да ја освои. Неговиот изглед, шарм, став, однесување и џентлменските манири нема да ја остават рамнодушна, но затоа на оној што и додева ќе знае така да му покаже каде му е местото, што и самата ќе се зачуди. За да и’ се допаднете, треба да имате исто толку самодоверба, колку што имате и пари, а притоа и да знаете како да ја заведете – со поглед и со допир.

Близнаци

Тој: Неодоливо забавен, шармантен и толку информиран за се, што ќе ви дојде да го земете за рака, да го однесете дома и да го претставите пред семејството за и нив да ги воодушеви, како што тоа го направил со вас. И додека вие го доживувате како занимливо домашно милениче, тој веќе завршил работа во својата ноншалантна заводничка дејност: додека вие насмеани ја читате пораката на вашиот мобилен телефон, веќе сте во неговата прегратка.

Таа: Изгледа како девојче, а често и така се однесува кога сака да ве заведе и да ве освои. Како камалеон го прилагодува сопственото однесување, облеката, па дури и ставовите на вашите или приближно на оние што вам ви се допаѓаат. Флертот е составен дел на нејзиниот карактер, иако бро губи интерес кога ќе забележи дека сте „загризале“. Ако постојано и’ бегате, жената Близнак ќе трча по вас.

Рак

Тој: Ракот им се допаѓа и на вашата мајка и баба (а за другарките и сестрите да не говориме), а низ вас струи прекрасно чувство кога само ќе ве погледне со неговите очи на верно куче што ќе ви се радува секој пат кога ќе ве види. Навистина, ќе се изнаслушате приказни за неговото детство, за бабите и за дедовците, за тетките и за колачите, што нема да му пречи, додека ги раскажува, занесено да зјапа во вашето деколте. И кога со друштвото ќе наздравува во кафаната, бидете сигурни дека и тогаш размислува за вас.

Таа: Знае како со секој маж, може да заведе и да освои кого ќе посака, само ако сака. Таа е женствена и грижлива, предизвикувачка и полна со разбирање во исто време, а ќе се потруди да уживате во погледот на неа колку што ќе уживате додека се ситите со тортата и колачите што таа ги подготвила само за вас. Кога ќе ви раскажува за децата на нејзината сестра и за нивните игри, ќе сфатите дека таа е вистинската жена за вас.

Лав

Тој: Лавот ќе се потруди да ве воодушеви уште на првата средба со приказните за неговите успеси на училишните натпревари, на спортскиот терен и со воодушевувањето што го предизвикува кај децата во соседството. Ако случајно го прашате што е во хороскоп, бидете сигурни дека ќе ви одговори: Зарем не се гледа!? Џентлменските манири и чувството дека сите погледи се свртени кон вас кога сте со него, ќе направат покрај Лавот да се почувствувате како да сте на врвот на светот.

Таа: Плени со нејзината атрактивна појава, позата и ставот во кој ќе препознаете помалку глума и блеф, а неодоливо ќе ви се допадне до таа мерка што задивени ќе го слушате дури и тропкањето на нејзиниот накит. Сеедно дали ја собрала косата или ја пуштила слободно да и паѓа на рамењата, таа ја држи главата како на неа да има круна. И тоа со леснотија како тоа нешто да е сосема природно. Иако ужива во воздишките на додворувачите и обожавателите, ќе ви дозволи да ја освоите само ако таа процени дека сте вредни за нејзиното внимание.

Девица

Тој: Девицата уште на првата средба ќе се потруди да ве воодушеви со познавањето на поголемиот број теми од областа на науката, стопанството, економијата, автомобилизмот, градежништвото, но и со практични детали од секојдневниот живот. Ќе ви објасни дека е нешто најнормално на светот и дека коцката мраз што случајно ја допирал додека ви ја ставал во чашата неможе да биде извор на зарази поради ниската температура. Внимателно ќе ве слуша додека кукате поради малата плата, големиот обем на работа и неразбирањето од страна на шефот, па така брзо ќе сфатите дека верната Девица секогаш ќе биде тука кога ви е потребна.

