IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 150151152153154 157>
Автор
Порака
Суада Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Суада Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2016 во 23:09
Се препознав во Биковите...
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2016 во 09:26

3 хороскопски знаци кои имаат најизразена интуиција


На сите им се случува да имаат некакво чудно претчувство за одредени работи. Но, овие 3 хороскопски знаци имаат интуиција која речиси никогаш не ги разочарува.

3-horoskopski-znaci-koi-imaat-najizrazena-intuicija-01.jpg

Интуицијата е нешто што ни помага да ги донесеме правилните одлуки, но секое предупредување или претчувство се залудни ако личноста не достигнала едно задоволувачко ниво на зрелост и свесност.

Во оној момент кога ќе знаете како да ги процените луѓето и животните ситуации, тогаш ќе можете целосно да се потпрете на својот внатрешен суд и да ја користите вашата интуиција како моќно средство на патот кон успехот и личниот напредок.

Ова се трите хороскопски знаци кои според астролошките анализи имаат најизразена интуиција.

Риби

Луѓето кои се родени во овој знак се големи духовници и понекогаш сонуваат одредени работи кои подоцна можат да се остварат или да укажат на некој важен настан. Внатрешниот мир за нив е многу важен и доколку не успеат да го пронајдат, можат да се свртат кон пороците и така да избегаат од реалноста. Нивното мото е „Јас чувствувам“ и главно се раководат по нивните инстинкти, што е всушност и главната дефиниција за интуицијата.

Скорпија

Луѓето родени во овој знак имаат способност да ги „прочитаат“ туѓите мисли. Тие имаат истанчено чувство за многу работи и длабоко го проживуваат секое случување, па токму поради тоа се способни да почувствуваат што ќе следува. Овој знак точно ги чувствува вибрациите кои доаѓаат од која било личност, но понекогаш знаат да ги игнорираат нивните ментални „пораки“ и свесно се препуштаат на ризикот. Скорпиите ја сакаат опасноста и возбудата, и поради таа причина припадниците на овој знак често нема да се послушаат себеси бидејќи им е потребна акција. Тоа посебно се изразува во љубовта.

Стрелец

Доколку ја постигнале својата внатрешна рамнотежа, Стрелците можат сериозно да поработат на својата интуиција и да ја следат, бидејќи може да ги заштити во некои незгодни ситуации. Овој знак има огромни капацитети, но за жал, не ги искористува сите. Тие често ја имаат таа среќа нивната интуиција да им укаже на некоја опасна ситуација, но нема да успеат да анализираат ништо доколку во себе не го развиле чувството на внатрешно задоволство.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2016 во 15:20

6 ХОРОСКОПСКИ ДВОЈКИ ШТО НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГИ РАЗДЕЛИ

9

1. БИК – ДЕВИЦА

Овие двајца се одлична двојка, бидејќи биковите се познати по тоа дека се радуваат на малите нешта во животот. Тоа е голем плус за типичните претставници на хороскопскиот знак Девица, кои исто како биковите се нежни и ја сакаат природата. И двата ѕвездени знака се практични, до одреден степен материјалисти и секогаш постојани. Тие копнеат за семејство и стабилна врска.

2. РИБИ – РАК

Бидејќи Ракот е воден знак, претставниците на овој зодијачки знак се едни од најнежните меѓу сите други хороскопски знака. Секогаш знаат кога да се повлечат, имаат страшно добро развиена интуиција. Истото важи и за знакот Риби, иако на луѓето со овој хороскопски знак им е малку потешко да се поврзат. Раковите им делуваат смирувачки и ги тераат да чувствуваат стабилност, што е добредојдено за нив.

3. СТРЕЛЕЦ – ОВЕН

Тврдењето дека ако си играш со оган, може да се изгори, важи со полна сила за овие два хороскопски знака. Но овој оган за нив е добредојден, бидејки тие откриваат и испитуваат, поделуваат и покоруваат. Општи карактеристики се оптимизмот, решителноста и авантуристички, безгрижен дух. Стрелците секогаш сакаат да знаат што следува, додека претставниците на хороскопскиот знак Овен се малку помирни и секогаш подготвени да водат. Скандалите помеѓу овие два знака можат да стане многу грди, но додека гледаат во една насока и се разбираат, сè е прекрасно.

4. ВОДОЛИЈА – БЛИЗНАЦИ

Тоа се воздушни знаци, што значи дека додека ветрот не почне да дува премногу силно, се разбираат одлично. Велат дека Водолиите се тие што го менуваат светот, бидејќи се насочени кон совршеност и се стремат да остават своја трага. Близнаците се мултилатерални и нивната љубопитност и вештина да комуницираат со луѓето им овозможува да се приспособат во секакви ситуации. Оваа „разноврсност” клучна и овие два знака се дополнуваат многу добро.

5. ТЕРЕЗИЈА – ЛАВ

Претставниците на овие два лика се топли и дружељубиви. Терезиите се познати по нивниот шарм и вештина да им се допаѓаат на луѓето, тие често се душата на компанијата. Ставете го тоа до силното и доминантно присуство на претставниците на хороскопскиот знак Лав и добивате пар создаден во рајот! Терезијата, иако е општествена, не сака да зазема страна при спор. Лавовите, исто како сонцето, не можат да бидат игнорирани- нивниот животен карактер и енергија секогаш се присутни и ако некогаш видите човек кој се мачи за да биде во центарот на вниманието, може да сте речиси 100% сигурни дека тоа е знак Лав. Кога се стават овие два астролошки знака заедно, добивате топлина и возбуда. Сè е одлично, додека работите меѓу нив не се вжештат премногу.

6. ЈАРЕЦ – СКОРПИЈА

Овие два знака имаат многу различни енергии – Јарецот е земен, а Скорпијата-воден знак. Тоа значи дека доколку се спојат, стануваат сила, со која никој не може да се мери. За Јарците често е важна одговорноста, тие често водат таинствен живот. Ова често е во спротивност со некои од квалитетите на Скорпиите – тие се познати по тоа дека се многу злобни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2016 во 08:39

Како да ја најдете вистинската љубов? 2 хороскопски знаци со кои совршено си одговарате


На сите понекогаш ни треба мала насока каде да ја побараме идеалната љубов за која отсекогаш сме сонувале.

kako-da-ja-najdete-vistinskata-ljubov-2-horoskopski-znaci-so-koi-sovrseno-si-odgovarate-01.jpg

Сега астролозите го имаат одговорот - секој знак во Зодијакот има два совршени партнери со кои никогаш не може да погреши.

