IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5152535455 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 13:07

ТОРТА СО ЕУРОКРЕМ И ПУДИНГ

1

Состојки:

пандишпан:

7 лажици брашно

2 лажици какао

1 пециво

3 јајца

2 лажици гриз

5 лажици кокос

10 лажици млеко

5 лажици шеќер

100 гр ореви

прелив:

пола чоколадо за готвење

1 лажица масло

100 грама еурокрем

фил:

2 кесички пудинг од ванила

5 лажици шеќер

700 мл млеко

1 желатин

декорација:

шлаг крем од чоколадо

Подготовка:

1. Најпрво ги сечкаме оревите на мали парчиња, но не многу мали и не рендани за да се почувствува вкусот. Плехот со димензии 32 * 22 го обложуваме со хартија за печење и ги распоредуваме оревите .

2. Брашното, какаото и пецивото заедно ги просејуваме за да нема грутки во посебен сад. Ја вклучуваме рерната да се загрее на 200 степени.

3. Во сад за матење ги матиме белките, со постепено додавање на шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи ги додаваме и жолчките и не престануваме да матиме. Потоа ги додаваме гризот, млекото, кокосот, брашното, пецивото и какаото и матиме со миксер додека смесата не се соедини. Ја истураме во плехот над оревите (внимавајте оревите треба да останат од долната страна) и печеме во загреана рерна околу 15тина минути во зависност од рерната. Пандишпанот е готов кога ќе се оддели од краевите а може да проверите и со чечкалица.

4. Откако ќе се испечи го оставаме да се излади.

5. Додека се лади пандишпанот го подготвуваме преливот. На пареа го топиме чоколадото со маслото и кога ќе се стопи го додаваме еурокремот и мешаме со лажица да се соедини.

6. На пандишпанот му ја отстрануваме хартијата и го враќаме во плехот со долната страна нагоре ( оревите да дојдат горе). Од страните ставаме хартија за печење за да не се залепат коцките и да можеме подобро да ги исечиме. Целиот пандишпан го премачкуваме со преливот.

7. Желатинот го раствараме со малку ладна вода.
8. Пудинзите со 5 лажици шеќер ги вариме во 700 мл млеко. Откако ке се свари пудингот , ја исклучуваме ринглата и го додаваме набабрениот желатин и мешаме да се растопи. Додека е топол го истураме врз пандишпанот.
9. Шлаг кремот го приготвуваме според упатството на кесичката и го ставаме во готварски шприц.

10. Пред да ги сечеме коцките ја отстрануваме хартијата. Над секоја коцка ставаме од шлаг кремот. Доколку сакате можете и поинаку да ги украсите а и без шлаг крем пак убаво ќе изгледаат.




Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2016 во 14:04
САМО 10 МИНУТИ И ЧЕТИРИ СОСТОЈКИ – И ЌЕ ДОБИЕТЕ СОВРШЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА!

Ако ви се јаде торта, а имате на располагање само десетина минути и само овие четири состојки, сепак ќе може да ги задоволите своите желби.

Потребни состојки:

 4 јајца
 200 гр црно чоколадо
 100 гр путер
 изрендана кора од портокал

Стопете го чоколадото на пареа, а во посебен сад сматете ги јајцата и путерот. Полека додадете го изладеното стопено чоколадо во јајцата, мешајќи постојано. На крајот додадете ја изренданата кора од портокал, сипете во тавче и печете на 180 степени Целзиусови околу 20 до 25 минути.


Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2016 во 18:06

Чоколадна гнездо торта

Потребни состојки за оваа торта се:

  • 100 гр млечно чоколадо
  • 300 мл хопла
  • 200 гр крем сирење
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 175 гр мини чоколадни јајца

За основата:

  • 6 белки
  • 180 грама шеќер
  • 165 гр шеќер во прав
  • 1 лажица какао

Начин на подготовка: 

Пред да започнете да ги матите состојките за основата, земете лист хартија за печење и на неа исцртајте круг со дијаметар од 20 см. Потоа свртете ја хартијата од обратната страна, за линијата од кругот да не се исцрта на основата. Загрејте ја рерната на 120 степени.

Со помош на електрична маталка изматете ги белките, шеќерот и прстофат сол додека не добиете убава пена која прави остри врвови на маталките од миксерот. Откако ќе го направите тоа додавајте го шеќерот во прав и полека мешајте додека не добиете изедначена смеса. Матете уште 3 минути, за да на крај го додадете какаото. 

