|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 148149150151152 157> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Проверете кој е ваш тип на маж според хороскопотКако да го изберете правиот маж отсекогаш било прашање. Можеби на вас ѕвездите ќе ви помогнат околу тоа. Нека ви помогнат ѕвездите во одбирањето на правиот господин. 1. Ништо не е повеќе секси од маж:
2. Совршена предигра е :
3. Ваш идеален прв состанок е :
4. На забава избива тепачка меѓу двајца мажи. Како очекувате да постапи вашиот дечко?
5. Денот на заљубените од вашите сништа мора да вклучуваат :
Поени: 1. А-4, В-1, С-3, D-2. 2. А-1, В-2, С-3, D-4 3. А-4, В-2, С-3, D-1 4.А-4, В-1, С-2, D-3 5. А-1, В-2, С-4, D-3 Земјени знакови од 5 до 7 поени (Бик, Девица, Јарец) За : Постоен и вистински страствен Против: Избирлив и потребен Мажите коио спаѓаат во земјените знакови имаат меѓавина на груб и софистициран вкус, но и сирова страственост која ќе ве собори од нога. Овие се фраери кои лесно постигнуваат успех во кариерата и сакаат лабав живот, но сепак со другата нога цвртсо стојат на земјата. Често разговарајте со нив и не допуштајте да неговите потреби ги засенат вашите. И само да знаете, тие се експерти за испробување на сексуални пози па немојте да бидете срамежливи во кревет. Водени знакови од 8 до 11 поени (Рак, Шкорпија, Риби) За: Заведливи и грижливи Против:Тешко да го прочитате и срамежлив е Ако барате чувствителност и романтика, тие ќе ви ја дадат. Овиое момци како да имаат шесто сетило и секогаш знаат жто сакаат жените па се трудат и тоа да ви го пружат. Секогаш се сочувствуваат, но често не знаат добро да ги изразат своите прави емоции па во почетокот на врската треба во тоа да му помогнете. Тие сакаат семејно окружување затоа планирајте излегување во локално кафичи и пицерии или едноставно уживајте во мирна вечера дома Воздушни знакови од 12 до 15 поени (Близнаци, Вага, Водолија) За: Духовит и мудар Против: Збунет и темпераментен Вие уживате во разговарање. Овие мажи се фантастични во разговорите кои цела ноќ ќе ве држат будни. Среќа, одлични се и во валканите разговори. Уживаат во културни доживувања, пијачка по работа со пријателите на кои разменуваат ставови и мислења. Посебно се слаби на жените кои ги подржуваат. На нив главен адут им е комуникацијата, затоа секогаш со себе имајте мобилен и уживајте во СМС – сите и заводничките меилови. Огнени знакови од 16 до 20 поени (Овен, Лав, Стрелец) За: Привлечен и забавен Против: Непредвидлив и немирен Ве возбудува неговиот магнетен авантуристички дух, но внимавајте, овие момци сакаат да втрчаат во врска. Затоа врзете го сигурносниот појас и тргнете на диво возење. Планирајте активни состаноци на кои ќе ја потрошите неговата неисцрпна енергија. Совет: мажите родени во огнени знакови сакаат возбудување на парите па немојте да се срамите да покажете дека прилично барате и дека ни малку не сте лесен плен. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОВОЈ ЗНАК Е КАКО СЛОН, СÈ ПАМЕТИ, А ОСОБЕНО ТУЃИТЕ МААНИ, ПА НЕ Е НИ ЧУДНО ШТО Е ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈНАПОРНИОТИзменето од Valerija - 15.Април.2016 во 15:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИМААТ ЗЛАТНО СРЦЕ: ЕДИНСТВЕНИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК КОЈ МОЖЕ ДА ПРОСТИ СЕРечиси невозможно е човек да простува сè, затоа што секој има одредени принципи, до кои се држи. Да простуваш е човечко, но никој не рекол дека е лесно. Се учиш цел живот да не реагираш остро, да ги разбираш другите гледни точки и дека и ти не си безгрешен. Но има еден знак во хороскопот кој умее да простува речиси сè: Лавовите се великодушен и разумни. Тие поседуваат нетипични за сите останати хороскопски знакови внатрешна сила и спокојство, кои им даваат посебен сјај во очите. Тие ги избираат внимателно луѓето до кои се држат и тоа е клучот за нивната склоност да простуваат. Лавовите не дозволуваат случајни луѓе во својот живот и многу внимателно го доживуваат секој од блиските со време и дејства. Кога еден човек влезе во нивниот живот, тоа значи дека тој е сигурен и може