Овен

Овните се романтични, паметни и постојано се во потрага по нови сознанија и искуства. На нив може да им ги откриете и најдлабоките тајни. За нив се вели дека лесно се заљубуваат и за кратко може да се жртвува за партнерот кој го одбрал.

За жал, работите брзо им досадуваат, а запознавањето на нови луѓе и новите доживувања ги одржуваат во живот. Нивната фантазија е бесконечна и затоа се авантуристи. Кога е потребно, знаат да покажат заби и да бидат доминантни.

Идеални партнери:

Водолија - Со неа ќе имате доволно лична слобода. Водолиите се атрактивни и снаодливи, што им одговара на Овните. Овенот често е фасциниран од идеите на Водолијата и нивните цврсти животни убедувања, додека Водолијата го гледа Овенот како неверојатно моќна и забавна личност.

Близнаци - Тие анализираат се што е поврзано со нивниот партнер до најмал детаљ, а Овните сакаат да зборуваат за себе и уживаат во вниманието. Близнаците се комуникативни, секогаш во друштво на пријатели и така им ја овозможуваат слободата на Овните, која им е повеќе од потребна.

Бик

Биковите тежнеат кон безусловна љубов, уживаат во семејните собири и опуштената домашна атмосфера, топли се како личности, љубезни и емотивни. Приврзани се за родителите, децата и обожаваат животни. За нив рајот е во мирниот семеен живот. Ако сакате сериозна врска со Бикот, мора да се вклопите во таа слика.

Во љубовта се посветени, па постои голема шанса се друго да запостават заради партнерот. Единствен проблем може да бидат традиционалните вредности кон кои сакаат да се придржуваат во ова модерно време.

Идеални партнери:

Рак - Кога Бикот и Ракот ќе се спојат, тоа обично завршува со венчавка. Биковите се приврзаници на семејството, исто како Раковите кои се длабоко емотивни. Воспитани се така што вредно работат за да си осигураат комфорен живот.

Риби - Романтична комбинација затоа што главните одлики на Бикот се присебноста и цврстината, додека Рибата е нежна и емотивна. Заради разликите во темпераментот совршено се дополнуваат.

Близнаци

За Близнаците љубовта е рационална работа. Комуникативни се и тежнеат кон врски во кои постојано има успеси и падови. Од животот сакаат да го извлечат максимумот, а внимание им привлекуваат авантуристите. Кога животот им станува здодевен, утехата ја наоѓаат во љубовта.

Потребен им е весел и забавен партнер кој им ја разгорува фантазијата. Близнаците се динамични, па нивната волја за живот ќе го направи и вашиот посреќен и поисполнет.

Идеални партнери:

Овен - Близнаците се друштвени и како такви им ја даваат потребната слобода на Овните. Ако сексуалната врска на Овенот и Близнаците се зачини со внимание и романтика, може да прерасне во нешто прекрасно што е за долги патеки.

Лав - Лавот и Близнаците се гаранција за добра забава. Близнаците и Лавовите никогаш нема да бидат во посесивна љубовна врска и двајцата ќе го имаат она што го сакаат. Лавот ја цени остроумноста на Близнаците. Но, за оваа врска да успее мора да направат повеќе време само за нив двајца и да одморат од деноноќните забави.

Рак

Раковите се малку бавни, но сепак сакаат љубовни возбудувања. За нив љубовта се провлекува низ сите аспекти од животот. Константно бараат нежност. На прв поглед Раковите делуваат незаинтересирано, но тоа е само одбранбен механизам. Кога љубовта ќе им се случи, ги преминуваат сите граници.

Нивната топлина и емотивност ќе ве натераат да заборавите на се што е материјално. Сепак, за да ги освоите мора да се потрудите повеќе од вообичаено.

Идеални партнери:

Бик - Врската на Бикот и Ракот не е баш страствена, но би можела да успее ако Бикот си ја контролира тврдоглавоста, а Ракот емотивноста. Во секој случај Ракот и Бикот би требало да прават компромиси, но имаат големи  за бесконечна среќа.

Девица - Врските на Девиците и Раковите обично успеваат затоа што и двата знаци се свесни дека за љубовта и среќата треба да се борат. Имаат истенчени сетила, гурмани се и сакаат заедно да уживаат во животот. Затоа што и двата знаци побаруваат премногу, важно е да останат објективни меѓусебно.

Лав

Лавовите се романтични, великодушни и често екстравагантни. Остроумни се и имаат зацртано цел во животот, одлучни се и родени лидери. Во љубовта Лавот е романтичен, но и таинствен, а на партнерот ќе му одговараат сите тие мали изненадувања. Харизматични се.

Внимаваат на кого го отвораат срцето. Ако сакате да го освоите Лавот, дајте му комплимент за неговата интелигенција.

Идеални партнери:

Близнаци - Лавот ја цени остроумноста на Близнаците. Нивната врска е интересна за јавноста и во тоа и двајцата уживаат. Меѓутоа, нивната врска никогаш нема да успее ако не одвојат малку повеќе време за нив двајца, наместо да се трупаат со обврски.

Вага - По овој пар буквално секој ќе се врти, а тие се свесни и уживаат во популарноста. Сепак, тоа може да биде меч со две острици. Заради преголемото уживање во популарноста, интимноста може да западне во втор план. Неопходно е постојано запознавање и посветување еден на друг.

Девица

Девиците на прв поглед се студени, но се емотивни. Брзо го менуваат мислењето, избегнуваат расправии и кавги и секој разговор со нив е различно доживување. Како партнери се грижливи и тешко ја поднесуваат самотијата, па се сакаат да прават во пар.