Оваа смеса истурете ја на хартијата за печење така што ќе формирате гнездо со дупка во средната. Печете час до час и половина или додека целувката не започна да пука. Исклучете ја рерната и оставете ја подотворена додека гнездото убаво не се излади. 

Во меѓувреме од чоколадото направете украси така што со помош на нож ќе изделкате мали бранови. 

Во друг сад со миксер изматете ги хоплата, сирењето и шеќерот во прав. Потоа кремот ставете го во средината на изладеното гнездо и украсете со мини јајцата и чоколадните декорации. Доколку сакате за крај може да наросите малку шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2016 во 08:15
Торта со цимет

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300гр. Екстра бело брашно

65гр. путер

100гр. шеќер во прав

1 лажичка ванила екстракт

1 јајце, на собна температура

прашок за пециво

150мл. млеко

Прелив: 3 лажици растопен путер

1/2 лажичка мелен цимет

3 лажички шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте едно округло тавче (20 см) со малку масло и обложете го со хартија за печење.

Со миксер изматате го путерот со шеќер и ванила. Додадете го јајцето и добро изматете ја смесата. Префрлете ја смесата во поголем сад и додадете го брашното и млекото и добро измешајте за да добиете рамногмерна смеса.

Префрлете го тестото во подготвеното тавче. Печете ја тортата 35 минути. Оставете ја да одстои во тавчето 10 минути пред да ја извадите во чинија за послужување.

Додека е сеуште топла, премачкајте ја тортата со растопен путер. Измешајте ги циметот и шеќерот и посолете ги врз тортата.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2016 во 15:55

ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ЈАГОДИ

1

Состојки

  • 8 јајца
  • 265 г шеќер
  • 265 г Екстра бело брашно од Жито Лукс
  • 265 г путер
  • 100 г какао
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка ванилин шеќер

За сируп: 

  • 200 г јагоди
  • 100 г шеќер
  • 2 дл вода

За фил:

  • 200 г коцки чоколадо
  • 4 дл шлаг
  • 50 г шеќер

За декорација:

  • ронки од чоколадо
  • јагоди
  • малини
  • боровници
  • какао прав

Начин за подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Одберете две еднакви тави, намачкајте ги со путер и наросете брашно. Мешајте ги путерот и шеќерот сè додека добро не се соединат. Додадете ги жолчките, млекото и ванилиниот шеќер и повторно добро промешајте. Во нов сад мешајте ги белките се додека не се направи густа бела пена, а потоа додете ги во веќе направената смеса. Смесата поделете ја во тавите и ставете ја во претходно загреаната рерна да се пече од 25 до 30 минути и потоа оставете ја да се излади.

За сирупот:

Ставете ги јагодите, шеќерот и водата во тава и оставете ги да вријат 10 минути, потоа исцедете го сирупот и оставете да се излади.

За филот:

Стопете ги чоколадото и 2 децилитри од шлагот заедно на пареа и добро промешајте ги. Добро измешајте ги преостанатиот шлаг и шеќерот.

Откако сите состојки се подготвени, се започнува со редење на тортата. На тацна, ставете еден дел од испеченото тесто и прелијте го со сирупот. Потоа премачкајте го тестото со филот од чоколадо. Ставете го другиот дел од тестото одозгора и додајте го преостанатиот сируп. Премачкајте ја целата торта со шлаг и наросете ги ронките чоколадо и какаото во прав. Декорирајте дополнително со јагоди, малини и боровници. Оставете ја тортата да се излади околу половина час, оставајки простор да го впие сирупот со што подолго ќе остане мека и сочна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2016 во 15:32
МАГИЈАТА НА ЧОКОЛАДНИОТ КУГЛОФ: БОГАТ ВКУС, ЛЕСНА ПОДГОТОВКА!

Жителите на Алзас го смислиле куглофот како посебен колач во облик на турбан, во чест на Светите три кралеви, вели легендата.

Обврзно пробајте го овој богат рецепт, и тоа споделете го само со посебни гости.

Потребни состојки:

 3 јајца
 250 гр маргарин
 250 гр шеќер
 1 кесичка ванилин шеќер
 250 гр меко брашно
 ½ лажичка прашок за пециво
 5 лажици млеко
 250 гр ореви
 100 гр чоколадо за готвење

Подготовка:


Сматете го маргаринот со шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцата. Брашното измешајте го со прашокот за пециво, па измешајте со смесата, додавајќи го млекото. Додадете ги и мелените ореви и растопеното чоколадо. Смесата сипете ја во подмачкан калап за куглоф и печете на температура од 180 степени Целзиусови, околу 60 минути.