Таа: Слатка е, зборлеста, помалку воздржана што ја прави интригантна за спротивниот пол, често манекенски градена, па лесно ги заведува и ги освојува мажите кај кои се раѓа желба да ја зачуваат само за себе си. Знае долго и внимателно да ве слуша додека и говорите за било што, а особено е чувствителна на туѓата мака и проблемите, па со неа секогаш ќе имате раме за плачење.

Вага

Тој: Пред било каков заводнички потфат или совојувачки поход тој пред се ќе се потруди косата да му биде беспрекорно чиста, а облеката доволно, па макар и спортски, елегантна. Затоа што тој нема да се чувствува дека е доволно симпатичен да ве заведе, ако не е задоволен со сопствениот одраз во огледалото. Со него, секогаш ќе се чувствувате како вистинска дама, а секогаш џентлменски ќе ви ја бакне раката, ќе ви го придржи палтото, ќе ви ја отвори вратата од автомобилот, ќе ви подарува бомбоњери и цвеќе и постојано ќе ви дели комплименти.

Таа: Како родена заводничка задоволна е ако забележи деки при првата средба не тргате очи од неа, затоа што Вагата ужива во тоа сите да и се воодушевуваат, иако често глуми воздржаност. П
оради вродениот шарм, мажите ги освојува со леснотија, па често и’ е непријатно кога треба да одбие некој нетрпелив, здодевен или наметлив додоврувач. Невоспитаноста и вулгарноста не ги поднесува, па често знае на општо изненадување да возврати со иста мерка.

Скорпија

Тој: Заведува со погледот и допирот и нема жена што неможе да ја освои, само ако го сака тоа. Затоа што неговата желба е посилна од сите препреки, непремостливи околности и можни ситуација, па дури и она што би го попречувало, за нив да биде предизвик. Ниту нивниот изглед, па ниту нивните години никогаш немаат врска со нивната моќ на заведување и освојување, затоа што Скопријата е вистински магнет за жени: доволно галантен, доволно таинствен и доволно упорен, па ретко која припадничка на спротивниот пол може да му одолее.

Таа: Избира, заведува, освојува и оди понатаму штом и на миг ќе престанете да ги задоволувате нејзините строги, пред се еротски критериуми. Опасна и досетлива, страсна и возбудлива, жената Скорпија сака мажот што ќе го избере да биде нејзина сопственост, но ако проблемот се јавува кога има повеќе од еден таков маж. Не се залажувајте дека вие тогаш ќе ја оставите неа, затоа што таа не чека да биде оставена.

Стрелец

Тој: Навистина го сака ветерот во косата, избледен џинс, брзо возење и гласна музика, па уште кога на патот ќе се најде некоја згодна автостоперка, еве авантура или романса. Без разлика на тоа колку има години мажот Стрелец секогаш е подготвен да ве заведе, а во освојувачките походи тргнува кога е на одмор или кога е доволно далеку од дома.

Таа: Тие се младолики, ведри, елоквентни, влеваат доверба до таа мерка што се чувствувате како да ја познавате отсекогаш, а нејзината потреба со интелектуална полемика ве импонира без оглед на нивото на вашето образование. Истовремено, жената Стрелец дрско ве заведува со своите прекрстени исончани нозе што некако секогаш ги исфрла во прв план, планира патување со вас, иако сеуште добро не ве познава, а вие сето тоа воодушевено го прифаќате… А кој не би прифатил?

Јарец

Тој: Гори од желба да седи во вашата близина, само да ве гледа и да ужива, затоа што ќе поцрвенее уште при случајниот допир на вашата кожа. Незнаејќи како да ви покаже дека сте го завеле ќе биде неспретен и помалку трапав, но неговите вистински заводнички способности ќе дојдат до израз кога ќе допрете до било која тема што има врска со образованието. Тогаш вие ќе гледате во него со обожавање и со стравопочит и потајно ќе размислувате како се бакнува.

Таа: Таа е вистински оган под мраз, баш затоа што е толку префинета и женствена, што мажите во нејзината близина во почетокот ги збунува почитта што таа ја буди кај нив. Жената Јарец без разлика дали носи минуи здолниште или подвезици под романтичниот фустан знае да ја разбуди имагинацијата на секој маж што има доволно трпение и упорност да ја заведе, освои и да ја победи нејзината срамежливост.