Друштвени се и сакаат да ја искористат секоја прилика да се појават со полн сјај. После напорниот ден идеално опуштање им е нивниот дом.

Идеални партнери:

Рак - Девиците постојано го анализираат променливото расположение на Ракот и секогаш успеваат да откријат кога му треба нежен збор и рамо за плачење. Раковите не би требало да им замеруваат на Девиците за педантноста и долгиот список на обврски. Оваа комбинација ќе биде среќна само ако има повеќе поддршка за парнтерот.

Скорпија - Девиците и Скорпиите може да бидат добар пар само ако Скорпијата ја отвори својата романтична страна. Од друга страна Девицата и е интересна на Скорпијата затоа што не е лесна за освојување, а Скорпиите не сакаат лесен плен.

Вага

Вагите се вечни романтичари, идеалисти и полни со нежност. Партнерот на вагата мора да има разбирање за нивната постојана потреба за сигурност и хармонија. Да бидеш со Вага значи секогаш да бидеш заљубен.

Вагите целиот свој живот ги бараат принцовите и принцезите, па лесно може да се разочараат и при најситна грешка. Бараат перфекција, силен и стабилен партнер, но затоа за возврат се лојални до крај.

Идеални партнери:

Лав - Лавот и Вагата се вечни романтичари и подготвени за врски кои во 90% од случаите завршуваат со брак. Ако направат доволно добар баланс меѓу интимниот јавен живот, можат да бидат најсреќниот пар во Зодијакот.

Стрелец - Фантастично романтична комбинација во која може да имате апсолутно се - дискусии, патувања, авантури, луди доживувања. Затоа што Стрелецот и Вагата се со немирен дух, во оваа динамична врска ќе уживаат и двете страни. Единствен проблем може да биде желбата за доминација.

Скорпија

Скорпијата е сензуална, страствена и полна со духовитост. Фатално се привлечни и мистериозни. Скорпиите се емотивни и ранливи, но вешто се кријат. Си поставуваат високи цели и понекогаш знаат да делуваат дека се без емоции.

За Скорпиите довербата е основа на секоја врска. Ако ги сфаќате и прифатите онакви какви што се, ќе уживате секој ден.

Идеални партнери:

Девица - Девиците за Скорпиите се неодоливи затоа што не се лесен плен. И Скорпиите, без разлика на предрасудите можат да бидат емотивни и нежни. Сепак, Девиците би требало да останат по малку мистериозни за да не го загубат интересот на Скорпиите.

Јарец - Ова е врска на двете најамбициозни личности. Како моќни индивидуи, во врската постојано ќе ја мерат својата сила. Се додека се искрени еден кон друг, моќта на овие партнери ќе биде се посилна и посилна, исто како нивната љубов и почит.

Стрелец

Живото на Стрелците никогаш не е досаден. Во љубовта се независни и слободни, секогаш во друштво на пријатели. Им одговараат неформалните дружења. Долг е процесот додека го натерате Стрелецот да се заинтересира за некој, затоа што не донесува лесни одлуки кога се работи за љубов.

Ако сепак влезете во врска со Стрелец, љубовта и лојалноста се најубавите подароци кои можете да им ги дадете.

Идеални партнери:

Вага - Вагата сака брак и семеен живот, но воопшто не и е тешко да го увери неверниот Стрелец дека бракот не е робија, туку може да биде возбудлив. Во оваа врска никогаш не се знае кој е победник и доминантен, а тоа го прави односот позабавен.

Водолија - Ова е најкомпатибилниот пар во Зодијакот. Тие толку добро се разбираат, што уживаат кога молчат. Кога Стрелецот и Водолијата ќе се спојат настанува магија. Се поврзуваат на секое ниво.

Јарец

Јарците се полни со страст и се прават самоиницијативно. Нивното мото е „љубовта е се на овој свет“, а кога веруваат дека некоја врска е вистинската, се предаваат без двоумење. Практични се, а кога донесуваат љубовни одлуки, добро размислуваат затоа што не сакаат да се каат.

Јарците уживаат во убавината и префинетоста, а романтичари стануваат после неколку чаши вино. Нивната страст се музиката, уметноста и љубовта. Одлични се во организирање на времето, па со нив никогаш нема да го имате проблемот „немам време да се видиме“.

Идеални партнери:

Скорпија - Јарците секогаш сакаат да ги држат работите под контрола и добро ги контролираат емоциите. Слаби се на Скорпиите, на нивниот физички и ментален потенцијал. Тоа може да предизвика магнетска привлечност. И двата знаци се свесни колку вредат и сакаат максимално да го искористат потенцијалот на другиот без да се кријат.

Риби - Оваа романса може да трае долго, но со постојани успеси и падови. Јарците се чесни, сигурни, умерени и сериозни, се она што Рибите бараат. Не простуваат неверство колку и да ве сакаат.

Водолија

Ако сакате да бидете во врска со Водолија, ќе морате да ја делите нејзината желба за авантура затоа што не поднесува ограничувања. Ако Водолијата влезе во вашиот живот, очекувајте цел нов спектар на емоции.

Емотивни се и не ги разбираат луѓето кои бегаат од љубов. Своето срце го даваат лесно и искрено, па често се прелажуваат и влегуваат во непотребни ризици. Посветени се да ја достигнат љубовната совршеност која ја имаат зацртано во главата.

Идеални партнери:

Овен - Оваа врска може да успее единствено ако се темели на доверба, искреност и внимание. Препрека може да биде постојаната желба и на Овенот и на Водолијата постојано да бидат со нови, различни луѓе.

Стрелец - Еден од најдобрите парови. Стрелецот и Водолијата одлично се разбираат, се зближуваат од ден на ден, па им се смешка добра и стабилна иднина. И двајцата се слободоумни авантуристи кои сонуваат за бесконечна љубов.

Риби

Рибите во љубовта сакаат да се слободни, па не поднесуваат рестрикции. На почетокот може да ви делуваат далечни и студени, додека размислуваат дали им одговарате или не. Со Рибите треба само да сте итри и упорни. Среќни се кога ќе сфатат дека ви се вовлекле под кожа.