Уживајте!


Изменето од Valerija - 25.Мај.2018 во 21:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2016 во 08:46

КОЦКИ СО БЕЛО ЧОКОЛАДО

3

Денес ви претставуваме еден едноставен рецепт за колачи со прегорен путер и бело чоколадо кои се прават лесно и за многу кратко време, а се навистина вкусни.

Состојки:

– 150 гр. путер

– 1 чаша кафеав шеќер

– 1 јајце

– 1 лажица екстракт од ванила

– 1 чаша брашно

– 1/4 лажичка сол

– 100 гр. бело чоколадо (сецкано)

– 1/2 чаша путер од кикирики

White-Chocolate3Подготовка:

Во еден сад стопете го путерот. Кога ќе почне да добива кафена боја и се појават меурчиња тргнете го настрана.

Додадете го шеќерот и мешајте додека смесата не се комбинира убаво, а потоа додадете ги и јајцето, ванилата и повторно промешајте.

На оваа смесата додадете ги брашното и солта. Убаво измешајте. На крај додадете го и сецканото чоколадо.

Смесата ставете ја во плех за печење и одозгора премачкајте ја со путерот од кикирики.

Печете ја 15 до 20 минути на 150°C, а потоа исечете ја на коцки.

Доколку сакате кога ќе се изладат пропрскате ги коцките со бело чоколадо.

White-Chocolate-5

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2016 во 12:22

Пробајте го колачот кој е подобар и од сексуалното задоволство


Луѓето кога ќе пробаат нешто вкусно, знаат да го споредат со врвното задоволство предизвикано од сексот. Токму поради тоа уживање, решивме да ви прикажеме рецепт на чоколадна торта со фил од карамела, од која вашиот стомак ќе се „возбуди“ до највисок степен.



Потребни состојки за кората:

  • 160гр брашно
  • 30гр мелени бадеми
  • 30гр какао
  • 50гр шеќер
  • ¼ лажичка сол
  • 120гр путер
  • 1 лажичка ванила
  • 1 јајце
  • 2 лажици ладна вода

Прво направете ја кората на тој начин што ќе ги измешате сите суви состојки, па во нив додадете го ладниот путер исечкан на коцки. Измешајте и додадете ги јајцата, ванилата и водата и повторно мешајте. Оставете ја смесата во фрижидер да постои 30 минути. 

Откако ќе се излади, развлечете го тестото со помош на сукало и ставете го во калап за тарт, покријте го со фолија и вратете го во фрижидер уште половина час. Извадете го и направете дупчиња со виљушка, врз него поставете хартија за печење и врз хартијата ставете грав, кој има улога да го задржи тестото цврсто, а потоа печете 15 минути на 180°С. По 15 минути извадете го гравот, па печете уште 15 минути. Оставете да се излади и потоа извадете ја кората од калапот.

Потребни состојки за карамела:

  • 300гр шеќер
  • ½ шолја вода
  • ½ шолја слатка павлака
  • 70гр путер
  • 1 лажичка сол

Згответе ги шеќерот и водата да добиете карамела. Не мешајте, туку само привремено протресувајте го садот. Кога шеќерот ќе ја добие бојата на карамел, додајте малку од слатката павлака и гответе уште две минути. Тргнете ја од оган, додајте го остатокот од павлаката и малку сол, измешајте и со добиената карамела прелијте го тестото. Оставете да се излади во фрижидер 4-5 часа. 

Потребни состојки за преливот:

  • ½ шолја слатка павлака
  • 120гр црно чоколадо

Помешајте ги овие две состојки и прелијте преку целиот тарт. Оставете да се излади и украсете по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2016 во 12:29

Без јајца, млеко и путер: Чоколадна торта која се прави во еден сад


Не постои човек на планетата Земја кој не сака да јаде чоколадна торта. А, ако не морате да внимавате на килограмите тогаш чоколадната торта е најубавото задоволство кое можете да си го дозволите.

bez-jajca-mleko-i-puter-cokoladna-torta-koja-se-pravi-vo-eden-sad-1.jpg

Ако ви е смачено од купот садови за миење после готвењето овој рецепт е совршен за вас. Потребен ви е само еден поголем сад каде ќе измешате сè, без да направите целосен хаос во кујната.