Водолија

Тој: Толку е ноншалантен, шармантен и лежерен, што при првата средба воопшто немате чувство дека ве заведува, освојува или било што слично. Тоа што ви пали цигара, достава пијалак во чашата, замислено молчи и не го симнува погледот од вас додека разговарате, ги одбива разговорите на мобилниот телефон – сето тоа ви одговара, а не сте ни свесни дека сте се „фатиле“. Кога ќе се разделите тој нема да ви каже ништо, но брзо ќе ја видите неговата порака на мобилниот телефон.

Таа: Пресметана е толку колку што и е важно да знаете да ги следите нејзините идеи и начинот на размислување. Затоа жената Водолија бира партнер сличен на нивото на образование, ставовите и однесувањето, без оглед на врежаното мислење за нејзината ексцентрична природа и потребата за слобода. На нејзината суета и’ годи машката упорност и подготвеност се да направите за неа, па затоа никогаш не отстапувајте ако сакате да освоите жена Водолија, а таа за возврат ќе ви биде верна.

Риби

Тој: Не знае како да почне да ви се додворува,па делува помалку неспретно што уште на првата средба предизвикува симпатии кај спротивниот пол. Ако е оженет во друштвото поради околината што може да го „издаде“ кај сопругата ќе глуми верен сопруг, но штом ќе остане насамо со вас ќе почне директен напад. И тоа секогаш со стил што подразбира внимание, сочуство и галантност.

Таа: Ужива во заведувањето уште при самата помисла на мажот што и’ се допаѓа, иако ретко (или никогаш) нема да му признае. Ќе направи се за да ве заведе (романтична вечера, миризливи свеќи, секси облека, поглед пред кој мажите ретко остануваат рамнодушни), а потоа таинствено ќе ви даде до знаење дека можеби сте успеале да ја освоите. И така до недоглед.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2016 во 08:53

Како изгледа свадбата на секој хороскопски знак


Се запознавате, се вљубувате, созревате заедно и еден ден ви станува јасно дека сте го пронашле човекот на својот живот. Време е за свадба и ве убедуваат дека тоа е само уште еден обичен ден со љубовта на вашиот живот, но дали е навистина така?

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Како изгледа прославата и невестата за време на овој ден според хороскопскиот знак?

Овен

Со расположение и однесување на вистинска дива, Овенот ќе го резервира најголемиот и најлуксузниот простор за прославата. Сите очи се вперени во невестата Овен, додека таа сјае со храбра фризура и совршена шминка. Професионални фотографии, луксузна свадба, цвеќиња во изобилство, а не е исклучен ниту гламурозниот фустан кој се влече неколку метри по невестата. Поклонете ѝ се сите на невестата Овен.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-2.gif

Бик

Како вистински приврзаници на домот и семејството, свадбата на Бикот е во знакот на традициите кои мора да се испочитуваат. Поканети се сите роднини и VIP личности во уредно наместен простор за прославата, која може да заземе место во огромен парк или елегантна винарија. Храната мора да е вкусна и да изгледа уште подобро. Зборот штедење е забранет за време на најважниот ден на хедонистичкиот Бик.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-3.gif

Близнаци

Самото сознание дека немирните Близнаци се врзуваат со некого за цел живот уште толку ја разбранува нивната темпераментна природа. Се изнајмува модерен и урбан простор за забава со многу коктели и одличен диџеј. Забавата трае неколку дена и потсетува на „Ивкова слава“ бидејќи никој од гостите не сака да си замине од најлудата журка.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-4.gif

Рак

Интимна церемонија е резервирана за нежниот и чувствителен Рак, кој не сака да ги покажува своите емоции во јавност. Подалеку од љубопитните очи и злите јазици, со многу романтика и понекоја солза, Ракот се заколнува на вечна љубов. Следи перфектна мала забава со интересен избор на морска храна во огромниот простран двор на Ракот, украсен со „Направи сам“ декорации, која изгледа шик и по малку винтиџ.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-5.gif

Лав

Горделивиот Лав обожава театралност и да е во центарот на вниманието, а свадбената церемонија по малку наликува на гламурозен циркуз, во позитивна смисла. Венчаницата е скапа и впечатлива, а следува и „after party“ со рок бенд, магионичар и уште многу други изненадувања. Особено се радуваат кога гостите си заминуваат со коментарот: „Досега не сме биле на ваква прекрасна свадба“!