да му се има верба, речиси без никакви условности. Кога сепак се случи некој да го предаде Лавот, во почетокот тој реагира како статуа и не изразува никакви емоции. Тоа е и нивно казнување – долгото молчење. Ако предавството, што и да е тоа, се случи во семејството, на Лавовите треба многу повеќе време за да простат. Но тие се подготвени на се за семејството и знаат дека треба да направат компромис за да им продолжи среќата дома. Кога претставниците на овој знак се предадени од близок пријател, тие простуваат, но никогаш немаат верба повторно како што имале порано. Ги вадат своите заклучоци, но не покажуваат посебна промена во однесувањето, ама секогаш си имаат едно ум и никогаш не прифаќаат човекот повторно како нивен најблизок пријател. Лавовите се хороскопскиот знак кој може да им прости сè на вистинските луѓе. Тие имаат златни срца и доволно храброст за да му верувате повторно. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТАА Е УБЕДЛИВО НАЈГОЛЕМАТА ЗАВОДНИЧКА, НА ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ПАЃААТ СИТЕ МАЖИТаа е забавна, друштвена, магична и провокативна. Сака да запознава нови луѓе и не е вообразена, но нема многу интерес за долги љубовни врски. Непредвидлива е и својата друштвена и љубовна маска многу брзо може да ја замени со дистанцирање и ароганција. Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност за да биде заинтересирана, бидејќи оваа дама не дозволула игра со нејзиното тело, со некој кој не е способен да ја предизивика интелектуално. Подготвена е да го употреби целото женско оружје, а својот шарм и привлечност за да го добие тоа што го сака. Оваа жена лесно се заљубува и затоа тежнее кон тоа да има повеќе од еден љубовник во исто време, се додека не го пронајде вистинскиот. Тогаш таа се смирува и се посветува на семејството, партнерот и бракот. Но дури и тогаш е спремна да каже “крај“, доколку партнерот ја изигра нејзината доверба или открие дека и е неверен.
Изменето од Valerija - 18.Април.2016 во 08:09 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАЈОСВЕТОЉУБИВИТЕ ЖЕНИ ВО ЗОДИЈАКОТ: ЌЕ ВЕ САКААТ ДО НЕБО, НО НИТУ СЛУЧАЈНО НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ПОВРЕДИТЕ!Лавицата е жена на крајности – ако ве љуби, ќе ве обожава, но ако не, ќе ве мрази од дното на душата. Иако за јавноста е силна, речиси недопирлива и авторитатувна, во прегратката на својот избраник се претвора во мило маченце. Во љубовната врска ù се важни два елемента – да биде поголем авторитет за партнерот отколку тој нејзе и фантастично да си одговараат в кревет. Доколку овие услови се исполнети, не постои пречка за нејзината среќа и емотивна исполнетост. Секако, нејзиниот маж мора секојдневно да ù се восхитува и колку што е можно почесто да ù вели дека таа е една, единствена и неповторлива, вистинско ремек-дело. Освен тоа, пожелно е таа да е и интелектуално посупериорна. Меѓутоа, бајката почнува да се распаѓа оној момент кога тој, поради премор, ќе одбие за прв пат да води љубов со неа. Следното утро ќе види дека автомобилот му е изгребан со клуч, бидејќи тоа за Лавицата не е никаков проблем и ќе го стори тоа без ронка грижа на совеста само со цел нејзиното его да се врати во нормала. Ако случајно тој погледне помлада и поубава од неа, треба да се подготви за долгочасовен монолог. Лавовите имаат моќ секого да убедат дека црното е бело, па така таа ќе ја искористи и оваа ситуација да го убеди партнерот дека тој веќе не ја сака, дека нивната врска губи секаква смисла и така натаму, иако тоа нему не му е на крај на умот. Ако случајно тој ù каже дека му се чини оти колковите ù се малку пошироки од минатата година, воопшто не треба да се изненади кога таа ќе се појави од никаде, ќе се качи на хаубата од автомобилот и од својата баеги скапа чанта ќе го извади чеканот. Најстрашно е што ќе ги крши сите стакла додека тој е внатре во автомобилот.
Многу е посесивна и љубоморна, така што нејзиниот маж не треба ни да помиси да погледне друга жена, а камоли да размислува за нешто друго, бидејќи таа смета дека треба да биде апсолутен господар на неговото срце.