На нив мора да им се дадете без резерва, а ако имате желба врската да успее, мора да научите се да споделувате. Вашите интереси треба да станат заеднички ако сакате да останете едно.

Идеални партнери:

Јарец - Нежните Риби се одличен избор за Јарците кои преку нив може да ја ослободат својата личност, а истовремено да бидат и сакани и супериорни. Рибите се во потрага по нежност, а единствениот проблем може да настане кога Јарците нема да можат да им ја овозможат. Но, кога има љубов сите препреки се надминливи.

Бик - Два знаци кои точно знаат што им е потребно. Биковите сакаат мирен и тивок живот, додека на Рибите им е потребен силен и стабилен партнер кој може да им понуди емотивна и материјална стабилност. Заедно може да создадат хармоничен свет, сосема спротивен на хаотичното секојдневие.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2016 во 08:41
Мајкатааааа роговите за мене а
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2016 во 08:47

НАЈОСВЕТОЉУБИВИТЕ ЖЕНИ ВО ХОРОСКОПОТ: ЌЕ ВЕ САКААТ ДО НЕБО, НО НИТУ СЛУЧАЈНО НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ПОВРЕДИТЕ

11

Лав
Лавицата е жена на крајности – ако ве љуби, ќе ве обожава, но ако не, ќе ве мрази од дното на душата. Иако за јавноста е силна, речиси недопирлива и авторитатувна, во прегратката на својот избраник се претвора во мило маченце. Во љубовната врска ù се важни два елемента – да биде поголем авторитет за партнерот отколку тој нејзе и фантастично да си одговараат в кревет. Доколку овие услови се исполнети, не постои пречка за нејзината среќа и емотивна исполнетост. Секако, нејзиниот маж мора секојдневно да ù се восхитува и колку што е можно почесто да ù вели дека таа е една, единствена и неповторлива, вистинско ремек-дело. Освен тоа, пожелно е таа да е и интелектуално посупериорна. Меѓутоа, бајката почнува да се распаѓа оној момент кога тој, поради премор, ќе одбие за прв пат да води љубов со неа. Следното утро ќе види дека автомобилот му е изгребан со клуч, бидејќи тоа за Лавицата не е никаков проблем и ќе го стори тоа без ронка грижа на совеста само со цел нејзиното его да се врати во нормала. Ако случајно тој погледне помлада и поубава од неа, треба да се подготви за долгочасовен монолог.

najoopasni3
Лавовите имаат моќ секого да убедат дека црното е бело, па така таа ќе ја искористи и оваа ситуација да го убеди партнерот дека тој веќе не ја сака, дека нивната врска губи секаква смисла и така натаму, иако тоа нему не му е на крај на умот. Ако случајно тој ù каже дека му се чини оти колковите ù се малку пошироки од минатата година, воопшто не треба да се изненади кога таа ќе се појави од никаде, ќе се качи на хаубата од автомобилот и од својата баеги скапа чанта ќе го извади чеканот. Најстрашно е што ќе ги крши сите стакла додека тој е внатре во автомобилот.

Шкорпија
Таа е фатална жена во самата смисла на зборот; суштество со неверојатна имагинација и уште поотровен јазик. Не ја интересираат слабаци, ниту просек во било каква форма. Таа сака да го земе од животот само она најдоброто. Прво по што ќе ја забележите и засекогаш запаметите се нејзините очи. Поточно, погледот којшто хипнотизира и со кој ја мами жртвата веднаш да посака да стане нејзин плен. Но, не може тоа само туку така, бидејќи таа го избира човекот кој ù парира во сè или, можеби, оној кој е дури и посилен од неа, ако е можно. Маж кој е самосвесен, со кого ќе може да ужива и во интелектуални разговори и во необична љубовна игра в кревет, е она што го храни нејзиното срце и душа. Меѓутоа, ако тој случајно се обиде да надвладее, ќе биде санкциониран. Можеби не веднаш, ама жената Шкорпија има исклучително памтење и знае дека одмаздата е најдобра кога се служи ладна.

najosvetoljubivi4
Многу е посесивна и љубоморна, така што нејзиниот маж не треба ни да помиси да погледне друга жена, а камоли да размислува за нешто друго, бидејќи таа смета дека треба да биде апсолутен господар на неговото срце.

Стрелец
На жената- Стрелец воопшто не ù е тешко да заведе било кој маж, ама таа не игра на картата на својот добар изглед, туку ги намамува со својот ум. Авантуристка, секогаш расположена да испроба нешто невообичаено, со неверојатен темперамент таа е сон за секој маж. За да го пронајде оној вистинскиот, таа може да влезе во безаброј врски, кои најчесто завршуваат бурно, токму поради нејзиниот наглсен темперамент и способноста секому да најде слаба точка. Меѓутоа, кога ќе го најде она што го сакаа, подготвена е максимално да му се посвети и да му биде верна до крајот на животот. За среќникот жената-Стрелец може да биде совршен и убаво спакуван подарок од Бога, ама тој мора да води сметка за своето однесување, бидејќи, во спротивно, сето тоа може да заврши лошо по него. Крајно е нетрпелива, па доколку нејзиниот сакан одолговлекува нешто (а таа сака сега и веднаш), врз него ќе излее цел порој лути и, за една дама, несоодветни зборови. И покрај тоа што можеби не се работи за некоја крупна грешка, кога ќе ја обземе бес таа ја губи контролата врз себе и ја навредува другата страна до изнемоштеност. Од најмали ситници ќе направи драма само ако си помисли дека со нешто е загрозена.

najsovetoljubivi2

Ќе ги искрши сите чинии што ви ги подарила вашата баба пред затекнатите роднини само затоа што не сте го пофалиле нејзиното предјадење (полоша варијанта е вашиот лаптоп или мобилен, нели!). Го прави ова бидејќи за неа љубовниот живот е главна сфера и ако тука киксне, знае дека наскоро не ќе може да се опорави. Затоа ги бира и не баш најдобрите начини да го задржи саканиот, бидејќи смета дека ваквите ситни пакости (барем таа ги смета за такви) се оној скапоцен зачин што на вашата врска ù дава вистински вкус.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2016 во 09:28

КОИ СЕ НАЈУСПЕШНИ И НАЈПРАВЕДНИ ЗНАЦИ ВО ХОРОСКОПОТ?