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-6.gif

Девица

Перфектна мала свадба која вклучува кратка и едноставна церемонија со матичар под отворено небо е изборот на Девицата. Многу бела боја, нежни цветови, сијалички и декорации во совршен ред и симетрија. Сепак, ќе има многу фотографии од оваа романтична свадба и мора да се овековечи секој момент.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-7.gif


Вага

Свадбата на Вагата мора да содржи уметнички и историски елементи. Гудачки оркестар, најава на младоженците со романтична поема и совршен прв танц ќе го одбележат денот на мирољубивите Ваги. Поважно им е видеото од фотките, бидејќи ќе сакаат да се потсетат на секој миг од нивната свадба со насмевка на ликот.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-8.gif

Скорпија

Скорпијата не ја разбира баш целата таа свадбена опсесија. Знакот кој љубоморно ја чува својата приватност повеќе би сакал да склучи брак подалеку од очите на сите, макар и на осамена плажа само со избраникот на својот живот. Можно е да склучи граѓански брак без никој да знае, и еден месец подоцна да направи свадбена веселба. Без многу грижа за тоа што другите мислат, Скорпијата ја прославува својата љубов со многу шампањ.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-9.gif

Стрелец

Свадбата од соништата за авантуристичкиот Стрелец вклучува егзотична дестинација. Втората опција е прослава во природа во рустичен амбиент, под шатор и подиум за играње. Свадбата е проткаена со хумор, откачени фотки и задолжително вовче за време на танцувањето. Стрелецот се радува на огномети, искрени здравици и мени кое вклучува печено месо.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-10.gif

Јарец

Зборот „елеганција“ е клучен кога Јарецот организира свадба. Секој детаљ е промислен по неколку пати, од храната до виното кое Јарецот го одбрал самиот по свој вкус. Семејството зазема почесно место, но не ги диктира правилата за време на свадбата. Јарецот е диригент и ги држи сите конци на свеченоста каде што сè мора да помине во совршен ред.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-11.gif

Водолија

Вистината е дека Водолијата не е антиромантичар, но именката свадба звучи малку бесмислено за слободниот космополитски дух на овој знак. Водолијата го мрази вниманието кое ѝ е насочено, и наместо тоа сака прослава без многу помпа, каде што сите ќе бидат подеднакво вклучени. Наместо букет за невестата, Водолијата ќе постави кутија за донации. Нејзините најдобри другари ќе свират на свадбата, а веднаш покрај приборот за јадење ќе ве дочекаат картички со оригинални љубовни пораки.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-12.gif

Риби

Кога невестата Риби влегува во просторијата, ретко кој нема да пушти солза при нејзиното појавување, бидејќи и самата таа е возбудена поради силните емоции. Рибите имаат око за детали и сакаат тематски венчавки. Најсреќни се кога и останатите гости подеднакво уживаат во свадбата, правејќи ја ден за паметење.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-13.gif

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2016 во 08:33

Најдобриот одмор според твојот хороскопски знак


Дали го испланиравте вашиот летен одмор? Доколку се уште размислувате, погледнете што велат ѕвездите и дали е подобро да уживате на плажа или на планина. 

Овен



Вид на патување: Авантура
Сака: Разни патувања, кампинг, казина, спортски настани
Овните се природни поттикнувачи на независните патувања. Уживаат во одмор кој не им е толку многу испланиран, бидејќи сакаат да бидат спонтани. Може да биде некое едноставно патување на нова локација за нив или некоја експедиција на искачување на некој врв.

Бик

Вид на патување: Луксузен
Сака: Музички фестивали, убави природни предели, спа центри, ексклузивни хотели и микс од различна храна
Енергијата на Бикот плени од стабилност. Бикот има големо трпение, но сака да се релаксира во удобност. Работи напорно, па затоа одморот му е заслужен, иако ќе се задоволи и со еден викенд во луксузен хотел или спа центар. 