Ќе ги искрши сите чинии што ви ги подарила вашата баба пред затекнатите роднини само затоа што не сте го пофалиле нејзиното предјадење (полоша варијанта е вашиот лаптоп или мобилен, нели!). Го прави ова бидејќи за неа љубовниот живот е главна сфера и ако тука киксне, знае дека наскоро не ќе може да се опорави. Затоа ги бира и не баш најдобрите начини да го задржи саканиот, бидејќи смета дека ваквите ситни пакости (барем таа ги смета за такви) се оној скапоцен зачин што на вашата врска ù дава вистински вкус. – |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Која улога ја има вашиот хороскопски знак во хорор филмовите?Секој хорор филм има една личност која прва бега од вратата, личност која секогаш преферира да трча по скали, личност која веднаш сфаќа кој е убиецот и онаа единствена личност која преживува до самиот крај. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗАОКРУЖЕТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ ДАТУМИ: НАЈСРЕЌНИТЕ ДЕНОВИ ВО 2016 ГОДИНА ЗА СЕКОЈ ЗНАКЗемете го годишниот планер и ЗАДОЛЖИТЕЛНО заокружете ги следниве датуми: 12 април – Голем ден за љубов (благодарение на Венера и Марс) 10 мај – Хармонија во љубовта и душата (благодарение на Венера и Јупитер) 10 септември – Пораст на оптимизмот и сè подобри можности за љубов (Јупитер е ’виновникот’) 9 март – Го преиспитувате вашиот став, доаѓате со решенија, но одлучувајте од утре (затемнување на Сонцето) 20 јули – Ден за стабилна и долготрајна врска, некои одлучуваат за формализација (влијание на Венера и Сатурн) 9 март – Бидете отворени за другите, тие го имаат главниот збор 23 март – Одете таму каде што се чувствувате добро, свртете сè на шега и држете се до фактите 4 јануари – Ќе ве заплисне бран енергија; тоа ќе потрае неколку месеци 14 август – После длабоките и зрелите преиспитувања, конечно знаете што треба да правите 3 февруари – Ден за длабока, фатална, судбоносна љубов или средба, на која ќе бидете особено привлечни 7 март – Плимата од емоции расте во вас, блескате (спој на Месечината и Венера) 9 март – Чувствувате дека некои работи одат кон својот неизбежен крај и дека следува нешто сосема ново; промената е тука, но одлучувајте од утре (затемнување на Сонцето во Риби) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ма батали до небо, глеј си автомобилот!
во секој случај, боље да си во оние што ги сакам! е ај, ќе го чекам трети аугуст.. |
|
едно е - не се две
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАЈДОБРИОТ ЗНАК ВО ХОРОСКОПОТПретпоставувате за кого станува збор? Кога ќе дојде до тоа се да треба да се држи под контрола, Вагата ја превзема главната улога…Таа е мирољубива и правична, а најмалку од се сака да биде сама. Партнерството е од огромно значење за Вагата, особено она на лично ниво. Но со својот победнички менталитет и кооперативност тие не се склони долго време да бидат сами. Вагата е воздушен знак со изразен интелект и силен ум. Во нејзината природа е да е инспирирана од интересни книги, несовладливи дискусии и занимливи луѓе кои успеваат да и ја растераат здодевноста. Владеачката планета на Вагата е љубител на убави нешта – Венера па затоа квалитетот за Вагата е многу поважен од квантитетот. Дамите во овој хороскопски знак се опкружени со уметност, музика и убави места за да можат да го достигнат својот потенцијал. Бидејќи по природа се кооперативни, често работат со други на креативно проекти. Вагата е фасцинирана од рамнотежата и симетријата. Често се личности кои ја ценат рамноправноста и не поднесуваат неправда и прават се да ја снема. Не се склони да се конфронтираат без причина и сакаат да го чуваат својот мир. Најголем проблем за Вагата е кога е принудена да бира страна. Понекогаш поминуваат премногу време во спознавање и аргументација на секоја страна па забораваат да имаат свое мислење. Тие се расплинуваат во својата неодлучност и не ретко можат да “полудат“ кога донесуваат одлуки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДВА ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ЧИЈА ОДМАЗДА Е НАЈСУРОВА!Јарците Добри се, мили се, даваат многу од себе, но ако некој ги повреди, следува апокалипса. Не им се допаѓа неправедноста и не можат да трпат нешто да не е во ред или некој да ги обвинува за нешто што не сториле. Претставниците на овој знак се мирољубиви суштества по природа, но никој не треба да им ги тестира границите, зашто потоа горко ќе жали. Во нив се води внатрешна битка – да возврати или да молчи. Колку пати молчат, толку пожестоко возвраќаат потоа. Биковите си ја знаат цената и никогаш не дозволуваат некој да се однесува лошо или да си игра со нив. Нивната најсилна одмазда е тотално игнорирање на личноста која еднаш ги предала. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