19

Секој сака да биде успешен. Според астрологијата, кога имаме таква желба, може да се каже дека се јавува една планета која ни го праќа тој сигнал. За една личност да биде моќна, славна, популарна и успешна мора да има барем три планети кои ја красат и ѝ даваат таква сила, и тоа Јупитер, Марс и Сатурн. Во продолжение откријте кои се најуспешните три знаци во хороскопот, според планетарните подредувања.

Овен: Лидер

Овенот е пред сѐ храбар. Неговите ентузијазам и одлучност ретко кој друг знак ги поседува. За Овните работата е многу важна и секогаш треба да се заврши. Што и да добие во животот, да направи или да одлучи, тој е знак кој го работи тоа без никакви проблеми и двоумење. Неговата харизма се гледа во неговиот херојски карактер кој сака да победува. Дури и по цена на својот живот, Овенот ќе продолжи да се бори до крајот – тој е бестрашен. Поради тоа помеѓу припадниците на овој знак може да пронајдете лидери, шефови и директори кои не мируваат од моментот кога ќе влезат во фирмата. Ако нешто ветат, тие тоа и ќе го исполнат, но истото го очекуваат и од своите соработници.

Најмногу мразат предавство, лаги и малодушност. Овенот е фантастичен хирург, градежен инженер, војник, војсководец, актер, комичар како Чаплин, љубовник како Казанова и политичар како Хрушчов.

Стрелец: Оптимист

Планетата која владее со овој знак е Јупитер. Стрелецот како и неговата планета е симбол за моќта, успехот и уживањето. Тој е знакот на среќата, веселбата, егзотиката, ја сака храната, пиењето, патувањето, музиката, се бори против неправдата, владее со човековите права и пријателството му е императив. Тој е млад дух со убав естетски изглед, спортска градба, ги сака пламенитите спортови, па затоа тенисот му е еден од омилените. Стрелецот е отмен, аристократ, понекогаш бунтовник, ја почитува традицијата, но сепак сака да оди и по свој пат. Големите награди, медали и воени заслуги што ги добива потекнуваат токму од силниот Јупитер.

Стрелецот не е лесен за соработка и знае да биде доста строг и да казнува. За некој кој по природа е хедонист, нема поголема казна од тоа да се биде без пари и уживање. Животните апетити на овој знак се големи, но тие и се остваруваат. Типичните ѕвезди кои припаѓаат на овој знак се музичките легенди Френк Синатра и Тина Тарнер кои со својот талент се вистински претставници на Стрелецот, како и поради успехот кој го постигнале и кој сѐ уште трае.

Јарец: Владетел

Јарецот е знак без кој едноставно не може да се замисли успехот. Тој се смета за еден од највлијателните знаци во хороскопот. Природното десетто поле или зенитот, врвот и небото припаѓаат на овој знак. Јарецот е пред сѐ знак на дисциплината, моќта, успехот и ако некој сака да биде успешен, тогаш мора да се движи по таа струја. Работата, обуката на работниците и стратегијата му се основни параметри. Јарецот не е знак кој се плаши од стресот или губењето на работата бидејќи таа му припаѓа природно. Тој е предодреден да биде авторитет. Неговиот пат е тежок бидејќи тоа е знак на кармата, искуството од минатото и инкарнациите. Тој е успешен доктор, хемичар, биолог, политичар, адвокат, астроном, банкар, трговец со недвижнини, пејач и композитор.

Можеби еден од најсилните претставници на овој знак е музичката легенда Елвис Присли, кој е еден од ретки Јарци на кои, според астролозите, Сатурн му помогнал да стекне големо материјално богатство.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2016 во 09:29

НАЈПРОКЛЕТИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ

22

Кои хороскопски знаци се најпроклети? Вистината е – сите! Зошто секој човек без разлика на кој знак припаѓа носи ужасен квалитет во себе – така наречени рогови! Предупредувам дека текстот треба да го читаат само луѓе со смисла за хумор и спремни да се соочат со вистината.

Овен – Импулсивен проклетник! Прво ќе те срамни со земја, после со ангелска физиономија ќе те праша дали си добро?!

Бик – Жесток проклетник! Од една страна се прави дека се е во ред, ти вика нема проблем, а од друга страна крои одмазда – бавно ќе те измачува и ќе те погоди во слабата точка, онаму каде најмногу боли.

Близнаци – Несериозен проклетник. Тој дури не сваќа дека се однесува како проклетник. Прави глупости, ги заборава за секунда, а после со зачудена фаца ќе те праша: Нешто лут си ми? Зошто?

Рак – Манипулативен проклетник. Како само ти си жртвата да му се сневиди? Како се тебе те напаѓаат без причина, а ти секогаш си крајно добронамерен? Нас не не купуваш со тие приказни!

Лав – Нарцисоиден проклетник. Да тој е на врвот, а сите останати се ништожни и местото им е под неговите нозе.

Девица – Одмаздољубив проклетник. Забораваш, ама не забораваш. И години да поминале, ти ќе си вратиш мило за драго, па макар и последно да ти е.

Вага – Подли проклетници. Ќе се предомисли во зависност како му одговара, манипулира без око да му трепне, ќе излаже без проблем. Плете интриги од кои секогаш излегува со чисти раце како воопшто да не учествувал, а тој ја создал.

Скорпија – Ти не си само проклетник. Ти си најголемиот проклетник во Зодијакот. Во твојата глава има илјадници твои правила и ако некој ги наруши, веднаш влегуваш во улогата на судија. Ако човек не ти игра по свирката, не може.

Стрелец – Скандалџиски проклетник. Не можеш да си ја држиш устата затворена, нели? Цело време пукаш со навреди, но тоа е со добра намера според тебе. Мора ти за се да искоментираш, мора да дигнеш скандал. Дури на бабата во автобус за да и стане јасно дека никој не е должен да и отстапи место.