Близнаци

Вид на патување: Испланирано
Сака: Да учи нешто ново, да посети повеќе локации и турнеи
Близнаците се многу муабетлив знак, па нема да ви биде досадно со нив никогаш. Сакаат да запознаваат нови луѓе и да посетуваат повеќе дестинации, па сигурно нема да останат само на едно место. 

Рак

Вид на патување: Удобно
Сака: Вода, фамилијарни одмори, убави градби
Ракот постојано сака да гледа нешто, без разлика дали тоа се растенија, зеленчук или да негува некоја врска. Сакаат сигурен и испланиран одмор, со одредени забавни дневни активности.

Лав



Вид на патување: Висока класа
Сака: Да прави многу работи, да посетува културни настани, скапи места и софистицирани ресторани
Драматичниот Лав ужива да е во центарот на вниманието, па најинтересно ќе му биде тој да организира патување, во кое ќе си ги задоволи своите потреби. Најчесто избира луксузни дестинации како Париз или Милано, каде што сакаат да ги третираат со кралски третман.

Девица

Вид на патување: Искусно
Сака: Истражување на најдобрите спортски или локални настани, тури низ градот и убава архитектура
Девицата многу ги анализира работите, па затоа сака да го истражи убаво местото каде што се наоѓа. Но, во тие обиколки знае да внесе и забава, па често може да ја најдете на дегустација на вино или на некој час по готвење.

Вага

Вид на патување: Смирено
Сака: Бутици, нови ресторани, ноќен живот
Сака да ужива во луд одмор, но и во оној мирниот кој ќе и овозможи полнење на батериите. Најчесто избира дестинации кои им ги нудат и двете работи.

Скорпија

Вид на патување: Исполнето
Сака: Приватни места, реки, време за активности кои ќе може да ги прави сама
Скорпијата сака да ужива покрај вода, да ги наполни батериите и да се врати повторно со освежен изглед. Но, освен добар одмор, потребно и е и време кое ќе може да го помине сама, без разлика со кого е на одмор.

Стрелец



Вид на патување: Љубопитно
Сака: Да истражува непознати територии, места со богата историја, национални паркови, непланирани авантури
Стрелецот ќе ви организира уникатни излети во некој историски град каде што ќе ве тера да ја истражувате целата природа. Со тоа ќе си го обноват својот дух и енергија, но и ќе ги задоволат своите желби.

Јарец

Вид на патување: Длабоко
Сака: Погледи од височини, музеи, големи искуства
Јарецот ќе ги искористи можностите кои му се нудат, па многу е голема веројатноста да волонтираат во некоја туристичка агенција. Одморот го користат да се поврзат со своите блиски и сакани, но со доза на реалксираност и интересни активности.

Водолија

Вид на патување: Ново
Сака: Природни чуда, нетипични дестинации, авантура и нови градови
Водолијата е полна со идеи и визии, иако сака да биде во друштво со свои луѓе кои ги гледа секојдневно. Бира одмор кој ќе ја оттргне од секојдневието и ќе се потруди тоа да биде некоја нетипична дестинација на некое ново откриено место.

Риби

Вид на патување: Пренасочено
Сакаат: Вода, романтика и пловење
Рибите сакаат вода па најчесто ќе ги најдете како пливаат. Исто така, сакаат духовно да се надградуваат, па затоа бараат дестинации со убави погледи кои ќе им овозможат одлични фантазии.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2016 во 10:10

10 работи кои ќе ги разберете само ако сте Рак во хороскоп


„Раковите се емотивни и нежни“ е првата работа која ви паѓа на памет кога некој ќе ви каже дека е припадник на овој знак.

10-raboti-koi-ke-gi-razberete-samo-ako-ste-rak-vo-horoskop-1.jpg

Но, зад таа нежност, посветеност и лојалност, се кријат 10 работи кои ќе ги разберат само оние кои се родени во периодот од 21-ви јуни до 22-ри јули.