2 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ ТЕШКО ЌЕ ВИ КАЖАТ “ТЕ САКАМ“Овие два хороскопски знаци делуваат по малку ладно, но тоа е само на прв поглед. И наместо да се нервирате бидејќи не можат да се натераат да ви кажат “те сакам“ можеби подобро би било да научите да ги прочитате знаците со кои тоа ви го покажуваат. “Ладен“ е првиот впечаток за личностите кои се родени во овој хороскопски знак. Тој изгледа како непробојна тврдина која ништо не ја погодува, но кога ќе ги процесираат нештата во состојба се да плачат цела ноќ. Секако ако се сами дома. И таман кога ќе помислите дека срушивте еден ѕид, тој крева друг и така во недоглед. Стравот од повредување е тој кој го спречува Јарецот да ги покаже своите чувства и затоа ги закопува длабоко во себе. Но сепак неговата фасада паѓа во вода кога ќе му покажете дека навистина ви значи. Само треба да имате трпение и челични нерви. Она со што Лавот не може да се избори е суетата која го спречува да се отвори и да ја покаже својата ранливост на друга личност. Никогаш нема да признае дека од нешто се срами, секогаш ќе имате впечаток дека за него знаете помалку од што тој знае за вас. Со леснотија ќе ве остави на цедило и тешко ќе прифати своја грешка. “Извини“ е збор кој нема да го каже лесно, ако воопшто некогаш успеете да го натерате да каже. Во својата глава тој е совршен. Полесно ќе му извадите заб отколку зборови со кои ќе ги покаже своите чувства. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубовен хороскоп за мај 2016-та годинаБлизнаците мораат да ја убедат саканата личност во своите емоции, додека пак, Лавовите во текот на мај ќе уживаат во добрата забава и времето поминато со пријателите. Како ќе го поминете мај? ОвенОние кои се во брак или врска, пренагласено ќе се обидуваат да ја докажат својата љубов на материјалистички начин. Овните ќе посакуваат од партнерите поголемо внимание преку подароци, вечери во ресторани, заеднички патувања или нов мебел, автомобил... Можни се мали расправии и незадоволство поврзано со трошењето на парите и лошата комуникација. Сè до 22-ри мај, додека планетата МерК*р се движи ретроградно, нема да најдете разбирање со партнерот. Бидете мудри и почекајте да дојде крајот на мај и сè ќе се одвива така како што посакувате. Потребна ви е вештина и компромис. Двете планети кои се важни за вашите чувства, Сонцето и Венера, сега се наоѓаат на полето на парите. Сигурно е дека ќе ги имате и ќе ги трошите на себе и на другите. Во главно немате проблем со сигурноста во себе, но парите ќе ви бидат дополнителна стимулација, па ќе ги користите за луксуз и движење низ високото општество, каде ќе запознаете една галантна Скорпија, Вага, Близнак или Лав. За да ѝ го освоите срцето потребно е да имате толерантен став до крајот на месецот кога можете да очекувате влез во нова и забавна врска. Младите Овни ќе се посветат на пријателите и добрата забава. БикБиковите кои се во брак или сериозна врска сè уште се наоѓаат во фаза на хармонизирање на односот со партнерот. Ќе се чувствувате прилично добро, ќе бидете полни со енергија, а и ќе го почувствувате љубовниот жар. Вашиот партнер ќе биде окупиран со себе и сопствените проблеми, па нема да биде способен да ве разбере. Сепак, не ви е дојдено време за драстични промени, бидејќи не ви оди од рака ретроградното движење на поголемиот дел од планетите. Затоа, најпаметно е да ја одржите моменталната состојба. На крајот од месецот можно е конечно да дојдете до добра комуникација со партнерот. Трпение спасение. На мајското сонце сè изгледа поубаво, а младите Бикови посебно ќе заблескаат. Со својот нов имиџ ќе ги освојувате и крадете погледите на спротивниот пол. Со полни гради ќе уживате во убавите моменти, во флертувањето и кратките забавни врски. Ве привлекува еден Бик, Јарец, Вага или скорпија. Меѓутоа, во првите десет дена од мај, од време навреме, ќе ви се јавуваат носталгични емоции кон поранешната љубов. Во последната седмица од мај ќе бидете заљубени и среќни. БлизнациВо овој период зафатените Близнаци ќе ги истражуваат своите емоции, желби и намери. Сè уште се чувствувате како да сте на тесно, заробени во грижата околу вашиот однос со партнерот, па сами со себе ќе разговарате, анализирате и ќе се расправате. Може ќе му делувате чудно на партнерот со бројните промени на расположението, па најдобро би било да се отворите пред вашиот партнер и искрено да поразговарате. Издржете до 9-ти мај, бидејќи тогаш ќе добиете поддршка од Јупитер и вашиот