Состојки:

  • 500g брашно
  • 3 лажици какао во прав
  • 225g шеќер
  • 1 лажичка печиво
  • ½ лажичка крупна сол
  • 1 лажичка оцет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 лажици масло
  • 240ml вода

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте ја со путер или масло тавата за печење.

Додадете ги сите суви состојки во тавата за печење и убаво измешајте.

Направете 3 дупчиња и додадете го оцетот, екстрактот од ванила и маслото. Додадете ја водата и убаво измешајте со виљушка додека не добиете хомогена смеса.

Печете 35 минути на температура од  350 степени.

Почекајте да се излади па прелејте ја со Нутела, стопено чоколадо или друг прелив по ваш избор.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2016 во 17:30

Dave’s Kitchen: Торта со јагоди и урми


Искористете ги јагодите додека се уште ги има на пазарот и пригответе вкусна торта со јагоди.

Потребни состојки :

  • 500гр јагоди
  • 250 гр. сецкани ореви
  • 100 гр. суво грозје
  • 250 гр. шеќер
  • 100-150 мл млеко
  • 3 јајца
  • 1 шолја брашно
  • 1 лажичка прашок за печење
  • Околу 15 исечкани урми
  • 500 мл слатка павлака
  • 2 чоколади за готвење

Начин на подготовка:

Помешајте ги со дрвена лажица или шпатула оревите, сувото грозје, шеќерот, јајцата, млекото, брашното, прашокот за печење и исечканите урми. Треба да добиете хомогена смеса што ќе ја истурите во кружен калап за печење, претходно подмачкан со маргарин. Печете околу 80-тина минути на 120 степени. 

Слатката павлака матете ја додека не се направи шлаг. Додадете го растопеното и изладено чоколадо и исечканите јагоди. Промешајте и оставете го филот да отстои во фрижидер минимум 2-3 часа. Откако тестото ќе се излади пресечете го на два дела и премачкајте со филот. Премачкајте ја целата торта со филот и декорирајте со свежи јагоди.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2016 во 08:29

ТОРТА ОД МАЛИНИ И ЧОКОЛАДО

Торта од малини и чоколадо

Овошјето е тоа кое дава свеж вкус и ја намалува блажината од чоколадото, па добивате совршена комбинација на слатко-кисело.

Овој колач со малини е одличен пример за ваква комбинација. Но, ако на тоа додадеме дека се подготвува брзо и лесно и нема потреба да се пече тогаш не чекајте ни миг за да го подготвите.

Состојки:

  • 700 g темно чоколадо
  • 300 ml хопла
  • 2 лажици путер
  • 400 g „Орео“ колачи (или други слични чоколадни колачи)
  • малини за декорација

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги искршените „Орео“ колачи со путерот.

2. Добиената смеса ставете ја во калап и убаво распоредете ја по целата површина и страничните ѕидови.

3. Ставете го калапот во фрижидер додека го подготвувате кремот.

4. Загрејте ја хоплата на оган додека да почне да врие и потоа тргнете ја настрана. Додадете го чоколадото и мешајте додека тоа не се стопи и додека смесата не стане хомогена.

5. Истурете го кремот во калапот и убаво распоредете го насекаде.

6. Ставете го калапот со крем во фрижидер 10 минути.

7. Наредете ги малините и повторно вратете го калапот во фрижидер, оставајќи го околу 2-3 часа.

8. Извадете го колачот од калапот и подготвен е за послужување.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2016 во 20:02

СОЧНИ КОЦКИ СО КОКОС И ЈАГОДИ

12

Замислете ја само комбинацијата од кокос и сочните црвени јагоди – тоа е вистинско уживање!

Состојки:

  • 5 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 100 грама кокос
  • 200 мл студено млеко за прелевање на кората

Фил 1:

  • 500 грама јагоди
  • 200 грама шеќер
  • 2 пудинга од јагода

Фил 2:

  • 5 жолчки и 7 лажици шеќер
  • 5 лажици гистин
  • 500 мл млеко и 200 грама путер
  • 100 грама шеќер во прав

За декорација:

  • 200 грама шлаг изматен со 300 мл кисела вода

Подготовка:

Изметете ги белките во цврст снег, додадете шеќер и уште миксирајте. Потоа вмешајте го брашното со прашокот за печиво и кокосот и се убаво соединете. Добиената смеса ставете ја на хартија за печење во плех и печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 20 минути.

Печената кора веднаш се прелева со студено млеко и оставате да се олади.