1. Барањето изговори зошто не сакате да излезете е ваша втора работа... затоа што можете да се преправате дека сте болни само за да останете дома и да јадете вкусна храна и да гледате серии и филмови со часови.


2. Се обидувате да не ја изедете целата храна пред вас
, затоа што Раковите толку сакаат храна, што не сфаќаат како некој може да одбие нешто толку прекрасно и совршено зготвено. За вас е вистинска борба да воведете режим на исхрана.


3. Сакате да бидете замотани во најмекото ќебе и да носите меки влечки, наместо неудобна облека.
 Кога само би можеле да се откажете од неудобните панталони и кошули, не би имало никаков проблем.


4. Кога некој ќе ви даде конструктивна критика, веќе сте пред плачење. 
Вашите деликатни чувства се и благослов и клетва.


5. Се заљубувате во истата секунда ако видите дека некој се грижи за вас.
Вашето срце можеби има милион лузни заради тоа, но никој не е поотворен во љубовта од Ракот кој се чувствува ценет.

10-raboti-koi-ke-gi-razberete-samo-ako-ste-rak-vo-horoskop-3.jpg

6. Ве номинираат за Оскар секој пат кога ќе почувствувате некоја емоција. Кога се смеете, се смеете најгласно и најзаразно од сите. Кога плачете, собата ја полните со солзи до поплава. Кај вас нема ништо помеѓу.


7. Сите пријатели мислат дека сте видовити. 
Што е сосема нормално, бидејќи секогаш однапред сте подготвени за она што следи.


8. Имате проблем со склопување на пријателства
, бидејќи или сакате најдобар пријател преку ноќ или не сакате да му го знаете името на човекот. Која е поентата да запознаете човек, ако не се зближите инстантно?


9. Имате цела соба полна со сентиментални предмети и ситници. 
Секоја честитка, влезница, визит картичка за вас е од посебно значење и никогаш нема да заврши во кантата за отпадоци.


10. Толку ги штитите своите пријатели, што е речиси застрашувачки.
Продавачката и рече на пријателката дека и треба поголем број фармерки? Веројатно не ве запознала доволно добро...

10-raboti-koi-ke-gi-razberete-samo-ako-ste-rak-vo-horoskop-2.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2016 во 18:32

Три среќни хороскопски знаци на кои до крајот на летото ќе им се исполнат сите желби


Сите знаеме дека дека секој од нас е ковач на сопствената судбина но сепак но кога се ѕвездите во прашање ова ова се трите хороскопски знаци кои имаат ќе имаат малку повеќе среќа во љубовта ова лето и тоа треба и да го искористат.

tri-srekjni-horoskopski-znaci-do-krajot-na-letoto-kje-im-se-ispolni-najgolemata-zelba-001.jpg

Водолија

Припадничките на овој знак имаат најголеми шанси да ја официјализираат својата врска или да дознаат дека ќе станат мајки. Најтоплите месеци во оваа година ќе бидат особено поволни кога станува збор за семејните врски. Овој период е особено плоден за започнување на сериозна врска, додека пак за паровите кои се долго време заедно е совршено време да го кажат судбоносното ДА.

Рак

Летото ќе биде посебно поволен период кога се во прашање љубовните врски на најемотивниот знак во хороскопот. Раковите конечно ќе можат да се извлечат од лошата врска или пак ќе официјализираат нешто што долго го посакувале. Нежните и емотивни Ракови копнеат за брак и верен партнер, па во текот на летото ќе запознаат токму некој таков. Доколку веќе подолго време размислувате за некој воздушен знак, во текот на јули ве очекуваат незаборавни моменти кои ветуваат сериозна врска.

Лав

Иако огнените Лавови мислат дека нивното време да се смират сè уште не пристигнало, летово тоа ќе се смени. Во текот на летото нивната комплицирана ситуација конечно ќе се реши и нештата ќе биде многу појасни. Јули и август кои се нивни месеци ќе им донесат многу насмевки и љубов, но и понуди за брак. За Лавовите кои се во врска подолго време ова е вистински момент да кажат ДА или барем да размислат за тоа, додека оние кои се сами можат да очекуваат љубов на која нема да можат да ѝ одолеат.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.