партнер ќе биде порасположен да ве сослуша. Ситуацијата може постепено да се поправи, а одеднаш ќе почнете да размислувате да стапите и во брак. Месец мај ќе ви донесе многу љубов, без разлика на привидната незаинтересираност и зафатеност со други работи. Од моменталната повлеченост може повторно да се пресретнете со некоја стара љубов или да ве заинтригира забранетото овошје. Ќе се препуштите на љубовта, но дискретно и далеку од погледот на љубопитните. Ова расположение ќе ве држи до 20-ти мај, односно до моментот кога Сонцето ќе влезе во вашиот знак и ќе бидете под влијание на неговата позитивна енергија, па повторно ќе посакате да се покажете. Гордо ќе го покажувате вашиот партнер пред пријателите. РакПоголемиот дел од планетите се движат кон запад или се сконцентрирани на исток, па во вас делуваат две спротивставени енергии кои ве стимулираат на лични промени и развој. Со месеци сте се труделе да ги задоволите другите, а сега дојде време да се изборите за себе и личната среќа. Полека ќе се насочувате кон себе и своите потреби, а оваа новонастаната ситуација ќе биде видлива и може да се покаже како пречка во брачната хармонија и партнерските односи. Партнерот ќе се обиде на различни начини да ве врати во претходната позиција. Мала игра на моќта и повторно ќе станете среќни. Пред вас е убав месец исполнет со случувања и емоции. Ќе имате можност преку друштвото со кое најмногу се дружите да најдете некоја прилично интересна личност. Ве привлекува некој Бик, Скорпија, Риба или Девица. Нагласено ќе бидете романтични и расположени да ги истражувате сопствените емоции. Потрудете се да бидете јасни и конкретни, за да не дојде до расправија со луѓето околу вас. Многу веројатно е дека ако одложувате со флертувањето, ќе останете со празни ракави. Искористете го младиот Месец на 7-ми мај и храбро направете го првиот чекор кон личноста која ви се допаѓа. ЛавОд втората половина на мај, Лавовите кои се во брак или во долга врска можат да очекуваат постепено смирување на напнатата ситуација од изминатите месеци. Сметајте како да сте дигнале бело знаме и да завладеало примирје. Добар дел од тоа ќе биде како резултат на решавањето на финансиските проблеми кои ќе завршат со успех и добро расположение. Во последната седмица од мај ќе ви се вратат старите страсти и конечно ќе ви се подобри сексуалниот живот. Слободните Лавови месецот ќе го паметат по лудите забави, интересните луѓе, бројните флертувања и авантури. Овој вид на забава полека, но сигурно, ќе започне да се смирува во по последните две декади од мај, кога од само една интимна вечер ќе ви се распламтат страстите. За тоа ќе биде заслужна една многу образована и ситуирана личност која може да биде Овен, Лав, Вага, Водолија или Стрелец. Младите Лавови со својата енергија и шарм ќе се најдат во центарот на друштвото и смело ќе се доближуваат на оние кои им се допаѓаат. ДевицаВо текот на мај ќе бидете посветени на проблемите на работа и малку време ќе имате за партнерот, а тој со право ќе се бунтува за моменталната ситуација. Најпаметно е веднаш да ги расчистувате недоразбирањата, за да не се вовлечат под кожа на партнерот и да го натераат да се сомнева во вас или вредноста на вашиот однос. Потребно ви е време да се релаксирате, па можете да испланирате некоја романтична вечера со партнерот и пријатно да го изненадите. Семејниот излет во природа ќе ви донесе задоволство и мир. Слободните Девици можат да ги изненадат непријатни моменти со средствата за комуникација, па на еден начин тоа ќе ви дојде како спас и причина да поминете повеќе време со пријателите. Ќе заборавите на обврските и слободно ќе можете да се препуштите на размена на мисли, идеи и емоции со луѓето околу вас, што е многу важно при потрагата на партнер. Можно е да наидете на човек кој интелектуално ќе ве поттикнува, кој ќе има исти принципи и ставови. Тоа ќе биде личност од групата Бикови, Ваги, Ракови или Близнаци. Последната декада од мај поголеми се шансите да се зближите со некоја личност која многу ви се допаѓа. ВагаВагите кои се во брак или долга врска, во мај ќе остварат со партнерот, прилично складен однос и најголема енергија ќе црпат токму од тоа поле. Без разлика на малите несогласувања во врска со воспитувањето на децата и трошењето на парите, сега ќе имате голема поддршка од партнерот. Овие позитивни прилики ќе ја поттикнат сексуалната привлечност помеѓу вас и вашиот партнер и комплетно ќе го освежите вашиот однос. На Вагите потребна им е хармонија во љубовта, исто толку колку што им е потребен и воздухот за дишење затоа, важно е да го искористите овој месец и максимално да се