Јарец – Ти си комбиниран проклетник – рамнодушност, студенило, егоизам и алчност заедно. Но најлошо е што го гледаш тоа и ги цениш овие особини како свои квалитети.

Водолија – Циничен проклетник. Ти си еден од најпроклетите знаци во Зодијакот. Спремен си да ставиш сопка и да наместиш некого, за да можеш после задоволно и со насмевка на лицето да му се подбиваш. Ако некој ти згрешил, тешко него, само толку ќе кажам.

Риби – Апатичен проклетник. Слушаш некој во ноќта како вришти и бара помош, стануваш полека, се наметнуваш со нешто, ќе си го покажеш внимателно носот и ќе си кажеш или е некој луд или пак не е твоја работа да се мешаш. Секој за себе, е твое мото. А кога ти треба помош, очекуваш сите да се тука? Е тоа така не оди!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2016 во 09:31

ТЕШКО НА ВАС АКО СТЕ СО НИВ ВО ВРСКА: ДВАТА НАЈПОСЕСИВНИ ЗНАЦИ ВО ХОРОСКОП

20

Иако досега мислевме дека Шкорпиите и Лавовите се асоцијација за најљубоморни знаци, астрологијата не демантираше и ги прогласи апсолутните победници.

Овен

Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат на партнерот да му ја одземат целата слобода. Често се вљубуваат во  оние кои тешко може да ги освојат и не признаваат пораз се додека потполно психички не се уништат.

Доста се несредени. Кога ќе видат дека сте биле во право нема да ви признаат, тие никогаш не ги признаваат своите грешки. Тие не веруваат во хороскоп. Немаат нежност, себични се и нападни, не му се препуштаат на партнерот туку сакаат тие да ги диктираат правилата.

Рак

Ако ги обвините за лага дури тогаш ќе имате проблем. Ќе плачат и тажат со денови. Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност – еден ден ќе се претвори во вашиот најлош непријател и емотивен садист, додека следниот ден  ќе биде повторно онаа стара личност со блага амнезија.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2016 во 15:34

ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ГИ ИЗДАВА ВАШИТЕ СТРАВОВИ И ВАШИТЕ НАЈГОЛЕМИ ТАЈНИ

6

Сепак вашиот хороскопски знак ги издава вашите стравови и вашите најголеми тајни, но не грижете се, тоа сепак ќе ви донесе повеќе корист отколку штета.

Овен

Овенот лесно станува зависен од луѓето кои ги сака, но никогаш нема да го признае тоа, бидејќи се плаши дека таквата зависност ќе биде погрешно сфатена.


Бик

За разлика од другите знаци Бикот е тој кој е способен за голема посветеност и стабилна врска. Иако има изразена сексуална природа, тој ќе чека сè до моментот кога ќе се почувствува целосно сигурен за да го покаже тоа.


Близнаци

Длабоко во срцето Близнаците чувствуваат голема несигурност во врска со љубовта и потребно им е постојано убедување дека се на вистинскиот пат. Зборувајќи постојано и премногу, луѓето често мислат дека Близнаците кажуваат сè што им паѓа на памет, но вистината е дека нивните вистински чувства се секогаш длабоко скриени.


Рак

Најмногу од сè Раковите се плашат од тоа дека ќе бидат повредени, па овој страв ги прави многу ранливи. Како што подлабоко ги запознавате така тие ќе се отвораат пред вас и ќе попуштаат во својата одбрана, затоа бидете трпеливи и имајте разбирање.


Лав

Целата потреба од докажување, потреба од внимание е само маска со која Лавот ја прикрива несигурноста во себе. Лавовите имаат една карактеристика која се нарекува „лажна самодоверба“, а најголемиот страв им е дека некој може да го открие тоа.


Девица

Иако Девиците навидум изгледаат смирено, приземјено и резервирано, во нив често се случува вистинска ерупција од мисли и чувства. Иако ништо од тоа нема да видите на површина, најголемиот проблем со кој се спротивставуваат е нивниот сопствен критицизам.

Вага

Најголемата тајна на Вагата е што таа може да тргне во очајна потрга по љубов доколку се почувствува многу осамено и очајно. Ваквиот очај може да ја доведе до промискуитет и безуспешна потрага по љубов. Сепак доброто е што со текот на годините ова се намалува и зрелите Ваги речиси и да го немаат овој проблем.


Скорпија

Скорпиите имаат многу тајни и уживаат во тоа. Не се изненадувајте ако ви е потребно многу време за да ги дознаете дури и најосновните работи за нив. Нивната најголема тајна е дека знаејќи многу за нив ќе бидете чекор пред нив и во еден момент ќе го искористите тоа.


Стрелец

Стрелците се отворени личности па оттука потекнува и нивната најголема тајна – стравот од врзување. Иако на моменти им се допаѓа идејата за долгорочна врска штом почнат да стануваат дел од такво нешто чувствуваат паничен страв и често знаат да избегаат.


Јарец

Јарците имаат скриена желба да бидат најдобри во сè што прават. Заради тоа ретко покажуваат знаци на слабост, а нивната најдлабока тајна е стравот од неуспех. Само наведете некој од нивните неуспеси и веднаш ќе се обесхрабрат и ќе заборават на сите успеси кои ќе постигнале.


Водолија

Водолиите се секогаш опкружени со луѓе но сепак, на моменти се чувствуваат многу осамено. Нивната најголема тајна потекнува од чувството на оддалеченост и неповрзаност со луѓето околу нив. Гледајќи дека понекогаш другите имаат чувства кои тие не ги почувствувале ги прави да се чувствуваат осамени и изолирани.


Риби

Огромната срамежливост е веројатно нивната најголема тајна, ова особено важи за машките припадници на овој знак. Рибите се најранливиот знак во зодијакот па затоа бидете многу внимателни како разговарате со нив бидејќи само еден погрешен збор може да ги доведе до депресија.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2016 во 17:10
Среќа на социјалниве мрежи...Се опуштив малку.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2016 во 08:05

Секој хороскопски знак има 3 посебно важни денови во годината: Кои се вашите во 2016-та?


Астролозите откриваат дека секој хороскопски знак има свој најповолен ден за љубов, работа или исполнување на плановите во текот на годината.

sekoj-horoskopski-znak-ima-3-posebno-vazni-denovi-vo-godinata-koi-se-vasite-vo-2016-1.jpg

Откријте кои денови се вашите „среќни денови“ во втората половина на 2016-та:

Овен

12.06 - одличен ден за љубов

22.06 - неочекувано романтично познанство

24.12 - неочекувано складна промена и спој на старото и новото

Бик

10.06 - хармонија во љубовта и душата

22.06 - плима на сила, регенерација и обнова

03.08 - олеснување на проблемите и подобрување на односите со блиските

Близнаци

10.09 - раст на оптимизмот и подобри љубовни прилики

10.11 - пораст на енергијата и силата во вас

25.12 - мир и среќа во душата и љубовта

Рак

09.06 - преиспитајте ја животната филозофија, најдете решение, но донесете конечни одлуки друг ден

06.07 - здрав пристап на љубовта и среќа на ова поле

24.08 - ден за опуштање и одмор, ништо не форсирајте

Лав

20.07 - ден за нова стабилна и долготрајна врска или официјализирање на веќе постоечката

03.08 - енергијата ќе биде насочена во добар правец и така ќе си ја вратите силата и мирот

14.08 - од денес ќе ви биде јасно каде ве води љубовната врска

Девица

09.06 - бидете отворени за промени, но одлучувајте од утре

27.08 - олеснување, среќа, хармонија после бура, мир на љубовен план

01.09 - подготвени сте да заклучите една фаза и да започнете нова на било кое поле


sekoj-horoskopski-znak-ima-3-posebno-vazni-denovi-vo-godinata-koi-se-vasite-vo-2016-2.jpg

Вага

23.06 - одете таму каде што се чувствувате среќни и не ги сфаќајте работите премногу сериозно

10.09 - веселете се, почнува вашата среќна година после 12 долги години

25.12 - склад, среќа, љубов и мир во душата

Скорпија

04.06 - бран на енергија кој може да потрае со месеци

27.06 - ден за нежна, искрена, возвишена љубов како од филмовите

03.08 - доволно работевте и напредувавте, време е за одмор

Стрелец

14.08 - после долги и зрели преиспитувања, конечно ќе знаете што треба да правите

24.08 - ден за храбри потези, одете на ризик, но ништо не правете со сила ако не чувствувате дека е правилно

30.10 - ден за долготрајна љубов

Јарец

03.06 - ден за длабока, фатална и судбинска љубов, односно средба која ќе ви го промени животот

10.08 - склад, мир и среќа во душата

28.09 - имате енергија за двајца, направете што повеќе можете

Водолија

07.06 - плима од емоции, заради што ќе бидете посебно привлечни за спротивниот пол

02.12 - полн погодок за реализирање на своите замисли и деали

24.12 - пресреќни сте кога сте меѓу луѓе, па впуштете се во нови познанства

Риби

09.06 - добар ден за промени, но не и за конечни одлуки

20.07 - магичен ден за љубов која веројатно ќе потрае до крајот на животот

16.09 - не се опивајте од фантазии и розови мисли, останете цврсто на земја

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2016 во 08:44

Биковите се лојални, Скорпиите ќе ве издадат при прва прилика


Ако сте се запрашале некогаш колку ќе ви трае љубовта, прочитајте во астрологијата, која секогаш има одговори за повеќето важни случувања во нашиот живот. Според неа на Лавовите се им здосадува многу брзо, па нивните врски траат по година или две. Што е со другите хороскопски знаци?



Овен - Заминува штом ги снема страстите

Припадниците на овој знак се заљубуваат многу брзо и тоа со целото срце. Врската со нив е динамична и страсна, а нивните чувства се длабоки. Во љубовта често се непромислени и многу се караат, па магичниот круг на смирување може да се одложува долго време, или додека не исчезнат страстите. Штом се случи тоа, веднаш излегуваат од врска.

Бик - Не сака да остава

Биковите се многу предани личности. Нема да се врзат за секого, а оној кој ќе го пуштат во близина, имаат намера да го чуваат до крајот на својот живот. Сепак, важен им е и сексуалниот чин.

Близнаци - Не остава, но им дава на другите причини за тоа

Во суштина, многу се предани и не сакаат да оставаат, а својот партнер може да го тестираат до крајни граници на љубомора. Понекогаш ќе ги мачи флерт со други личности, а токму со тоа му даваат на партнерот причина за да ги остави. Начинот на кој може да се смират е ако им дадете нешто за да се занимаваат.

Рак - Најсреќни се ако се врзат за еден партнер цел живот

Раковите не сакат сомнежи, несигурност и неизвесност во љубовта. Склони се на долги врски, а неретко завршуваат и со првата љубов. Сепак, може да бараат прилично многу работи, љубоморни се и несигурни, поради што може и да го оттргнат партнерот од себе. Во брак се верни.

Лав - Врските обично им траат од една до две години

Припадниците на овој знак обично се внимателни кога влегуваат во врска и не се вљубуваат веднаш. Сепак, откако се сигурни дека го освоиле својот плен, во односот се многу страсни и се предаваат целосно. Во природа им е сè брзо да им здосади, па нивните врски обично траат неколку години.

Девица - Ја цени сигурноста во долгите врски

Во љубовните врски најмногу уживаат во фазата на освојување. Способни се да бидат предани и верни, а во неверства најчесто не се впуштаат бидејќи не се знак кој е фокусиран на секс. Ќе влезат во брак кога ќе добијат емотивна и материјална сигурност и почит. 

Вага - Долгите врски се темел на пријателство

Еден од најпреданите знаци во љубовните односи се Вагите, а нивните долги врски најчесто се темелат на пријателство. Ќе се одлучат да застанат на лудиот камен ако партнерот целосно ги задоволува во сексот, но и ако ги задоволува во друштвена смисла.

Скорпија - Еден од најверните знаци

Иако припадниците на овој знак ги покренува еротската енергија, тие се едни од најверните знаци. Со оглед на тоа дека се многу харизматични и привлечни, нивните партнери се соочуваат со многу предизвици. Сепак, многу се љубоморни и токму поради тоа им завршуваат повеќето врски. Ќе се смират само кога до себе ќе имаат сигурен партнер во кој може да имаат целосна доверба.

Стрелец - Долго размислува пред да се врзe

Неодлучни се што се однесува по емотивните прашања, па често ни сами не се сигурни во своите љубовни избори. Тешко се врзуваат, но би се смириле покрај партнер кој пред се им е пријател и им ја пружи потребната слобода. Склони се кон неверства, но знаат добро да ги кријат.

Јарец – Очекува апсолутна верност

Јарците се многу традиционални и тешко се врзуваат за некој, но ако тоа го направат, значи дека може да трае цел живот. Од својот партнер очекуваат целосна верност, но неверството ќе го доживее како предавство и веднаш ќе ве избришат од нивниот живот. Добриот секс и децата се лепак кој го оддржува Јарецот.

Водолија – Потребен е постојан предизвик

Тешко останува со луѓето кои не им се доволно интересни или на било кој начин не претставува предизвик. Различноста за нив е омилен зачин за животот. Сепак, може да се предадат и да се заљубат, но тоа нема да го издржат ако треба многу да се прилагодуваат. Ќе се смират со партнер со кој никогаш нема да им биде досадно.

Риби – Најверниот хороскопски знак

Може да се каже дека рибите се олицетворение на верност и животот најубав би им бил ако го поминат со еден партнер. Во љубовта се упорни, романтични, а би се откажале од партнерот само ако насобраните фрустрации веќе не може да ги држи во себе.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2016 во 16:00

КАКО ИЗЛЕГУВАТЕ НА КРАЈ СО СВОЈОТ СТАТУС СИНГЛ, ЗНАЧИТЕЛНО ЗАВИСИ ОД ТОА КОЈ Е ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

7

Дали вашиот статус сингл е избор во кој уживате и чиј предизвик го избравте сами или чувствувате дека ви е наметнат и дека тоа не е природен начин за да живеете? Како излегувате на крај со својот статус сингл, значително зависи од тоа кој е вашиот хороскопски знак.

Овен

Овните се природни водачи и се во состојба да уживаат во предноста да бидат сами. Не сакаат да бидат попречувани и своето однесување и постапки да ги прилагодуваат на некого, па така за нив во самотијата нема ништо неприродно. Тие ја доживуваат како слобода за да ги искажат своите способности и темперамент.

Бик

И овој знак ја цени својата независност и самостојност. Биковите имаат силна волја и сакаат да ги прават работите на свој начин. Премногу ги иритира кога некој им се спротивставува и им наредува да постапат поразлично. Повеќе се плашат да влезат во врска после долг период на самотија, отколку да останат сами после долга врска.

Близнаци

Изразито самостојни, енергични и луѓе од акција, Близнаците се ужасуваат од врзување и обврзување. Тие се премногу динамични и со променливо расположение, па се склони да почнат да се досадуваат кога се во стабилна врска. Премногу се привлечни и ретко се случува да бидат сами, но со вештото балансирање успеваат да одржуваат лабави и површни врски, без вложување и посветување.

Рак

Раковите се многу комплицирани и осетливи души. Тие ги ценат својата слобода и независност, па немаат проблеми да бидат сами. Меѓутоа, потребен им е некој кој ќе се грижи за нив и ќе им пружи поддршка додека поминуваат низ своите бурни емотивни кризи. Не доаѓа во обѕир да бидат сами, и кога сингл периодот ќе потрае, тие го преживуваат со помош на мечтаење за тоа дека ќе пронајдат партнер каков што им е потребен.

Лав

На Лавовите им е тешко да бидат сами, иако сметаат дека се многу јаки и независни. Сепак, на нив им е потребно да имаат некој кој ќе ги смирува и зауздува кога лавовски ќе се разбеснат, како што им е потребно и да имаат поданици и обожаватели. Ова е можеби најнесамостојниот знак во хороскопот.

Девица

Девиците бараат многу и се комплексни личности кои нема да ги намалат своите критериуми и да се прилагодуваат за да не останат сами. Тешко им е да пронајдат некој што ќе им одговара, а некој што не им одговара не доаѓа предвид. Ако самуваат, тоа е поради тоа што не пронашле некого, а не поради тоа што сакаат да бидат сами.

Вага

Вагите се независни мислители, но тие ги сакаат луѓето и уживаат во нивното одобрување. Предизвикуваат симпатии и потребно им е обожавање. Кога се сами, тоа е поради тоа што мора да се одморат од постојаното заљубување во секого кој ќе им покаже наклоност.

Скорпија

Како партнери, можат да бидат верни и посветени, ако се освоени. Меѓутоа, на нив им е сосема природно да бидат сами. Имаат доволно своја работа, интересирања и амбиции, за да им го окупираат целото внимание. Кога се сами, се чувствуваат слободно и задоволно со себе, нив самотијата не ги плаши и загрозува.

Стрелец

Стрелците се дружељубиви и привлечни и сакаат да освојуваат, но не сакаат да се обврзуваат. Тие бараат авантура и фасцинација, а освен тоа, доста добро се чувствуваат и сами.

Јарец

На нив не им е потребен некој кој ќе ги одобрува и ќе им додава гориво на нивната самодоверба. Со својот независен дух, Јарците удобно се чувствуваат во самотијата.

Водолија

Тие ја сакаат слободата повеќе од љубовта. Дури и кога ве обожаваат, ќе ја задржат дистанцата и независноста. Ним самотијата не им е само природна, туку и неопходна за да се чувствуваат нормално.

Риби

Од сите знаци, на Рибите врската им е најпотребна. Тие се пречувствителни, несигурни и склони кон самосожалување, па за нив самотијата е опасна по нивната емотивна стабилност. Кога се сами, тие минуваат низ многу маки и кукање, а тоа е знак дека веќе поминале преку границата на стабилноста.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 150151152153154 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.