Фил 1:

Јагодите ги ситните со блендер, додавате шеќер и ги варите. Посебно го растворате прашокот за пудинг во вода и го додавате во зовриената маса. Мешате додека не се згузне, а потоа го тргате од оган.

Фил 2:

Жолчките ги матите со шеќер, густин и 100 мл млеко па ги варите во останатото провриено млеко. Пенасто се миксира путерот со шеќер во прав и се составува со оладениот крем од жолчки и млеко.

Шлагот се мати со кисела вода. На кората се нанесува првиот фил, се израмнува, па премачкувате со вториот фил, а декорирате со изматениот шлаг.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2016 во 09:40

Dave’s Kitchen: Рецепт за вкусни француски макаронс


Денес од кујната на Давор го презентираме рецептот за еден од најбараните десерти во моментот. Иако се специфични за правење француските макаронс, сепак не се невозможна мисија.

Потребни состојки:

  • 3 белки
  • 1/3 од шолја шеќер
  • 1 шолја мелени бадеми (ситно измелени како брашно)
  • 1 1/3 шолја шеќер во прав
  • 2 лажици еспресо

* Големината на шолјата со која ќе ги мерите состојките е од 100 мл.

Начин на подготовка: 

Во сад за матење ставете ги белките и започнете да матите. Кога ќе се формира почетна пена пополека додавајте го шеќерот и продолжете да матите на најголемата брзина (шеќерот додавајте го постепено). Потребно е да матите околу 7 минути за да добиете цврст шлаг. 

Во сад на страна низ сито поминете ги шеќерот во прав, еспресото и мелените бадеми. (Овој чекор е многу важен за да Ви излезат добро колачињата). 


Во садот со изматените белки додадете ги пресеаните бадеми,еспресото и шеќерот во прав и со помош на шпатула мешајте пополека не дозволувајќи брзо да се изгуби воздухот во смесата. Постепено промешувајте и проверувајте ја смесата на тој начин што со шпатулата ќе земете и ќе гледате како паѓа. Треба да паѓа постепено како лава.

Ставете ја смесата во готварски шприц и формирајте ги колачињата во мали кругчиња. Кога ќе го исполните тавчето исто така важен чекор (доколку не го направите, нема да ја добиете посакуваната форма) е благо да го удрите тавчето по еднаш на работната маса од сите страни. Овој чекор помага да излезе воздухот од колачињата и токму поради ова ќе се формира пукнатината на колачето (стапало). 

Оставете ги 40-тина минути да се исушат на собна температура (во зависност од влажноста на воздухот понекогаш и до 1 час). Кога ќе ги допрете со прстот треба да бидат засушени. 

Загрејте ја рерната на 140 степени и печете ги 13-15 минути.

Потребни состојки за филот:

  • 120 гр. путер на собна температура
  • 120 гр. шеќер во прав
  • Екстракт од ванила

Сите состојки ставете ги во миксер и матете околу 7 минути додека не добиете убава пенлива смеса. Филот ставете во готварски шприц и нанесете врз едно колаче од долната страна, со друго поклопете го филот и ќе добиете сендвич колаче - макаронс.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2016 во 08:16

БРЗ КОЛАЧ ОД КОКОС И ЧОКОЛАДО

За среќа, рецептот е брз, лесен и евтин, па може да го подготвувате колку често и да сакате.

Плус, ви требаат само 20 минути во кујна.

Потребни состојки:

  • 200ml јогурт
  • 200ml масло
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 200g брашно
  • 100g чоколадо за готвење
  • 200ml млеко
  • 200g кокос
  • 200g шеќер
  • 1 лажица прашок за печиво

За глазура:

  • 100g чоколадо за готвење
  • 3 лажици масло

Начин на подготовка:

Во голем сад ставете го млекото заедно со шеќерот и оставете го да отстои.

За тоа време во друг сад ги мешате следните состојки – јогурт, масло, кокос, ванилин шеќер, брашно и прашок за печиво.

Кога ќе добиете еднолична смеса, додадете ја во млекото и шеќерот.

Намачкајте едно средно тавче за печење со масло и со брашно, па во него претурете ја смесата и прелијте со растопено чоколадо. Печете 30-тина минути на 180 степени.

Откако ќе го извадите колачот, подгответе ја глазурата, односно стопете го чоколадото на пареа заедно со маслото.

Колачот добро оладете го и пред послужување прелијте со чоколадо.

 



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5152535455 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.