смеете и во околината да ширите добро расположение. Слободните Ваги ќе го искористат убавото време и активно ќе тргнат во потрага на партнер, љубов и задоволства. Шармантно и лесно ќе влегувате во флерт со личностите кои ве привлекуваат, но сега може да се случи и да се вљубите во личност која претходно не ви се допаѓала. Животот понекогаш прави такви замки и ги менува критериумите. Може тоа да биде личност која ви била непривлечна, но ќе се разбие страст меѓу вас и ќе ги прекршите вашите правила. Со денови нема да излегувате од заедничката постела. Во прашање може да биде некој Лав, Стрелец, Овен или Бик. СкорпијаЗафатените Скорпии сега со полни гради можат да ја вдишат љубовта, бидејќи партнерот кон вас ќе се однесува заштитнички, нежно и великодушно. Дозволете најубавите моменти да ги поминете токму со партнерот. Животот на полето на пријателите исто така, ќе ви биде богат и динамичен. Дури ќе имате и помалку семејни проблеми или барем ќе станат полесни покрај поддршката на партнерот. Препуштете се на фантастичните емоции и магијата на љубовта која трае. Пролетта и сонцето во мај ќе ги раздвижат Скорпиите и ќе ја интензивираат желбата да пронајдете романтична љубов. Имате голема потреба за емоции и пронаоѓање на вистинскиот партнер. Вашата самодоверба ќе се зголеми благодарение на парите кои ќе стигнат во поголеми количини од очекуваните. Ќе бидете главна ѕвезда како при излегувањата, така и на социјалните мрежи, а партнерот кој го барете, ќе го пронајдете на некоја забава или културна манифестација. Тоа ќе биде некој од вашиот круг на пријатели – Рак, Бик, Вага или Стрелец. Овојпат иницијативата препуштете ја некој друг. СтрелецВо текот на мај, зафатените Стрелци треба да одржат ладна глава и да не дозволат ситниците кои бесконечно ги иритираат да им го уништат односот. Наоружајте се со толерантност и разбирање за партнерот и не се впуштајте во празни дискусии. Сега имате можност да најдете баланс во рутинските работи, како што се заедничкото готвење, прошетките и рекреацијата. Со партнерот уживајте во ситниците и малите радости. А, партнерот, за тоа ќе ви покаже благодарност и приврзаност до последната декада на мај. Тие синици живот значат. Слободните Стрелци во мај нема да имаат многу енергија за прошетки и дружење. Повеќе ќе ви одговара куќниот мир и местата каде можете да откриете нешто ново и убаво. Ќе одите по изложби, театри, концерти и слободното време ќе го поминувате во кино. Од некоја сосема случајна средба или некој разговор на улица, еден Близнак, Овен, Вага или Лав, може да ви даде предлог, повторно да се видите. Работите ќе се одвиваат бавно, но на крајот од месецот, ситуацијата ќе се промени и тогаш можете да влезете во прегратка на многу интересна личност. Јарец:Во текот на мај, зафатените Јарци, треба да ги остават проблемите на работа пред куќниот праг и да не дозволат тензијата да предизвика непотребни конфликти и расправии со членовите на семејството. Вашиот љубовен однос со партнерот ќе биде чуден и променлив, бидејќи вашите мисли лутаат и не се насочени кон партнерот. Неслогата во домот и на работа, најверојатно ќе предизвикаат повеќе нервоза кај вас, а за да заборавите на истата, најдобро е да излезете на забава со пријателите. Збогатете го вашиот заеднички забавен живот, бидејќи поддршката од планетите укажува на одлично разбирање со партнерот, токму во овој сегмент. Многу претставници на Јарците обично не се претерано романтични, ниту сакаат да го покажуваат своето воодушевување, но овој месец, ќе откријат нешто во себе и ќе сфатат колку долго ги потиснувале своите емоции. На некоја забава, роденден или прослава, ќе сретнете некоја неодолива Вага, Риба или Бик и може да ви се случи љубов на прв поглед. Вие ќе се заљубите до уши и со малку трпение, емоциите ќе бидат обострани. Имате можност во себе да откриете нешто романтично. ВодолијаВодолиите кои се во брак или подолга врска, овој месец ќе имаат доста време за поминување во домот покрај семејството и таму ќе ги пронајдат своите мир, љубов и поддршка. Топлите семејни односи овојпат, ќе бидат извор на вашата енергија. Дури и несогласувањата со партнерот околу мерењето на силите, авторитетот и моќта, ќе бидат заборавени покрај хармонијата и љубовта. Мали реновирања на домот, заедничките ручеци и семејните собирања ќе ве исполнат со голема радост. Многу млади парови ќе посакаат да го зголемат своето семејство или ќе одредат датум за венчавка. Слободните Водолии ќе бидат расположени за организирање на куќни забави или секој викенд ќе имаат можност да го поминат со своето друштво во некоја куќа или викендичка. Сето ова ќе биде совршено организирано со многу храна, скара и пиење. Покрај домашната атмосфера и релаксираноста, ќе привлечете некој Лав, Вага, Рива или Девица. Од пријателските односи ќе се случи и по некоја авантура, а во последната декада од мај ќе имате многу шанси да се заљубите и да влезете во сериозна врска. РибиБрачните Риби и оние кои се во долга врска, во текот на мај ќе имаат променлива ситуација. Под влијание на надворешни околности, вашиот партнер е во потешка ситуација и му треба повеќе од разбирање и внимание. Посебно во првата декада од мај, ќе се занимавате со решавање на финансиските проблеми и недоразбирањата во домот и со децата. Без разлика на тоа што нема да имате многу време еден за друг, важно е да бидете усогласени, еднакво да се ангажирате и поддржувате. Оваа ситуација не е многу романтична, но е хармонична и од неа ќе извлечете нешто подобро и корисно. Напнатоста ќе трае некаде до 9-ти мај, кога Јупитер ќе влезе во вашата куќа на партнерски односи и директно ќе додаде на среќа. По потешкотиите ќе имате можност да се посветите еден на друг и да поминувате убави љубовни моменти. Рибите кои се слободни, своето време ќе го користат за чести излегувања, куќни забави и седенки во добро познато друштво. Краткотрајните авантури можете да ги доживеете на некој излет или патување, каде вниманието ќе ви го привлече некој Рак, Бик, Јарец, Водолија или Вага. Планетарните позиции и околностите се менуваат при крајот на мај, кога МерК*р, вашата планета на љубовни односи, ќе ви овозможи директно да се зближите со некоја личност која ви се допаѓа. Посебни денови за љубов ќе ви бидат 22-ри и 25-ти мај. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОЈ Е ВАШИОТ ИДЕАЛЕН ПАРТНЕР СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК?… Нивната интелектуална поврзаност остава без зборови. И двата знака обожаваат да бидат ментално стимулирани. Вагата и Близнаците се многу интелигентни и многу внимание обрнуваат на својата духовност. Помеѓу нив постои хармонија бидејќи и двајцата сакаат да го задржат мирот во врската со тоа што нудат меѓусебно пријателство, знаење и разбирање. Понекогаш врската не може да функционира ако и двете половини се многу емотивни. Меѓутоа, ова не важи кога се работи за Скорпија и за Рак. Големата емотивност на овие два знака е она што прави тие совршено да си одговараат. Тие се хранат од страста што постои меѓу нив и го одржуваат балансот во врската, со тоа што се поврзуваат во силна целина. Тие се целосно посветени еден на друг, секогаш подготвени да си дадат поддршка и да ја негуваат нивната врска со љубов и грижа. Стрелецот и Овенот се огнени знаци што доведува до создавање огромна страст помеѓу нив и се познати како вистински динамитен пар. И двајцата зрачат со енергија чиј интензитет само се зголемува како што врската напредува. Ентузијазмот што го имаат еден за друг и општо за животот ги прави поблиски и непобедливи. Иако во некои случаи важи правилото дека спротивностите се привлекуваат, оваа двојка е доказ дека сличностите понекогаш многу зближуваат. Овие два знака во комбинација имаат сила да ја совладаат секоја препрека што ќе им се најде на патот. Има зошто помеѓу Јарецот и Бикот постои поголема хемија од кои било други два хороскопски знака. Тие имаат нешто за што повеќето можат само да сонуваат – бесконечна љубов. Овие две вљубени птички ќе бидат засекогаш заедно. Причината за тоа зошто помеѓу нив постои толку цврста врска е тоа што имаат длабока почит и љубов еден за друг, онаква каква што само вистинските сродни души можат да ја понудат. Ова е парот на кого сите му се љубоморни и кој претставува пример за тоа како треба да изгледа една здрава и функционална врска. И двајцата се воздушни знаци со неверојатна психичка поврзаност помеѓу нив. Таа поврзаност оди до таму што тие буквално си ги довршуваат речениците еден на друг. Нивната врска е на некој начин мистична, бидејќи никој друг не може да ја разбере. Тие го прават она што им одговара, без да се грижат што мислат останатите за тоа. И двата знака се многу независни, но тоа не ѝ пречи на врската. Напротив, ја прави посилна. Во секој случај, овие двајца одлучуваат да го поминат животниот пат рака под рака, бидејќи повеќе би сакале да бидат заедно отколку разделени. Ова е парот со најголема интуиција. Тие толку добро можат да си навлезат во психата, што слободно можат да ги читаат мислите на другите. Сакаат сè да знаат еден за друг бидејќи многу се почитуваат. Тие не се срамат да бидат романтични, без разлика колку тоа изгледа лигаво и претерано за другите. На овие два знака никогаш нема да им биде здодевно, што ќе ја направи нивната врска многу возбудлива. И двајцата имаат голем авантуристички дух и секогаш сакаат да пробуваат нови работи. Другите парови може да си здодеат еден на друг, но овие двајца остануваат силни до крај и секогаш уживаат заедно. Многу е важно што и двајцата знаат дека треба да се одвои време и за пријателите и за себе. Бикот и Ракот многу се разбираат меѓусебно. Овие два хороскопски знака совршено си одговараат затоа што помеѓу нив постои цврста физичка и емотивна поврзаност. И двајцата знаат да се ценат еден со друг и да прават компромис. Ова е многу моќна врска бидејќи тие се надополнуваат, што придонесува за тоа нивната љубов да трае долго. Помеѓу нив постои силна психичка и емотивна поврзаност. Тие комплетно се разбираат меѓусебно, како да се познавале со години дури и ако поминале само неколку месеци. И двајцата се многу креативни и секогаш имаат интересни идеи и предлози за тоа како да го поминуваат времето. Но, колку и да уживаат да бидат заедно, тие исто така уживаат и во својата независност. Но, тоа не ѝ пречи на врската бидејќи и двајцата разбираат дека потребно е да поминуваат време одвоени за чувствата да станат посилни. И Ракот и Рибите се водени знаци, така што веднаш помеѓу нив постои огромна космичка поврзаност. Тие совршени си одговараат бидејќи добро се познаваат и секогаш се горди еден на друг. Нивните карактерни црти се многу компатибилни и заедно во комбинација создаваат една добро функционална целина. Рибите сакаат да се дружат со другите луѓе, додека Ракот сака да се грижи за луѓето околу него, што придонесува за тоа нивната врска да трае долго. Резултатот на сето ова е една длабока, духовна поврзаност која не може така лесно да ја снема. Страста помеѓу Лавот и Стрелецот е на многу високо ниво бидејќи и двата знака знаат да уживаат во животот. Постојано си даваат меѓусебна поддршка, па затоа кога се во тим ни една нивна цел не е неостварлива. И двајцата се огнени знаци поради што помеѓу нив постои длабоко разбирање. Ова е најзабавниот пар и сите останати парови сакаат да се дружат со нив и да бидат како нив. Страста што овие два знака ја имаат за животот, љубовта и еден за друг е навистина неверојатна. И двајцата се земјени знаци што значи дека совршено си одговараат. Девицата и Бикот се многу практични и опуштени во секојдневниот живот поради што нивната врска е смирена, релаксирана и прибрана. Овие два знака се исто така многу искрени и лојални што придонесува за тоа нивната врска да трае долго. Тие се целосно посветени еден на друг, затоа што не само што се надополнуваат туку ги имаат и истите особини и вредности. Поради тоа тие совршено се разбираат и секогаш се на иста бранова должина. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАЈСЕКСИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ, СИТЕ СЕ ВРТАТ ПО НИВНе тврдиме дека оваа поделба е исклучива, но според хороскопот, ова се трите најубави знаци.Тие се буквално како извајани. Без разлика дали се работи за машки или женски припадници на овој знак, Вагата претставува синоним за убавина. Ова е убедливо најубавиот знак во зодијакот. Како и кај Бикот, планетата Венера токму тука се чини дека несебично успеала да го спакува совршенството без маана во едно суштество, со тоа што била несебична кога се работи и за убавите манири и префинетото држење. Вагите се кокетни и харизматични, и речиси секогаш емитуваат некакви заводливи пораки. Најубавите познати Ваги се Моника Белучи и Мет Дејмон. Кажано накусо – Скорпиите се богови на харизмата. Тие поседуваат магнетна привлечност и едноставно кажано се неодоливи. Нивната конституција е ситна и мускулеста. Очите им претставуваат најсилно оружје во за нив омилената функција на заведување. Нивниот поглед делува двосмислено и мистериозно, а кога поради нешто се лути, тогаш тие едноставно “стрелаат” со својот поглед. Нивниот став е провокативен. Познати Скорпии се Деми Мур и Леонардо Ди Каприо. Коскестата градба и потенцираните јаболчици на Јарците им даваат одлична предиспозиција за да се занимаваат со манекенство. Ова е најфотогеничниот знак од зодијакот и е вистинска штета што тие едноставно не уживаат пред објективите. Овој знак речиси и да не располага со гестикулација, па со тоа изразите од нивното лице тешко ќе успеете да ги прочитате. Припадниците на овој знак често имаат речиси провидно сини очи и светла коса. Нивното движење е одлучно и сигурно. Тие имаат апсолутно правилно држење на телото. Како најпознат Јарец би ја издвоиле Кејт Мос. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 148149150151152 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |